Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    Не ми е битно марка да е туку функционално , ги гледав и овие се двоумам
     
    На Mr. Right, Alishan30, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Добро утро :coffee:

    Пак кока коли сте вртеле синоќа. Ах бреее, за дрво сте :rofl: Прва испив на 18+, болно и непријатно искуство. Ми требаа месеци за да го осетам вистинскиот Фкус :lol:

    @petunija77 јас го имам тавчето на Делимано и супер ми е, многу сум задоволна. Свеки го има апаратот и некако не е воодушевена. Не дека не се ок палачинките, ама знае и да се разлее некогаш. Во глобала, убави палачинки излегуваат и од двете :D

    Одам на пауза, ми треба дупло кафе. Си игравме и си кажувавме гачки од 4-6 сабајлево со ќерче, како што и претпоставив синоќа. Само што тајмингот го утнав во претпоставката, ама нема врска, дејствието е тоа :D :drunk: И нормално, потоа си заспа, а мама мораше да стане за на работа. (wtf)

    Оn the bright side, денес е петок! :party:

    Ај чао :hai:
     
    На bittersweet, WildMk, kravce и 23 други им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.444
    Допаѓања:
    143.627
    Добро утро.

    Јас минатата недела бев завеана во снег, сега не сакам. Таман ми помина настинката.
    Леле колку ми е страв од одење по мраз, како пингвин одам! Ајде нека се стопи!

    За палачинки, секаква опрема имам и ова е најдобро. Не зборувам за производител, туку за тип на тавче.

    CDD68DDA-8F79-47F8-B56A-2BA4C8F2070F.jpeg
     
    На WildMk, kravce, zhap4e и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.449
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене :hai: несс испиен, доручек изеден :lol: :lol: сега што да се касне нешто друго :emo: ? @petunija77 ние имаме питуличарка (не знам како е правилно, плотна од гус, што се става над плоча од шпорет) излегуваат многу убави палачинки и нелепливо тавче, ама има дебело дно и ги препекува некако, убаво е за 10 палачинки да направиш... Сакам да си купам онакво рамно баш за палачинки што е, се двоумам меѓу Делимано и во Атва имаше некои на попуст исто така рамни.... Ве читам, меѓу другото...првиот пат беше на 19г. Безвеза двајца млади и не искусни...не ми значеше нешто.... Подобро да си почекав хахаха:lol::lol::lol: ама после тоа каење нема  :D :D :D
     
    На WildMk, kravce, zhap4e и 22 други им се допаѓа ова.
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Не чека бурен викенд, сенешто се исподоговоривме.
    Бебе ми го фаќа скок т.е. почетна фаза на скокот во 6ти месец.
    Заспа со цимолење.
    Како сама да си се успиваше.
    Леле луѓе како ми се шета бееее. Ми се трошат пари. Сега дека штедиме и бајаги се собраа па како ме чешаат не знаете ...
    Шопинг за мене, за маж...
    Бебе има се, дури и премногу.
    До лето ми е подмирена.
    Али ми се троши.

    Ми е шубе од бебе дека цица иначе душава ми бара едно 5 кафиња на ден.
    Многу ми се пие. Можам нон стоп по некоја голтка турско да си пијам.
     
