Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.433
    Допаѓања:
    183.939
    Пол:
    Женски
    @Alishan30 шо убаво збориш за внукичка :inlove: Да знаеш тетка има значајно место во нивниот живот :D
     
    На mal.ecka, bittersweet, ♡BuBaLe♡ и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.234
    Пол:
    Женски
    Баш ке ги ставам во соодветната тема, да ги видите, колку се само убави:inlove:
    Прчла на тете ќе ја правам:D 8) :emo:

    Едит:ете гииии:inlove:
     
    Последна измена: 15 јануари 2019
    На mal.ecka, ♡BuBaLe♡, SV1911 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.176
    Кога слушам како други зборат за интервјуа за работа, се чуствувам како паднат од Марс...|(
    Од 18 години сум во сегашната фирма, веќе речиси 26 години ќе направам таму...на многу работни позиции.. горе - доле ... веројатно сега сум на врвот од кариерата и немам амбиции за повеќе, добро ми е.
    На интервјуа одев единствено за прераспоредување на други работни места... жива глупост, само формални муабети, однапред познати среќните добитници , останатите бевме се едни исти, од интервју на интервју....
    Ми текнува еднаш... " Зошто сакаш да работиш на тоа работно место???
    -Ако влезеш ќе му бидеш шеф на твојот сегашен шеф"
    Им викам... " Прво е поглупав од мене... понеписмен... нема образование колку јас... не е способен...никој не го сака... освен вие, бидејќи заради набројаните особини мора да биде послушен и покорен за да си го одржи работното место" ....
    Понепријатна тишина немам видено во животот... цела комисија со погледот кој во таван, кој во ѕид, кој во хартии на маса... станав и си излегов среќен како да сум добил на лото....:lol:
     
    На mal.ecka, ♡BuBaLe♡, SV1911 и 30 други им се допаѓа ова.
  4. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Значи одма ве осетив дека ве има помлади у темава и тоа доста ;)

    Јас имав неколку помлади колеги или колешки кои ги обожавав, ем млади, ем паметни, ем зрели, воспитани...некогаш си мислев за секој од нив, како јас не те родив :inlove: Сите ги окуражував да рашират крила и да пробаат колку високо може да летнат, па со тек на време ми стануваа бивши колеги, но со дел од нив уште се гледаме повремено на кафе. И од помладите има многу што да се научи :), но мене секогаш најважна ми била енергијата, ако се поклопи, годините се небитни.

    Не знам дали и на другите што се 40+ им се случува истово, но мене со годините ми ја снема желбата да се расправам и објаснувам, сегде и секогаш. Застанувам, го гледам тој од спротивната страна и ако сум на шалтер на пример, си заминувам.
    Еве денес на пример, во аптека, брзам да купам маска на парче за татко ми, за да го однесам на лекар и аптекарката шмрка, си го брише носот и со истата рака ми вади маска, која мене ми треба за да го заштитам татко ми од вируси. И реков дека само што си го избриша носот, ако може колешката да ми даде друга маска и типкава со носов, возрасна жена ми вика: - "Па што има врска тоа"?
    И ја стојам, ја гледам, си мислам у себе дали си ти нормална жено и од уста ми искача: - " Немам време да се расправам, ќе одам во друга аптекa". И отидов. А не дека немав баш толку време...
    Да бев помладата јас, ќе се објаснував, расправав и некогаш и се јавував у дирекција да се пожалам, а сега едноставно немам волја за такви работи, не ми се троши некогаш енергија...ви се случува истото?

