Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.799
    Допаѓања:
    214.393
    Пол:
    Женски
    Сега ме замисливте,читајќи колку години имате,поновите де,мајка на сите можам да ви бидам,детево мое малецко е само 26 годинки ,тоа поголемкото :rofl:,но овде ние неколку кои сме си најМлади,згодни и неопходни сме,така да(hollest),
     
    На mira.mira, ♡BuBaLe♡, Желба и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Уште се смеам сама со себе, кој знае што помислија.
    Јас првин сакав да го одбегнам одговорот ама бараа одговор и тоа баш СО КОЛКУ ќе бидам јас ЗАДОВОЛНА?
    Ех задоволна :D
    Па што да одговорам тука?
    Ко им кажав една директорска ехееј.
    Абе смешки
     
    На ♡BuBaLe♡, Желба, elena.mak и 12 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Ве читам и сфаќам дека немам што да кажам. Немав интервју. Ми се јавија дојди да работиш. Отидов -олку ќе ти е плата за почеток реков ок и то је то. Решение добив 3 год подоцна.
     
    На Желба, mal.ecka, elena.mak и 13 други им се допаѓа ова.
  4. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.384
    Допаѓања:
    279.170
    Пол:
    Женски
    Добро е ,се јави Лили ,јас мислев единствена ќе речам дека не сум била на интервју.Исто и мене ми се јавија дојди од утре почнуваш,ама затоа после маста ми ја извадија,пушти прими 8г чекав за решение.
    Помина дружбата кафанска,паричето дома кај мене се падна на мм на работа му се падна па белким ќе ја биде годинава.
    Вааилица помина сега за Водици д аае спремам,да вклучам од утре пак турбото...
    И јас сум овде во повозрасните ама се чувствувам помлада покрај вас помлади овде ,баш ми прија дружбата ...
     
    На ♡BuBaLe♡, Желба, lunicka и 24 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Одам на интервјуа од вереме-на време..
    Ама никој не сака крива, дебела тетка, со средно...|(
    Колку тие мене што ми прават интервју, толку и јас ним им правам.
    Не со поставување на прашања ама :lol:

    Иначе, за дружење, не ми прај разлика возраста.
    Можам и со деца од 10 години, и со возрасни од 100.

    Со среќа на сите на интервјуата :hug:
     
    На mira.mira, ♡BuBaLe♡, Желба и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Колку животов може да те уништи за момент. Толку е краток и суров да повеќе постојат несреќни моменти и животи.
    На дргар ми, неговата другарка е хоспитализирана поради тумор на мозокот. Голем е, крвари и и` го притиска мозокот. Се жалела на глава долго време, ама си препишувала на тоа дека е од синусите. Млада е, околу 40 години има. А пред две недели нејзиниот партнер доби резултати дека има рак на црниот дроб и метастаза на панкреасот.
    Страшно. И жално.

    Нека ова ни биде лекција да не чекаме долго време и да не си бараме сами дијагнози. И да правиме редовни контроли.
    Има ли некој стручен да каже дали има надеж за спас на женава? Другар ми цело пладне е за никаде. :(
     
    На mira.mira, ♡BuBaLe♡, Желба и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.234
    Пол:
    Женски
    :x :x :x :x :|.....жално:envy:
     
    На ♡BuBaLe♡, Желба, elena.mak и 4 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Не сум стручна, ама знам дека зависи од тоа, колкав е, каде во мозокот е, и дали е бениген или малиген

    Ќе речам: 'Со помин нека е'.

    Иначе.. Да ви кажам едно инфо.
    Близок, возрасен човек, има рак 'на не знам што' (заборајв), метастазиран и на коските.
    Се лекува во ЕУ, ама не да седи таму постојано, туку оди за некоја терапија еднаш на месец.
    Резултатите му се подобруваат, а тука му 'пишаа крст'.

    Ако имаат можност, нека бараат чаре странство.. не тука.
     
    На ♡BuBaLe♡, Желба, elena.mak и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Синоќа е хоспитализирана. Многу ја болело главата и дури рацете не можела да ги крене и не можела убаво да збори. Снимките уште ги чекаат, им рекле за утре или задутре...
     
    На ♡BuBaLe♡, elena.mak, Milobebence и 4 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    ^ и мене за плата нормално не ме прашаа на ова работно место, од причина што е скроз различно него во приватен сектор.