    На WildMk, kravce, zhap4e и 24 други им се допаѓа ова.
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Петок, спасов ден. Иако неделава работна беше со 4 дена, пак скапана до срж се осеќам! Второ кафе пијам, мислам дека денес 10 ќе испијам за да останам будна.
    Окапавме синоќа на снегот со деците, жива вода со црвени обравчиња ги вративме дома. Среќни, среќни до немајкаде. :) Шуќур заспаа после тоа како заклани, ексик веќе од тој столот шугав пред креветчињата пола ноќ. Денес ќе ги уморам пак на трчање и да се видиме со муж троа, да прогледаме едно филмче со мезе. Втора недела не се во градинка, и мислам одвај чекам понеделник за да ги однесам да се изнатрчаат и да се изморат таму. Ваљда доволно се 13 дена после вакцина за да се мешаат со други деца, а?
    Прва кока кола на 19 години, едно од поубавите искуства во животот. Со овој мојов, јас од тие што користат само една марка сум. :drunk:
    Тава за палачинки имам Макс од Агротехна, она во струја што се уклучува. Слаба сум на зборови денес од што ми се спие, нема да ми текне како се вика проклетото. |-) Не е нешто нај, ама го користиме понекогаш. Ако имаме гости на палачинки, правам на 2-3 тавчиња одеднаш. Имам тавчиња најевтини тефлонски од Базаро, и тие бркаат работа.
    Имавме еден план да киднеме од државчево, ама отиде во бестрага сега за сега. Среќа што не нагазивме, испадна тешка дубара. Ќе чекаме наредна прилика ако дојде, ако не и тука ни е арно. Не наоѓам многу маани во последно време, иако многу работи се трули ама некако... И јас сум како ќе ме дувне ветрот. На мм секаде му е арно, насмеан од уво до уво и му светкаат очите. Живее тој со полни гради, интересно човече колку е среќен за се' и колку цени ситници. Многу научив од него за позитива на животот, иако јас мрчало сум.

    @JuLleE од кај се знаеме ниЈа? Јас слабо увиѓајна сум и памтење имам ко Дори, не ми замерај. :$

    Убав ден луѓенциња! :hug:
     
    На WildMk, senjorita-v, kravce и 26 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    @Rebecca_R не ме разбираш, не зборувам за купувањето, секако тоа е според можностите, туку за она да се наредат коцките, се нешто да се чека за бебе. Оти никогаш есапот дома и на пазар не е ист. Се да имаш спремно за бебе, верувај за миг може се да снема. Затоа ништо не е гаранција. Сите кога сакаме да создаме фамилија имаме во план дека треба да обезбедеме живеалиште и пари за растење. А тоа не е толку тешко и не е комплицирано како што вие го опишувате.
    Она што вие го поставувавте како услови за бебе се луксуз и зависат секогаш од можностите на човекот.
    Не набројувајте трошоци за болница оти сите ги имаме со деца.
    Ова ти го зборувам на тебе, а јас останав со едно дете засега оти не можам на друго да пружам се што сакам.
    Знам дека грешам и грешев, дека дете може и поскромно да се гледа, да има брат и сестра е подобро, ама ете јас не се осудив.
    Затоа ти напишав, ова ко да се читам јас пред 5 години.
    Денеска само сфатив дека не сум во право.
     
    На WildMk, senjorita-v, kravce и 20 други им се допаѓа ова.
  8. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Тефал, се друго е со краток рок
     
    На TeddyGrey, duffi, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Ајде добар ден дечки :)

    @JuLleE ако добро сфатив тебе и за првото ти било решено станбено прашање, а верувај тоа е може 80% (во мојата бар) одлука за нераѓање. Останатите 10% се делат на разно-разни стравови, и 10% на ќе бидам ли добра мајка :)

    Се осеќам некако шит денес, нешто не ми е по ќеиф а не знам што.
    @kravce потполно те разбирам што сакаш да кажеш, не мора да е за бебе де, за се' е така. После мојава шетња по америките, во Скопје не можев да се помирам како ние "ништо немаме" . Таква сум секогаш после одење некаде кај што е поарно, ама таму се задржав па ми беше ептен тешко да се помирам дека тука.. просто никогаш нема да биде така, никогаш нема да заработувам толку со таква обична работа и да си пружам работи толку лесно како таму.

    Сега, јас мислам дека од животов немам нереални очекувања, ама нели, и тие се толку индивидуални што луксузот во мои очи може е ништо во нечии туѓи, или пак нечиј луксуз мене ми е meh.

    Ама што рече Рефка, секој со своите чевли, не можеме да знаеме зошто некој донел некоја одлука.

