Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.921
    Допаѓања:
    142.775
    @M&M и мојава прееска спиеше до 17ч. Сега лежам до неа, очи ми паѓаат, а она ми откопчува тренерка да не ми било жешко за спиење и тера муабети:D(facepalm)

    Колку сила и енергија имаат маливе, чудо едно:D
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, mal.ecka и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Ме предомислуваш...
     
    На NarCis@, Milobebence, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.131
    Пол:
    Женски
    Јас сум најголемиот лицемер. Во црква имам влезено 3 пати во последните 20+ години. Еднаш во Банско, тука во Лондон и белата црква во Тира.
    Ама дури бев мала и спиев во црква, секоја среда и петок одев, на секој празник плус, така да простено ми е од Бога мене.

    Новиве поворки се копирање на другите градови. Кај нас тоа никогаш немало, ама сега е наложено и организирано од црквата. Повозрасните не ни одат. Одат младите помодари. Тие што на 25ти декември облечени како Дедо Мраз закачаат слики под елка со пакетчиња. Нели зборевме дека верник треба црквата да ја слуша. И Халовин слават. Јас како неверник само неколку, оние традиционалните. Само заради традицијата и чувството на таа празнична топлина. Не славам веќе прочка со јајце амкање, затоа што дедо веќе десетина години го нема. И кога би имала свои деца, тешко дека би славела прочка на тој начин, евентуално да земам маж од мое село кој ќе има татко за да може обредот да се обави.

    Како викаш традициски е едно а религиски е друго? Се е лично толкување на една иста религија, исто како што еден поп едно кажува а друг друго. Само што кај едни останало тоа истото изворното, а други го промениле, најчесто со мешаните бракови. Едните баби и дедо ми беа од исто село, исти адети исто сѐ. Ама не и кај другите. Ако може еден дијалект од Кочани до Берово да има толкава разлика што се на 40км, за адетите збор да нема. Секоја куќа со своите.
     
    На Petar80, N.2106, kuc и 13 други им се допаѓа ова.
  4. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.076
    Допаѓања:
    154.609
    Пол:
    Женски
    Ќути се стишија, преска скокаа и трчаа повеќе од саат сигурно, кога им реков да се смират малава вика "гледаш колку енелгија имам, полна ми е бателијата" :D(facepalm) и продолжи да скока :)
    Мене.му е мачно на стомаков ептен, не претерав дене искрено со јадење ама од вчера уште ме мачи пиев активен јаглен малку да ме смири.
    @Mr. Right не се предомислувај може ќе има ефект ако не може и за во спална да си ја користи и таа постелнина :)
     
    Последна измена: 7 јануари 2019
    На Skorpija25, N.2106, duffi и 16 други им се допаѓа ова.
  5. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.921
    Допаѓања:
    142.775
    Заспа мојава во 23. 30:) Сега Преспав гледаме со мм и сончоглед на репертоар:DСеријава закон е, не знам како не сум почнала порано да ја гледам:)
     
    На mal.ecka, Sexybaby86, Alishan30 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Ја има цела на ЈуТјуб?
     
    На Milobebence и LejlaD им се допаѓа ова.
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Да.
     
    На Milobebence, LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.921
    Допаѓања:
    142.775
    , мислам дека сите сезони ги има. Ние 2ра сезона гледаме, мм ако го разбрав 3 сезони инало, он пушта и наоѓа.
     
    На Milobebence, LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.375
    Допаѓања:
    259.871
    И моево]:).
    Има Спајдермен постелнина, ете ја постелена во детска, а тој до мене спие. Играчките исто, во дневна донесени:@.

    Му велам Мама Христос се роди и он ми вели ДА:rofl:.

    Среќен Божиќ, многу здравје, љубов и среќа ви посакувам :hug:.
     
    На Petar80, Skorpija25, ♡BuBaLe♡ и 23 други им се допаѓа ова.
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.296
    Допаѓања:
    92.028
    Пол:
    Женски
    Ставаат епизоди од 3та сезона после емитување на Тв.
    Ја гледаме и ние, Таљат и Томе ми се најјаки:D
     
    На Petar80, Bozica1980, dunika и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Вредеа 3 саати поминати во лицкање и пустење. Се радувавме по дома ко деца. Ќерка ми гледаше и се смееше, ко божем разбира. 20190106_235738.jpg
    Паричката заврши кај мајка ми, сета среќа и ја посакавме.
    Ручек прекрасен, одмор никаков. Ама срцето и стомакот полни.

