Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.662
    Допаѓања:
    140.917
    Има една поговорка, парафразирам: Ако сакаш да оставиш нешто зад себе, тогаш треба да родиш дете или да напишеш книга.

    Родив дете, не напишав книга.
    Сакам да оставам среќно дете кое знае што сака од животот.
    Сакам да и дадам имот додека сум жива, не да чека да умрам па да има. Не сакам да ме чекаат да умрам за да уживаат.

    И да иам маллллце плус пари да се осигурам животно за ако умрам сега, да се радуваат дека ќе исплатат кредит. И сакам да оставам добар збор зад себе. Да не биде ќерката на таа што беше лоша, или што тепаше, или што беше губретарка...
     
    На LadyC, KristaWolf, TeddyGrey и 17 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.821
    Допаѓања:
    274.919
    Ако ме прашуваш мене, купи про варијанта. Јас на Филипс фен и пегла имам про, не се споредуваат со ништо.
    Вистина скапо ги платив, заедно 200еу ме фатија, ама раат видов.

    Како што сама ја оправам косава, само не се шишам и шатирам сама, вредат парите.

    Јас тоа Филипс што е како со буренце го сакам, ама уште малку да ми пркне косава :)
     
    На SV1911, kuc, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  3. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    212.606
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене.Ладничко,пингвин се сторив,ете што ти е порок,мрзнам ама ум не иди,не можам да ѓи откажам цигарчињава,ако ми е,нели од главата си патиме(facepalm).Кога ќе ме нема,не сакам борчови да им оставам,раат да се,да не мислат како да ѓи враќаат,нешто некретнина,да им се најде,дали ќе живеат или под кирија ќе издаваат,без разлика и тоа ќе им се најде.Тоа што сме вложувале во нивно образование не го рачунам,во моментот сум можела,сум вложила,но и тоа им е добра отскочна даска по мое,нема студетски кредит на врат за исплаќање.Најважното голема љубов и топлина се надевам во спомен ќе им остани,не е материјално ,но сакам трудот да ми се исплати,барем досега е така,добри и воспитани се,знаат да почитуваат,луѓето ги гледаат како луѓе,а не според тоа на какво место се или каква професија имаат,мене тоа ми е доволно.И се почесто размислувам за истото што го вели @Cka,за животно осигурување,нив би им останало.Толку сме можеле до сега,за од сега не можам да кажам,сето ова не е некое богатство во наследтсво огромно,но како за обични смтрници како нас,мислам дека добра подлога за децава е.
     
    На bittersweet, SV1911, Mr. Right и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller имам и јас фен Филипс про, како за салон, вистина нема мака и нема споредба. Би си купила про четка, ама нема тука такви, треба од странство. Филипс има една во Нептун, ама е 600 или 800 вати, слаба е многу, тоа ништо нема да исправи, нити па навитка.
    Кај нас изборот е тој, а па сеа специјално да барам од странство немам живци, нит време да ја чекам веќе :D
     
    На Dust, Annath, Sesil и 7 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.821
    Допаѓања:
    274.919
    Јас не зборам за четката, туку за ова:

    SmartSelect_20181213-111222_Chrome.jpg

    Иста линија е со фенот и пеглата од кои сум презадоволна. Имам класично фигаро на Ровента, ама со средно буренце, ова е баш за крупни локни.
     
    На Annath, mal.ecka, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller Аааа, ама не, јас сакам четка да купам за да ја исправувам косата, не да ја виткам. Баш она фенирана да ми дојде, со волумен, ама не виткана. Инаку имам и фигаро Филипс, класично со буренце поголемко, и супер е, ама па ретко ја виткам косата, повеќе права си ја сакам.
    Се разбравме конечно :D
     
    На Annath, dunika, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.821
    Допаѓања:
    274.919
    За волумен финта - купи си пудра за волумен на Тафт или на Балеа, game changer :D Мене ми мириса на сода бикарбона, може е само препакувана :D
     
    На LadyC, Annath, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.620
    Допаѓања:
    108.999
    Пол:
    Женски
    Мајка има на Филипс фен четка, и го купивме пред 5 години за еден роденден, раат виде жената. И јас викендов се исфенирав со неа, за 5 минути имав супер исфенирана коса, ко од на фризер за разлика од тоа дома што се лицкам а нема ефект.
     
