Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.602
    Допаѓања:
    177.702
    Пол:
    Машки
    Во Пехчево, 4 дена имало блокада на главната улица, а никој не видел. Прв ја приметил блокадата некој залутан камионџија.
     
    На SV1911, Ariel, NarCis@ и 14 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.843
    Допаѓања:
    101.452
    Пол:
    Женски
    @mareane фала што помисли на мене,ама уста т.е.тастатура не ми се отвара.
    Ве читам а како да не читам,ете до толку сум расеана.
    Нешто се случува со мозоков мој.

    Што би оставила на децава?Еве не знам.Баш пред некој ден прокоментирав на мм, како ништо не сме постигнале за наши речиси 50 г.Малку од немање пари,повеќе од непланирање.Со оглед на тоа што ја издржувавме свекрва ми,јас добри 12 год.без работа,мм со нередовна плата,неговиот порок...
    Ете немаме ништо конкретно освем овој кров на глава од татко ми.Се надевам дека децава ќе имаат подобар живот,среќа и карактер од мене.Зашто очигледно нешто гадно сум заебала.
    Но,утре ќе китам елка,за викенд ручек новогодишен со пријателки,со колеги од работа одбив дружба.Јбг не знам да глумам .
    Може и за НГ некоја непланирана дружба да излезе,торта за роденденот на ќерка ми е во фаза на бирање рецепти,...се тркалаат деновите.
     
    На bittersweet, evangelina.ina, ♡BuBaLe♡ и 30 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Ич не знам шо да кажвам за козметика...

    Некоја друга тема нешЧо?
     
    На V.odolija, NarCis@, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.790
    Пол:
    Женски
    од 15 официјално почнува.

    Монке џабе закажано ко ќе појде . Со лесно :clap:
     
    На kuc, NarCis@, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  5. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.312
    Допаѓања:
    278.348
    Пол:
    Женски
    Имав луѓе.Испив две три чашки топла ракија.Сега сум за никаде...
    Имам деновиве малку повеќе време па умов почна да оди сто на саат...
    Пак ме фаќаат некои неубави мисли...Да го изгледам и видеото од жабата па да ги пуштам емоцииве...
    А и вие тивки..

    Aјде од Моникче да чуеме убави вести да ме расположи малку.

    @lunicka :hug:
     
    На ♡BuBaLe♡, vitamina, SV1911 и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    :hai:

    После 12 не се преправам во Пепелашка така да за шминки не знам да коментирам. :D

    Не сум размислувал на темата на Ариел, а почнав денови да бројам до преглед и одговори.
    Кравче е во право. Празнициве носат и радости и тага кај некого. Меч со две оштрици.
     
    На ♡BuBaLe♡, vitamina, SV1911 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.129
    Пол:
    Женски
    Не ми вреџај исток.
    Просечна плата во Берово, Пехчево, Делчево, Каменица, Виница и Кочани е 1270 евра.

    Добровечер.
    Јас радам, на посо сум. Се спремаме за Нова Година. Сите колеги превозбудени каде трезни ќе ја дочекаат новата. Јас трезна веќе 5години, еве 6та ќе трезнеам.

    Пијам пепси и не ми се верува. Нема веќе што да ме фати :P
    Вчера и сладолед си каснаФ. Антибиотици трети месец како не пијам ;) ни пак кревам температура 8)

    @lunicka разведри се, ќе дојде подобро. Само пушти ги децата сами да си одат патот. Странството и те како учи лекција. Лошо нѐ воспитувате долу. Ко те читам ко мама да ја слушам. Таа си го фрли здравјето бадијала, не сакаше да слуша совети. Секоја си проби свој пат со своја кариера, некаде во светот. А нервозите само болести и страдања ни донесоа на цела фамилија.
     
    На bittersweet, ♡BuBaLe♡, V.odolija и 25 други им се допаѓа ова.
  8. BearMe

    BearMe Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Креми мора да користам, зашто имам сува кожа. Уште одамна личам за неколку години постара, ми се обраќаат со госпоѓо долго пред да се омажам, имам автопат во два правци на чело, и по некој планински пат на вратот. Ако знаете финта како да не се додаваат ленти кажете.
    Зад мене сакам да останат неколку работи:
    1. Дело, било што, што утре ќе речат, таа Мечката го направи
    2. Добар збор, односно по добро да ме памтат. Имам добра душа, ама знам да бидам терсене. Се надевам добрите работи ќе ми ги памтат :)
    3. Имам една блесава идеја. Сакам вереничкиот прстен да го дадам на мое дете кое понатака ќе го искористи за иста цел... Идејата е премногу “што би било кога би било“, од проста причина што во моментов сеуште немам деца (ги чекам, кога ќе се решат да дојдат тука сум) а не знам и дали би сакале да прават такви потези. Ако се како мене, тешко... Не знам од кај ми е идејава... Ама лебди веќе некое време...
     
