Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.372
    Допаѓања:
    148.729
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Заматено е времево денес ама потопло од вчера...
    Деца испратени јас шмрчкам кафе и мезам плазма па да запливам во обврските...

    Во пследно време не одмарам доволно па почнува да ме совладува заморот...

    Лакома за пари не сум ,ама сакам да ми е колку толку комотен животот...
    Сум осетила немаштија,не долго ама знам како изгледа и пар гаќи да не можеш да,си купиш....
    Затоа не се опуштам премногу и кога имам...
    Низ животот сами се бориме и пливаме...никој на тацна не ни дал ништо...се од плеќите ни е...скромно ама наша печалба ,без кредити и позајмици...
    Да не служи здравјето само и да не има Господ во рака ко и досега дечињата на пат да ги изведеме...

    Честита слава на сите кои слават!
     
    На Skorpija25, petunija77, Peco и 25 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.275
    Допаѓања:
    136.893
    Добро утро.



    Видете го видеово. Сите тргнуваме од различни места во животот. Некои од нас имале предност, некои немале никаква. Некои живеат под кирија од 18 години, некои со родителите. некои имаат родители кои се цел живот вработени, некои ги исплаќаат кредитите на родителите додека ги школувале. Некои не ни имаат родители. Некои имаат наследено стан или земја од родителите, некои сами си купуваат дом. Затоа и различни ни се можностите, и различни ни се погледите.

    Од мојот старт, успех е да имам мој дом и да си ги исплатам кредитите и хипотеките.
    Од нечиј друг старт, успех е да има 10 куќи и да ги издава.

    И добро е што не сме исти. Битно е да сме амбициозни.

    Еден мој познаник се убил пред некој ден од депресија. Уште ми е лошо.

    ПС Гледајте го видеотооо
     
    На Skorpija25, mila89, mira.mira и 21 други им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    77.628
    Пол:
    Женски
    Пак тепачки со комшиите кој да се качи на воз. Ко Индија станавме мме. 3тиот воз ќе го чекам сега.

    Добро утро.
    Наспана половично, најдена половично, дебела фул :^)

    Се качив на вагата сабајле, за малку ќе ја скршев :devil:
    Денов ќе биде сончев, ама јас ни зрак нема да видам. Важно вечер ќе истури ама сега си зедов чадорче. Кој си носи чадорче не накиснува 8-|:rain:

    А што празник е денес?
    (waiting) времето врви возов ползи.
    Утре иста песна ќе е, ќе мора да скратам 1 саат од спиењето. Па 4 саати се повеќе од доволно де :rofl:

    Ми раскажуваше колегата за Јужна Африка. Рај е. Апартман на плажа е 400 евра месечно. Храната како кај нас. Си пливаш, си нуркаш два месеци, рајски живот. Замарање нула. Ајде кој е за, ќе пиеме коктели на плажа 2 месеци, со музиче до даска, со сфе...
     
    На mira.mira, doubleg, Mr. Right и 28 други им се допаѓа ова.
  4. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Добро утро радни народе :)

    Уф што теми сте изнавртеле, еден ден ме немаше, едвај ве дочитав :D Вчера не бев арна, нагони за повраќање и вртоглавици цел ден, јас си знам како го поминав. Ме пратија дома од работа, па малку полежав и денес сум поарна. Стигнав во канцеларија пола саат порано, а бев и крв да вадам сабајлево. Се надевам толку беше од измутираниов вирус :^)

    Пари. Кој ќе каже дека нејќе, лаже. @Rebecca_R и @bittersweet до збор го имаат напишано мојот став по тоа прашање. Сакам да имам, сакам да не мислам дали можам нешто да купам, сакам лагоден живот, сакам да си дозволам по некој луксуз, патување, брендирано парче, сакам да ги имам едноставно. Ако за некого е тоа материјалист, јас за себе не мислам така. Едноставно, парите отвораат врати и тоа е факт. Туѓи не сакам, си сакам мои, наши и затоа се трудиме и создаваме. Плати имаме повеќе од одлични и двајцата, издаваме два стана, а кириите одат на посебна сметка на бебка. Првенствено, заради здравје сакам да ги имам (наше и на детето), а после за се друго. Не се правдам на никого за мои пари, на што и како трошам и тоа ми е најбитно. Имам пудри Диор, Шанел, имам и Мејбелин и Аура. Имам ташни Карл Лагерфелд, имам и од Парфоа. Сакам убави работи, козметика обожавам, парфеми исто, а најмногу од се фетиш ми се чанти и чевли (чизми особено). Така да, сами создаваме, имаме за лагоден живот, имаме и заштеда, грев е да се пожалам. И да, сакам повеќе, ама сакам да си создадам. Милијарди не сакам, ама сакам да имам многу повеќе отколку што е доволно за основни потреби. Сакам и работи кои не можам да ги имам во моментов, ама и не ми се неопходни. Кога ќе дојде време, би ги купила, ама не по секоја цена додека не ми затребаат. На пример, сакам Ренџ Ровер :D ама нема, затоа што сега купивме нова кола, која маж ја вози. Јас имам своја, уште од пред да се омажам, и солидна е, не сметам дека ми треба друга во моментов.