    На kuc, Dust, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.769
    Допаѓања:
    162.879
    :^)

    Не, жено, ти си за ќотек.
    Доста бе више со умирачкиве.
    А мислев и ќе пишеш, да оставам добар збор, ко ќе ја сретнат ќерка ми да викаат мајка ти добар човек беше...она да не се шљакоса...
    Абе кој ве учи вакви работи?
    И тебе и Бубче, да фати на ладноно надвор по гол гз да ве остави да ми извиниш.
    Ама ај да не ви се мешам.

    А инаку мислам дека порано од овие причини правеле златни зубчиња. :D Све ќе снема, ама забите ќе останат. Баба ми имаше порано златни заби, а братучед ми и викаше бабо ко ќе умреш јас забите ќе ти ги земам. :D
    Инаку да, децата се единственото нешто кое е вредно за оставање. Се останато...во материјална смисла... од околни искуства, гледам дека не е баш така вредно како што мислиме. Комшија на моите цел живот штедеше и од деца и од се за куќа да направи и направи. Сега 3 од 3 живеат во други населби далеку од нив, а старците се сами во можда 300 квадрати... за машки деца се работи.
    И сакам да ме зборат и како што ми ги зборат дедовците барем тие што ги познаваа. Чесни, мирни и добри луѓе, евентуално ко што ја зборат комшиката - можда беше лоша, ама за нивно добро лоша. Лоша, лоша, ама чиста и поштена, ама многу помагаше и многу направи, па и децата убаво си ги воспита.8):D
    Се трудам секој ден да направам разлика каде треба. Мултиплицирана среќа е среќа, не сакам да заминам само со проста репродукција ( децата се основата, ама и нешто екстра, да се знае дека освен што си се размномил има и нешто плус аир виден од мене во светов) и како некоја што само си гледала за себе и своите.
     
    Последна измена: 13 декември 2018
    На Ariel, KristaWolf, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh која е таа, дај стави сликче ако можеш :)
    @CameliaMiller еднаш го купив тоа прашакот од Тафт, ставив и ми даде волумен ептен, ама и ми се здрви цела коса. Како натапирана тетка бев :D Еднаш ставив и ја фрлив. Во што е цаката со тоа, треба ептен малку да се нанесе? А не знаев дека и на Балеа има. И таа ли ја стврднува косата?

    Леле отрувме со коси и четки :D
     
    На kuc, Dadusicka, Dust и 6 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.821
    Допаѓања:
    274.919
    Си претерала Секси :D
    По малку на рака ќе ставиш и ќе втиснуваш во корените :)
    Ако акнеш многу не можеш да се исчешлаш после :D
     
    На Dadusicka, Dust, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.662
    Допаѓања:
    140.917
    Прифатив дека смртта е нормална појава, какои раѓањето. Подобро е да се прифати, отколку да се правам луда како другарот Тито, ако икада умрем.

    Јас живем секој ден, ама мораам да знам и зад себе дека треба да оставам.

    Иначе, не дека сакам да умрам :) Сакам да пратам ќерка на матурска, сакам мајка ми и татко ми да отидат на одмор, сакам да го видам брат ми како думка дете негово, сакам маж ми да ми мрчи на плажа пред нашето куќиче на море :) Сакам внука да дочекам. И на мене да ја крстат (ај сеа мразете ме).
     
