Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.008
    Пол:
    Женски
    Добро утро од мене!
    Денес турбо... испратив маж на службен пат, намирив деца, се довлечкав на работа со чекање автобус повеќе од пола саат, уз пат и туширање јадов... и така... сува сум, да не ме мислите.

    Се надевам дека лабав ќе биде денов... викендов малку шетање, малку лежење, китење елка, помина. Големиот синоќа изрази желба да спие кај братучетките, јес да е втора смена денес, ама немаше кој да го земе или донесе, па оставивме за некој нареден пат. Ме изненади, оти никаде не сакаше да спие без нас. Се надевам, се менува. И да, сефте е со наочарчиња... убав си беше и без нив, ама сега е поубав, лепотан на мајка :$

    Одам да ја дочитам книгата, таман дури не ми почнала гужвата.

    Убав ден!
     
    На LejlaD, Mr. Right, Peco и 25 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    Утро.
    Еве ме на работа.. каснев. Кафе испиено на два пати со еден дим од цигара. Не само што се успав туку дете не ме пушташе ни до вц да отидам. Одма плачење... модра устата зајдување и све то комплет.
    Направив доручек , почнав да го ранам, предавам на баба му нема шанси да зине. Ајде назад пак седни и рани. Наранив. Исцедив сок од калинка, направив и чај. Сосе него нормално.
    И едвај некако киднав да дојдам на работа, дур баба му стоеше на стол и он се чудеше зошто таму стои.
    Се сфаќам. И себе се сфаќам и него го сфаќам и неа ја сфаќам. Чаре само немам.
    Планот околу празници е вака. Ќе спојам од петокта до среда да сум дома. Па потоа 10 јануари до 15ти така нешто... Радо би и повеќе ама и тоа е доста.
    Вчера некој спомна за божиќни подароци. Ние новогодишни купуваме, зашто до Божиќ нема шанси да останат под елка. Мислам ви имам кажувано колку се нервирам со нашиов Божиќ. Сите слават прво Божиќ па НГ само ние ( и уште некои ситно) се прајме паметни па обратно. Затоа до 8ми духот наш празничен веќе е на аеродром скопје-охрид. ама тоа е...
    вие арни?
     
    На LejlaD, Mr. Right, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.067
    Бев јас неколку пати ко девојка.

    Добро утро.
    Врнежливо надвор, кафе пијам, па нешто да појадуваме, само веќе не знам што.
    Аааах што немам само една готвачка, само за јадење да не мислам, ништо друго нема да ми е тешко.
     
    На LejlaD, Mr. Right, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.356
    Допаѓања:
    183.157
    Пол:
    Женски
    Добро утро :hai:

    Затната, со болно грло веќе неколку дена уназад. Мислев од загаденото е, знае така да ми влијае, ама сега веќе се сомневам дека може и вирус е во прашање. Викендов требаше да помине во легачење, ама не. Ми излегоа обврски, а вчера па решив и генералка да правам. Чистев прозори и балкон, па затоа денес врне, да си знаете |( Уште немам накитено, само елка во детската на големата, во дневна најверојатно нареден викенд. И тоа ќе биде свечено со божиќни песни, топло чоколадо за ќере, за маж ми чај, а јас ќе се почестам си купечки чварки, пошто ги изедов домашните 8) Видов има на златиборац, ама изгор скапи 105ден. за 150г. Знам дека е скап процесот, ама пак многу некако. Видов во Кораб-Трница има, убаво ми изгледаа вака на око, може ќе ги пробам и нив.
    Поклони за Нова година купуваме. Ситници, не нешто спектакуларно, за да не ги ставиме другите во незгодна позиција да се чувствуваат дека и тие мора скап поклон. Ама го сакам моментот од бирање на поклонот, па пакување и на крај предавање :D За ќере измислив како ќе ја изненадиме со Дедо Мраз оваа година, цело време се "слушаме" со него по телефон ;) Сѐ е договорено :D Одам да се завиткам во ќебе. Не знам дали е ладно или почнува да ме тресе :worried:


