1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    171.696
    Пол:
    Машки
    Ова изгледа е снимано во државна :rofl:
     
    На SV1911, LejlaD, LiliBoz и 12 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Зимај си слободен ден, @mareane , оти здравје ќе те кошта сето. Може и без посебен ручек да минете еден ден....да биде кој што си најде у фрижидер. Или купечко нешто или некоја прженица и толку. Чистење и посети на другите куќи....сигурно има и некој друг човек што може да те одмени. Направи си муабет и кажи си.
    Нешто друго ќе кажував али сум исцедена, бетер од лимун:bug:
     
    Последна измена: 20 декември 2018
    На Sexybaby86, Emy867, SV1911 и 23 други им се допаѓа ова.
  3. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    :hai:

    Државна ми е хаос. Денес од едно на друго одделение, горе-долу, луѓе еден куп, возила плус... :doh: Повеќе време изгубив чекајќи.
    Бев во право. Алергија не е. Ми бутаа камера во нос и изгледа дека има некој секрет. После алерготестот со резултатите требаше да одам кај докторов, ама он изгледа не се ни појавил на работа. И таа на шалтер ме изнервира. Пауза до 11:30, госпоЖата доцнеше 15 минути. И доктори и сестри и шалтерски работници си излегуваат кога сакаат. Алал да им е. Така да следниот четврток сун пак на ОРЛ за да ми каже докторов што понатаму. Терапија сега за сега немам. Единствена добра работа што видов во државна е сестрата. :$ И јас па ќор не догледувам да прочитам како се вика, а карши мене седи, слушнав докторката кога ја викна. Значи и за на очно сум. :drunk:

    Од брзи јадења тестенини и кајгана со патлиџан. :nod:
    Друго заборавив што муабети сте вртеле. Прочитав, прилегнав и заборавив. :bug:
     
    На Sexybaby86, Emy867, SV1911 и 28 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.693
    Допаѓања:
    266.001
    Не знам на клиника, ама мене ми викаат оди брис од нос да ти земат, од 8-9 саат :D

    Ммммм важи, баш кога се собираат сите 400 луѓе :D А нема ни кој да оставам тоа време. Покасно ќе ги оставам сестрите, 10 мин ќе се снајдат без мене.

    Како да ви кажам, каснам со брис добри 3 месеци. А систематски правев од мај до октомври :D
    Оти немав кого да оставам, нели колешкава трудна па повеќе ја немаше него што ја имаше, а на мојана клиентела и е ептен краток фитиљот, па така на крај кога отидов кај докторов на трудова, ми вика девојче резултативе пола не ти важат веќе :D ама ајде, бар тој ме пушти.

    Кога бевме заедно со колешката, се организиравме секогаш да има некој, иако можевме пример заедно да јадеме, една одеше на пауза, друга беше тука, или за што и да треба, често имаме состаноци, или пак администрација за која мораш да одиш на друго место да ја оправиш, многу беше полесно.

    Сега како што сум сама сите ги научив кај мене да доаѓаат, знаат оти јас веројатно нема да дојдам, или ќе заборавам оти 100 работи треба да запамтам, или ќе заврши работното време додека се ослободам.



    Еј еден шутрак како ме нанервирал денес значи крај. Се јавува на телефон и ме замолува денес да го донесе татко му, ама не можел во работно време на докторов, па моли - коли докторов да го почека. Од друг град беше, му викам ако стигнете до 15:30 добро, ќе му речам на докторов пола саат да ве причека, ама ако не можете да стигнете јавете ми се.
    Ми вика ако нема проблем, ќе ви се јавам.
    Доаѓа 3 ипол, докторов сака да си оди, му викам почекај ќе дојде сигурно рече, од друг град се, да не се разминете за 5 мин. Дојде 4 и докторов конечно си замина, значи 1 саат остана плус од работно време, јас го почекав овој уште 10 мин. па и јас си заминав.

    Муабетот ми е, ради вакви безобразни утре нема да можам да му речам никого да причека, ќе ми рече дааа како тој од Куманово што дојде.
     
    На Sexybaby86, SV1911, Dust и 24 други им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, банана, кафе, обврски. :coffee:

    Периодов какао со млеко и шлаг ми е новиот фаворит, од неколку кафиња дневно, сега пијам само 1, она, утринското. :coffee:

    На тема трчање од работа дома, па чистење, припремање ручек - кај нас не е така. Веќе сите сме 'големи' и не правиме ршум дома, а и дневната може да ја средиме за 5 минутки, така да, ако дојде некој ненајавен нема да се усрамиме. Ама кај нас секако не доаѓаат луѓе ненајавени, па чистиме по желба и потреба, значи не паѓаме у несвест од работа а пак е чисто.
    Ручек има 4-5 дена од неделата, останатите денови јадеме кој што најде у фрижидер. Никогаш не сме кревале паника у стил 'леле нема ручек, што ке јадеме'. Секој може да си свари шпагети/ макарони и да ги јаде со сирење, може да си испржи јајце со ајвар и сирење, може да испече кобасици на тостер, значи гладни нема да останеме. Така да, ако мајка е уморна, ја боли глава или едноставно нема идеја, нема светот да престане да се врти, ниту пак нешто страшно ке му се деси на некој ако не јаде ручек.