    Иначе успеав и да паднам, ако помине една зима со снег во која нема да паднам, ќе частам :D
     
    На ♡BuBaLe♡, SV1911, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Можам слободно да кажам дека денешното интервју беше едно од подобрите во мојот живот! Опуштено, на ниво, секое прашање поткрепено со факти. Со еден куп трик прашања што одговараат за таква позиција, со плановите на фирмата, ма со се'! Никакви непристојни предлози и прашања, ни деца ни бутур ме праша некој. Што јас мислам за позицијата и плановите, се' по ред. Каде се гледам во услови и финансии одговорив искрено, беше прифатено нормално. Само што стигнав дома ми се јавија за наредна недела, да се утаначат условите и да се видиме уште еднаш дали ќе се најдеме. Сума сумарум, јас и мојата "машка" струка се снајдовме добро. (fingers)
     
    На *Ench@nted*, Ygritte, mal.ecka и 37 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Проблемот со тие таквите не е само во ваквите "обични" професии, туку и на едно многу повисоко ниво, каде што да, треба да бидат и многу амбициозни вработените и постојано да се надградуваат.

    Ама, па и тие што се "лежи лебу" а се мои колеги, прават лоша слика за мојата работа. Прават лоша слика за мене и за нас малкумина што навистина си ја сакаме работата.

    А во однос на пари, секако дека се важни. Јас никогаш нема да заработувам тука нешто екстра, ама па и не се гледам себе во ни една професија во која има "екстра".

    Ако дојде ден да морам да работам за повеќе, може и ќе работам нешто што не го сакам и не ме исполнува за повеќе.

    Сега за сега не морам, така што не можам да кажам дека сум нешто задоволна, ама не сум ни разочарана.

    @Cosmi кај мене врскаџиите се 90% роднински (деца, внуци на веќе вработени) ај 10% нека се партиски.
    Може кај нас поинаку функционира него на други места, не знам :)

    Да имав членска во партијата која беше на власт кога се вработив, со оглед на тоа колку јавно ги критикував, верувам ќе се потрудеа да ме "отчленат" :D
     
    Последна измена: 15 јануари 2019
    На Желба, ♡BuBaLe♡, SV1911 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Честитки елена. :*

    Вечера дадена ручок се прај за утре. Немам нешто посебно да кажам искрено дека читам чим најдам момент па само на елена сакав да и честитам.
    Денов некако во бунило ми е. Како во магла. Не знам што ми е и зошто така ама пример да треба сега да одговорам на нешто стручно не би можела. Немам апсолутно никаква концентрација. .. ќе да ми фали сон...
     
    На Желба, mal.ecka, ♡BuBaLe♡ и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Добровечер :)

    Честитки @elena.mak , се надевам ќе најдете заеднички јазик и ќе ти биде супер. Браво! (fingers)

    Ние со гости попладнево, дојдоа со малиот да си поиграат со бебка. Се изнаџапаа за истите играчки, нормално, тој и ги зема, оваа мојава му ги трга од рака и бега со лазење одма шпринт :D Леле колку брзо лази немате појма, ко во струја уклучена. Дифтарче на мајка и е, морам да кажам :inlove: Копија на татко и физички, ама карактерно иста јас :inlove: Мм нека му ја мисли богами, кај терсене, па и наопаку сме :D Чудо едно како од мала покажува карактер. Дунда една :l:

    Па маж заспа дете, јас се избањав, исфенирав, сега ќе се јаде нешто блашко и ќе се гледа сериичка. This is us утре ми почнува, конечно :clap:

    Убава вечер на сите. Ау 10 ипол дошло бре :| Јас мислам 9 е (facepalm)
     
    На Желба, *Ench@nted*, mal.ecka и 26 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.435
    Допаѓања:
    37.681
    Пол:
    Женски
    Може ли да се надоврзам од нигде и никаде?
    Ние бевме четири во соба. Чекав да сврши па излегов од соба, слегов доле го пријавив на рецепција. Во студентски дом ова. Осет да се немало. |(
    Па ми рече дека сум била љубоморна дека мене не ме е*** затоа сум го пријавила. :wasntme:
    Требаше да станам за на факултет па на работа уште оф ах ми фалеше да слушам над глава. ]:)

    Инаку поскапеа становите во Скопје. Кај и да е кирија како во Германија ќе биде.
     
