1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Има јога вежби баш за бремени и за почетнички.
    А тоа се толку лесни, бавни вежби за опуштање, ама секој како се чувствува нели?
    Добредојде @green.eyes и @lunicka убаво да се одмориш. :yawn:
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.030
    Допаѓања:
    257.489
    Пол:
    Женски
    Ke odime?
    Od 14-19 nekade procitav deka Ke e
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    @Bozica1980 Обавезно! Било кој ден, слободни сме :sun:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Dobro vecer nevesti.
    Vremevo mi e utop deneska, a jas, zemi pile zatvori vo kafez a mene zatvori me, ista pesna. Poludeam. A tek pochnuvaat dozdovite. Bez krila do mart mesec, kako ke izdrzam? Znam. Ke izbegam nekade na vikend. Sama. Taka mi e najubavo. Stani koga sakash, pravi shto sakash, odi kaj sakash, jadi kaj ti tekne, legni koga sakash. Maz mi me ubeduva drugarka da si zemam, da ne mi e dosadno. Chovek, mene sama nikogash ne mi e dosadno. Puno i ramno mi e od Vardara do Triglava. Barem on bi trebalo da znae deka ne sum od onie shto dve po dve i po mochanje odat zaedno. Jas si sakam mir. Raat. Def. Aufiderzen. Ednash ja nemam proshetano Viena, vreme ni e da se sretneme. Za dve nedeli se gledame. Taka da si gi istresam grizite po ulicite i koga ke se vratam ke sum spremna za familijarnata invazija so izgovor Bozik.
     
    На bubic.k, do-re-mi и lunicka им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Многу се нервирам кога играм „Сложувалка“ и кога приметам дека користат помош.И кога има прашања од туѓа политика.Јас нашава не ја разбирам а не па соседската.
     
    На bucimir му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    И јас дојдов на темава за млади ко мене:D:hai:
    Каде е домаќинката со вишњовачата бре?
    Луничке мор, остана нешто за мене или се испивте?
    Моирче, Божица, ако ви треба помош тетка тука е :hai:јас слободна моиве за диско се:D
    :hug: :sun::f:
     
    На mal.ecka, bittersweet, Daleron и 3 други им се допаѓа ова.
  7. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.363
    Пол:
    Женски
    блазе тебе...барем наспана си
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.030
    Допаѓања:
    257.489
    Пол:
    Женски
    Да напраиме една собиранка на мајки на Златно славејче.:dance::party::party:
     
  9. bucimir

    bucimir Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Да му де позлати раката на оној кој ја почна темава ☺ (во случај да се позлати и тастатурата мој совет е да се однеси во златара). Јас еве сега само што ја видов темава и упте не сум прочитала се, па ќе ми простите ако сум малку назад со муабетов. Инаку, јас сум 38 годинки и мајка на 2 годишно дете ☺ ете сега за сега толку, морам да собирам играчки, цел стан е покриен со све и свашта, извадил мслиов од лажици, тенџериња, тави, тепсии....да можи и шпоретот би го донел средде дневна ☺ поздрав !!!
     
    На Moira, Sky-butterfly, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Ако порано не спиев зашто беа мали,сега не спијам зашто не се прибираат дома.Така да @WORRIED.BT заборави дека ке се наспиеш.[​IMG]
    @ozbilnazena ,немај гајле за сите има.Повели.
    visnjevac-3.jpg
    А ти со празни раце од Америка-та???
     
    На WORRIED.BT, ozbilnazena, bucimir и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Sunshine3

    Sunshine3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    215
    Здраво жени, турете и на мене една вишновача, у поголема чаша молам! :) И јас ви се приклучувам на групата, ситно бројам до 36 :D Инаку тазе породена со второ.. Еее ве читам некои веќе тинејџери им се децата, јас ќе бидам од тие старите мајки на родителска :D поздрав за сега, вистинско освежување е темата :)
     
    На green.eyes, WORRIED.BT, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.068
    Допаѓања:
    137.308
    Денес сум била на детски концерт на филхармонија, два детски родендени, ручек кај пријатели и слава. 12 часа акција без престан. Не знам дали поише сум за вишњовача или за пиво.

    Има една опасност кога рано ќе станеш мајка - ќе ти пораснат децата па те фаќа мерак за бебе, а времето уште не ти „поминало“. Како сум изгњавила една шестмесечно ќофте на еден од детските родендени, ептен си направив мерак! А бе ми иде да идам утре да си ја извадам спиралата, на дежурен ќе одам, нема проблем што е недела! Се моли некој да ми врзе два шамара, или евентуално да ми раскаже како бебето и било будно цела ноќ, како е жива ненаспана и слично, да не случајно се прелажам :D
     
    На green.eyes, Espadrila, ozbilnazena и 10 други им се допаѓа ова.
  13. bucimir

    bucimir Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    е па ариел, место шамарање еве како нас ни се ноќите....легнуваме едвсј со клоцање, нишање, бркање по соба, и кога конечно ќе заспие излегувам на прсти од соба и не дишам, немој случајно да не ми е чист носот па да ми свири ...и додека да одам во wc, додека навлечам гаќи, пижами .....малово е будно и јово нс ново . Сум спиела 2 саати со мижење ... ко зомби сум. Така да оба сега саативе помнпжи со 28 месеци ...и додај бременост со спиење на кауч кога се осеќав како кит ... ☺ треба уште или да вадам фајлови од датотека ?!?хихихи
     
    На Ariel и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  14. bucimir

    bucimir Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    а ете....мајка ми ме лажи и ми вика " ќе спие, ќе спие" , наместо да ми каже " кога тој ќе спие, ти ќе седиш будна и ќе шпарташ по соби со кафе во една, и лексилиум во друга рака" ... (facepalm) :rofl:
     
  15. bucimir

    bucimir Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    си легнаа девојчињава (fingers) добар сон и се читаме утре, кај мене тек е 5 на ручек ....
     
