Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Во ред е тоа што го велиш, но тоа е остаток од минатото, тие држави се формирале во 19ти век. И сите имале грб, голема сила зад нив.
    Во денешниот свет на глобализација, држава нација се повеќе ќе изумира. Да се надеваме дека во иднина светот ќе биде глобално село, без нации. Ако не биде така, ако и понатаму секој влече назад, нема да не биде, не само нас овде, све ќе отиде у...
     
    На SV1911, LejlaD, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Обично не те цитирам, ама темава е осетлива за сите нас.
    Те разбирам и ги разбирам сите, оти вистината е таа - не е праведно, не е фер, не е во ред.
    И не верувам дека постои некој што мисли дека е фер.

    Ама... веќе знаеме дека во политика (бидејќи е ова чисто политичка игра, која за жал ги опфаќа и националните истории на двете земји) нема фер.

    Дали нешто ќе добиеме како нација, дали нашите деца ќе добијат нешто ако продолжевме со докажување на вистината?

    Лично - не верувам. Како што не верувам дека во овој живот јас лично ќе имам ќар некаков од било што да се случи.
    Ама надежта останува за оние после нас.

    Оти нашите родители на моја генерација оставија раскрнкана држава, остаток од моќна федерација, за среќа - па без војна. Оти проблемите со кои моја генерација се соочува не им беа и нивни проблеми. Несигурноста во која ние живееме... не била иста.

    Затоа со нелагодност ја прифаќам оваа одлука, неферска, со надеж за подобро утре на оние после мене, со надеж дека со влегување во НАТО нема да има можност за промена на граници, со надеж дека цела болка само емотивна ќе остане.

    Оти, колку и нашето да е болно, верувам дека е поболно она на Србија, која за да не остане изолирана ќе мора Косово да го признае.
    Тој проблем во мои очи е многу, многу поголем од нашиот...
     
    На SV1911, mareane, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Од Тинекс, тетовски јуфки со јајца поточно. Не се секирај нема да ги изедеш и да купиш, пливаат грбно по тенџерето:puke:
    Стварно сум гад гадосан, денес сум на пола јајце цел ден.
    Денес се' ме нервира и на плачење ме тера. Налет и циклус и хормони, не можам сама да се поднесам! Плус укуќани решиле да ме докрајчат денес, неблагодарни се 100000%. Ручек правев, едно јаде друго вика бљак. Малиот со таа цуцла и со тие пелени ексик веќе, три и пол годи и е скоро и абер нема од оставање. Големата карактер за цело маало, ништо никогаш не и' е погодено. Тоа "најмалото" од свекрва ми што го позајмив (не посвоив, ќе и' го вратам кај и да е) ги извади на снег божем малку, 4 саати! Се утепав викајќи по телефон, ги врати премрзнати и им се растекоа носовите. На врв на се', договорен бил за излагање, се налицка ко тинејџерка некоја и си излезе! Е сега мајчин кога ќе му го заклучам блиндорот од внатре што не се отклучува од надвор, ќе го видам кај ќе влезе. :@ Не сум од оние што паничат за излагање ИЧ, ама имај усул кога гледаш дека не ми е добро. Како врхунац на вечерта секако е бејби шарк на рипит, плус и двајцата пејат и урлаат со неа. :tmi: Ќе си запалам едно цигарче сега и ќе си поплачам, ќе ми олесни ваљда. Поарно него да се нервирам вака. ;(

    Ве удавив, блокирајте ме слободно. Се изнапишав свашта ко кај свои. :bandit:
     
    На mal.ecka, SV1911, ♡BuBaLe♡ и 27 други им се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Леле ја па само тие ги купувам, тетовските со јајца :worried:
     
    На Mr. Right, mareane, M&M и 5 други им се допаѓа ова.
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    @kravce и ние кога немаме домашни, ама ова обично не е никогаш од фирмата која пакува туку до маркетот. Минијатурно дупче треба за да влезат гадинките, а и овој Тинекс Драмски е крш. Крш гадосан, не вагам веќе.
     
    На SV1911, Mr. Right, mareane и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    Мене кумановските кори ми се најубави,класика.
    До сега сум немал искуство такви ,,летечки објеккти‘‘ да сретнам и во тетовските и кумановските.Може да биде и при пакувањето тоа или пак оштетена амбалажа..
     
    Последна измена: 12 јануари 2019
    На dunika, Sexybaby86, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.173
    Допаѓања:
    137.413
    Пол:
    Женски
    Шо арно е за кока - кола коа се збори ничии чувства не се повредени ... :D

    се умислив дека е недела, за малце ќе се избањав по грешка :lol:
     
    На ♡BuBaLe♡, PUPICA, Mr. Right и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Не, те прави небањат :D Сите што бевме за ЕУ и НАТО, но против промена на името, не направија прости, небањати и неписмени.