    @SV1911 нека е среќен роденденот на мајка ти, здрава, жива и среќна :D А за зградата, да, мене ми е прилично језива. Малку посилен ветер да дувне, осеќам ќе се разниша :worried:
     
    На LejlaD, Mr. Right, M&M и 18 други им се допаѓа ова.
  5. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.249
    Допаѓања:
    277.564
    Пол:
    Женски
    Ние чварки направивме ден пред немилиот настан и цела недела тоа јадевме и ги изедовме.Имам уште малку смрзната сланина за правење,би докупила за да излезат повеќе ама во село мое сланина ни за лек.
    Од работа пак ќе се оди на немил настан треба поп и оџа да ни забае одамна велам веќе премногу е...
    Обврски многу деновиве ,верувајте си легнувам во 11 и како заклана спијам.
    Кафево наместо да ме расони ме дозаспа
     
    На LejlaD, Mr. Right, M&M и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.605
    Допаѓања:
    106.873
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    Како сте ми?
    Супер викенд петок и сабота кај моите на сарма и винце, вчера на слава на рипче и винце денес сум:drunk:.
    Две цели чаши вино за два дена што е многу многу е :!:за мене де се што е над половина чаша за мене е многу.
    Не знам шо терсене сум одма ме фаќа си се осеќам одма релакд се смеам и тогаш многу си :swear:зборам.
    Во неделата утрото излеговме на кафе маж ми ми викаше земи повеќе пари ќе видиш нешто па ќе немаш да купиш.
    Ко пророк е, видов во слатка куќа чварки не знам од чива фирма ама по мој мерак румени верувам крцкави за мерак,и погодете шо немав доволно пари:lol:и денес ќе одам ќе купам маж на глава ми се качи со ти реков, ти реков :emo:Евреину еден:D.
    Внук ми ги вика свински кикирики:DГи јадеме и двајцата многу свинскиве кикирики.
    Убав ден!
     
    На LejlaD, Mr. Right, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
  7. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    84.946
    Пол:
    Женски
    Добар ден :rain:
    Ладно,темно и врнежливо измислено за спиење само да не сме на работа.Кафе да допијам да се исфенирам и излегувам .Си правам план кога да почнам со генералка ,а времево само за чистење е но предност е што не ми ги врни прозорите инаку бадијала ќе бришењето.
    Вие чварки ние џимиринки ги викаме по прилепски каснувам ама не сум љубител многу,а мажево мое се дави во нив со леб и биено сирење во комбинација.Ако може и прасе да си земеме :!:да ни биде домашно животно и тоа ќе земеме да знаете |( и до елката ќе го врзиме да не избега.
    Убава недела да имаме!!!
     
    На LejlaD, Mr. Right, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.076
    Допаѓања:
    119.152
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене, веќе оди накај Добар ден:)

    Станата уште во 8 ипол, средена, најадена, намирена со терапија.
    (Сум ви кажала ли дека маж ми ми е домашен лекар и секојдневно тој ме боцка):lol:

    Сега повторно во кревет и ги гледам овие од ТЛЦ мајките кои ги шлапаат децата со пудри и шминки и ги прават мисици:tmi: зошто бе, им го уништуваат детството на децата:devil:

    За празнициве купуваме подароци обавезно, за дечиња на другарки им правам пакетчиња. За моите, за неговите спремаме украсено пакетчиња со по некој убав зимски џемпер или пижами или тренерки и им ги даваме околу нова година.
    Се радувам кога сите си разменуваме по нешто.

    Викендот беше филмски кај нас, 3 дена не мрднавме од кревет и многу филмови изгледавме.

