Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    69.256
    Јутро! :coffee:

    @Lilit (y) х100 за последните неколку поста.

    Дообуки, курсеви, јазици, семинари и дури и нешто позахтевно како втор, па и трет факултет - јас сум за сето ова. Доживотно учење е еден од термините во кои што дефинитивно се пронаоѓам, уживам во секој аспект од процесот на акумулација на нови знаења.

    Имаше период кога студирав и работев (волонтирав повеќе) на проекти преку УНЕСКО, баш убаво искуство стекнав преку нив и кратко после завршувањето на последната соработка со нив, бев на интервју каде што сопственикот на фирмата седеше со раскопчана кошула и златен ланец околу врат и појма немаше што е тоа УНЕСКО... (facepalm) Ко во селска биртија да влегов..

    Имам одено на еден куп интервјуа, ми беше интересно да видам што луѓе работат по фирмите и да ви кажам, повеќето, ако не и сите, беа толку уфилмани и занесени, полни со предрасуди и набилдано его до небесата. Кога и да помислам на тоа, ми се превртуваат цревата.

    И не, не сум "дигната" и не се "правам важна", туку нема да дозволам да бидам понижена или гледана како помалку вредна. Тие таквите не заслужуваат два пати да ги погледнам. :)

    @duffi да пишеш како е малиот. Се надевам веќе помина температурата! :hug:

    @Annath врати ни се!!! :hug:

    @Ane-Goki1 пиши и ти некогаш, ептен те снема периодов. :hug:

    Денес ме болат мускулите од вежбање, мислам дека ќе земам пауза еден ден. Да се фатам за учење сега, ова Б2 било потешко од што очекував, милион нови зборови. :D

    Имајте убав ден! :sun:
     
    На ♡BuBaLe♡, *Ench@nted*, Mr. Right и 24 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Еднаш ама ептен одамна, на другарка дечкото кој студираше во Бугарија медицина си дојде на викенд, па немаа каде и таа (така да речам) ми наметна да дојдат кај мене дома-да се ,,виделе,,
    Јас сама бев.
    По неубаво не сум се осеќала.
    Јас во детската дремам како некој мисир, а тие стенкаат во дневна.
    И касетофон пуштив да не слушам.
     
    На ♡BuBaLe♡, NarCis@, LejlaD и 17 други им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Тоа цимерските работи ептем ме ежат. Оно, се до една конкртна цимерка што ја имав ..се' беше океј, освен со оние типични глупости каде ти ја јадат храната, ти ги трошат средствата за хигиена..оваа ми ја поплави собата дур имаа секс со дечкото кој го сретна вечерта (под туш), а јас во соба пробував да заспијам оти, утредента имав испит. Коа се свртев имав што да видам. Плива тепихот. Другата цимерка од коа и раскажав, а јас си заминував од Софија и она штрафта фаќаше кај роднини, другарки..не остануваше со неа сама.
    Ме вративте сто години наназад.
    Гуд морнинг Северњаци :D вчера чекав снег, или завчера беше. Мада викав сакам да се растопи...носталгија ме фаќа кога гледам како го снемува. Плус па и трејлер излезе за новата сезона на Game of Thrones :D The North remembers, бејби :rofl: Ми се шета надвор од градов, па и надвор од државава. Али ај ќе речам надвор од градов оти ми се брмчи со лепотицана на подалечна дестинација од Ново Лисиче Сити мол и подалечко,мада и оваа дестинација не е за занемарување. Жими се, по пат се уморувам и ми иде да си направам пауза за ужинка:D just kidding. Се распишував со една мома од Казахстан бе. A баш пред неколку недели гледав видеа за Астана и ми се сакаше да се отворат патишта за натаке.:smirk: Ај бе, нека се. Ќе бидам добра, обеќум.:l::D
    И т'ј. Не знам друго што сте зборувале.
    Не знам шо сум разбрбљана олку од сабјле.
     