    Инаку и јас сум со мешано потекло, од татко Србин, мајка Македонка и ако сакам во пасош да ми пишува Србинка, ќе извадам српски пасош.
    Родена сум тука, цел живот живеам тука, мајчин јазик ми е македонски. Си ги сакам двата свои народа, но најмногу се чувствувам како Македонка и ова што ни се случува многу ме боли.
    Се надевам дека нема да го доживеам денот кога ќе станеме федерација.

    И си реков дека нема да пишувам ни за политика, ни за оваа тема, зошто ми се крева притисокот, ама вистински.

    Гледам пишувате за јајца.
    Во старата населба кај што живеев порано имаше едно пиљарче, што го држеше еден Драгче. И една повозрасна комшика секогаш ги фалеше јајцата што ги купува таму, односно тврдеше дека во нашата населба најубави и најголеми јајца има Драгче :D
     
    На ♡BuBaLe♡, mareane, M&M и 9 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Јас Кумановски купувам.
    А инаку во вреќа домашни имам начекано гадинки :)
     
    На elena.mak, Sexybaby86, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    107.461
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:
    А мене што ми се случи кога сме кај јајцата:rofl:штотуку земени со мм млада невеста и ако икаш овде се зезаат си украла јајца.
    Еден ден кај нас еден куп гости јас икам ли икам една тетка но во години стара бабичка ми вика:
    Невесто чиви јајца си украла?
    А јас ни едно ни две на комшијата:rofl::rofl:
    Кога почнаа сите да се смеат ми текна што реков но касно беше.:D
     
    На Желба, SV1911, ♡BuBaLe♡ и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.637
    Допаѓања:
    178.150
    Пол:
    Машки
    Еве турив еден спојлер, не мора да читате :)
    Се залажуваме со глобализација дека сме немоќни. Албанците работат за голема Албанија. НАТО односно Америка си гледа свои интерси. Ако е НАТО гаранција за непроменливост на границите, тогаш сите држави околу нас нека бидат во НАТО, ние не мораме. Пак ќе има непроменети граници. Нашиот проблем е тоа што се води погрешна политика од таканареченото осамостојување па се до денеска, без разлика кој е на власт. Требаше да се прекинат секакви преговори со Грција во моментот кога Европскиот суд на правдата пресуди во наша корист. Грција не се придржуваше кон договорот. Пак ќе кажам, без разлика кој е на власт, сите политичари работат само за својот џеб, никој не се труди да направи нешто добро за народот. Некој да се потрудеше малку повеќе, одамна ќе бевме во ЕУ, каде што реално ни е местото.
    НАТО е воена организација и не носи ништо добро.
    Ние немавме проблем со името. Грција имаше проблем, кој што требаше да се реши во Обединети Нации, никако на друго место. Република Македонија е призната под тоа име од повеќе од 100 држави во светот, меѓу кои и САД, Велика Британија, Кина и Русија.
    Поради неспособноста на нашите политичари стигнавме до тука до каде што сме. Други да ни диктираат што да правиме. Најмногу ме боли поделеноста на Македонскиот народ. Македонец со Македонец очи си вадат. Зошто да не може да бидеме сите од иста страна, да се залагаме за исти цели, да си помагаме едни на други?
     
    На An-na, Желба, SV1911 и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Пецо:bow: :clap: (y)за долгиот пост.
    Еднаш и ти да напишеш долг пост;)
    Пола од работите не ги разбирам-зошто тој дел од мозокот за политика ми е закржлавен:D
     
    На mal.ecka, ♡BuBaLe♡, elena.mak и 14 други им се допаѓа ова.
  13. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    Конечно ја раскитивме ,ми здосади веќе прашина се наполнија и лампионите и елката , се мислев да ја поминам со вода , ама ептен е ладно надвор , здравје догодина , утре остануваат сијаличките низ цел двор и двата спрата се наредени ,и дури го пишувам ова си викам има ли друг како мене вака што ќити или само јас :rofl:,не можам во ист ден ни да накитам нит да откитам :rofl:
    Домаќинско прашање дали имате купено нешто од форма нова -мебел и дали сте задоволни?
     
    На Желба, ♡BuBaLe♡, Mr. Right и 10 други им се допаѓа ова.
  14. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.794
    Допаѓања:
    214.370
    Пол:
    Женски
    Кори или јуфки имав купено од производител Душогупчани,во четвртаста кутија,навистина убави,детево побара пак да купам од истите,не ме плаќаат за реклама,но можите да ги пробате (y).без протеини беа.За политика не ни сакам да зборувам,затоа што додека ние се расправаме за истата,многу од политичарите се нафатираа дебело,без разлика од која партија се,скоро сите обични смртници надолу,ама тие и нивни блиски,а богами и подалечни,не ни знаат што повеќе да прават со ,,тешко,,заработените им пари.Само се надевам дека еден убав ден,белким ќе има некој,од надвор кој ќе рече доста е,затоа што ние не сме моќни да го прекратиме тој круг на пустошење,па нема да им се слатки толку фотељите како досега,ама тоа изгледа само сон ќе ми остани.Така да многу работи не се како што треба,и секогаш рибата смрди од главата,а не од опашката.На секои избори гласаме,наводно ќе ..казнуваме,,едни за сите зулуми,па само што ќе помислиме добро е,стигнале другите и пак истите дури и полоши зулуми прават.Буквално од се ми е преку глава,ми иди буквално на Алајска со дивина да се дружам.Украсеното новогодишно,после старата нова ќе соберам
     
