Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Права си.
    Еве за мене ќе си речам, цел живот откако сум родена па се додека не почина дедо ми сме имале стрикно што како од традицијата на баба и дедо, нормално цел живот така сме правеле во фамилија нормално е дека и така ќе продолжам да правам..
    Секој си се води по својата традиција од постарите, како спремале со мерак а ние сме се радувале и таа радост и ден денешен ете ја славиме така како што сме ја славеле 30 40 години уназад и продолжуваме така..

    Секој си има свои обичаи традиции и слично.

    Ако се водиме по библијата, би требало 3 дена пред христовото раѓање и 3 дена пред христовото воскресение да колку можеме издржуваме без храна и вода, бадник е ден кога сите се собираат точно но напротив се јаде леб и вино што се вели колку што можно испоснето..
    Не се јаде ниту риба..

    Исто и за велигден, строги пости..
    А традицијата пак друго вели пренесена од колено на колено
    Цел живот така сме биле и нормално дека така и ќе продолжиме

    Поготово овде пак во странство не се осеќа ни т од традиција ни б од бадник ама тоа е друга приказна..
    Ако сакаме да си чекаме празниците со ред плус одење во црква ќе мора да сме таму овде едно ручече да ама се друго нема.

    Порано пред многу години и католиците постеле ама со тек на време се изгубило нивното постење ова ми го кажуваше мојот газда на станот што е професор по религија, вика вие сте многу побожни од нас.. кај нас ништо не остана од религијата ете..
    Освен што се радуваат.
    Вечераат мисирка и делат поклони.
    А порано се постело и тука.
    И вика знам дека виеби ден денес постите е ние не повеќе.

    Исто и бугарија била тука со нас со празниците ама ете сега слават католички божиќ..
    Зошто како не знам.

    Во наша куќа додека беше дедо жив традицијата беше ригорозна и моравме сите да почитуваме.
    Насабајле рано станувавме да коледариме на мраз на студ немаше врска тоа, потоа ќе седнавме да мацнеме колаче со љутика па вечерта ќе вечеравме откако дедо ми ќе кажеше некој збор на трепезата, имаше погача за стоката, баба ми одозгора брз лебот ставаше стока за да е плодна годината, имаше погача со паричка, имаше туршија тиква костеви ореви урми смокви зелбик со праз бел грав и риба..
    Салата зелка..
    Ете тоа сме имале
    Насабајле на божиќ одевме на литургија ние женските мажите односно дедо ми ловеше врапче за да го свари и испече и сите каснувавме од врапчето за среќа..

    За василица исто се собираа во хотел пензионерите и се делеше погача со златник..
    И одеа рака маскирани ко страшила со ѕвонци..
    Баба ми ми кажуваше дека во нејзино време василица било нова година од тука почнувала новата година и затоа кај нас е останато дека на 14 јануари е стара нова година.
    И така и сме славеле и најчесто се идело по хотели на собиранки..


    Убави времиња како и да е.. ќе остане таа магија преточена само во сеќавање на убави нешта и ништо повеќе.

    Денес било студено за бадник да шетаат децата да коледарат па не знам друго што било и така натаму
    Порано тоа го немаше
    И дефинитивно порано многу поубаво живеевме.
    Оваа напредност и модерност не утепа во некои нешта мј се чини бидејки ја снема традицијата за љубов и среќа, адетите за кој што сме живееле да ги дочекаме со ред па да се собереме и веселиме..
    Нема ништо од тоа секој си сака свој мир е вистината

    Јас се сеќавам дека дедо славеше свети архангел михаил куќна слава баба ми правеше по 5 тепсии зелник, грав риба баклава утрето месо ...
    Па се собираа пијани пееја до сабајле.дедо ми имаше гајда па ја вадеше да свири знаеше да свири на гајда и на други инструменти
    Болни не болни сакале не сакале тогаш гости полна куќа имавме љубов се шираше музика песни ора..
    Денес ни е мачно сето тоа неизводливо не сакаме џганови свирки народ правење чистење ама тогаш со елан и мерак голем сме го дочекувале и правеле сето тоа..
     