    На LadyC, SV1911, Ariel и 21 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    Еве ме од пц.
    Јас велам еден стол да поседувам, да имам на кого да го оставам. И сакам по арно да ме памтат. Ова второво треба нашироко да се објасни, затоа и сакав компјутер.
    Има луѓе и луѓе. Јас сум од оние што им е битно ОДРЕДЕНИ личности што ќе речат за мене. Кога ќе речам одредени не мислам на некој рандом лик од улица туку луѓе ко на пример колешкава која ме научи се да работам. 25 год е тука, нејзиното мислење е премногу битно кај ГОЛЕМИТЕ. Не би сакала таква жена да нема добар збор за мене зашто јас сум суетна и ич не ми е гајле што ќе речат дур мене ми е убаво. Додека пак имам колешка која скоро 40 год е тука ама е небитен лик зашто цел живот драми прави и никој не ја резба, буквално ко дух е. Е сакам утре кога ќе ме нема..тие како првата колешка да си имаат што арно да си спомнат од мене. Деца по арно да ме памтат, да речат мама секогаш беше тука и пробуваше да помогне на секој можен начин. Би сакала да им оставам барем кров над глава. Пари ќе заработат, макар само за храна што се вели. Ама еве ние без кров колку мака си видовме...затоа го посакувам тоа.
    Сакам да имам 3 дечиња, а ако случајно мојот нескромен сон се оствари и не постигнам повеќе да родам, би посвоила уште 2, па да се 5. Реков нескромен зошто знам колку финансии се потребни за обичен скромен живот да имаат истите тие.
    Траг во историјата да оставам не ми треба. Целите ми се скромни, задоволувачки за мене лично и доволно е тоа. Искрено би сакала да доживеам со маш да славиме 30 годишнина, мада тоа не може ниту он ниту јас да го гарантираме па колку и да ни е цврст бракот во моментов..
     
    На LadyC, SV1911, KristaWolf и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    98.745
    Добар ден и од мене:coffee:.

    На темата фарби, немам што да кажам. Ни еднаш се немам исфарбано во моите 32 години. Не дека сум немала кризи за промени, ама, на крај пак не сум се одлучила. Сеуште немам бели влакна, бојата на коса ми е медова мислам:?: и посебно убава станува летно време кога од сонцето ќе подосветли. Ама па тогаш многу ретко ја носам пуштена, вратот нон стоп жива вода ми е.

    Единствено не ми се допаѓа дека нефарбана е многу мека, па ти што сакаш прави и дома, надвор се накршува, Затоа кога сум посакувала да се исфарбам, тоа било за да ја окрутни малце фарбата и да стои фенираното/пегланото.

    И јас како Кравче бомба од емоции сум денеска. Се чув со мајка ми, закажале за татко ми операција од кила во недела. Знам дека човекот се мачи со години со тие кила, јас сум го молела да се оперира, не сакаше и ете сега кога ми кажа мајка ми дека конечно се кандисале некако се шокирав:|. Рутинска операција е, и тоа знам, ама пак...

    Па мајка ми прво не планирала да ми каже, па ми кажа, па не доаѓај, држ, не дај и дечко ми вика како да не одиш, ако не ти, комшиите ли ќе отидат:). И ете, во сабота ќе ме одмакне дома, па во недела се да биде во ред и да се куртулиме барем од тоа. Човек раат да не е еден ден значи.
     
    На SV1911, Mr. Right, kuc и 19 други им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    145.269
    Хај!:coffee:

    Доручкувана чекам бебето да стане.
    Ќе го носам кај баба ми. Или она доаѓа еднаш неделно или ние одиме. Јас сум како Камелија, без баба ми не можам. Имам омилена баба и повеќе од очигледно е. :)
    Баба ја прави најубавата сарма, баба се прави најубаво. Нека ми ја поживее Бог уште долго со дедо ми оти не знам што би без нив. Кај баба сум секогаш дете.:inlove:

    Јас имам фен четка на Филипс купен е сигурно пред 4-5 години. Ама за мојата густа и виткана коса не е . Не го постигнува ефектот кој јас го сакам .Па не сум го ни земала тука, си стои некае забутан кај мајка ми, а што мерак имав и јас по него. Пак да кажам моата е ептен виткана , само Ровента пеглата за дома ми е закон. Се друго на фризер. Фенирање особено, јас дома во домашни услови тешко успевам.
    Фризерката ми става од овој Тафт прашак, мислам дека е Тафт, зелена паковка.:^) Убав ефект се постига, ама сосем малку, колку еднаш да прсне.

    За тие кои се косат повеќе за моето дете од мене, да не се секираат моето дете е среќно, а и јас и маж ми со него. А тоа е најбитно.:inlove:
    Сите сме многу либерални во ставовите, ама кога треба да се суди или впери прст први сме.
    Сакав да пишам повеќе ама доста сте разглобиле синоќа.