    Среќен Божиќ!
     
    На Skorpija25, Val-Dim, TeddyGrey и 30 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.888
    Допаѓања:
    173.470
    Пол:
    Женски
    Дормео НЕ.
    Стружанка и провери ги Home fashion bitola на фб..
    Праќаат по карго, квалитетни се и јас порачав еден куп .. нека има:D

    Јас не сум нешто побожна.
    Вечерва добив лепче:o прв пат кршат традиција:?:

    Ќе беше интересно..топчиња беа лепчињата, за секој по едно.. доаѓа дечкото да ги подели а Алек се замуабетил нешто и дечково ми мафта со даската пред мене да земам топче, па пошо ред му беше на мојов, му викам на алек ај земи па да земам и јас.. и зема лепче, земам јас... и оп паричето кај него:o да го земев пред него лепчето, кај мене ќе беше..
    Ќе се избламиравме малку:tmi:
    Арно викав не ми треба лепче:rofl:

    И си добивме поклон икона.. слико утре. Сега да го гушнам креветот:yawn:

    Честит Божиќ!:hug:
     
    На Skorpija25, Val-Dim, ♡BuBaLe♡ и 28 други им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.161
    Допаѓања:
    137.261
    Пол:
    Женски
    @Mr. Right ако ти одговара цената од Тач нема подобри

    Јас ко нерелигиозен човек си ја поштувам традицијата што се поштува со години наназад во моето семејство, во моето опкружување. Еве Нова Година сите славиме, а не е поврзано со ни една вера. Први мај исто. Така да кој како си сака нек си тера, битно да ви е убаво на душичката.
     
    На Petar80, ♡BuBaLe♡, LejlaD и 17 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Што рекло некое свештено лице, од било која религија, ич не ми прај разлика.

    Баш како што објасни Малерозна... Традиција е сето што го 'знаеме'. Кој како сака ќе си прави. Не мора ништо да е 'униформирано' (сите исто).

    Сум пишувала и на темите за религија... Спиритуалноста за мене е интимна работа. Не треба институција да ви каже како и во што да верувате.

    3 и 15... 'Сите спијат, а јас сум сама' :lol:
     
    На ♡BuBaLe♡, LejlaD, N.2106 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.472
    Допаѓања:
    91.017
    Пол:
    Женски
    Не си ,и јас не спијам .
    Малку имаме двострани аршини на оваа тема.
    Од една страна ни е океј да тераме како налага традицијата,а со неа одат еден куп пагански адети и суеверја и бабини деветини,а од друга сме противници на истите и се смееме на истите.

    Мислам без разлика што не сум религиозна сметам дека треба да се слуша црквата некогаш.
    Пр.40 дена после раѓање по традиција кај нас се оди во три куќи,црквата вика нема врска.
    Традиционалниве адети велат не се пуштало машини и не се пружа навечер ,црквата вика нема врска.
    Имаше и со крштевка обичај,не сеќавам што беше и за тоа фала богу,прашавме каде треба.
    Јас мислам што ни одговара, тоа си прифаќаме.
    Искрено, кога почнаа да ми кажуваат традиционални верски адети :^)после раѓање на дете,избрав да си прашам поп,многу подобар одговор добив.

    Ние дома поради комбинација на семејството славиме и православни и католички празници.
     
    Последна измена: 7 јануари 2019
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, LejlaD и 14 други им се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai::hai::hai:

    Христос се роди.

    Кафе и цигара пред врата, чекам, еден му се кака, на друг му се моча. на трет му се пие вода, затоа секогаш тргнувам барем саат од напред, искалкулирано ми е се ово во времето за патување, нема шанси да се тргне некаде а на врата да не им се примоча, присе*е итн, мислиш на месечината ќе патуваат а не 44-60 минути во кола.:@:wasntme::lol:

    И мене ме нервира ово новото налагање на црквата, каде беа последниве 50 години и повеќе да им кажат на верниците дека тоа што го прават не е по верата и да ги научат како треба, нели тоа им е работа?:x

    Јас си знам како дома ме научиле, дали е по традиција или вера не знам, како правеле така правам, кога сум била 5, 10, 15 години да кажеле од црквата вака прави може ќе сум сменила нешто ама на 38 не менувам ништо.

