Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.379
    Допаѓања:
    90.439
    Пол:
    Женски
    Секој случај е различен,но работата или било каков ангажман помага да се истераат некои мисли.
    Пр.уфилманост дека си болен,па си наоѓаш милион дијагнози на нет,па се нешто испитуваш,тогаш е лекот само ангажман,било каков физички ,психички ,мозокот да се дефокусира.

    Тие што изиграваат жртви се често и емоционални вампири.А жртвологијата е научена од претходници најчесто родители.
     
    На SV1911, ph.orhideja, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    За ова се согласувам (y)
     
    На Annath, kuc, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.110
    Допаѓања:
    136.868
    Пол:
    Женски
    Мајка ми, па ни татко ми, никогаш ништо не ваделе низ нос, се што сториле за нас. И некако нормално ми е родител да се жртвува за дете повеќе него обратно. Па телето цица од кравата, не кравата од телето.
     
    На Annath, kravce, Sky-butterfly и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.271
    Пол:
    Машки
    Која беше по готвењето? :D
    20181216_212854.jpg
     
    На Annath, petunija77, Sexybaby86 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.598
    Допаѓања:
    212.561
    Пол:
    Женски
    :bow:се согласувам во потполност,и не се сметам за жртва :shake:
     
    На Dust, Annath, TeddyGrey и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.814
    Допаѓања:
    61.894
    Прочитав се од претходните два дена... И ми се приспа :)
    Викендот го чекам цели пет дена, а кога ке помине... Сии мислам дека воопшто не постои :tmi:

    Една вистина за крај на денот...

    slika.png

    Одам да спијам, имајте убава нова седмица...Иии полека со коктелите на предновогодишните забави :D

    ПС Уште нешто...
    Значи, браво! Така се изразува...
    Не напиша „најстара“, го употреби вистинскиот збор, „возрасна“ :clap:
    Поздрав Рајт :coffee:
     
    Последна измена: 17 декември 2018
    На bittersweet, Dust, ph.orhideja и 25 други им се допаѓа ова.
  7. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.233
    Допаѓања:
    277.390
    Пол:
    Женски
    И моите не ми ваделе ништо што направиле за мене низ нос.Се трудам и јас да не им префрлам на моите и нормално е ние да се жртвуваме за децата.
    Ама дека никогаш нема да изустите : е ќе ме умрете или да не ви падне криво кога се неблагодарни не верувам.Пак ќе речам како одиме по стапките на животот правиме и велиме работи кои некогаш не сме верувале дека ќе ги помислиме.И често ќе се фатиме во ситуација каде заличуваме на нашите мајки.
     
    На bittersweet, Dust, ph.orhideja и 26 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.379
    Допаѓања:
    90.439
    Пол:
    Женски
    На Dust, Annath, NarCis@ и 8 други им се допаѓа ова.
  9. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.233
    Допаѓања:
    277.390
    Пол:
    Женски
    Скоро истовремено ја помисливме и и посакавме среќа, тоа мора да е убав знак, само јас во СП:)
     
    На Dust, Annath, NarCis@ и 8 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.239
    Допаѓања:
    67.751
    Пол:
    Женски
    Со ова не се согласувам. Се случува нормално да правиме работи што сме мислеле дека не би ги направиле, но свесни луѓе сме и имаме контрола над нашите постапки.
    Мене моите ме удираа, дали тоа значи дека јас викам не, јас никогаш нема да ја удрам ќерка ми, ама сепак може да се случи еден ден зашто на крајот не знаеме што можеме да направиме? Или дека ќе испаднеме како нашите мајки?
    Уште како дете кога ќе го слушнев тоа неблагодарни си викав дека јас тоа нема да им го правам на своите деца и нема да им наметнувам вина за нешто. Исто како и тоа дека нема да кренам рака врз нив. Правам се што е во моја моќ така да биде и додека свесно можам да размислувам тоа и ќе го правам.
     
    На Annath, flower30, TeddyGrey и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.763
    Допаѓања:
    162.831
    На Annath, Milobebence, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  12. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.988
    Допаѓања:
    153.749
    Пол:
    Женски
    (y) тамам почна да ме фаќа грижа на совест, ме растерети малку :)
    Впрочем и си ја имам после секој повишен тон, и после секое мрчење дека душата ми ја вадат, ама на крајот на денот ќе ги изгушкам ќе им кажам дека многу ги сакам, многу често знам и да им се извинам ако сум била премногу нервозна и се надевам дека тоа има некое позитивно влијание. Ми фали се почесто трпение и сакам да си удрам два три шамари поради тоа, искрено многу ми е страв да не си ги зезнам децава со некое мое однесување понекогаш. Од друга страна па кога ќе видам како други родители се однесуваат си викам добро е јас сум била супер :). Имам уште многу многу да поминам јас со децава еее далеку ми е маката што се вика.
    Време е да се легнува веќе, не ми се спие ама знам дека утре ќе ми биде мака
     