    Сум пишувала, моево вработување во болницава беше... комично. Дадов отказ на друго работно место оти после 11 месеци ми се смачи да чекам целосна плата да ми дадат, ако сум млада не значи дека можат мајтап да си играат, ееее тој разговор за отказ ми траеше нешто повеќе од саат. Па убедување дека ќе биде подобро. Мхм. Сигурно. Друга овца за стрижење да си најдете. Јас за 0 профит, 0 толеранција, 0 фер однос не работам.
    Имав неискористен годишен одмор, па бев на одмор, а свеки моја се запна аплицирај па аплицирај во болницата, конкурс има. Јас и' вика, чоек, ни поп ни владика познавам, кој мене ќе ме викне да работам, нема шанса.
    Ама не' запна мене и дм, и ајде, едно утро, понеделник беше, појдовме.
    Јас уште курназ ја барам главната сестра, демек состанок имам со неа :) ме упатија кај неа, јас чук чук, таа и таа сум, дојдов да аплицирам за работа. Женава ме гледа и не и' е јасно, ми вика ама конкурсот заврши... јас и' викам - е ако де, ќе има следен, тогаш ќе ми ги видите документите. И ајде ме упати кај да поднесам.

    Дојде четврток, ме викнаа утредента на интервју :) Интервјуто беше смешки. Не памтам многу оти бев "драгане многу сум возбудена" ама памтам дека директорот се сети дека во една претходна прилика, на претходно работно место, многу сум го услужила :) и битно ме прашуваа знаеш ли ова, она, јас им викам - што не знам ќе научам! :)

    И така, ми рекоа дојди понеделник да почнеш со работа.

    6 месеци волонтирав за 4500 денари, и 6 месеци договор на дело, потоа потпишав решение дека за 1 година ќе почне трајниот работен однос. Па така, реално уште 1 година бев договорец.

    После веќе имав решение, две ипол години веќе.

    Би мењала работа, ама во приватен сектор во оваа држава не, освен ако јас не сум газда :) Некогаш парите не се баш најбитното.

    Не дека тука нема обиди за мобинг и еден тон задкулисни и прљави игри, ама немаат избор и мораат закон да почитуваат. Одмор, боледување, работни саати, на мајките тазе им е скратено работното време за саат ипол итн. се работи кои знам дека во приватен сектор скоро и не постојат.

    Е сега, јас пред тука да почнам да работам, работев во неколку приватни фирми, а пред тоа и во два кафичи.

    Никогаш не сум се потценила себе, освен на првото интервју и на првото работно место. Тој кретен ми ги отвори очите за сва времена.
    За плата кажував реална, секако работев на бош места секогаш, во тоа време 8 000 беше минималец. Во вториот кафич побарав 14 000 и бонуси - ми прифатија (после почнав и администрација да чепкам за кафичот, а келнерка бев во останато време, па сфатив дека мои колеги земаат 9-10 000 само барменот земаше 16 000) - веројатно сами толку си побарале. После во фирмава се договорив за 14 000 пак, ама беше канцелариска работа, и ми беше ок. Ама, секој месец чекав да пуштат толку, секој месец ме лажеа, повеќе од 11 000 не земав никогаш ни денар и затоа дадов отказ.

    Муабетот ми е, на ни едно раб. место немам работено со високо образование, ама тоа не значи дека сум неспособна. Не сум барала 25 000 оти не е реално да барам толку како келнерка или лево сметало во канцеларија, ама па и да ме искористуваат за (тогаш) 8 000 не дозволував.

    Од ретардирани ситуации на интервјуа, еден господин ми рече дека ќе имам два слободни дена месечно :) мхм, важи :)
    Друг ми рече на црно да работам. Бар разликата да ми ја понудеше, ама не, нудеше 9 000 непријавена. Мхм :)
    Друг, слободни денови "по договор"

    Не ме прашале за мажење и деца, среќа, можело тогаш и физичка пресметка да има :D
     
    На ♡BuBaLe♡, Желба, lunicka и 24 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да пријавам јас, уште една покана за интервју денес.
    Абе знам јас како. Стар дедо папагалски од 12 години имам кај моите. Ама ова мое си е, my baby :$
     
    На ♡BuBaLe♡, Желба, elena.mak и 11 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Никогаш не сум ни аплицирала за работа на државно.. а не пак на интервју да сум била.
    Исклучиво приватно...
    На приватно, грото прашуваат кога деца, зошто, како, колку си на возраст, изглед...
    Се' ќе чуеш!

    До толку што и прашање: А какви цвеќиња сакате?
    По телефон ова... за кога ќе сум одела на интервју (??!??!):puke:

    К*ро ме виде на интервју! :smoke:
     
    На ♡BuBaLe♡, Желба, elena.mak и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Е да, за возраст ме прашаа, (која не пишувам на апликација, се вадам дека помладо изгледам :lol:), за годините на децата, за обука и тоа надвор од градот во траење од 2 месеци ... небаре во амбасада аплицирав |(

    Леле, пола чаша вино испив а се опив. Изгледа сум гладна.
    Да дочекам машината да заврши и да легнувам.