    На duffi, Sexybaby86, NarCis@ и 17 други им се допаѓа ова.
  2. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.774
    Допаѓања:
    214.167
    Пол:
    Женски
    :l::bow:od zbor do zbor na mesto kazano:hug:
     
    На Sexybaby86, dunika, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.472
    Допаѓања:
    91.017
    Пол:
    Женски
    Добро сега за паричкава од религиска гледна точка исто зборат сите и поповите и владиците, и мислам дека тие што се верници треба да слушаат.Ете велат риба не ,ние сите риба на маса,а верници,не оди.:?:

    Еве што вели митрополит Наум
    Јас мислам дека секој вистински верник треба да ја практикува верата како што учи нашата црква,не по наше или како што правела прабаба ми.
    Сакам да кажам, јас можам и да кршам 3 погачи за Бадник и да не му се секирам но оној што е деклариран верник во вистинска смисла на зборот,треба да ја слуша нашата Црква,а таа вели дека лепче со паричка се прави за Василица,не за Бадник.
    Паганските обичаи немаат врска баш со верата .Песничката „Kоледе леде“е чисто паганска без религиска содржина и не го најавува денот на Христовото раѓање.
    Или еве ова со огнот ,што симболизира?
    На пр.мене ми има логика огнот да се пали вечерва во очи раѓањето за да симболизира топлење на местото каде се родил Исус,а појма немам како е уствари,и зошто.
    Интересни се за проучување паганските обичаи и суеверја кај нас,секако,огромно паганско богатство имаме,во сите краеви на МК.
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.357
    Допаѓања:
    278.835
    Пол:
    Женски
    Да не чита некој странец ќе помисли кој знае колкава земја сме:само овде колку различни начини на прославување на еден ист празник кажавме.

    Ние со другарка ми последниве години почнавме да одиме за Божиќ претпладне в црква и после на кафе или чај.И еве се договоривме и за утре ,па и тоа е сега дел од мојата традиција:)

    Инаку во мој крај мислам сме рекордери за разноразни адети,посебно поврзани со одење по гробишта.И за Божиќ и за Велигден прво се оди на гробишта па после се друго(facepalm).Иако еве за Божиќ не одиме веќе ,значи сепак барем ние помладите треба нешто да смениме.

    @Viktorijaaa5 :hug:
     
    На ♡BuBaLe♡, duffi, Sexybaby86 и 20 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Тука денес беше христовото крштевање. Дека нели секој празник го слават порано од нас.
    Е тука денес беше водици или епифанија некоја си по нив. Поим немам знам дека се продаваат чорапи со чоколадни работи во нив и вештерки..
    И толку им завршија празниците.
    Следен празник им е велигден па голема богородица.

    Вака ко ќе замислам не работни денови во еу има само 3
    Божиќ велигден и голема богородица толку.
    Дел од нив не одат на работа дел одат.

    А кај нас има најмалку 30 неработни дена. Де ова де она.
    Тука народот работи стварно и не го интерњсираат празницци :)
    Делник ли е празник ли е пари се праат :smirk:
     
    На ♡BuBaLe♡, anaja1, Sexybaby86 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    259.871
    Кај нас паричката во син ми. Има 5 години, а 4 пати е во него паричката:inlove:.
    Мислам дека никогаш ми се нема паднато паричка на мене :D.
    Дете денес се израдува на снегот, ете и во Скопје имало снег:).
     
    На ♡BuBaLe♡, duffi, Sexybaby86 и 25 други им се допаѓа ова.
  7. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Нек иде живот! :smirk:
    20190106_221125.jpg

    Внука ми ќе прави 5 години за месец дена. Уште спие во спална со мајка и, а татко и во детска. :^) Решив за роденден да и купам постелнина и така да ја "излажам" да си спие во нејзината соба, а мајка и и татко и кај што им е местото.
    Гледав детски постелнини во Дормео и нешто не ми фати око. Предложете ми каде можам да најдам интересни постелнини за девојчиња.
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, duffi и 26 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    @vitamina многу убаво кажано!

    Магијата на празникот, на адетот, за мене барем - е семејството и фамилијата!

    Никој не ме тера да ги терам овие традиции, искрено сакам, и коледе, и на Божиќ и со моите, и со свеки, и со баба ми ручам! Од куќа во куќа сум и тоа е мојата најголема традиција, цела фамилија да си ја видам!

    Во иднина ако успеам да ги убедам сите кај нас на Божиќ да доаѓаат ќе бидам најсреќна.

    Немаме некој строг ред или правила, ама атмосферата е поинаква, како да не постојат други грижи, само тука и сега сме, опуштени и смирени, нешто што е луксуз за сите нас барем...
     