    Како и да е, и вечер и утре сум на мекици :)
     
    На *Ench@nted*, WildMk, senjorita-v и 23 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Ко мене што ми се чудеа на умот на кои години дете ќе раѓам.
    Нит прашав некого, нит побарав туѓо мислење.
    Кој ги праша...
    Ма не ги ,,вртам,,
     
    На WildMk, kravce, zhap4e и 22 други им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    сум видела и повозрасна од тебе да раѓа. жената кога дозна не знаете колку се радуваше. патем дека прво после 30 год борба... просто неверојатно беше...
    нек си живее народ како си сака. Кој што го прај Среќен нека си прај.
    Добар ден. Ние прошетавме ама порано дојдовме зашто дете ќе заспиеше уште во санка. Се премори тотално. легнав да одморам па да праам ручок. мисирка за денес.
    вие арни?
     
    На WildMk, kravce, zhap4e и 21 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Ич да не ги вртиш ;)
    Санки другите ќе го чуваат па мислење да дадат |(
     
    На WildMk, Dadusicka, Mr. Right и 12 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.243
    Допаѓања:
    176.216
    Пол:
    Женски
    Искрено, мислам секое нелепливо тавче би било океј. Еве прочитав палачинки, па праев палачинки сега на обично нелепливо тавче шо го користиме дома за било шо, колку ќефот да ми помини. :D
     
    На senjorita-v, kravce, Dadusicka и 13 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Недомаќинка била...е кој и ги гледа децата?..кој им готви?...кој пере,пегла?...
    Незначи дека ако не се вклопувам во твоите норми дека мојата куќа е параспур !
    Твоите норми, исполнувај си ги ти самата во твојата дома.

    Немајка била...а децата здрави-живи-арслани...да не има дадилка и гувернанта...сама си прави како си мисли дека е најдобро за нејзините деца.
    Додуши, малку е дискутабилно, знам јас што е најдобро за моето, ама од моите можности го вадам максимумот.И СЕКОЈ родител е така.Околу мене многу ретко, скоро ИЧ нема родител да се удира во гради а да не прави ништо за своето дете.

    Ич не е вредно да дискутираме за теми за кои секој за себе си знае најдобро.

    Туку...една фемина-лизганка да направиме.
    Сите со санките и скиите, па да видиме којА најубаво лизга:D

    На времето имавме санки ама не беа купени туку мајстор ги правеше.Основата од виткано железо, а седалото од талпа/даска.Тешки беа, па мораше да е ептен смрзнато за да врви санката.Од вечер на долчето турваме вода, па кога ке смрзне земавме парчиња од пластични ролетни и шибавме по цел ден.
    Ке дојде 12 за во школо, прво ќотек ке изедевме дома зашто утоп мокри бевме па после ке не пратеа на училиште:D
     
    На bittersweet, kuc, V.odolija и 26 други им се допаѓа ова.
  15. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.055
    Допаѓања:
    69.230
    Добар ден! :hai:

    Едвај ве дочитав, повторно. :)))

    Секој нека си прави како мисли дека му е најдобро, да се соли памет не иде.

    Од "А" до "Ш" (y)! :bow:

    Ќе цитирав уште мислења, ама ништо не се зачувало. |(

    Дунафке @dunika баш фино име ќе има бебуш твој, gender neutral модерна мама. :P :D

    Прва кока-кола исто на 18+, не се ни сеќавам како беше, а не ни бев пијана. :wasntme: Велат дека тоа се памети засекогаш, како не. :D

    Ми се јавија од Гете и ми предложија да почнам веднаш со Б2.2, да не чекам два месеци, ќе сум го совладала материјалот заедно со вториот дел. И сега се мислам, дали да ја искористам шансава и заштедам два месеци време? :?:

    Денов ми почна фино со вежбање, се уходав повторно. Почнав да прибирам повторно секакви ластици и чуда за вежбање. :))) Имам четири resistance bands, два за чучњеви, еден за растегнување на нозете и уште еден огромен за разно разни вежби. Ептен се мотивирам кога купувам секакви вакви глупости :))))

    Да дочистам и да се фатам за учење.

    Уште ова:

    Ај погодете кој на сликава е мачорчето а која е мајка му! Почнав да ги мешам веќе, порасна мачорче. :inlove:

    IMG_20190111_172705-01.jpeg

    Убав петок! :sun:
     
    На bittersweet, kuc, V.odolija и 24 други им се допаѓа ова.
  16. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    @SV1911
    Мачорчето е тоа со посветло крзно,другото мајката.
     