    Последна измена: 15 јануари 2019
    На ♡BuBaLe♡, *Ench@nted*, Mr. Right и 31 други им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.870
    Допаѓања:
    99.645
    Јас па до врата се долепив за да се уверам дека не халуцинирам(facepalm):rofl:.

    Не, стварно не знам како се опуштија, а знаат дека во секој момент можам да станам до веце. И?:worried:
    Па мене се таму би ми бил паметот, ни С од секс нема да осетам.
     
    На Mr. Right, flower30, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.660
    Допаѓања:
    107.496
    Пол:
    Женски
    Добро утро мил народе!
    Како сте ми ?
    Сте се изнапишале едвај ве прочитав.

    На интервју сум била неколку пати.
    Бев прашувана за брачен статус и деца и дури во една фирма бараа моја гаранција дека во следните две годиини не планирам бременост:x
    Не планирале да се ставале во ризик за мене да бареле после замена за мене.


    Откако сум мажена имам работено на две места.
    И на двете места добив работа кога барав од врата на врата.
    Си велев од 10врати на кои ќе тропнам една ќе се отвори за мене и така и беше.
    Се јавував закажував средба кажав и за што ги барам ме повикаа разговаравме се договоривме и почнав со работа.
    Имаше и одма каде бев одбиена но ете имаше и каде бев повикана сослушана и дадена работа.

    Но подолго време си го имам зацртано она дека јас сум родена да работам за себе.
    Па ете така и бидна.
    Инаку ми се има случено на огласи кои се објавени во АВРМ да одам на интервју и да ми кажат дека огласот бил формален бидејќи од внатре во фирмата имало веќе кандидат за таа позиција.
    Осеќам како да ќе настинам односно осеќам како настинкава сака да ме дрмне ама лимонот што секој ден го пијам валда не дава.
    @Annath фалиш овде:hug:
    Убав ден друшки
    Повелете кафенце
    :coffee::coffee::coffee::coffee::coffee:
     
    На *Ench@nted*, Mr. Right, Желба и 28 други им се допаѓа ова.
  6. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.092
    Допаѓања:
    154.759
    Пол:
    Женски
    Добро утро :sun:
    Многу е убаво надвор ако е ладничко, некако зимово имавме среќа со маглишта ама рано е има време да не се радувам однапред :)
    Ех тема за работа, не можам да се свестам како поминаа толку години како веќе работам. Лета времево ептен.
    Пред да почнам во сегашнава фирма работев по кафиќи, чував деца, саеми, привремено во компании... Во сегашнава фирма дојдов на разговор преку една девојка која не ја ни знаев доволно, имаа ослободено место, ме примија нели на пробно, останав долго време на договор за дело. Не се наоѓав нешто многу на почеток, не можев да се вклопам во средината, па во меѓувреме барав нешто друго, бев во една голема компанија на интервју и тоа интервју ми беше доста стресно. Едно место што за малку не можев да го добијам ден денес не можам да го прежалам, а бев во првите 3 :( , таму интервјуто беше толку пријатно, со нормални луѓе и нормален разговор. После ме префрлија во друг дел од компанијава и тие неколку години ми беа најубавите моменти во работниот век мој, колеги погодени, атмосферата одлична, работа имаше доволно, но течеше некако се полесно. Ама се сменија многу работите во меѓувреме, сега морам да сум искрена дека не сум баш најсреќна, премногу стрес, соработка не баш најдобра, премногу волци.... ама добрите страни, иако може се помалку од лошите, ме држат. Можам да пишувам бесконечно ама не би.
    Мислам дека ме јаде и "burn out syndrome" не џабе во развиени земји луѓе почесто менуваат работни места, ама може и повеќе да си е до мене, не можам никого да обвинувам, па ни државава. Знам дека ми фали премногу самодоверба и храброст, но некако се намалува наместо да се зголемува. Да можам да де вратам назад мислам дека поинаку би изиграла многу работи ама со овој памет не со тогашниот :)
    Епа ај да поработиме веќе кога сме кај работата :)
     