    Прво сакам да му оставам на детето/децата преубави спомени по кои ќе не помтат мене и татко им, а после и материјално кое и те како е битно.
    Барем по еден кров над глава за нив, а се друго екстра па нема да им е вишок. :)

    Инаку циклусот после бременост мислам уште толку ми е пораметен, што ме излудува. Немам никакви знаци за добивање, а знам дека деновиве треба.:tmi: (lalala) За иронијата да е поголема тел ми е на сервис , а таму ми е апликацијата во која си бележам . Бар да знаев која дата ми бил последниот точно, вака врска немам.:tmi:
    Утрово станав , оставив бебето во игрална и правев тест.
    Се осетив како тинејџерка која си вика само да е една црта, една црта, една црта..:tmi::$

    Една е.:whew:
     
    На bittersweet, LadyC, SV1911 и 30 други им се допаѓа ова.
  16. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.348
    Допаѓања:
    78.081
    Пол:
    Женски
    Јас во претходниот живот оставив траг, во овој сакам да сум анонимус.

    Добро утро.
    Кафе се пие на чат со најмилите, со слики со филтри пуштање со сфе. Топло ми е на душата од сабајле, по којзнае колку години, татичко ми дојде на сон. Млад, убав, дотеран во јакна, јас стигам в двор, а тој стои пред скалите и ме чека. Не ми даде да го гушнам, ама муабет ми направи. Ме караше нешто, не ми се ни насмевна, ама и толку доста ми е :inlove:
    Којзнае за колку години пак ќе ми дојде на сон.

    Завчера јадењето ми беше толку врело што си изгорев цела уста и сега ме боли. Се мислам прополис да прснам, изморена сум од болки :x

    Вчера одморив, денес е редно да се фатам за работа. Ама редно е и ќе се фатам се два различни поими :wasntme:
    Надвор пука сонце :sun: прав декемвриски ден.
    Платив кирија сега, ќе се чека плата.. Наредниот вторник дури
     
    На bittersweet, SV1911, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    98.745
    Мислев слика од тест ќе видам во спојлерот, жими се:D.
    И тоа со две црти:P.
     
    На TeddyGrey, Mr. Right, kuc и 14 други им се допаѓа ова.
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.354
    Допаѓања:
    183.087
    Пол:
    Женски
    Не осеќам притисок дека треба да обезбедам кров над глава за двете деца. Мислам, ако имам да, ама ако не можам, здрави и живи. Моите не ми обезбедија ни мене, ни на брат ми, ама финансирале во нас за доедукација и плус сега како фамилијарни луѓе за нас, за внуци, сѐ што треба, како да ни купиле на двајцата по еден поголем стан во центар. И тие на времето сами си купија стан без ничија помош и највредното од нив што го научив е дека треба да си вреден, трудољубив, снаодлив и никогаш, ама никогаш да не се откажуваш. Е тоа сакам да го пренесам на моите деца и по тоа да ме/нѐ памтат. Да не чекаат никогаш од друг и дека борбата ги прави посилни. Последните пари би ги дала за нив за квалитетна едукација и здравство. Под квалитетна едукација не мислам на приватна градинка/школо/факултет, туку дообучување на семинари, летни школи, кампови и сѐ што е плус од тоа што го учат. Буквално истото што го правеле моите за нас. Со добро знаење, сите врати се отворени, а со тоа и кровот над глава е обезбеден. Мој став, да не се осети некој навреден, аман за аман, никој не потенцирам :!:
     
    На bittersweet, LadyC, SV1911 и 28 други им се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    98.745
    И заборавив да кажам. Неколку денови десното око ми игра, а тоа ми игра за неубаво. Ете што била работата. Како да не верувам кога повеќе пати ми се повторува истото? Се надевам сега конечно ќе престане, оти ме излудува.

    Сакам да ја прочитам @simonka93. @ivi1987 исто така. Вратете се девојчиња.
     
    На WORRIED.BT, kuc, duffi и 13 други им се допаѓа ова.
  20. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.248
    Допаѓања:
    148.733
    Пол:
    Женски
    Еве разбрав имало некои лижавчиња за грло за деца. Пробај со нив исто така. :l:
     
    На Dust, Annath, Alishan30 и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.