    На LejlaD, Sesil и SV1911 им се допаѓа ова.
  17. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски

    Извини мајсторе, ни гаранција, ни пари враќаш, ни замена за нов производ...боље нагласи се ова у понуда, да не фрчат тужби после :D

    Многу сте активни во темава, човек да папса од читање, а демек околу и преку 40-та....сигурни сте? ;) :D

    Мене денес снегов ме врати во детството, ми падна мала грутка снег од едно дрво на глава и наеднаш ми блесна пред очи Маврово, огромна снежна покривка, јас со мокри вунени ракавици и капа, црвена во образите, премрзната и радосна :inlove: И го осетив повторно она огромно чувство на детска среќа и радост. Фала му на снегов :)

    што е со розевово?


    Да допишам за децава и ќе завршам тука на таа тема.

    Пари треба за деца, да, ама не треба богатство и не постои пропишано правило колку и што е баш потребно за здраво и среќно дете. Не е се во материјалното. Треба да се имаат основни услови, кров над глава и редовни месечни приходи. И толку.
    Нас ни се случило пред припрема за ин витро да даваме и по 8000, 9000 денари месечно само за суплементи за двајцата, кај се прегледи, испитувања. Постапката е посебна приказна, пиша @Milobebence дека постепено отплаќаме суми како за еден помал стан и не знаеме како, ама ги наоѓаме тие пари. Пари за дете се наоѓаат и за да го добиеш, а сигурна сум и за да го изгледаш.
    Но исто така сигурна сугурна сум дека секој ќе прави како мисли, колку и да сакаш да пренесеш свое искуство, секогаш мора да си ја истераме својата судбина и да ги сфатиме работите тогаш кога ни е пишано да сфатиме. Така гледам јас на тоа.
    И јас го поминав тој пат, се тешам дека така ми било пишано.
    Бидете здрави и живи, се што пишав беше добронамерно :*
     
    Последна измена: 11 јануари 2019
    На WildMk, WORRIED.BT, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Јас по опаш го познав! :)

    Не е фер да кажуваме домаќини недомаќини, мајки и немајки, посебно за ситници кои се уствари и не толку битни.

    Мене ми боде во очи само кога ептен некои луѓе, ги имам спомнато низ темава, буквално во прљаво живеат, ама тоа се луѓе со кои се познавам многу долго, доволно и да можам да им кажам, и под прљаво кажав не мислам на немиени садови и прашина, туку на сериозно запуштени домови, со распаднати бубачки итн.
    И друго, возење деца без седиште, тоа е едноставно опасно, не е мое лично видување на работите, законски е одредено не за џабе.

    Не е толку осуда колку што не ми е јасно, нели ти е мил животот на детето или се надеваш дека имаш среќа?
    Мене ми е страв и може лошо правам, ама ако некој сака да му возам дете, искрено без седиште не прифаќам, не можам да ги натерам во останато време да бидат свесни, ама бар нема да бидам дел од тоа. Во колава има место и за седиште, и изофикс, нема ни една причина дете лабаво да си седи позади или пак во раце.

    Во една моја посета на Словенија пред 15 години, мајкава - пријателка на мајка ми, двете деца (бебе и поголемко) ги седна во седиште, мене ми рече мора појас иако сум позади, исто и она и мајка ми напред, во возење и заѕвоне телефонот, застана на страна и на слушалки збореше.
    Една вечер излезе со маж и' во бар, кола дома оставија, едно пиво - едно, возење со алкохол нема.

    Мене ме нервира што сите сме "попаметни" од законот, мене ми се смеат и ме закачаат зошто на блутут зборам во кола и телефон од ташна не вадам, епа не е оти "не сум способна" ама чим е забрането да возиш и да држиш телефон, забрането е со причина. И не гледам зошто да се инаетам, на крајот, и мојот живот ми е мил а и на останатите.
     
    На bittersweet, *Ench@nted*, kuc и 25 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    ^Кај спомна... од такт ме вади кога ќе видам некој збори на тел и вози. А секој втор е така. знаеш.. ептен барани се..
     
    На kuc, WildMk, Mr. Right и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.