    На ♡BuBaLe♡, duffi, Sexybaby86 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.921
    Допаѓања:
    142.775
    @Mr. Right да провериш во Стружанка и ако одиш во Гтц одма до Струшанка има една продавница (заборавив како се вика, некако карактеристично кме имаше) за перници /јоргани... И таму има детски работи
     
    На ♡BuBaLe♡, Sexybaby86, NarCis@ и 10 други им се допаѓа ова.
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.076
    Допаѓања:
    154.609
    Пол:
    Женски
    Да ти ги позајмам моиве :)
    И за секој друг празник кога тогаш ќе падне :) , јас едно време се откажав дека било кога ќе ми падне, годинава ми с врати вербата :)
    Искрено ми е чудно кога гледам со колку религиски знаења располагате, јас немам врска со ништо од ова :tmi:, растена сум во некоја полукомуњарска средина каде што сите овие празници се гледале како обичаи и можност за собирање сите на купче. Баба ми беше доста побожна ама не успеа многу да пренесе на останатите генерации, моиве така така некоја средина, ама обичаите сме си ги терале, секогаш на Бадник се кршело лебче, само една година направивме два пати и на Василица правевме лебче, и тоа поради мене бидејќи кукав дека никогаш не ми се паѓа паричката :) . И пак не ми се падна ни вториот пат :D
    @vitamina и јас исто ќе ти кажам, не се нервирај за вакви работи, сте си ја истерале вечерата, паричката се нашла кај кого и да била во фамилија е. Еее се случувало и да се заборави да се стави, или во купечко лебче да нема ич. Не си зимај толку при срце :)
     
    На Sexybaby86, NarCis@, dunika и 14 други им се допаѓа ова.
  11. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.076
    Допаѓања:
    154.609
    Пол:
    Женски
    Ако успееш со постелнина да ја одвоиш кажи да ти нарачам и за моиве двајца :D
     
    На Sexybaby86, EuHenIa, NarCis@ и 13 други им се допаѓа ова.
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.131
    Пол:
    Женски
    Како сега западна правилно правевте на Василица, а сега па требало леб со паричка, а не баница? Зошто мазник а не леб со сода?
    Бугарите (по ново) прават мазник со касметчета, што мене многу ме асоцира на мазникот со паричка, а паричката е среќа.
    Зарем има правилно и неправилно при традиција?

    Да бидеш верник е едно, а традицијата е друго. И јас како @CameliaMiller не сум религиозна, ама некои празници си ги поштувам. Не секогаш ги славам, затоа што како што кажа @vitamina друг е осечајот кога си во странство.
    Да се биде верник за мене е несфатливо. Без разлика за која религија станува збор. Имам пријатели и католици и англиканци и протестанти, и муслимани суни и шеити, и евреи православни по кошер и модерни. На религијата гледам со други очи јас.

    Мене не ми е важно ни митрополитот што вели, ни Г. Г. Стефан ни па вселенскиот патријарх. За мене празникот е свет ако фамилијата се собере на куп, како во старите добри времиња. Вечераме на Бадник сите. На 13ти Јануари славиме сите, како што се слави во мое село. На Прочка славиме сите, како кога бев дете и сите внуци амкавме јајце врзано на конец. Празникот за мене е чувството на топлина. Убаво знам дека Ратевски Бамбурци е паганство, исто како и Вевчански карневал. Ама е традиција што ми носи топлина на душа.

    Гледам последните години и во мое село коледарска поворка. Зошто? Оти црквата налага? Зошто не налагаше пред дваесетина години кога јас бев дете, туку сега кога црквата премногу навлезе во државата. Дали е исправно коледарска поворка во мое село? Апсолутно не. Новите мамички и татенца, помодарски настроени си креираат свои традиции. Ама за жал, за дванаесетина години на тие нови дечиња ќе им е нормално. Исто како што на другарка и е нормално католички божиќ, топтан сите православни празници плус муслимански да слават заради мешан брак што живее во странство.
     