    @mareane, јас сум таа :)
     
    На ♡BuBaLe♡, Желба, elena.mak и 16 други им се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.384
    Допаѓања:
    279.170
    Пол:
    Женски
    E,додека сватам,ја плавуша:),за малку ќе прашав која таа!
    Мило ми е !:hug:
     
    На elena.mak, Milobebence, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.870
    Допаѓања:
    99.643
    На партиско вработување викаат, дојди, од утре почнуваш. Со некои исклучоци ако ги има и 1% многу се.
    На друг начин од дома никој не те вика, тоа само на сон.

    Уморна сум, без енергија. Не сум уморна физички, немам енергија одвнатре.
    На работа ме иритира тоа што новите не третираат во стилот - дај им го ѓубрето на нив да работат. После успех, де да те видам:^).
    И на оваа работа за жал почнаа нозете кога одам назад да ми се враќаат. Странски фирми во МК - сакаме кажеме, не знаеме речеме. Баш така функционираат.

    Сум била на интервјуа и сагата нема да заврши, јасно е како бел ден.
    На последните неколку си кажав - не помалку од 400е. Работев и за 8.500ден, повеќе не планирам да се влечам некаде за само колку да се рече дека работам.

    Синоќа цела ноќ само три саати сум спиена. Само што бев задремала, порака од цимерката ВО ДВАНАЕСЕТ ПО ПОЛНОЌ - ај спиј си во дневна, ќе дојдеме со дечко ми. Секундарно толку се изнервирав, што на нозе срипав. Недела, кога утре треба на работа да одам и кога сите нормални луѓе спијат, на нејзе и текнало нешто...
    И реков, јас во соба ќе си спијам, вие како сакате. Дечково дошол безброј пати, сум спиела во дневна, повеќе не.

    Луѓе, верувале или не, на сред дневна се исклецаа. Не ми се веруваше што слушам додека лежев, станав и до врата отидов да се уверам. Цела ноќ око не склопив, мислејќи имаат ли мозок луѓево. Имаат ли??? Жена од 35г да си дозволиш такво глупирање. Ете сега знам како звучи дечко и кога ќе сврши. Жално, но вистинито.
    Експлицитна сум, знам, ама ми тежи пусто...
    Не знам како се опуштија за секс, не ли им текна дека можам да излезам до веце во секој момент???

    Не знам како мојот доаѓа овде само кога таа си оди дома, а овој мака си нема, ден за ден. Па и на сред ноќ. Не знам..
    Дали станов е јебачница а јас да не знам?

    Си кажав, да одам да исушам коса сега. Да не дојде јебачот пак:bug:.
     
    На mira.mira, ♡BuBaLe♡, Miss666 и 24 други им се допаѓа ова.
  16. BearMe

    BearMe Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Во фирмиве кај што имам аплицирано на двапати се случи да ми кажат: " Сега е слабо, ама правиме договор со едни Италијани, ќе биде нешто големо итн итн". Две сосема различни фирми. Истиот муабет. Истата шема. Демек кога ќе се вклучат овие платата ќе биде... На едното место останав пола година, ништо не се смени. На второто не се ни помачив да се појавам.
    А дефинитивно најглупавото прашање: Дали ќе раѓаш во следните 5 години, нас ни треба човек за на терен. Кога сакам ќе раѓам!
    Добро е што сега каде што работам, работам кај луѓе, не кај "газди". Голема разлика има
     
    На mira.mira, ♡BuBaLe♡, Желба и 17 други им се допаѓа ова.
  17. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.384
    Допаѓања:
    279.170
    Пол:
    Женски
    Моето беше пријателско ,човекот стар пријател со моите.Ама затоа оти немав партиска позадина два пати ме бркаа и враќаа и решение зедов после 8 години...
    Ја стално кажувам дека да не беше тој и да не земеше два мандати никогаш немаше да се вработам по струка
     
    На mira.mira, Желба, flower30 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Еми стварно постоиме и ние непартиските и нероднинските ;)
    Малку сме, потешко ни е од другиве за се', ама постоиме.
    Колку повеќе не' има, толку подобра ќе биде услугата.
    Дури ни партиските не се до толку легачи колку тие со роднинска врска примени...
     
    На Желба, elena.mak, Sexybaby86 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.870
    Допаѓања:
    99.643
    Камелија, кажав колку постоите. Не мора во секој пост да се пронаоѓате.
    Реалноста е таа, исклучоци тук-таму по некој.
     
    На Желба, elena.mak, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Освен ако не работиш во некоја институција, процентите ти се... од ракав.
    Не сме до толку ретки.
    Ретки сме, ама не сме "1% ако и толку".

    Може во друга институција 100% се партиски, не можам да знам. Зборам од искуство.

    Власта се смени, 5 души во цела институција сменија, двајца нови се "пикнати".
     
    На Желба, elena.mak, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.