    За дете да спие со нас, сум против (освен кога е болна, не и е добро и сл.). Си спие во свое креветче откако е родена, на прсти се брои колку пати спиела со нас. И мислам дека така е правилно. Сеа да бев во групине на ФБ, ќе ми скокнеа мајки да кажат колкава немајка сум, ама мене ми е битен и мојот (и на мм) сон и одмор исто колку што ми е и на бебка.

    Некоја тема заборавив гарант, ама небитно.

    Кој е за чајче и чајни колачиња, изволте :)
     
    На Skorpija25, mira.mira, petunija77 и 30 други им се допаѓа ова.
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    259.828
    Пол:
    Женски
    Ете затоа се дружиме овде, умни сме сите :) и убави секако.

    Ме мрзи денес да чистам и готвам а тоа мора...плус спанаќ за миење. 200пати сум пишала колку тоа мразам. Се пожалив :mm:
     
    На Skorpija25, petunija77, Peco и 26 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.683
    Допаѓања:
    202.276
    Пол:
    Женски
    Пари се заработуваат, здравјето не, љубовта и среќата не зависат од парите, а најбитното е да сме сите на број и здрави. Барем за мене. За леб ќе се заработи секогаш, ама здравје не се заработува, за жал. Фала му на Бога имаме, ама не се расфрламе со пари, ниту пак се стегаме. Златна средина.

    Ова од вчера почнав и не допишав.
    Добар ден на сите, арни?
    Јас не баш, и стварно, ама стварно одвај чекам да заврши годинава. Не знам веќе, преку глава ми е од неубави работи. Можеби наредната ќе биде подобра? Се молам за тоа.

    Честитки на сите кои слават, за многу години!

    Кога ќе видиш колку данок плаќаат на тие пари (ако го плаќаат де) и колкави трошоци имаат, ќе си речеш "не фала".
    Јас сум да заработуваш доволно за лагоден живот. Толку, доста е.

    Убав ден (мразам вторници, денес уште повеќе).
     
    На Skorpija25, Peco, Mr. Right и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.443
    Допаѓања:
    172.252
    Пол:
    Женски
    Бреј што теми сте свртеле
    Ајде кој е за чајче 230x0_DK5sM1qJWnZwpQYe6CJofgFVkD881n3A___jpg____4_686cae6b.jpg Вчера гостинка имав . Мајка беше :inlove:. Еден братучед имал работа во Солун па ја донесе и неа . Сега ,на враќање помина и ја зема . Што убаво си поминавме . Малку ми се налути што не и зготвив ручек ,ама потоа си призна дека и годеше малку да биде излезена . Ми донесе елка и лампиони . Брат ми си купил нова ,па старата и ја донел нејзе . Таа не ја сакала па ми ја дом'кна на мене . Чиниш јас пак многу ја сакам .
    Ја бутнав у шпајз ,кој знае ќе ја украсам ли :smirk:

    Јас сум од тие што често вели - ќешки пари да ми фалеа во животот . Ама тоа дека фала богу имаме доволно ,за солидна живеачка. Ние сме малку чудни во поглед на штедење . Од кога сме земени со мм не би можела да кажам дека имаме уштедено некоја значителна сума . Си трошиме од прилика толку колку што заработува мм. Можеби дека се уште немаме деца па си дозволуваме да си живееме опуштено . Често знам да му "подвикнам" на маж да закочиме малку ,ама еднаш ми рече дека детето кое би го имале ќе било обезбедено со се за до крајот на животот , да не сум берела гајле .
    Најверојатно мисли на имотот на старите . Ова според мене не е во ред ,му имам кажано . Ама па и тој е во право . Ќе треба некој да троши тоа што створиле неговите :)
    Море само здравје нека дава Гопспод

    Спиеме заедно , не можам да се замислам да легнам во друга соба. Освен кога е дежурен ,се разбира . А тоа е баш често . 7-8 ноќи месечно :(.
    На почетокот кога се земавме знаев понекогаш да си останам кај него на работа . Уствари 3 пати се случи тоа :tmi:. За среќа брзо заклучив дека е смешно ,апсурдно и глупаво да правам така ,па си подвив опашката и почнав сама да си спијам дома , како и сите други жени на кои мажите им дежураат и работат по 24 ч:)

    На Бошка уште еднаш јавно да и кажам дека во топ ќе ја ставам ако зезне за договорот . Прославата за НГ на пола болница се испоремети ради нејзе :D

