1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    100.800
    Пол:
    Женски
    Почнав дома со скокање со јаже.
    Ова за почеток многу сум закржлаена ко 70годишна баба сум.
    Од понеделник на фитнес.
     
    На Skorpija25, kuc, Mr. Right и 10 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.693
    Допаѓања:
    266.002
    Мислам дека има, би требало и субвенција да имаат за брашното или “гратис“ да добиваат.
     
    На NarCis@, SV1911, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.370
    Допаѓања:
    200.771
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден.
    Лудило е низ градов, аман... што е ова колииииииии... до државна саат време одев, уште толку за назад ми требаше. И пак треба во среда да се враќам. Колку не сакам... ама не ми дадоа терапија, па морам. Какво чаре да си барам веќе не знам. А мислев ќе ме средат одма... сепак не, новиве доктори си сакаат прво испитувања за ова, за она, ти реков, ми рече и после дијагноза и терапија. А бе порано немаа олку испитувања и технологија, со една слушалка и еден поглед знаеја што ти е.

    Имаше такво на MTV порано, дечкото ги среќаваше мајките, па бираше со чија ќерка ќе излезе на дејт. А бе лудница. Сите такви емисии на српскиве телевизии се по идеја од тие америчките.

    Елоквентна? Така да не беше зборот? :?:

    @JuLleE со хељдини кори ќе си праиш баклава.

    Јас ставив патент на уста, кај мене благото е проблем. И тоа што сега се нафукав чикен клаб од Гудис :$
    Немам вага дома иначе, по алиштата си знам дали сум поправена или здебелена.
    Навечер одамна не јадам, ама благото ми мати памет. И да, порано полесно и побрзо слабеев, сега како полжав. Треба и јас тироида да си проверам очигледно. И да се активирам физички повеќе. Не е дека не сум активна ич, ама треба и други активности да вклучам.

    Петок, викенд во најава, претпоследен годинава....

    Убав ден!
     
    На Skorpija25, BearMe, kuc и 26 други им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Aj после ќе се вратам да се насмеам.
     
    На kuc, Mr. Right, Peco и 7 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.693
    Допаѓања:
    266.002
    А? :?:


    Абе елоквентна го знам :)
    Не таков збор во речник што се наоѓа, туку како “очаклена“ таков некаков :)
     
    На BearMe, NarCis@, mareane и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.030
    Допаѓања:
    257.488
    Пол:
    Женски
    Вистина е. За чудо функционира социјално за ортопедски и слични чуда и помагала.
     
    На Peco, NarCis@, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.370
    Допаѓања:
    200.771
    Пол:
    Женски
    Е да ме утепаш, заборавив..

    @Dust среќен да ти е, да ти се множат во здравје и убавини! И себеси на прво место пред сите да се ставиш! Само така ќе те ценат, за жал.

    За целијакија, да, треба да имаат луѓето поволности. Скапа е безглутенската исхрана, не за џабе е наречена царска исхрана.

    @CameliaMiller има збор во дијалективе, „очиклена“, сум го слушнала, некогаш и во Охрид го употребувале, ама не ми текнува точно. Можно е тоа да е.
     
    На BearMe, kuc, Mr. Right и 15 други им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Жими се не знаев дали е виц или вистина :) неверно ми беше за кај нас.
     
    На BearMe, Peco, NarCis@ и 10 други им се допаѓа ова.
  9. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.826
    Допаѓања:
    203.316
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене,денес убавко со сонце кое малку поткаснува:).Прво што направив гласав-средено,еми до сега не сум пропуштила избори и гласање,политичко разбирасе,не пак сега:D.Бев до на работа кај @WORRIED.BT ми беше незгодно да ја побарам,ете до толку сум:headbang:,сега пишман сум,ми иди уште еднаш да се привратам.Петочки гравче за ручек за нас,за свекор и свекрва риба и макало со пиперки суви,праз и компир,сега ќе му ја мислам за вечера.@Dust не си ти за ќотек,за гушканици си само,ама ако треба некој да се подбери здраво,викај,палам патиките и идам,(некоја корист од дрвата носење):muscle::*.До Веро бев по леб,купив и прашак,од намалениот Персил,6кг за 399 ден,а реков дека не трошам,но прашак ми бега небаре го јадам(facepalm)
     
    На Skorpija25, kuc, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.693
    Допаѓања:
    266.002
    вОистина е ма Жабо :)
    До душа за брашнава не знам, не сум имала прилика да проверам, ама сѐ останато што е пропишано дека треба да се земе со потврда, се зема со потврда.