  16. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Чекај мор, промена на клима да се адаптирам, распакувам, да видам што каде е.
    И подароци има не туку реди прашалниците:D
    И не ги плаши жениве си знаат децата кога е време за дома идење.
    Спиеш мор, реков ќе стегнеме дури сум расположена за стегање:)


    [​IMG]
     
    На bittersweet, Serafima, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    @Ariel те поддржувам за вадењето на спиралата.А потоа со задоволство ќе ти правам друштво за шопинг на фини женски работи.Мислам на секси веш де.Немој да го оставаш детето само.Не чини да си нема никој свој на светов.
    Второ,вчера дознав една вест од која ми се обеси вилицата надолу.Замислете нашиот побратим оженил син ,за месец два и внук ќе има а не кажал.Мислам каков човек треба да си да не подигнеш еден телефон и да кажеш една таква убава вест.И во ова време на средства за комуникација да не се најде начин да се извести.Порано луѓето со гласници преживувале и пак биле поблиски .А сега ,само оттуѓување.Влегол некој ѓавол во луѓево велам јас,кој не им дава да се однесуваат како нормални луѓе.И сега за 2 недели ако не канат на свадба ќе имам главоболие што да носам.Ете затоа свадбите ми се измачување.И некако сита сум од свадби,што знам.
    @Moira во Пеко нема да најдеш такви модели.Баш ги гледав пред некој ден или се со појака пета или ми се ептен сериозни.Во Скопје би требало повеќе да има избор,низ тие фенси продавници,ама биди спремна да ги платиш поскапо.Кај нас се што е поинакво е поскапо,тоа сум го приметила.
    @ozbilnazena [​IMG],дај сподели со нас некоја фотографија,искуство,случка да ти љубом....упс да се радуваме уште малку со тебе.
    Спред анкетава навистина има многу малку жени со околу и над 40.[​IMG]
    Кажав ли добро утро?Се раздрдорев како навиена...[​IMG]
     
    Последна измена: 9 ноември 2014
    На green.eyes, Ariel, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Која се пријавува, одма и' ја давам ќерка ми на чување :P Мирна, воспитана, смешна и по малце тврдоглава - да ја грабнеш и да бегаш усвет работава :rofl: Барем да се доодморам додека да се породам....
    @Bozica1980 женче, ми изгледа ко само јас и ти да сме со деца на возраст за ЗС, другиве или многу големи или мали. @Annath можеби? Ние ќе одиме секако, па кој сака нека се приклучува после тоа, на after party-то (poolparty)
    Чевли...вчера барав, не најдов, се' се повисоки штикли...кажувајте ако видете некаде конкретно плиз :sweat:
    Ај добро нека е утрово, уште подобар денов, и Добредојде на сите нови тинејџерки на темава :toivo:
     
    На bittersweet, ozbilnazena, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Еве и јас се пријавувавм за причувување.Треба да си го обновам знаењето за снаата утре да не ме оговара по форуми [​IMG] .
     
    На mal.ecka, SV1911, Umbrella22 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Добро утро женички :sun:...
    Времево некако не е за сонценце, ама кога човек така си се чувствува во душа, тогаш не се важни облаците и дождот надвор.

    Најпрво едно искрено благодарам до Луничка за честитањето на славата, а и исто на сите кои помислија во себе. Тоа е најважно, делото произлегува од помислата. Ви се важи на сите :hug:.
    Кај нас помина еуфоријата. Немавме многу гости (читајте олеснителна околност), само најблискиот круг на семејството. Поминавме убаво, весело со малите, смирено и релаксирано. Важно гостите задоволни од пречекот, што посебно ме радува. Ако видиш дека тањирите се празни, тоа ти е еднакво на празник на душата на домаќинката. Не дека сум домаќинка, ама се трудам некако да бидам во иднина (мојата желба кога ќе пораснам :D). Ќе ви пуштам некоја сликичка подоцна, да ве почестам.

    На темава со сонот...
    Искрено заборавив што е сон. Малиов сеуште цица и по навика си се разбудува на два часа (ама читајте навечер дека не се гушкаме како преку ден и дека спие сам, па се разбудува на еден час да провери да не случајно не е тука мајка му ). Евентуално ако е болен или му е затнато носето времево се скратува на разбудување на секои 30-40 минути. И така си живеам 10 месеци досега, со 2-3 часа сон (ама собиран преку цела ноќ). А ако се случи некогаш да поспие 3 или 4 часа, е тогаш ми е празник.:lol:
    Ама умот не ми иде бре, тоа е. Жива не наспана сум, а типкава сака уште едно бебе (или две, три евентуално во иднина). Може тоа пак ќе спие и ќе се наспијам и за овој малиов досега што ме разбудуваше. Ама иако сум таква каква што сум, тој (тие со татко му) ми е животот, што да правам.

    Туку, Ариелче кога сме на темава. Наместо да те разубедам, да те охрабрам.
    Иако воопшто нема да бидеш спиена ( што не значи), сети се со малата на тие убави насмевки, на малите очиња, на малите рачиња кои галат, на првите зборови мама... Бесценети се...А може и да се погоди некое бебнце што ќе спие. Малата од сестра ми од страт си спие и навечер.Како спие не знам, ама цела вечер ја преспива, а има 5 месеци.
    Ако даде Господ, ајде може ќе се дружиме понатаму во темите за бременост. Туку на крај да не излеземе некои сватови, а ^_^?!!!

    Бидејќи сме скарани со кафето, ајде повелете на чајче или какао. За утринско расонување :coffee:.
     
    На mal.ecka, Annath, Ariel и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.