    На Dust, ph.orhideja, Annath и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    177.036
    Пол:
    Машки


    Песнава ја имам слушано милион пати. И секој пат ми предизвикува чувство на меланхолија, на тага и носталгија за некое минато време и место или настан што се случил, а јас тогаш не сум бил ни роден.
    Се чувствувам како да припаѓам во друго време. Сакам да сум таму, да седам на скалите, да се шетам покрај пругите, да се дружам со луѓето, да носам кошула со големи крагни и тесни панталони со широки ногавици.
    Не можам да си објаснам зошто е тоа така.
     
    На bittersweet, lunicka, Annath и 22 други им се допаѓа ова.
  14. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    78.077
    Пол:
    Женски
    Абе озбилно, кај ги бендиса тие чизбургери. Јас само чикен мајо јадам. Нареден пат ќе ти сликам, ветувам.

    Сум се наждрала за сите пари. Кинеско нешто, ту луто, благо, кисело :rofl: од кај знае дете од село шо ми порачаа :o (facepalm) ама си каснав. Плус ме излажаа и пивце да се напијам :lol: среќа не се засрамив, примерна бев.

    Пак за родителите да прокоментирам. Мама ми има префрлено така ама секогаш со право. Наместо да се нервира и да чека "на мене да ми текне што треба" ја научив дека мене ми е полесно да ми издиктира што сѐ треба да направам. Оти ќе чека, чека, мене нормално дека серијата ми е поинтересна од миење чинии или идење на пазар. Ќе и пукне филм, ќе настане скандал за ништо. Откако почна "да ми текнува" а после и откако си фатив и финансиски да помагам дома, ни еднаш ми нема преречено за ништо. Сега еднаш месечно сум на рибање за неводење ред на финансии :devil:
    Абе човек учи додека е жив.

    Помина 12, уште да видам што сум мудрувала пред години на фб и да пробавам да спијам. Утре пак лудница ќе е.

    Сега си каснав и сладолед. Пмс нешто рано ми тропа на врата месецов. Чоколадото и тоа ме гледа, иако е темно в собата. Ќе го каснам па ќе "диетувам" од утре. Пак лажам, ама голема работа де :rofl: (facepalm)
     
    Последна измена: 17 декември 2018
    На bittersweet, lunicka, Dust и 23 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.848
    Тоа е тоа.
    Се трудиме сите да ги поправиме грешките на нашите родители, ама мислам дека не можеме сосема да бидеме различни.

    Јас мислам дека јас и мајка ми сме различни светови но... тие што добро не' познаваат ми викаат дека сум "иста мајка". :)

    И навистина, од година во година, се фаќам себе како прабам работи кои до скоро ме нервирале кај мајка ми.

    Околу неблагодарноста... на 15 мислев дека не ме разбираат и не се трудат доволно.
    На скоро 30 знам дека се труделе (и се' уште се трудат) и повеќе од многу.

    Мене криво ми паѓа кога ќе се отепам нешто за сестра ми да направам, или знам дека моите вложиле екстра труд, а на неа не и' е гајле или се буни дека не е доволно.
    Ама знам дека е фаза и ќе и' помине, не можам од неа да барам на 15 да размислува како да има 25.
     
    На bittersweet, lunicka, Mr. Right и 23 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.786
    Допаѓања:
    323.717
    Добро утро народе

    Од 4 станав ,лап топот ме викаше.
    Гледам да си намалам работа денски.Парата што нема да направи(facepalm).И паметен да си ама и будала(facepalm).

    Почна одбројувањето.
    Неделава и слави и родендени имам.И по некоја кафана.Тоа значи и некое кило плус.
    Кој има лек за дебелеење за празници нека го постира.
    Јас освен лепак на уста, друго не ми паѓа на памет:x.

    Иначе на балкон имам закачено сијалички и една низа суви пиперки.За страмови.Па како се испреплетиле.Каква чест на сувите пиперчиња, ќе ме прогласат за сељо на годината.Ама не ме приметиле уште, балконот не ми гледа на улица:D

    Имајте убав ден.
    Без нервози,без напрегања.
     