    За Бадник мајка ми кога беше жива јадевме на земја, лепче направено со сода, гравче, зелник, вино црвено, овошје свежо и суво и ореви имало на трпезата, сега истото само на маса седиме и плус сите новчаниците ги ставаме под масата, зошто не знам, останало од мајка ми и така правиме, маса не раскренуваме до следниот ден.
    Татко ми ја благословува трпезата и лебот, дели прво на Господ, куќата, себе си па по старост, може да сум се омажила за православен башка ќе сме си правеле дома ама нему не му смета кај татко ми да одиме и затоа сме таму за Бадник.

    Риба и ние порано не сме имале на трпезата, кај снашката имало и има сега и кај нас и јас кога постам не јадам риба, не јадам ни посни паштети, кашкавали, мајонези, постот јас колку што знам е да се испостиш и од храна а не да се товиш како говедо.

    Кај мене говедото Петар ја затвори црквата, треба да ги носам децата во српска, руска или да возам саат и кусур до наредната, не одам и полека полека децава ќе го изгубат православниот идентитет и тоа не по моја вина туку по оние кој треба да ја чуваат верата а не да ја уништуваат.

    Попот кој Петар сака да е поп во црквата години наназад ми се потсмева дека сум барала бадниково гранче да го имам за Бадник, он по битолски паричката била за Василица и тогаш даваше гранчиња, тоа по верата ли е? Самото име си кажува за кога е, не он кога ќе си каже, а не е по верата туку по традицијата од неговиот крај а е поп на сите православни не само на битолските верници.

    Кој како сака нека каже ама тука поповите и Петар со неговата алчност ја уништуваат верата, не само на нас туку и за идните генерации, па после пак потсмевајте се дека сме вакви, такви ние по странство.:x
     
    На Val-Dim, mira.mira, TeddyGrey и 29 други им се допаѓа ова.
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Гледав сега скоро едно видео на интернет со заклучени врати пред црквата Свети Димитрија во Мелбурн, па и полиција викнаа. Што стана со тоа, да не знаеш?
     
    На LejlaD, Bozica1980, M&M и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.357
    Допаѓања:
    278.835
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1546842983087.jpg За многу години нека е ,до година повесели и побројни!

    Се пореметив со спиењево,од црни ноќи сум будна,никако да призаспијам,а со неколку саати сон јас не ножам да фукционирам...
     
    На Skorpija25, Val-Dim, LejlaD и 25 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.305
    Допаѓања:
    226.930
    Пол:
    Женски
    Среќен Божиќ луѓе. Христос се роди. За многу години. :f:
     
    На Petar80, Val-Dim, LejlaD и 20 други им се допаѓа ова.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Петар сака да ја земе црквата за него, стои затворена за срамови.
    Петар своеволно го смени попот, тој што збори а никој не го сака, го фатија со полн ѓепек марихуана, МПЦ ништо не направија, народот тука го сменија, попот што го донесоа беше многу добар поп, баш поп, посветен на црквата и верата.
    Петар пак се умеша, го врати попот деликвент назад, преку ноќ го смени одборот, одборот новиот му ја потпиша тапијата на црквата на Петар, ја продадоа куќата што беше во склоп на црквата за околу $600.000 а вреди многу повеќе ама се ово преку ноќ, лапнаа парите и сега кључ на црквата ставија, на што личи тоа.
    Они ја заклучија црквата претходниот одбор ја заклучи капијата и сега на суд ќе се тужат кое, чиво е, во меѓувреме Петар си зема кредит од милион и пол на исплатена од народот црква, пола и повеќе ќе си ги стави во џеб, со другата ќе се тужи по судовите со години, нема никој да го плаќа кредитот и банката ќе си ја земе црквата, е тоа прави Петар тука со црквите.

    Онака за појаснување на целата работа околу Петар и црквите, овде не може МПЦ да поседува имот, ниту па било која друга црква од надвор и црквите се регистрирани како компании, невладини организации, имаат одбор кој се менува секоја година, 30% од севкупниот профит се праќа на МПЦ, Петар сака сите цркви да се во негово име, значи лично негови и тоа е зошто се бунат луѓево и се двојат од МПЦ, 20 и кусур години се буни народот од Петар, МПЦ мува не ја лази а гледа што им прави на црквите, како ги губи и ништо не превзема и сега како да им веруваме на поповите на поглаварот на МПЦ кога се бетер ѓаволи од ѓаволите.:

    После ние од по странство вакви сме биле, такви сме биле имиња странски сме ставале на децата, не сме си ја почитувале верата, е ај почитувај ја со вакви примероци околу тебе, за Божиќ ја држи црквата затворена, говеда невидени.
    Ај се изнервирав сега ептен.
     
    На Petar80, Skorpija25, molikaMk и 28 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.