    На ♡BuBaLe♡, anaja1, Sexybaby86 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.924
    Допаѓања:
    163.929
    Мир и спокойствие в каждом доме моих друзей.
    И традиционално го отупевте. А и почнаа многу да го тупат и поповите. Поворки бадникови, Елени и Лоби уште у часни сестри што не ги облекоа. Ако на нешто учи религијата тоа е умереност во се. Извинете ама мене ми нема топлина во ништо што прават, има некоја страшна средновековна сериозност.
    Поворкиве не ги разбирам. Сериозно. Кај одат, шо праат ... и не ме интересира.
    Ама ги знам организаторите. На Господ бељата. И нешто во душава ми создава одбивност од тоа лицемерие.
    Како е правилно како сака нека е...
    Фермани сте испонапишале. И повторно е спротивно од верата - се убедувате, а не сте спокојни, егоистично сакате да сте во право.
    Ај лабавејте.
    Елка светка, црвено вино и џезче, истегнати и прејадени бираме филм сега.
     
    На ♡BuBaLe♡, duffi, Sexybaby86 и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.380
    Допаѓања:
    261.988
    Пол:
    Женски
    ^е затоа ја сакам Лилит.
    Среќни празници на сите со или без сарма. Утре време за шетање решивме да е, се надевам ќе е убаво времето како денес.
    Сум станала кафе зависник. Прееска и вода дома немавме среќа средиле дефектот, многу ќе кукав инаку.
     
    На ♡BuBaLe♡, duffi, Sexybaby86 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Тоа е тој муабет, празникот е во душата, душевен, односно празникот е таа традиција што сме ја правеле и ќе ја правиме откако сме родени дури сме живи, секој со свои обичаи верувања и традиции.. како ви е топло на душата така, може е клише може не е ама фактот на цела фамилија на купче, смеа, шала, игри, ора трпеза на маса е тоа е тој душевен празник, мир и спокој во фамилиите
    Затоа и се собираме, собирот значи наговетството на празникот!
    Да ни е топло..
    Јаа на пример се радувам, правам како што сме правеле, мерак ми е и убаво ми е ..

    И јас амкав јајца порано со братучетките на прочка
    И се уште што не.
    Ама па у суштина тоа е таа семејна топлина и собир, ти дава елан, љубов воља и надеж.

    Ете тоа е у суштина празникот.
     
    На ♡BuBaLe♡, Sexybaby86, NarCis@ и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Ќе видиме дали ќе биде успешна мисијата. :nod:
     
    На ♡BuBaLe♡, NarCis@, Dadusicka и 6 други им се допаѓа ова.
  17. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.076
    Допаѓања:
    154.609
    Пол:
    Женски
    Ај да не те разочарувам пред време :)
    Се шекнав кога видов дека е 11, да се покае човек што ги наспал децава на пладне, се понашаат како да е 8 :)
     
    На ♡BuBaLe♡, mal.ecka, Sexybaby86 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.357
    Допаѓања:
    278.835
    Пол:
    Женски
    Уште пуканки денеска кусо беа.
    Ама децава не знаат за традиција бе...
    Па и мајка ми ме искара на тел за лебчето ете и попот на шител рекол така:emo:,па кога и ги пренесов овдешните разглабања :swear:
    Знаете каква бев даун деновиве ,ама празников ме дигна .Затоа и се празниците ...:inlove:
     
    Последна измена: 6 јануари 2019
    На ♡BuBaLe♡, duffi, mal.ecka и 22 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.472
    Допаѓања:
    91.017
    Пол:
    Женски
    Нашата црква вели дека Битола,Охрид и запМк исправно прават ,не јас,мене ми е сеедно.

    Јас не сум религиозна но не сум ни традиционалист,секако дека ми е сфатливо некој да е верник,ама па лицемерно ми е да не стапнам во црква цела година ама да правам трпези за Бадник,Велигден и сл.


    И убаво кажа верник е едно ,традиција е друго,но празнициве се религиски и треба да се се слават во тој дух.

    Незнам дали новите мамички и тетенца ги креирале поворкиве,но ако е така зошто не се исправни коледарскитве поворки?

    Според истиот принцип на почитување на стари пагански традиции и тие се можеби почеток на некоја традиција,па за 30 год некој ке рече дека и се убави без разлика што црквата збори за нив.
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, NarCis@ и 5 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Најхристијански на Сител Клеопатра ќе даваат :D
    Поарно истиот филм со раѓањето на Исус да го даваат од пред 25 години, него Клеопатра :D

    @malerozna ме потсети на амкањето, колку смеење како деца со тоа имаше!
     
    На ♡BuBaLe♡, Sexybaby86, NarCis@ и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.