Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Изгледа само вие сте со адетов :)
     
    На JuLleE, NarCis@, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    леле бе, со раѓањево:)) или посвојувањето. Ќе ме расплачеш, кравКо ма. Куп луѓе ист муабет.
    Ајде, кај сите годинава :))) нека биде плодна. Близнаци ако има за посвојување ..пратете ги навака. :)) Еме , сфаќана,да не мора да јаде повеќе краставици за машко, или патлиџани за женско..
    Амин.:bug:
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, duffi и 25 други им се допаѓа ова.
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.856
    Допаѓања:
    99.520
    Само јас не помислив на раѓање изгледа:^).
    Кравчето помладо е од мене и изрази желба, ама јас, токмак|(.

    Не знам што ми е.
    Не сум спремна за ништо.
    Сакам дете да сум.
    Смејте ми се сега, ај:|.
     
    На ♡BuBaLe♡, duffi, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Кравава требаше да се разболе и да оди на операција за да и текне. И телово реагира више, се понаша, прашува што се дешава, на каде идеме :D
     
    На ♡BuBaLe♡, duffi, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Нека бидне :) и кај другите од темава, ај.
    Хороскопон не џабе се шекнува со предвидувањата:))).
     
    На ♡BuBaLe♡, duffi, WildMk и 17 други им се допаѓа ова.
  6. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Абе @kravce си посака и повеќе секс, вие за раѓањето и се фативте :)
     
    На bittersweet, PUPICA, M&M и 16 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Да сме живи и здрави тоа е..
    Одамна знам дека сум мутава у главава..
    Поделив и ѕирнав секаде, никаде ја немаше па пак да ѕирнам и се испомешаа краинките што беа скршени и наменети тоа е..
    Оно и бадников цел така ми почна..
    Битно трпезата со мерак си ја спремив и така..

    Нека минува денот утре да гушкам маж
     
    На ♡BuBaLe♡, duffi, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.305
    Допаѓања:
    226.929
    Пол:
    Женски
    витаминке трпезата ви е прекрасна. нека ве следи среќа сите паричката битно е кај вас :*
     
    На ♡BuBaLe♡, Dust, Alishan30 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    И тоа шо викаш. Битно кај нас е кај кого е не се знае..
    Ја ставив пред икона нека ја.
    Ионака сама со детево па потешко беше на сите лебчињата да ги отворам
    Маж се изнервира и заспа (facepalm)
     
    На ♡BuBaLe♡, Dust, mal.ecka и 15 други им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Сеа и за Василица ќе праиме лепче. Ма ако треба и за Велигден, ќе праиме се додека не ми се падне паричката :drunk: :D
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, duffi и 21 други им се допаѓа ова.
  11. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Кај нас у ѕверов голем се падна, ненаместено, жими мајка :). Свеки моја не дава да се намести, кога немавме деца знаеше и да се подналути ако не и падне на неа :) ма како дете мало ни е.
    Ние дома кршиме за Бадник, свеки го крши и дели лебчето, а кај мајка ми, додека беше жива баба ми, се кршеше пита со паричка за Василица. И тоа мрсна пита, со праз и месо мхмхмхмх. Сега и они за Бадник кршат.
    На работа денес си направивме трпеза светска, од пиле млеко на маса, ама...од работа глава не кренавме и така....2 мин скршивме лебот и секој на свое биро со тањир. Кај нас и албанците си земаат парче, ако им се падне наредна година си носат лебче без збор :). Се случило неколку пати. И се радуваат ако им се падне.
    Ми се пријаде баклава, @Mr. Right да пушти некое парче наваму.
    Убава вечер на сите
     
    На Skorpija25, eli25, ♡BuBaLe♡ и 25 други им се допаѓа ова.
  12. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    5.831
    Пол:
    Женски
    Ми се падна,паричката! Трпеза полна,малку изедено. Морав барем трошки да потприберам и чинија некоја, посебно нож зошто дете сто на саат п да не бутне нешто и да не се повреди. Мора,да,се внимава. Пс цел чаршав со фломастери
     
    На ♡BuBaLe♡, duffi, Dust и 15 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.305
    Допаѓања:
    226.929
    Пол:
    Женски
    тури за василица
     
    На ♡BuBaLe♡, Dust, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    ^и кај нас муслиманите полноправно учествуваат и кога им се паѓа си се најрегуларно кумови :)


    Јас сум атеист и ништо од ова ми нема религиозно значење, но ми значи семејство на купче, убава традиција.