    Пошто бабето вчера не ја прошетав со мајка ми ,денес ќе у се реванширам со тоа што ќе и направам дупла доза Лилибоз торта.
    Имам едни бабури па во план тоа да биде ручек. Маж имал најавено гости од Скопје па можно е тој надвор да јаде . А нели без мене никаде не се оди ,најверојатно и јас ќе се исчучурам у Боко :lol:

    Убав ден :f:
     
    На Skorpija25, mira.mira, petunija77 и 26 други им се допаѓа ова.
  8. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.341
    Допаѓања:
    104.463
    Пол:
    Женски
    Добар ви ден!!
    Ми пристигна месецот кога сум во исчекување на тоа нешто кое сметам дека ќе ми биде отскочна даска во животов.

    Имам трема возбуда едвај чекам тој лист да стигне во мои раце да го мириснам да ја почуствувам таа спасителна рака која очајнички ми треба за спас од овој мој живот.

    Да свртам нов лист и продолжам/ме во нов живот.
    Е до толку ми треба ова.
    Немам трпение до 20ти па деновиве ке им тропнам на врата да прашам до каде ми е работата.
    Волку желба за живот и мотивација сум немала Господ знае од кога,многу одамна.

    Маж кога почна ноќна првата вечер играв нитендо до утрото.
    Втората само 4/5часа играв.
    Третата врчер труп,труп легнав труп станав:D и од тогаш гајле немам сама да спијам кога се мора во вакви ситуации.
    Кај моите кога одев со мајка ми спиев за срамота бев(facepalm):lol:мајка ми знаеше да ми рече: кога беше бебе па и дете не спиеше со мене сега волкава па и мажена спиеш со мене се си бре черко обратна,сите терсене ти наопаку:D
    Убав ден :hug:
     
    На Skorpija25, mira.mira, Peco и 26 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.741
    Допаѓања:
    323.003
    Кај моите не сум спиела којзнае од кога.
    Не сум од спијачките ,,кај мама,,:), мислам дека нема потреба.И кога Рефо не е тука ми годи самотијата, не ми е страв и сакам со детето да си се гушкам и да си гугуткам.
    Имам колешки кои спијат кај мајка, онака...на гости.
    Дома ми е најарно, намирно и најкомотна сум.

    Вчера турбо ден па и слава плус терав кај блиски.

    Денес ЃОА порелаксирано, ама уште сабајле се наредија обврски, па и попладне тешко дека ќе куртулам.
     
    На Peco, Mr. Right, Sesil и 21 други им се допаѓа ова.
  10. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.372
    Допаѓања:
    148.729
    Пол:
    Женски
    @Cka видеото моќно и длабоко вистинито...
     
    На mira.mira, Annath, Dadusicka и 9 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Пари - Имаме еден близок, кој е болен од рак. Тука докторите му кажаа дека нема лек... до кај ќе тера- ќе тера.
    Оди 'на Запад' на одредени интервали и таму прима некаква терапија. Резултатите му се подобруваат, сега-за сега. Ама не му е проблем да плати и 50 и 100 илјади евра ако треба... Оти има.

    Тажно е што е така.. но така е.
    Не е исто за тој со повеќе и тој со помалку пари.

    Кој сака кафе?
    Чапајте! :hug:


    1.jpg
     
    На Skorpija25, petunija77, Mr. Right и 18 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    Кај моите последен пат спиев земјотресот кога беше..Ама сите бевме таму. не сама. маш редовно е трета за викенд и навикната сум. не сум некоја ептен приврзана искрено.. кога ми се спие ич не ме интересира кој е дома а кој не. Ова не важи за дете наравно :)
    одам на кафе зашто ни 5 не ме расонуваат.
     
    На Mr. Right, Sesil, V.odolija и 15 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.703
    Допаѓања:
    253.491
    Интересно е што повеќе кои од вас имаат велат само пари да фалат. Точно, луѓе да не фалат. Ама ако барем еден ден сте почуствувале како е да немаш за леб и млеко да купеш, како е да собираш денар по денар за лекови, тогаш ќе стоите на ставот дека парите не се најбитни.
    Ама се. Затоа што искусив, гледам, дека ако немаш пари, немаш и здравје. Немаш КС да направеш, ехо, немаш заб да извадеш. Немаш за основен преглед. Па дете ако настине, ако фати вирус, бактерија, одма спремај 1000 ден.
    Ако немаш пари колкава и да ви е љубовта, верувајте ќе се уништи се.
    Затоа да бидеме реални, пари требаат за се.
    Јас сакам да имам пари и комодитет. Прво ми беше филм кариера и работа која јас ја сакам, сега сакам само добро платена работа. Да си створам услови за убав живот, за добро образование на син ми, да имам за здравје, да имам да одеме и да шетаме.
    Имам граници и не сум алчна.
     