    На Желба, ♡BuBaLe♡, elena.mak и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    За имево, игнорирам за да не се нервирам. Преку таквото ми е искрено, ни промена на име, ни истото име, ништо нема да ни донесе добро, тоа е факт. Ама ме боли до срж ова што се случи. Северномакедонка не можам и не сакам да се наречам. Ќерка ми се роди како Македонка и сега е Северномакедонка. Ма дај молим ви се, је*ала ве државава веќе, која и да е. И идентитет и бутур, се е отидено, само заради сите што беа на власт и гледаа само за себе. Ме боли до коска, и не можам и не сакам да коментирам веќе :(

    На добрата страна, слушнав добри вести од другарка ми. Фала ти Боже (fingers)

    @Milobebence ме изнасмеа со постот :D И ми текна на песнана српска, вака идеше: Шта си мучкО колу? Ма нисам мучко колу :rofl: И тоа е цела песна. Крш :D

    @elena.mak и јас тетовските ги купувам, најубави ми се :worried: Леле човече колку се пронаоѓам во твоиве постови, односно се соживувам еј. Како да сум ти дома и те гледам од страна и ја пратам ситуацијата што ја опишуваш. На маживе им треба само добра лекција, за другпат да не им текне да се опуштаат многу :rofl: Го замислив сега мм како го чита ова и превртува очи :rofl:

    Одам да гледаме серија со маже, ме чека :hai:
     
    На Желба, mal.ecka, SV1911 и 19 други им се допаѓа ова.
  16. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Леле елка раскитување... Ауууу кај ме потсетивте со сите катаљарда гранчиња за раскитување... :tmi:
    Ааааа ќе и се плукнам јас на неа. Ќе ја дадам на некој со живци, ќе си купам некоја нормална од два-три дела. Овој викенд немам време ни волја, ама наредниот ќе ја решам.
    За политиката ќе си ќутам, затоа што @Peco се' кажа наместо мене.
    @Sexybaby86 треба едно кафе да пиеме. :* Преубави пријателства ми излегле од форумот, еве само @AngelOfArh ќе ја спомнам како најблиска, другар мој со најубав син. :l:
     
    На Желба, AngelOfArh, Alishan30 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.402
    Допаѓања:
    260.108
    Зошто се шират дезинформации, нема да сме северномакедонси туку Македонци со македонски јазик. Прочитајте го договорот и не верувајте се што ќе прочитате по медиуми.

    Јас во хаос. За момент ќе се случеше катастрофа. Чувајте се луѓе, еден е животот.
    Јас се прашувам до кога уште стресови и птоблеми?
     
    На Alishan30, mal.ecka, SV1911 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.173
    Допаѓања:
    137.413
    Пол:
    Женски
    @Peco го лајкнав ради долгиот пост. Да не му биде за џабе пишувањето. .. толкав текст за политика мозокот не ми процесира.
    Лајт - тема да беше и 10 страни ќе изчитав.

    Мајка научи линкови да праќа на фб. Еве цел ден ми титка телефонот од пораки на месинџер |(
     
    На Alishan30, mal.ecka, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Се' што напиша @Peco е во право, до збор се согласувам.
    Ама затоа и реков - нема правда, посебно не за нас вакви "ситни риби".

    Или можеме да пливаме во морето и да се навикнуваме на ајкулите со цел да преживееме, или да умреме.

    Верувам дека малку посериозни да беа претходните власти, а и оваа, можеби ќе успеевме во нешто, но одамна тој воз замина, а најмногу верувам замина кога претходните ги фати античко лудило. Со други зборови, станаа несериозни и провоцираа.

    Ако е моќта во мои раце (а не е) јас би им дала и Аце, и секој од пред 2000+ години, небитни ми се искрено, ама битни ми се егејците од пред 100 години и нивните болки, уште има живи од нив. Би останало името, а историјата не е егзактна наука и очигледно сите ја учиме во своја полза, секоја земја на светов.
     
    На Желба, Alishan30, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.637
    Допаѓања:
    178.150
    Пол:
    Машки
    Тоа е најголемиот проблем на Грција, а не името. Стравот од егејците, да не си ги побараат назад имотите и плус отштета од државата. Вака со сменето име ќе се водиме како новонастаната држава и ќе немаат никаков основ егејците или било кој друг да бара нешто од Грција.
     
    На Желба, Alishan30, SV1911 и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.