    На ♡BuBaLe♡, *Ench@nted*, Mr. Right и 27 други им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Ај добро утро.
    Пак за секс а :envy:
    Втор ден главоболки, работа еден куп, јас на фемина. Ќе средимо све, нема гајле :wasntme: Расположение=чекам колата да ми се падне. Кај и да е, деновиве :!:
    Детево ми е нешто депримирано, не знам што му се дешава. А јас одма мајчински инстинкт, да се грижам за некого |(
    Веѓиве ќе ми полетаат уште малце, ама се правиме дека ги раснеме за да мењаме форма :!:
    Ај, ај да си поработам, ќе дојдам пак со кафето :angel:
     
    На ♡BuBaLe♡, Mr. Right, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    Посабајлечки си држам лекции зошто (ама зошто???) дозволувам ситни души да влијаат на мене.
    Дур си мантрам во себе накај работа и стигам, гледам колешка ми бетер од такт извадена од исти такви. Саат време ми кажуваше. И ја слушав, сакам да и олесни. А не е жена, жениште е. Стварно е незаменлив лик во работата. Да не речам нема подобра.
    Дете оставив да спие а јас си се успав стандард. Чекам второ кафе да праам.
    @Milobebence да. И за мене кога ме примаа имаше оглас зашто е формалност. Мора така.
    Па дека не примаа цела група што бевме под договор, некои студенти прочитале 30 луѓе ќе се примаат и ги гледаш 100 души дошле на интервју :drunk:
    Вие арни? Што ќе збориме денес?
     
    На ♡BuBaLe♡, Желба, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    На ова работно место почнав од чиста среќа. Ним им требаше почетник, а јас ги пристапив директно ден пред да пуштат оглас, па им се најдов, видоа дека имам желба за учење и тоа беше тоа. Две интервјуа подоцна - почнав во рекорден рок. За плата не ме прашаа, и поарно, макар да за почетник ич не ми беше битно колку ќе кажат. Сакав и ми требаше искуство.
    Сега секојдневно добивам покани за интервјуа. Таква ми е професијата, работа колку сакаш. Ама сум пребирлива, ко @Lilit што рече. Знам дека на друго место ќе имам поголема плата, ама сакам да работам на проекти со кои можам да се фалам, кои имаат вредност, а не само да кажам "работев таму" и да треба да ќутам за што сум работела. Овде исто ме ставија на некои понебитни проекти последниве месеци, и дури плата ми покачија, си го сфатив јас покачувањето како "извини што не работиш ништо битно" и жити се, три дена умрев од нервоза. Сега ми помина, т.е. ми дадоа барем нешто малку поинтересно.
    Прашањето за плата ич не го сакав порано, сега ми е омилено само затоа што добивам многу покани за интервјуа, па тоа е начин уште од почеток да ги елиминираш оние со кои нема да се согласите за плата. За професии ко мојава ми е јасно, за други не ми е и веројатно би одбегнала да го одговорам и би се маткала како киша око Крагујевац, макар да и онака секогаш нагласувам дека побитно ми е што ќе работам околу платата. И тоа.

    Добро утро и на здравје кафе. Ние вчера кај друштво бевме и подзаглавивме, дур безобразни гости излеговме, ама на драги не му се идеше, не можев да го натерам да стане. :x Здравје деновиве кај нас ќе ги викнеме, се надевам на ист третман
     
    На ♡BuBaLe♡, *Ench@nted*, Желба и 27 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    ^ е. и ко ќе седнам со неа зашто се осеќам глупа. читајте ја и ќе ме сфатите. ама бар можам да се пофалам дека ми е другарка :angel:
     
    На Rebecca_R, TeddyGrey, NarCis@ и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Guten morgen :)