    Има големи предности кога живееш на поткровје, во спална имам прозори над глава и обожавам кога се будам и над мене врне и тропка дождче или пак шушка снегче:inlove:
    Ич да не ти се станува од кревет.
    Инаку деновиве сум "ало, докторе" и нонстоп на моб си давам препораки и инструкции:lol:

    Останува да допере пералната и да спремам ручек- ориз со копанчиња потпечени со многу зачини:inlove:мњам.
    Го обожавам овој период од годината.нека потрае-лето не сакам, освен тие 2 недели кога сум на одмор8)

    Убав ден имајте и убава работна недела, вие кои сте на работа(highfive)
     
    Последна измена: 10 декември 2018
    На ***Bony***, do-re-mi, LejlaD и 28 други им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Ајде
    [​IMG]
    Се мислам, дали тој што се извинува, се извинува да си олесни на себе, или на повредениот...
     
    На LejlaD, Mr. Right, M&M и 23 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    274.956
    Добар ден девојки,

    јас само да ве поздравам :)

    Денов понеделнички хпл, ми треба уште литро кафе за да преживеам. Киднав на една цигарка.

    Се чека плата денес, па да ја потрошиме :)
     
    На LejlaD, Mr. Right, kuc и 19 други им се допаѓа ова.
  11. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.076
    Допаѓања:
    119.152
    Пол:
    Женски
    ^ Ками јас сум падната од Марс. Те молам објасни ми што значи ХПЛ? Плус и плавуша сум па не капирам баш се':D :lol:
     
    На LejlaD, Mr. Right, M&M и 11 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.721
    Убаво прашање @kravce :)
    Дали со ИЗВИНИ себе си олеснуваш или на оној кој си го повредил.

    Еве, мене лично ништо не ми значи ИЗВИНИ од повредувачот.
    Веќе е настаната штета...омаловажување...кажани се зборови..
    Што тука ,,извини,, ќе поправи ?!

    Сум повредила и јас.И свесна сум за тоа.Бидејќи не го ценам извинувањето како збор, ако сметам дека моето повредување на некого е намерно и издржано не ни пробувам да се извинам.Ако ми ,,излетало,, и е ненамерно, тогаш покрај ,,извини,, гледам да има и долг разговор со причини ради кои сум рекла така и расчистување на целосната ситуација.

    У принцип сакам чиста сметка.

    И, не барам извинување.Ако некој осеќа дека треба да се извини, ќе најде начин и збор.
    Па тоа изнуденото ми е дури дегутантно.
     
    На LejlaD, Mr. Right, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене понеделнички.

    Кафе испиено, колачиња изедени :x, а уште и мислам што да јадам на пауза :x

    Треба колава да ја регистрирам, денес ми е последен ден, па треба да излегувам за тоа специјално од работа по времиштево. Ај барем блиску ми е.

    Ми студи денес многу, не знам до времето ли е, до мене ли е. Рацеве и нозеве камен ми се. Што е за право, не се облеков нешто многу топло денес, сама сум си крива.

    Викендов релакс го поминавме. Малку дома си игравме, малку шетавме со бебе, малку тато чуваше бебе, а мама шеташе и се поднови со некои парталчиња :$ Ми требаше така едно два часа само за мене, да се шлаам по продавници, да разгледам на раат што има без да брзам пошто дошло време за јадење, бебе се покакало, кенкало, плачело, не знам шо праело :drunk: Ама и неа ја подновивме во саботата, конечно и купив капче и ракавички што ја собираат :D На лице место и ги пробав, едни беа и ги грабнав одма :) Е за кондури не знам што ќе правиме, бебе мое не трпи ни кондура, ни чорапа, ни бутур. Како ја возам со количката, така она соблака кондура, џитка што подалеку од неа, па вади чорапа, и неа ја џитка и се радува. Кој што прави, јас буткам количка и прибирам кондури и чорапи, на рипит едно 584325 пати. Во мол боса се шеташе значи :x „Браќата“ не и се рамни :D(facepalm)

    Чварки не јадам и не можам да смислам :puke: Нема шанси тоа да земам да правам некогаш. Маж си купува, или мамичка му прави :D, ама ко ќе ги видам такви со сало не можам значи :puke: Чварка и праз нема шанси во живот да ставам во уста. Од праз ми се има згадено еднаш како дете, од пита, и од тогаш не можам да го помирисам. Само мирисот нагони ми предизвикува. Маж вика најдоброто комбо не сум го јадела, чварки со праз :tmi:

    Ај да одам колава да ја средам ако не, мисла и обврска ми е, па да завршам со тоа.