    На Skorpija25, Peco, Mr. Right и 25 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Спиеме ние кај мајка ми, кога одиме Битола.
    И сама сум одела, и со маж, и со дете, и сите тројца..
    Ама то оти не ми се патува натака-навака во еден ден..
     
    На Mr. Right, ane.bella, vitamina и 10 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.124
    Допаѓања:
    269.150
    Да почнеме со гаранцијата, дека ти ќе ме издржаваш :D
     
    На mira.mira, Mr. Right, SV1911 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.275
    Допаѓања:
    136.893
    Исто - 2 години и нешто од земјотресот, не сум спиела кај моите. Сакам дома да си спијам. Над 15 години иселена од таму, и не сакам да спијам таму.Иако уште ми го чуваат креветот.
     
    На Dust, V.odolija, ane.bella и 8 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Една тајна да ви кажам...
    И јас не сакам да спијам таму.. Ако одиме Битола, поарно ми е во хотел да спијам.
    Сум и' рекла на мајка, дека сакаме да спиеме во хотел... Кога ми се врекна: 'На толкаа куќа, вие по хотели спиете!' - очите ќе ми ги ископаше
    И не.. не ми е 'поарно' оти сакала така. Туку ми прај терет... Да ја слушам да ми приговара дури сум таму: Оти пушиш, оти седиш на компјутер, оти цел ден не сте свртени 'дома', ич не се видовме.. бла-бла..|(
     
    На Dust, kuc, Ariel и 16 други им се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.758
    Допаѓања:
    145.221
    Ден!:hai:

    Се што сакав да кажам напишала Ребека и останатите.
    Да, здравјето пред се и сите на број, ама без пари пак е ништо. Нема ни здравје, има нервози како да да се платат сметките и да се купи нешто од храна.

    Не сакам да ми е лусксуз еднаш неделно да седнам во ресторант, да пијам кафе некаде, еднаш во месецот да прошетаме на страна.Фала Богу можеме да си приуштиме.
    Одам на фризер еднаш неделно, не сум богаташка, жими се.:D

    Од кога е родено бебето најбитно е неговите потреби и да се намирени , а после и нашите.

    Работиме и се стремиме да си приуштиме удобен живот. Маж ми секогаш има нови планови и идеи кои сака да ги постигне. Од Јануари пак сака нешто ново... Штом наумил и ќе се реализира.

    Не сакам да се тешам дека има и полошо. Сакам мене да ми е добро. По мои стандарди. :)

    Пак врне , а се спремавме за шетање.:envy:

    Кај моите спијам кога маж ми е отсутен подолг период. И некогаш ми е чудно, како да не сум поминала пола живот таму.
    Да имав золва ќе ме зборуваше оти моите ми полнат ќесињата.:devil:


    Имавме една ваква гарнитура:(, која маж ми секој ден ме зеза оти му ја ,,фрлив,,.:D
    Комоција за лежење беше,него со скоро 2м го собираше, и плус јас со моите скромни 165 на др страна.:D
    Стар Југоекспорт.Водени од тоа колку удобна беше пак имаме нивна гарнитура. Ама освен што е лична и кошташе брдо пари, други бенефиции нема.
    А да, материјалот прелесно се одржава и со еден потег е како нова. Ама за удобноста и не баш.
    Не купувај Бека гарнитура од таму.:D
    Јас те дружам немајко.:D

    Ама синоќа прв пат откако е роден живци ми искина. Јас го легнам во креветче , он стане, и се така од 20:30до 22, на крај го легнав до нас.
    И сега страв ми е да не е некој период ваков.:worried:Се надевам не, и вечер ќе се врати на старо.
    Оти ем ја барав раката на маж ми цело време до мене, ем пазев да не го удрам.:D
     
    На Dust, Skorpija25, kuc и 26 други им се допаѓа ова.
  19. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.341
    Допаѓања:
    104.463
    Пол:
    Женски
    Јас на три месеци седам кај нив по една недела.
    Инаку втор викенд сме со мм таму спиеме инаку и ние сме во различни градови и мене ме мрзи да патувам.
    Инаку ми е жал кога ќе ми речат ух да останешр уште малку и мене срцето на парчиња.
    И убаво но и досадно ми е таму ама сум си рекла ќе издржам за да ги израдувам кога можам ќејфови да правам на туѓ родител зошто па да не ги усреќам моите.
     
    На Dust, Skorpija25, kuc и 21 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.131
    Пол:
    Женски
    Не се работи дали се неопходни парите,секако дека се,и секако дека сите сакаме пари,освен некои богаташи кои ке остават се и одат во шума да преживуваат во природата.(и тоа има):^)
    Туку за опсесијата со пари и алчноста за пари,тоа е една од најлошите човекови карактеристики.
     
    На kuc, Peco, Mr. Right и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.