    Тотално сум Кристмас џанки и не мислам дека треба да се декларирам било како. На верниците ниту во црква, ниту во џамија им одам за да им сметам, а дома создавам свои традиции!

    Инаку, мајка ми кога била дете, исто на слама на под седеле и јаделе.

    Кога сме кај една е мајка, ја шинавме од зезање викендов :D

    Ја товарам колата во Скопје, ми дава една кеса и ми вика - пази ова кршливо е. И ок, пазам јас, стигаме во Дојран, си купила како украс еден, како чинија да речам, бебето Исус сосе цела штала, Марија и остали... арно ама, мејд ин Чајна украсов :D И ај се', ама на цела таа зимска божиќна постава, Кинезине акнале еден бел цвет врска што нема со темата :)

    Па цел викенд ја зезаме за "исусот" што го домкна од Скопје и ќе си го врати назад :D Бар икона да беше!

    Работата е што моите се "верници". Ниту икони имаме, ниту во црква одат освен за Велигден, ни куќна слава, ни бутур. Ама битно украс имаме :) Па уште кога му се прекрсти на украсов една е мајка, поумревме, крај!

    Иронијата е што е направен во некоја ужасна кинеска фабрика, може и детски труд користеле...

    Како и да е, ене го украсот ни ја чува трпезата :)
     
    На ♡BuBaLe♡, duffi, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Тоа планирав.

    Сакав и тука да се пофалам со сликче од бадник направив повеќе од 10 слики
    Стварно со мерак цел ден правев :inlove:

    20190106_171942.jpg 20190106_172021.jpg 20190106_172040.jpg
     
    На vrapce.b, Skorpija25, eli25 и 26 други им се допаѓа ова.
  16. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.356
    Допаѓања:
    278.832
    Пол:
    Женски
    Кај нас на големата и се падна паричето.И тоа една секунда пред да се расплачам,зашто барај барај нема викаат си заборавила,си помислив навистина сум заминала со умот..Ама добро е ...
    Инаку лепче со париче во мој крај не се прави туку пите со париче за Василица.Ама јас си имав една комшивка србинка која правеше и на малово му беше мерак и почнав и јас да си правам.Си го правам во својот дом иако и ние прво одиме кај старите ручаме со нив(уште во множина пишувам:() а после дома си правам баш целосна бадникова вечера.Инаку овие се дел од традиција работи а немаат баш врска со религија а традицијата се менува со тек на години или се ствара нова како моето лепче.За Василица правам пита со париче и на село ја јадеме ,а се збираме и колегијално.

    Кај нас в црква на денешен ден делат парчиња од лепче со крвче внатре.И сега како да се протолкува?Нели некој рече од црквата велеле за Василица е правилно!?
    Наравоучение:правете како сметате и како ви носи душата и срцето во моментот.:)

    И на сите кои сакат годинава нека донесе принова, нека се родат и посвојат мнооогу бебиња...:hug::hug::hug:
     
    Последна измена: 6 јануари 2019
    На Skorpija25, eli25, ♡BuBaLe♡ и 30 други им се допаѓа ова.
  17. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.131
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од субјективно напишени текстови, дали нешто е исправно или не. Се е лично толкување на авторот на колумната. Кај нас секој поп, секој владика различно објаснува. Секоја кука накај себе влече. Традиција е во прашање. Секој си толкува како си запамтил. Еве овие што биле во Израел нека кажат таму која приказна им ја раскажуваат на туристите, за тоа што било како било со Исус. Та нели негово раѓање славевме?

    Според мене сѐ е паганско. Ако седнам на Википедија да изменам некои текстови, наредните генерации како што од нет се читаат, моите зборови ќе ги слават. Еве 2006та година јас лично напишав статии за Википедија кои после неколку години си ги читав во проектните активности на децата од осмолетка. Дали тоа значи дека моето напишено е точно? Апсолутно не. Ми раскажувале, сум читала, сум запаметила нешто, го вметнав во статија која сеуште седи на нет. Ако некој не седне да поправи "грешките," ќе си остане тоа што Малерозна неполнолетна го напишала.