    На Peco, Mr. Right, WildMk и 28 други им се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Прочитав скоро 500 постови, уште толку имам ама ќе пишам на темите од овие па после на тие што ќе ги дочитам.:wasntme::wasntme:

    Кафе, цигара и малку пауза додека децата играат во двор, вишок енергија да потрошат па после мирнички може ќе бидат.:lol::lol::lol:

    Ај прво за хороскопите, до тука читав, толку не ме интересира што отварав страна да видам што ми се деЦите во хороскоп.(facepalm)
    Матео е шкорпија а најмирен е од деЦите, Константин е девица а мадамицата е вага, не знам да направам анализа пошто не им ги знам карактеристиките на знаците па да знам дали одговараат или не.:)
    Знам дека девиците се педантерии, тоа не одговара со син ми, освен што господинот од кога почна да збори бара нашите раце да се чисти кога му го бришеме на него газот посран.(facepalm)(facepalm)
    Леле еднаш каква драма ми направи, уште во пелени беше, надвор во двор си играше така по пелена, јас копав нешто по двор, рацете со земја и малиот се искакал(facepalm) до врат беше посран, Вардар не го переше што би рекол татко ми, го носам право во када, тој вришти ли вришти, јас си мислам не сака да се бања, тој некако со мимики ми покажува на прљавите раце, превртив очите на чистотницата моја, измив раце и го средив без драми, уште бре се насмеја под брк кога ги измив рацете а дали имаше 13-14 месеци, лисица бре.:lol:

    Мм е риба, јас рак, еднаш седиме на кафе и ни приоѓа една жена и ни вика дека аурите ни пееле кога сме биле заедно, до толку сме си одговарале, нешто како soulmates, ни ги кажа и знаците и подзнаците и двајцата бледо ја изгледавме и си продолжи жената, виде дека и двајцата не не интересира тоа.:lol:

    Што ќе оставам по себе, прочитав дел што сте напишале, излегов со децата до центар на изложба за Марвел карактерите ги носев и ми приоѓа една жена со син нааааа толкав и ме прашуваше дали сум таа и таа, и викам да сум, ми вика сигурно не се сеќаваш на мене ама ти ме породи со син ми, тогаш само што сум почнала со работа, ми вика иста убава сум била како и тогаш пред скоро 20 години (смајли паун):makeup: и ете покрај се друго ќе им останам во сеќавање на илјадници жени како таа убавата:wasntme:што ги породила, затоа што тоа се моменти која ниедна жена нема никогаш да ги заборави,I will live on forever and ever and ever.:rofl:

    Покрај ово нормално сакам да оставам добри, храбри, борбени личности од деЦите, да ценат се што ќе добијат исто како и ние со сопругот што го цениме се што направиле и прават нашите родители за нас.
    Куќи ќе имаат сите три, нешто кеш, образованието ќе им го платиме ако имаат желба за учење и тоа мислам дека е сосема доволно, па и малку повеќе од доволно.:wasntme:
    Убавото детство не го набројувам затоа што тоа што ние мислиме дека е убаво можеби они нема да мислат така па тоа времето ќе си каже дали доволно се трудиме со мм или не.:)

    Кога ќе прочитам дека 3 деца не може да се гледаат без баба- дедо сервиси, па и жена дома да седи а мајката невработена онака си |(се направи како сајнс фиктион гледање 3 деца без помош. Јас седев дома додека направи мадам 2 години сами со мм до тој момент ги гледавме, татко ми од ќеиф ако сакал ќе ги земел да ги прошета, исто и на мм родителите, сега од кога зборуваат и не се во пелени па неколку пати ги земаат на викенд ама они сакаат да ги земаат не им ги тупнуваме ние.
    Татко ми сега од кога почнав да работам што спие кај нас кога и мм ќе се погоди трета смена тоа ми е помошта што ја добивам а и нему цела недела однапред му кажувам кој денови ќе ми треба, зш е малку терсене и сака се однапред да си знае, не сака last minute notices, може и да не од*ебе така.:wasntme:

    Моиве деца се научени на шетање, долго возење во кола и не прават многу проблеми па секаде ги носиме со нас, не знам не би ми било убаво јас да се излежавам некаде на плажа а децата со баба, дедо, децата на одмор со баба, дедо ми е ок ама поголеми не бебиња, над 5 години да се, татко ми ги носи внуците, годинава се спремал и моите комплет да ги земе, ќе видиме како ќе се справи со 6 деца, може и ќе се врати истиот ден место после 5-6 дена.:rofl:

    Фенови, вакви, такви, пегли се имам а ретко користам, косава ми е пери, носи, кога ќе прочитам колку ги тинтрате косите нормално е дека ќе треба и жена дома да седи со три деца, пола ден отиде само на косата средување.:devil:

    Толку не ми текнува друго што сте лафеле до кај што прочитав, очекувајте уште еден волкав пост од кога ќе ги дочитам останатите 400 поста.:rofl:
     
    На Val-Dim, MacenceEna, Viktorijaaa5 и 36 други им се допаѓа ова.
  18. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.600
    Допаѓања:
    106.824
    Пол:
    Женски
    Добро утро!
    Шифрирани пораки/постови ич не разбирам.