    На ♡BuBaLe♡, vitamina, SV1911 и 18 други им се допаѓа ова.
  9. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.715
    Допаѓања:
    213.587
    Пол:
    Женски
    @BearMe идеата за прстенот ти е убава.Кај мене беше така,го наследив прстенот од мајка ми,арно ама и тука има едно ама,прстенот го добив по женско колено што би се рекло,значи од мајка на ќерка пренесуван,е сега немам женско дете,туку синови,а и не би сакала да ги делам,значи на едниот да го дадам,а на другиот не,не би можела така,да имав женско се знаеше.Вака зезнато ми е,не би можела да пресечам кому да го дадам,па ќе си стои така.@lunicka :hug::hug::hug:
     
    На ♡BuBaLe♡, vitamina, SV1911 и 18 други им се допаѓа ова.
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.044
    Допаѓања:
    154.352
    Пол:
    Женски
    Се спруживме ќе спиеме.
    И мене околу нг празници знае да ме фати некоја меланхолија, не е дека до толку не ги сакам ама не знам како да објаснам на моменти ми доаѓа така тажно безвезе.
    Него има бина на плоштад кај това куќичките, има некаде објавено некоја програма на настапи?? Пред неколку години кога имаше во жена парк направено нешто слично еднаш начекавме мн добра свирка. Тогаш ептен беше добро скоцкано не знам зошто секоја година не прават во тој дел, додуше окупиран е жена парк забраив :)
    @lunicka :hug: немој така да се јадеш себе си, сепак во умни деца си ги пораснала колку што можам да приметам по тоа што сум те читала, тоа не е мала работа.
    Оф нека пројде денов утре, само да е помирен од денешниов иако не верувам дека ќе е ама да си се понадевам.
    Па доаѓа викенд :party::party::party:
     
    На bittersweet, ♡BuBaLe♡, vitamina и 22 други им се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Јас дојдов само да ви кажам дека е прекрасно колку сте несебични кон своите деца, но не заборавајте да си посветите внимание и на себеси. И куќи ќе направат и пари ќе заработат.

    Си го скршив телефонот. И сеа? Кај да најдам пари за друг? Идиотче
     
    На do-re-mi, ♡BuBaLe♡, vitamina и 22 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304

    А ти мислиш, не се грижиме и за нас? :lol:

    Мораш и себе да си приуштиш 'живот', иначе ќе се заборавиш 'себе си' ......мајчинството е само дел од тебе како човек.... не е се'
     
    На ♡BuBaLe♡, mal.ecka, SV1911 и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.148
    Допаѓања:
    137.213
    Пол:
    Женски
    Испадна сувата кожа попроблематична од масната. Јас масна имам. Претежно со лосиони се шлакам. Чат пат по некоја маска што ќе ја прочитам низ нетот. Еднаш со една гадно се зезнав, се напраив жар црвена, содржеше и сода бикарбона, и талог од кафе, во три етапи цел третман ама послето не бев за пред народ 2-3 дена :tmi: За мрсна кожа што ви е испробано?

    И немојте да се јадосувате ако ништо материјално не им оставите на децата. Многу побитно е да ги воспитате сами да си создадат и задржат тоа што имаат. Пред се да стекнете почит кон вас од нивна страна. Се друго е споредно.
    Јас пак ќе се навратам на коцкарите ама пред очи ми се и секој ден се јадосувам од туѓи постапки. На речиси сите нив родителите им имаа оставено куќи, тип топ средени. До еден лустер, до една плочка, ништо да не треба да купат.... се испое*аа.
    Бевме поканети на роденден кај едно детенце. Мајката ми се јави да одеме. После два дена таткото му се јавува на мм и кажува дека роденденот е одложен, ќе не известеле накнадно кога ќе слават. Знаев што би можела да биде причината ама се надевав дека е сепак нешто друго, си реков сезона на вируси може не е добро детенцето или некој од нив. После некој ден ја среќавам жената, сама почна да кажува. Вика го пратив да испазари, сите пари во казиното ги остаил, тортата немав со шо да ја плата, не роденден да терам. Мислам страшно... И таква фобија имам набиено од коцкари. Мм секој ден ме убедува да не се потресувам за други ама ај остани смрен коа ќе слушниш вакво нешто. И веќе не знам што е попаметно дали човек да се бори и да им обезбеди лагоден живот на децата, да не почнуваат од нула туку од некое скалило погоре или ипак да ги остави да имаат некоја цел во животот што да створат

    @kravce екранот го скрши? АКо е екранот лесна работа.. Јас 2 пати го кршам, 2 пати Али ме спасува за ситна пара, не повеќе од 1000че
     
    На bittersweet, ♡BuBaLe♡, V.odolija и 25 други им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.462
    @Sesil ќе се расплачам. Што родители има. Идиоти!
     
    На ♡BuBaLe♡, SV1911, kuc и 16 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    И ние децата сакаме да ни се среќни родителите.
    Немојте да мислите дека покрај нашите тешкотии и проблеми, забораваме на родителите.