    Не е толку дека социјално не работат, ако им испратиш документација средена и изработена како што треба, нема никаков проблем.
    Си постојат прописи, шифрарници, правилници на работа, ама кој да отвори да види.
    Зборам за овие по болнициве, тие во социјално гледаат што сме им пратиле.
    Епа не може со дијагноза за кук да барам појас за кила.
     
    На kuc, Mr. Right, SV1911 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.774
    Допаѓања:
    88.298
    Пол:
    Женски
    Има само треба некој документ да се има :) за алергични на глутен мислам е муабетот така?
    Имам блиска роднина и бараше документи за дозволено брашно да зема поефтино а како оди процедура незнам.


    Веќе со одговорила погоре :lol:
     
    На SV1911, NarCis@, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.714
    Допаѓања:
    145.070
    Ден!:hai:

    Кај ги спомнав синоќа килограмите баш пред празниците. Не ми требаше признавам. :D За моите 47 килограми нормално се погрижи детето. :D
    Кога и да седнам да јадам, а сме сами он се буди и дирекно се мести на јадењето. Да е некој јадач, ќе разберев. Ама он сака само да брцка и мачка. :envy:
    Вчера додека доручкував јуфки стана. Додека се свртев беше на раб на кревет да слезе, му помогнав и дирекно на чинијата и на под. Јадев на клуб масата. И така заврши мојот доручек, неславно.
    Башка што по цел ден ,, тренирам,, , лазам , разни акробации измеѓу, а сега и го водам да оди. 8) Доволно е засега тоа за мојата линија. :wasntme:

    Маж ми крши чаши, свекрва ми ги става на глава и игра со нив. Ептен профи е у тоа. (poolparty):rofl:
    Прв пат кога отидовме на свадба заедно, ја гледам со чаша на главата и стои на фризурата и денса. Вака гледав 8-|. А јас со мојот ритам за играње кој го немам ич не им се вклопувам во фамилијата. :D Ок и девер ми. Сите други играт со чаши или без. :dance::music:
    И мене ми доаѓа некогаш онака пд ќејф да ја треснам ама ич не сум тој тип.
    Абе за некои работи со мм сме небо и земја.
    Среќа за розе и траминец сме едногласни. :wasntme:

    Какви се тие струмички лампини? 8-|

    Убав викенд! Јас ќе го чекам вечер маж да се прибере од другиот крај на Мк и немајка ќе бидам изгледа.:tmi:
     
    На Skorpija25, BearMe, kuc и 28 други им се допаѓа ова.
  13. Natasa87

    Natasa87 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2018
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.007
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене :)
    Оддамна ме нема да чкртнам, имавме слава Св. Никола па со подготовки гости неможам да пишам
    И јас бев малку неарна се истурив од повраќање дали дека сируп пијам за железо Флорадикс, бидејќи крвта и железото ми се слаби незнам :!: па и маж ми неарен и него го фати стомак од тие чаеви за слабеење |(
    Ај повелете на сарма,риба,грав,баклава,бајадера и бомбици се има:angel:
     
    На BearMe, kuc, Mr. Right и 15 други им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Не знаев, жими се дека има нешто такво :) ко Sci-Fi ми прозвуча. Да имав и јас ситуација ко Јуле, некој ко ти ако не ми кажеше, не ќе знаев :)
    Oбични, ко и лампионите секаде... само што се купени во струмица и јас ги викам струмички лампиони :D
     
    На kuc, Mr. Right, Dadusicka и 16 други им се допаѓа ова.
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Драги мои ви благодарам на сите за честитките,тука си кукав и ми бевте голема подршка.
    Уште не сум свесна дека имам бебе дома но се навикнуваме полека.
    @referentka Фала тета рефка зс мекиците:hug:
    @Alishan30 Честитки од срце за најголемиот успех,си имам убава замена со меше:inlove:
     
    На Skorpija25, Dust, BearMe и 25 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.717
    Допаѓања:
    322.679
    Доаѓа ли свеки:^)
    За мекиците-нема на што ,,фала,, со мерак се правени:inlove:
     