    Маж испратен на работа сега ќебенце фемина и музиче.
    Живеам со особа"вечна жртва" или како што уште се нарекуваат емоционални цицачи/вампири.
    Од мајка ми и татко ми до сега немам слушнато да ми префрлат за тоа што ме донеле на свет одгледале и направиле за мене а, направиле многу.

    Свекрвата 15год ја слушам како им префрлува на двајцата на мм и на деверот како за нив се мачела што им менувала пелени,за непроспиените ноќи,за болките при породување и дрн дрн уште многу нешта.
    Најлошо што успева да ги манипулира со тоа до миле воље.

    Е сега кај моите една замерка која не е воопшто за занемарување не им судам ама нивното "не, ти не можеш" постојано и постојано доведе да имам 0 самодоверба.
    А таа 0 самодоверба повлече низ животот други негативни работи една од нив е да мислам и да чуствувам и да имам потреба секогаш да бидам зависна од некој зошто нели јас сум за се несподобна.Не ме бива,не можам!

    Среќа во животот што созреав и ги проширив видиците па сега знам дека за многу нешта сум способна и можам сама.
    Работата на себе со години вродува со плод.

    Е сега верувале или не во ова ми помогна и свекрва ми да, не верував дека некогаш ова ќе го кажам но вистина е.
    Жената од што сакаше зло да ми направи ми направи неверојатно добро.
    Бракот ни започна од _0 колку им завидував на оние што започнуваат од 0.
    Поминаа години и години труд и мака за да стигнеме до 0.
    Не се гледаше постигнатото а знаете зошто?Затоа што кога враќаш туѓи долгови трудот е фрлен во ветар не се гледа.
    Ти останува само маката но и искуството и челичењето.
    Да,станувате челични.
    Ние станавме челични.
    Враќање долгови,издржување на семејство,лекување стерилитет од неколку илјадници евра,повторно враќање на долгови за да сега стигнавме до создавање,дури сега се виде дека и ние нешто создадовме.

    Затоа нека постои само љубов и се што се прави нека се прави само од љубов.
    Ниту родителите да очекуваат благодарност од децата ниту децата да чуствуваат потреба да бидат благодатни за тоа што родителите направиле за нив.

    Природен процес раѓаш дете го воспитуваш со љубов го растеш го вадиш на прав пат доаѓаш до одредена возраст каде за некои работи не ќе можеш сам тогаш вашите деца (или ние како деца на нашите родители)од љубов да ве гледааат вашите деца и да ви помагаат низ животот.

    Немојте да ми замерите за ова што ќе го напишам но трудете се на вашите деца да не им оставите долг,не мора да им оставите недвижен имот битно е да им оставите чисти сметки,да им дадете простор да ги рашират своите крила и да направат нивно гнездо и да одлетаат во него.

    Не знам дали ова беше темата учена сум да утињам теми ама ми лежеше на срце па си пишав.
    Поздрав убава екипо.
     
    На Val-Dim, bittersweet, eta и 35 други им се допаѓа ова.
  19. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    84.919
    Пол:
    Женски
    Добро утро!!!

    Надвор врни снег милина е човек да гледа преку прозор и секако уз кафе :coffee: нештово сега ќе се реализира
    Дете испратив маж спие јас да фатам некоја работа од по сабајле да ми се намали не ќе да е лошо.
    И моите родители никогаш за ништо не ми пререкле туку уште секојдневно ми помагаат и за мене ќе бидат секогаш родители за пример.Исто како што ние сега се трудиме за детево,е сега кој колку знае да цени тоа е друга работа .Ако неможеш да му помогниш барем не му одмогнувај,но ова кај секој не функционира.
    Убава недела пред нас и убави денови идат!!!
     
    На bittersweet, Peco, M&M и 26 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Куц прати малце од снеКот наваму значи ич неќу муљ време. Неопределно. Тмурно. Никакво.
    Сум се дотерала сабајле 8-| много сам божиЧна имам зелена марама сос броШ на мене. :sun:
    Дете ме испрати без драми. Приметив кога не излегувам одма не се лути до толку, ама ако сеа стане и одма излезам е страшно нешто :drunk:
    Чекам да дојде 20ти и да почнам да пазарам за празници. Мразам 5 до 12 ситуации и тепање за производ. Вака со време.
    вие арни?
     
    На bittersweet, Peco, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.