    Кој е за какао?

    [​IMG]
     
    На Sexybaby86, Emy867, SV1911 и 32 други им се допаѓа ова.
  6. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.773
    Допаѓања:
    88.281
    Пол:
    Женски
    Ве читнав набрзински на кратко, повеќе покасно или утре :)

    Дојдов на кратко само да и честитам роденден на @Dust :)
    Биди жива, здрава, среќна и многу весела. Само убавини да те следат од срце ти посакувам :hug::f::^:
     
    На Sexybaby86, SV1911, WildMk и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.043
    Допаѓања:
    118.724
    Пол:
    Женски
    @Dust среќен роденден мила.здрава и жива и секоја желба реалност:hug: :inlove: :* :hug: :^:
     
    На Sexybaby86, SV1911, WildMk и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    100.800
    Пол:
    Женски
    @Dust среќен роденден жива здрава весела и сите желби реалност
     
    На Sexybaby86, SV1911, WildMk и 12 други им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    77.012
    Пол:
    Женски
    @Dust сме имале славеник, а да не се окаже. Жива и здрава да си, среќна секогаш, ништо да не ти фали

    Јас на работа, седнав да земам здив малку. 2 саати ќе поработам и ќе се изморам. Кондиција во минус. Ќе морам да барам нови витамини за поткрепа на имунитет. Којзнае крвната слика каква ми е сега. А ми беше ептен крш 8)

    Ручек со ќеиф готвам. Ама сама кога треба да јадам ми е кошмар. Па затоа повеќе на џанк фуд сум. И ми се познава, машала.
    Дома отсекогаш сум помагала за ручек. Ако не готвам, ќе измијам или блаШко нешто. Ама сега сам волк, полуготови производи, само ги допечувам.

    Пак за доктори зборите. Среќа или не, само на приватно одам. Секако немам здравствено, исто ми доџе за пари.
     
    На Sexybaby86, Emy867, SV1911 и 23 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.693
    Допаѓања:
    266.001
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.038
    Допаѓања:
    225.178
    Пол:
    Женски
    маш спржи преска за ручок. фала на идеите на сите :* за утре потпеков макарони. денов може полека да привршува. носам дете на спиење. Добра ноќ друштво.
     
    На Sexybaby86, SV1911, WildMk и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Го прибра дома? :D

    Среќен роденден на @Dust. Жива, здрава и сите желби да ти се исполнат. :party:
    Сварив чај од маточина, требаше од коприва. Читав добар бил за крвта и кожата. :emo:
     
    На SV1911, WildMk, Dust и 12 други им се допаѓа ова.
  13. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    268.855
    Пол:
    Женски
    @Dust среќен роденден,само убавини...

    Жабче,Малерозна еве утре земам слободен ден на сите кажав.Мајка била подмирена ,свекор има ручек дома не е проблем има што...Морам малку да забавам оти ме чека напорен период наредниов месец ама после ветувам дека ќе одмарам.А верувајте слабо има кој да ме замени ...Не ми е проблем физички имам сила фала богу работата ми е физички лесна па имам сила и време за да угодувам ама думачките ,мислењето,што како,зошто а и претурањето од шупло во празно ме исцрпува...
    Инаку денеска по гости теравме демек кај најблиските неофициално ,а бе ај да не речам|( ама селска работа...
     
    На do-re-mi, Sexybaby86, zhap4e и 28 други им се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.986
    Допаѓања:
    166.673
    Пол:
    Женски
    И јас дојдов да честитам роденден на @Dust и од мое име и од име на маж :f:

    Му читам сега на маж дека неколку членки ме споменале во категорија ка најзаљубени овде на форумов :)
    Рече од догодина и он ќе си направил профил овде и со сигурност ќе ме победил во таа категорија :D
    Му вакам да си дојде у наше друштво , ем ќе се израдуваат некои од членките кои не сакаат да одат по доктори . Те тука ќе си се лечиме .
    Му дадов и предлог . Четврток да му биде ден кога мој термине ќе му биде активиран овде .
    Не е лошо нели ;)

    Редовно готвам со хируршка капа.
    Ако не ставам кај ми е крајот . Поготово кога готвам во еден ден и гулаш и зелка манџа и грав , а претходниот ден сум била на фризер :emo:.
    Вака ставам две капи и немам гајле . Мајче мисли дека ради педантерија ја носам . Што убаво сине ми вика вака со капава. Нема шанса влакно да падне.

    Ми донесоа еден мед од Турција полн со јаткасти плодови внатре. Ама така убаво наредени ,да ти е жал да ја отвориш теглата . Два дена ја гледав само ,ама сега кога и понаднав ми се слоши дури :tmi:

    Бабето сум ја направила лепотица за сите пари . И крвната слика и е топ . Поарна од моЈта 8)

    Дошло време за спиење .
    Добра ноќ и убави соништа .
    Да се напијам мелатонинче и ОдоХ у кревет . Маж почна да свирЕ:doh:
     
    На do-re-mi, EuHenIa, Sexybaby86 и 28 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    @Dust среќен роденден, само убавини да те пратат.
    Немам што да кажам ,освем што не ми се оди на работа.И јас сакам некој ден одмор, да не станувам во 4 и 30.
    Ах...
     