    На Dust, BearMe, kuc и 16 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Играв порано по кафани и кафичи. Многу. Ама и многу излегвав.. сега мноооогу ретко.
    Иначе, на времето, ако ми се погоди песната, тргам чашите и рипам на маса! Ич не ми беше гајле дали гледа некој и што ќе помисли. Сите да седат се случувало, а јас на маса да мешам :D

    Еднаш, мнооогу одамна, во Свинг (дискотека во Битола-не постои повеќе), бевме во галеријата седнати горе, а во 99% од случаите сум била на подиум, никако седење :!: И играм нешто 'џускам', врват во обиколка обезбедување, и еден од нив подзастанува до мене и ми вика: 'Мешај чупе, се арчи пијачката'. :D Не памтам ни кој беше, ич не го удрив од га*от. Мене ми се игра и то е - то.

    Не се сеќавам иначе да сум скршила нешто... Знам дека на моменти ми идело.. Можно е и да сум скршила.. Шо намерно-шо ненамерно :$

    Е мажот ми е труп за играње. Едно што не знае ритам да држи, не ни сака да игра баш.. Ретко. Ако ептен се расположи. Еднаш посебно ме изнервира. Исто во дискотека една, играм јас пред него, нешто се глупирам, секси-мекси.. Тој потпрен на еден стуб, рацете зад него.. абе НЕ МРДНА! ич! Ко на стубот да му играв
    Многу му бев лута тој ден! Ептен! :D

    Оружје не сакам никакво!
    На нашата свадба на сите кои ги знам дека имаат оружје, дури и од на маж страната, јасно- и гласно им кажав, дека ако некој се осуди да пука, лично јас ќе го избркам од свадба и полиција ќе му викнам! :!:
    Умни беа :lol:
     
    Последна измена: 21 декември 2018
    На fana, Skorpija25, kuc и 25 други им се допаѓа ова.
  18. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Верувала или не од нејзе имам најголема помош,бањање на бебе ручек носи чисти и си оди:D:yawn:
     
    На Dust, kuc, Espadrila и 21 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.107
    Допаѓања:
    246.702
    Ама не праве штета на желудникот туку на тенките црева и на многу други органи. Знаеш дека нелекувана целијакија предизвикува многу лоши болести. Автоимуна е и удира насекаде.

    Не сум јас на диета за слабеење.
    Мора да се декларирани, овие што се продаваат се мешани со пченично брашно.
    Има, добивам 30 кг брашно на ден и тоа од најубавото што е на пазарот. Плаќам само 75 ден од рецепта. Значи правеш гастроскопија со биопсија, добиваш конзилијарно и те следува брашно само.

    Но лебот не е толку проблем колку што се другите производи. Секаде има глутен па и во шампон и сјај.
    Претежно купувам декларирано оти ние сме превара народ и гледам да се странски производи.
    На почетокот мора построга диета заради закрепнување на организмот. Речиси секогаш проблемот е и лактозата па треба и она да се исфрли.
    Јас од ова ништо не знаев, ни пак доктор на Гастро ми објасни.
    Среќа постои Здружени и функционираме одлично на Фб. Има и нутриционисти кои имаат познавање од оваа област.
    Многу малку се знае и зборува за болеста, не е толку ретка колку што не е дијагностицирана.

    Друг лек освен храна нема. Плус мора нови садови за готвење заради контаминација и трагови.
    Засега помош е само брашното на рецепт.
     
    На kuc, Espadrila, do-re-mi и 21 други им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    95.947
    Ако видовте некоја со џогер и 100 ќеси како штрапа по плоштад, таа бев:!:. Сама од себе се засрамив со тоа стапот од џогерот:tmi:. Требаше и на момакот на работа да му поминам, па и тој да се посрами малку за мене, да поделам срамот:rofl:.

    Ми фалат едно 100тина евра (добро до 200 максимуН:rofl:), малку да отидам по бутици и да си купам работи кои ми требаат, а и не ми требаат баш(facepalm). Не знам оти не си зедов од дома од црниО фонд:wasntme:.

    За јадење, само да ви кажам дека синоќа купив 300гр од тие кикиритките со портокалово однадвор (уште не научив како се викаат, а ги јадам не знам колку време:$) и 100гр костени. СЕ изедов за саат време:headbang:. Па и една тегла салеп после дотурив:devil:.
    Затоа сега јогурт си лижнувам:rofl:.
     
    На Skorpija25, Dust, kuc и 24 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.