    Ништо не ми треба, ако моите се измачени и несреќни.


    @kravce зависи што телефон имаш, може не е скапа поправката?
     
    На ♡BuBaLe♡, vitamina, SV1911 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.715
    Допаѓања:
    213.587
    Пол:
    Женски
    Во потполност се согласувам со тебе @Sesil ,во селово наше толку многу коцкарници никнаа што страв да го фати секој еден родител,буквално се во близина на училиштата,во секој дел на градот по неколку.Преполни се преку цел ден и ноќ,еден куп фамилии на цедило стигнаа,не дека не си ѓи гледаат децата,зборувале,советувале ама сето тоа џабе.Да не тргне по лош пат,после тешко е враќањето на прав.Имаше една поговорка-не го колне мајка синот што оди на коцка,туку што се враќа таму за да се извади:(,јасно е дека тогаш утше повеќе пропаѓа.Како сакате речете ама тешко време е за одгледување на деца денешното,како родители правиме се што можеме за нив,зборуваме и советуваме,нема родител кој би посакал детето да му тргни по лош пат.@kravce се надевам дека можна е поправка,на крај краева во него нека е,бидете вие во ред:hug:
     
    На ♡BuBaLe♡, mal.ecka, vitamina и 22 други им се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.411
    Допаѓања:
    143.182
    Сакам да оставам некој печат. Некоја промена којашто би ја почувствувале многумина. Што знам дали е ова размислување зрело, или незрело.

    Да оставам добри и трудољубиви луѓе кои ќе работат со љубов го чувствувам како задача, како обврска. Како неизбежен дел од родителството.

    Од коцка поголемо зло - не знам дали има. Многу се плашам од навлекување на коцка и од дрога.

    Едит: @CameliaMiller кај тебе беа потписите? Се спремаш? :D
     
    На bittersweet, ♡BuBaLe♡, vitamina и 22 други им се допаѓа ова.
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.148
    Допаѓања:
    137.213
    Пол:
    Женски
    Не знам во кој попрво да се бара вината. Во родители ли, во деца ли... не е паметен човек што да каже. Не е наше да судиме ама не се за оправдување вакви постапки.
    Скоро роднина на свекрва ми, се јави да биде жирант, не можеле да најдат друг. Свеки напна ќе се потпишувала, не можела да ја одбие жената. Се напраив будала демек не знам, ја прашувам што ќе купуваат со кредит од 15 000е, пола стан е тоа во село наше, и тоа солиден стан. И се пуштивме сите ако потпише да не не рачуна за фамилија. Виде - не виде, се јави, откажа.
    На луѓе што стварно многу им требаат во животот тие 15000, немаат покритие, немаат жирант, ние ќе ставаме трн во здрава нога ради некој што не може да се контролира?
     
    На ♡BuBaLe♡, SV1911, kuc и 13 други им се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.312
    Допаѓања:
    278.348
    Пол:
    Женски
    Ние кои не сме добиле скоро ништо од родителите материјално,знаеме колку е убаво и важно да можеме барем на децата да им оставиме нешто.Да не се мачат како нас ,да не почнуваат од нула...
    Јас кога спомнав еднаш пред колешките дека три пати во 10 години брак имам купено гарнитура за седење и 3 купатила од корен правено не ми веруваа...
    Иако ние што малку или ништо не сме добиле материјално од родителите може и повеќе ги сакаме и цениме,зашто знаеме дека толку можеле толку дале...Што да ми остави свекор ми со работничка минимална плата и со години во стечај и сега пензија од 10 илјади?! Или да чекам од мајка ми со 12 000 пензија која пола ги дава за лекови? А со каков се расправа дома не ми се спомнува на темата што ја почнавте...
    Ама знам колку се мачиме ние поради се што е на нас и за нас и за нив и за убаво и за лошо.
    Е затоа се јадосуваме што не можеме повеќе да им пружиме и оставиме на децава...Повеќе тоа не боли отколку нашата мака...
    Да испијам некое розево апче не ке е лошо вечерва...
     
    На bittersweet, evangelina.ina, ♡BuBaLe♡ и 26 други им се допаѓа ова.
  20. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.847
    Допаѓања:
    95.233
    Пол:
    Женски
    Сесил ти го разбирам стравот.
    Ама еве ја чаршијата наша-кладилница,аптека,банка,сенатор,и пак исто до крај.Језивко.

    Не се секирајте за децата,како беше онаа кинескана поговорка,” не му давај риба во чинија,дај му трска и научи го само да лови”

    Моите ништо луксуз нема да ни остават,бар дур се живи,ама мајка ми не воспита како примерот што го даде Нарцис.Секогаш биле домаќини и родители за пример,тоа беше повеќе од доволно за мене и брат ми.Еве сега сме тотално финансиски независни,а тие се растеретени,по некој ситен кредит за студиите наши исплаќа мајка ми и толку.
     
    На bittersweet, do-re-mi, ♡BuBaLe♡ и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.