    Ако варите кафе, може за мене едно, брзо ќе се вратам :)
     
    На do-re-mi, LejlaD, Mr. Right и 24 други им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    Луѓе сме, грешиме. Луѓе сме, треба да простиме.
    Но ако некој константно греши, свесен дека со тоа повредува и свесен за вашата болка..епа џабе е и извини и прости.
    Пред некој ден за пензионерите што зборевме...има многу гнасни и грди и од нив. Грди по карактер де. Стојам на тротоар и чекам. И ме гледа осудувачки и бара нешто да ми префрли... е тоа е грд човек.
    Но искрена да бидам...детски солзи и солзи на стар човек ми ја парат душата... За момент ми се појавува сликата пред очи баба ми како плачеше мајка ми кога ја донесоа од болница. Страшно нешто. Ден потоа легна во кревет. Месец потоа отиде...
    Сакам да кажам полесно ми е да ме изнервираат и да ми го зезнат денот неголи да гледам како некој немоќен плаче. Полесно се носам со нивното што се им смета.
    Второ кафе пијам, ујп завршено со нивните пдп гдп шкњ како и да беа пријавите.
    Доручек за мене НЕМА. може едно јаболче. фармеркиве ќе ми пукнат а идат празници допрв. (facepalm)

    едит-не јадам чварки
     
    На Mr. Right, LejlaD, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    добив извинување од една особа што баш многу ме повреди, и не ми значеше ништо. Всушност, подобро да не си прозборевме никогаш, посреќна ќе бев. И ме стави во мисла, дали таа се чувствува сега полесно поради тоа, затоа што мене тоа ништо не ми значеше. Па почнав да се мислам, има една личност која исто ја повредив пред мноооогу години и сакав еднаш да ја сретнам и искрено да и се извинам. Бев дете, и не ги сфаќав озбилно работите и сакав тоа извини да биде како завршница меѓу нас. Се замислив, што ако и таа се осеќа како мене, можеби е подобро да останеме на тоа што сме...
    Чварки не јадам, ама праз сакам. Дека е здрав, не дека ми е вкусен :) И во сок го ставам дури, и пита со праз сакам, и во веге палачинки го ставам. И пача леле, ух, тоа никогаш нема да пробам :D
    @Alishan30 хпл=хаос, пи*ке, лудило...мислам :?:
     
    На do-re-mi, LejlaD, Mr. Right и 21 други им се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ау да, и пача исто нема шанси во уста да ставам. Тоа не ни имам пробано, ни па ќе пробам некогаш. Може е највкусно на свет, ама кога ќе го видам како се тресе, како желе од сало... :x
     
    На LejlaD, Mr. Right, kuc и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.067
    Искрено извини, те.прости навистина значи и кога е искрено понудено од оној кој те повредил може да се осети. Тогаш навистина претставува мост за една врска да се обнови.

    Немам проблем со извинувања, сметам дека за да се извиниш некому треба храброст, арно ама согледав дека некои луѓе ја гледат само кривицата во тебе, своите постапки не ги преиспитуваат и се сувише горди и суетни (ах таа суета) да си признаат, па таквите не се ни "достојни" за извини повеќе.
    Првин, затоа што они самите не го прифаќаат тоа искрено бидејќи тогаш и самите ќе треба да се преиспитаат себеси и сигурно нема да се најдат сто посто прави (нели, кој е сто посто во право секогаш) и второ има многу емотивни манипулатори. Е од такви да се чувате.