    За интервјуа, сум била на многу и не сум имала некое ептен трауматично искуство. Првото интервју што го имав беше за работа од дома, додека бев прва година на факултет. Ја добив работата и ја работев неколку години, значи завршив факултет и се запишав на постипломски во меѓувреме. Беше платена во согласност со сработеното, и уште не ми се верува колкави пари земав тогаш :x Се убивав од работа, плус учев, ама сама си го организирав времето. Тој период заштедив многу, ама и многу трошев и се распрдував, зошто убави пари, а јас млада и зелена :D После дојде нов директор во фирмата, се сменија многу работи и почна да снемува работа, па со тоа се намалија и приходите, и баталив.
    После ова имав период од скоро две години кога безуспешно се трудев да најдам работа, не знам по колку CV-ја праќав дневно кај се не. Одев по интервјуа, ама никој не ме вработи, јер искуство со работа од дома не беше искуство според нив.
    Потоа едно време работев во образование, ама како замена, и година ипол немав плата земено ни денар, секој месец беше муабетот „од следниот ќе биде“. Стигнавме до опомена пред тужба и во рок од еден ден експресно ги добив сите 18 плати на сметка. Иако најголема желба ми беше да работам во просвета, тоа и сум по примарна професија, после ова искуство реков никогаш повеќе.
    Трета по ред, а прва сериозна работа ми е оваа кај што сум веќе 7 години. Тука процесот на регрутација беше што да ви кажам, ко во НАСА да се вработувам. Прво поминав три тестирања кои се одвиваа во рок од еден месец, а потоа и три круга на интервјуа. Странска фирма е, па така првото беше со директорот за Македонија, второто со оној на регионот, и третото со глобалниот партнер. Што да ви кажувам. Ама професионално од почеток до крај. Што е најтрагично, воопшто не сакав да аплицирам во фирмава, поучена од претходното искуство, ама мм (тогашен дечко) ме натера и буквално тој ми го прати CV-то. Не сакав да одам ни на првото тестирање кога ме викнаа, ама пак тој ме натера и отидов буквално лабаво и незаинтересирано, убедена дека е превара некаква, зошто работава звучеше too good to be true. И останатото е историја, еве ме тука до ден денес, сега веќе двапати унапредена и на раководна позиција (на која имам и јас свои надредени). Напредувам, се усовршувам континуирано, имаме обуки нонстоп и така :)

    Се распишував сабајлечки и јас :)
     
    На mira.mira, ♡BuBaLe♡, *Ench@nted* и 32 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Де ма, не ми прави така :drunk:8-|:angel::*:$
     
    На ♡BuBaLe♡, flower30, TeddyGrey и 4 други им се допаѓа ова.
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Добро утро.

    Со @Lilit не можам да се согласам повеќе! На прашањето колку мислам дека треба да ми е платата, кажувам јасно и гласно колку јас мислам дека заслужувам за таа позиција. Не се деградирам и не признавам лажна скромност. Цели 10 години се надоградувам, не чувствувам никаква грижа на совест за тоа што ќе помислат и дали ќе помислат дрчна ваква таква. Ако јас не се ценам (не преценување, ценење и верување во себеси и моите способности), кој ќе ме цени? На прашања дали планирам да раѓам деца и слично, не одговарам. Ќе бидете благовремено известени ми е омилен одговор.

    Инаку, сонценцево си го сакам. Убав си е денот. :l:
     
    На ♡BuBaLe♡, Mr. Right, Желба и 22 други им се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Со интервјуа немам којзнае колку искуство, ама затоа со учење... :|
    Завршив две средни, гимназија + едно стручно вонредно (оти ми бараа црно на бело кај што работев), завршив факултет + полагав за лиценца за истата професија и пак не работам по струка. Запишав и втор факултет и полагам некои екстра курсеви, а што е најинтересно, се спремам да запишам и магистратура :!:
    Јас изгледа ептен буквално сум си ја сфатила онаа "човек учи додека е жив".:D

    Сега скоро бев на некои интервјуа за работа, ама поради моменталната неизвесна ситуација бев без некоја посебна енергија и волја. Баш кога најмалку се надевав почнаа да се јавуваат.
     