    Јас повеќе ги поштувам паганските обичаи. А викам пагански оти се пренесуваат од колено на колено, како што бабите и дедовците правеле. А не како што некој поп налага.

    Еве ние по правило требаше денес сабајле најаткари да чекаме, кои што идат со благослов и ти носат "пиле", што уствари е дрво.
    За дома нешто ново да купиме, за домаќинлукот. Попладне сѐ да спремаме. Прво се да накадиме со темјан, да истераме злите духови. Вечера на под да јадеме. Со слама под краг како крст направена. Во земјени садови. Посно гравче со сува пиперка, баница со праз, зелник, лебче со паричка внатре, замесено со сода. Со ошав, компот, вино на маса. Чинија овошје и јаткасти плодови. Најстариот крши лепчето и дава на Господ, Богородица, куќата, па после на сите по старост. Вечераме и маса не се раскрева, си седи, за вечерта Господ да дојде да вечера. Наредниот ден сламата се врзува на дрво што не раѓа, дури домаќинот со пилата се заканува дека ќе го сече, а домаќинката го "брани".
    Сѐ тоа е паганство, знам, ама е дел од нашата традиција. Коледари ние немаме, огнови немаме. Тоа западот славите. Ние истокот заедно со бугарите други традиции имаме. Еве тие денес Јордановден играат машко оро во замрзнатите реки. Кај мене па тоа го нема.
    Другарката од Северна Грција имаат трети обичаи.
    Не може да се каже дали е исправно, вернички или не.
    Стотици години во мое село така се слави. Исто и во соседна Бугарија, многу фамилии на 24ти ставаат касметчиња во мазникот. Ама и на 6ти си прават Бадна Вечер иста како нашата, пред да ја забранат пред 40тина години.
     
    Последна измена: 6 јануари 2019
    На duffi, lunicka, WildMk и 18 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Јас читам преска бас еден отец кажуваше дека баш нашата религија за паричето било за василица а кај србите мислам за бадник ама вика со тек на години старите ја променила традицијата од околните држави така пишуваше.
    Викаше тој дека за бадник баш требало да е скромно ама ептен скромно
    Лебче гравче тикве тоа.. јаткасти..
    Знам дека последните 3 дена поготво овој исто како и велигден е строг пост и не се јаде и не се пие колку може да се издржи..
    Се друго ова што денес правиме е традиција а не религија по библија..
    И мислам дека е така.
     
    На Dust, dunika, Milobebence и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    И јас имам live message. :emo:
    Message31.gif
    Message32.gif
     
    На Skorpija25, duffi, NarCis@ и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    92.028
    Пол:
    Женски
    Добровечер друштво :)
    Не сум шкртнала ништо во новата а ве читам :)

    Нека ни се среќни празниците живи и здрави сите и догодина побројни. Честитки и до оние кои сте имале посебен повод за славење, ви посакувам само убавини на сите :)

    Спремивме Бадникова трпеза како што е ред, паричето во Господ.
    И за Нова Година и денес си посакав здравје за сите блиски и едно бебе во 2019:$:inlove:

    Иако овде не се слави Бадник јас спремам и дури можам ќе го славам денов. Тука е се поинаку, ништо не е како во мој крај, не чуствувам ни празнично расположение ни ништо.
    Сите на утрешен ден се спремаат само за на гробишта како да е последно нешто што треба да се направи на таков убав ден :|ама секаде е различно и се тераат обичаи или како кажале другите :doh:
    Лани си се изнаплакав што бев сама, годинава исто, мм на работа ;( само си се тешам дека со тек на време ќе се навикнам или ќе си внесам јас самата празнично расположение и убавини во домот.
    Иако се пожалив, среќна сум што првпат годинава сме во наш дом сами јас и тој :l:

    @Bubce38 уживам кога те читам т. Е замислувам како да те слушам да ми зборуваш :D
    @Cka ми е омилена:lol: си знаеш, иако кратко пишуваш, барем си тука :)
    @vitamina немој да се нервираш кај вас е причето сите да сте живи и здрави тоа е најважно :hug:

    Можеби ќе кажував и нешто друго ама заборавив :D

    Имајте убава вечер, сите!
     
    На Skorpija25, duffi, Sexybaby86 и 25 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.