    Чварки не јадев со години, сакав ко дете кога баба ми правеше такви крцкави, топли, сега не сум ни сретнала никаде ниту ми паднало на памет да купам. Праз не јадам никогаш и тоа пихтии или пача што и да е. Ма ни месо не морам да јадам, општо ми се згади последниве години.

    Налакирав нокти, во лилјаково!, па типкам додека се исушат. Децата се играат, а јас би уште едно кафе.
     
    На do-re-mi, LejlaD, Mr. Right и 21 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    274.956
    Кај беше кога јас прашував :D
    хаос пи*ке лудило :D

    Некогаш одамна јадев и чварки, и пача - до душа само месото од пачата, мрсното не, сега... веројатно ќе ми се слоши од мрсно.


    Извинување...

    Ако сметам дека треба да се извинам се извинувам, за да дадам знаење на тој што му се извинувам дека си ја признавам грешката. Дали мене ми олеснува.. што знам, ваљда да. Ама мислам дека тежнеам кон обострано олеснување. Оти и лутина држење не е добра.

    Извинувања.. зависи, ама прифаќам.

    Оние од куртоазија не ги бројам, нит се извинувам од куртоазија, нит ми треба извинување.
     
    Последна измена: 10 декември 2018
    На LejlaD, Mr. Right, kuc и 19 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.775
    Допаѓања:
    162.932
    Извини носи кон простување и затварање на ситуација која можда не сме но свесни, но не боли таму некаде.
    Гледам да се ослободам и да простам без ничие пишливо извини заради себе.
    Особено зошто има и такви кои ем знаат дека утнале ем егото до плафон. Епа на таков извинито му е голема работа, ако таков се извини треба човек да се позамисли.
    Нема нешто што не може да се поправи сем некој ако се обиде да ве убие или да ве мрази до степен да сака да ве нема. Е таква една ситуација каде фатив другарка како изведува хокус покус срања (а да потенцирам образувана, млада, прошетана) со евидентна намера, уште го варам простувањето и лутината и си давам време зошто сум во шок уште. И тоа ќе го простам и запечатам, ама не сега.

    Ми значат извинувања. Ме нервираат луѓе кои се прават после дека ништо не направиле па станува уште побезобразна ситуацијата. Мене ми значи, не поаѓам од тоа дали на другиот му значи туку веќе преоѓа во нешто што мора да се направи ако се увиди грешка, не е ствар на перцепција и лично ветување.
    И се извинувам кога ќе погрешам со се објаснување како дошло до тоа и сакам да зборувам за ситуацијата.
     
    На LejlaD, kuc, mareane и 16 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    274.956
    ^ во суштина си во право - треба да простуваме пред се' за самите себе.

    Ама јас немам проблем со простување, на сите на светов од мене простено им е, ако имаат фајде од тоа.

    Ама се држам подалеку од тие што свесно и намерно сакаат да ме повредат. Не сум лута, само просто го пополнувам нивното место со луѓе кои мислам дека вредат повеќе.

    Сите сме заменливи.
    Ако една врска (пријателска, роднинска, љубовна) се сведува на повредување и "извини" после свесно направена грешка... не гледам причина за одржување на комуникацијата.

    Одамна, уште деца бевме иако полнолетни, една многу блиска тогашна другарка ми направи сериозна каша со дм. Да не бевме отворени колку што бевме еден со друг, со сигурност знам дека ќе се разделевме.

    Со него лесно се разбрав, ама на неа никогаш пак не и' бев другарка, дури едвај познаничка.

    Се акаше од земја и се извинуваше, на пијанство се вадеше... дури жално беше.
    И' кажав дека и' простувам, не и' се лутам, ама едноставно не можам да продолжам да се дружам, повредена сум и ме боли. И за да не ја усереме работата уште толку, поарно секоја по свој пат.

    До ден денес кога ќе ја видам застанувам, правам муабет, ама да се дружам - не.
    Со години ми фалеше тоа пријателство, ама беше премногу подла постапката за да се обидам пак да го заживеам.
     
    На LejlaD, Mr. Right, x.Daisy.x и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.