    На ♡BuBaLe♡, *Ench@nted*, Mr. Right и 26 други им се допаѓа ова.
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Дојди да се гушнеме, не сум многу поарна... :hug:
     
    На ♡BuBaLe♡, Mr. Right, TeddyGrey и 10 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Не за тоа... Нормално дека ќе ти пречи некој да те брка од креветот кај што спиеш.
    Туку.. зошто ти пречи ако имаат секс во дневна?
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Еве работиме на случајот, и еден намиг праќаш ;) :D
     
    На ♡BuBaLe♡, Mr. Right, flower30 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Ненаспана, едвај се разбудив. Сакав телефонот да го лупнам од ѕид, ама што ми е тој крив што јас си имам обврски. Еве ме пијуцкам топло кафе да ме стопли. Пак трески ме тресат. Не можам да се згреам и толку си е. Раце, нозе, мраз ладни...

    Еве стигна и 15ти септември. Јануари де. Последен ден од предизвикот, се качив на вага, дури 400 ГРАМА сум во минус. А "внимавав" на исхраната. Сега ќе појдам да си купам чоколатце од 360 грама да надокнадам. 20тина дена пазење што се јаде за едно чоколадо... Не фала :D (facepalm)

    @Annath и @stetoskop да се пријават на рецепција. И сите други што неколку дена ве нема да пишите, одма да шкртнете неколку реченици. (fingers)
    Смејте се колку сакате, ама на времето кога имав време повеќе, Домаќините ги гледав редовно и ги осеќав како мои другачки. Сега слично чувство имам со темава. Скоро 3 години секојдневно ве читам, може и не обраќам внимание на детали и не памтам се, ама сакам да ве читам редовно. И кога некоја ја снема, ја мислам. @Dust пиши и ти збор два

    На интервју тука скоро секаде исти прашања вртат, обавезно прашуваат за сексуална ориентација и религија. Ми вика, кажи нешто позитивно за себе. Викам епа совршена сум. И многу скромна. :D
    И имам смисла за хумор. (facepalm) :party:
    Се паднаа од смеење сите до еден.

    За цимерски живот, немам коментар. Немам такви искуства, обично сите со усул биле... И а со свој личен простор да нема потреба на јавна површина да...знаете што :lol:

    Пак ќе доцнам јас... ]:)
     
    На ♡BuBaLe♡, *Ench@nted*, Mr. Right и 21 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Е тоа никогаш не ме прашале, а и да ме прашаат не би одговорила.
    Ме имаат прашано дали би ми било проблем да престојувам подолго во странство, на пример, ама тоа било нешто што било битно за позицијата, и битно е да примиш некој кому не му смета да го извршува тоа основното од позицијата, нели. Ама никогаш ме немаат прашано за деца, маж, сопруг. Еднаш беше работа за селење, па ме прашаа со кого би се преселила, па ми дадоа да бирам буквално кој и што сакам, до милениче. И беше битно за да знаат колку ќе ги кошта мојата преселба, плус гарантираа дека ако се селам со други членови на семејството ќе им дадат работа и ним. Одговорив само "Со партнерот" никој повеќе ништо не праша, ни машко, ни женско, ни ништо. Знам дека е повеќе од што би рекла, ама е нешто што мораше да го знаат.
     
    На ♡BuBaLe♡, Желба, mareane и 15 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Нема шанса софтвераш да го чачнат. Знаат оти има кај да им избега.
    Ама за продавачка/конфекционерка/општ работник по фабриките... Се' и сешто ќе те прашаат.
    Па уште и очекуваат благодарен/на да си за тоа што нудат работа, ако им шлапаат муцките ко на ... ај да не зборам...
     
    На Mr. Right, mareane, NarCis@ и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.