    На Sexybaby86, zhap4e, SV1911 и 22 други им се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.714
    Допаѓања:
    145.070
    Хелоу!:hai:

    Си чепкам флаери онлајн. Многу сакам да гледам флаери, не знам оти. Сите од сандчето си ги прибирам дома и ги листам. На фб ако ми излезе обавезно отварам, не дека помнам цени или што имам видено, ама онака, сакам да ги разгледувам.:D

    Од ,,јаките,, готвачки не сум:wasntme:, ама обавезно ставам капа хирушка на глава, или крајна варијанта ќесе.:tmi: Тоа школо од мајка ми е.
    Ич не сакам да ми мириса коса. Одма ја душкам како куче, мислам цела мирисам на готвено. :D Нека е слатко јадењето колку сака, не сакам луѓе кои мирисаат на запршки.:tmi:
    Од брзински јадења и мене ми се макароните фаворит, еднаш во две недели секако ги имаме на мени, кајгана во разни варијатни, печени колбаси, летото -летна манџа . :smirk:

    Сакам да персирам повозрасни луѓе, не ми оди да им се обраќам на Ти, ми личи некултурно. Да не зборувам за персирање низ институции, па и на пазар. Бон-тон е.
    Не ми пречи и да ме персираат. Се зависи од дадената ситуација. :)
    Кога прв пат ја запознв свекрва ми, нормално почнав со Вие, па ми вика, ама немој толку официјално. Јас сум тетка ХХХ. И на тоа оставме , до денес.:nod:

    Маж ми го премолив да оди за к.слика. И не ми успеав, мислиш на колење го праќам.:devil: Па се погоди да имаат систематски од работа.
    И ете уште си ги чекам резултатите. Никаде ги нема. Арни биле.:^) Му реков ако не ми ги донесе јас да ги видам , ќе го носам за рака како мало дете.:punch:

    Се мерев и вагата ме изненади пријатно, помалку сум од колку што ја започнав и бременоста. Па за празниците можам да јадам колку сакам.:smirk::P
    Ама вчера кога се натнав во капутот и се погледнав во огледало, ич не се бендисав. Нема на што да личи. :doh:
    По тој повод го пратив маж ми во пекара, го чекам да донесе нешто топло.:mm:
    Првичната идеја беше да правам нешто мезе, имам некои сосови од странЦтво и сакав да мцкаме со нешто, ама се предомислив.
    Грбот ме убива, некои нови и чудни болки, не ќе да е на арно.;(


    @Dust Среќен нека е!:party::party:
    Јас би некоја софра таму од кај вас, ако веќе се прашувам.:wasntme:

    Добра ноќ! Стаса јадењето, уште сакав да типкам!:mp:
     
    На do-re-mi, Annath, Sexybaby86 и 26 други им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Аирлија @Mr. Right почна со чаевите :D
    Јас днска рано ќе си легнам. Дека другите денови ептен касно останував :D Спавача болест имам или едноставно сум мечка наместо крава. Би сакала да ја преспијам зимава. Сите негде нешто ме викаат, со пола уста викам да. Метеопат сум, патам од времево :D Ама па не смее живот да стои у место...или може
    На работа да не кажам што ми се случува. Циркус е, па си се смеам, оти за тоа нерви немам за трошење. Многу сум у чил зона, си викам и да добијам отказ ми е гајле иако знам дека нема да добијам отказ и знам дека нема да сум чил ако останам сега без работа.
    Терам некои филозофии за животот да намалам на материјално и да се фокусирам на минимално. Ама чекајте прво барем еден шопинг да направам за крај на годинава :wasntme:
    Ај..ај да си легнам
     
    На petunija77, Annath, Sexybaby86 и 24 други им се допаѓа ова.
  18. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.538
    Допаѓања:
    136.894
    @Dust среќен роденден, жива и здрава да си, само убавини да си имаш FTE30007.jpg
     
    На Sexybaby86, zhap4e, NarCis@ и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    171.696
    Пол:
    Машки
    Ајде еден предизвик.
    Ставете слика од вагата, да видиме колку кила покажува, па после уште една слика после 15 јануари. :D
     
    На do-re-mi, Annath, Sexybaby86 и 23 други им се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    137.274
    И јас не знам дали ќе одам на работа утре. Малку имам температура, снеможена сум.
    Карав маш дека два пати се разболува во две недели, а еве, ни јас не сум поарна.
    А ич не ми се останува дома утре, многу ќе биде гужва. Жена што чисти, мајка, свекрва, деца, другари на деца... да си отидам јас на работа ако не.

    Среќен роденден @Dust!
     
    На Annath, Sexybaby86, zhap4e и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.