    На Желба, mal.ecka, ♡BuBaLe♡ и 22 други им се допаѓа ова.
  10. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    279.202
    Пол:
    Женски
    Знаете што е најжално во врска со професииве во Мк?Што гоолем дел од тие што ги потценуваме:касиерки,шивачки,продавачки,градежни работници..често се мнооогу пообразувани и поспособни од тие на високи раководни места на кои дошле по заслуга на нивните мајка татко или партиска книшка.
    И што професиии кои некогаш беа репер за почитување,образование... сега станаа синоним за потсмев и сожалување...(Пр;наставник,правник...)

    Преморена сум,а допрва ме чека работа,навистина ќе ми треба некој енергетски пијалок.
     
    На Желба, *Ench@nted*, bittersweet и 26 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Кај поскапеа и колку? Не сум во тек..
     
    На Milobebence, LejlaD и gjoker4e им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.435
    Допаѓања:
    37.681
    Пол:
    Женски
    Во 2012 плаќавме многу ефтино кирија. Три цимерки 50 квадрата 170 евра. Во 2013 три цимерки 50 квадрата 220 евра. 2014 250 евра и више во 2015 мораше во студентски да седам. Последно кога гледав нормален 50 квадрати стан беше 300- 400 евра, а платата 200 евра...

    Ја мислев ќе ме прашаш зошто не сум им се придружила, ти за киријата. :D
     
    На Желба, *Ench@nted*, mal.ecka и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Natasa87

    Natasa87 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2018
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.007
    Пол:
    Женски
    Добровечер и од мене :hai:
    Кога зборувате на тема станови во градов кај што сум мажена ми кажаа гарсоњера коштала 25 000 евра и се чудев бидејќи во Скопје испод 40 000 не е знам бидејќи братучетка моја работи со недвижности.
    Инаку влегов во 31 недела имам тежина во долниот дел од стомакот, имам менструални болки нормално ли е тоа? :D и почести движења. Грбот ме боли многу ;( не можам ни да седам осеќам како нешто да ме притиска под желудникот :)
    Се мислам да си легнам :)
     
    На Желба, ♡BuBaLe♡, Sexybaby86 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.433
    Допаѓања:
    183.939
    Пол:
    Женски
    Јас плаќав гарсоњера во Центар 100 евра. Да, малку беше и среќа, ама повеќе од 150 евра за гарсоњера на оваа локација не сум начекала досега.
     
    На Желба, ♡BuBaLe♡, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    И јас не би се придружила... :shake:

    Мислев за нови некои поскапувања да не зборуваш...
    Иначе.. Пред 10 години кога прв пат гледавме станови во СК, беа по 750-800евра од квадрат, во Аеродром.
    Сега Битола толку се...
     
    На Желба, mal.ecka, ♡BuBaLe♡ и 9 други им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    И јас сум од тие со воајерски секс во иста соба. Три цимерки. Пет и кусур години..ехе, приказни, приказни. Од денешна перспектива ми е пресмешно:))) ништо не би поинаку, ми фалат луѓето. Куп цимерки имам сменето пошто никогаш нејќев со другарки да сум за да не се закараме. Добив затоа една супер другарка до денес, и пар други со кои сеуште комуницираме и се смееме за сите доживљаи:)))

    Некој спомна за burn out синдром ради не-мењање работа. Не знам дал е до тоа, колку што се години во прашање. И тоа другото те согорува... Постојано трчање, несигурност....трчи да добиеш, трчи да спроведеш, па трчи по друго да добиеш. :) Сакам да осетам тро стабилност и ко за промена, на готово да си седнам и да се заседнам некое време бар. Да не сум тој што прави се, од - до. Не се опишува колку сум уморна без оглед што не би друг сектор. Ама па, знам и за доста полошо пошто, ете, за мене стана природно да се ми е нестабилно и променливо, чак и јас станав таква па, а сее осеќам ко да не можам да се стартувам и инспирирам...ќе ме најдете на интервјуа за секаква работа чак и како работам нешто лево заради нова средина, луѓе, инспирација...да избегам од вообичаеното. :) Да не набројувам што се имам правено во такви ситуации. Пациент. Сам на себе. Ама ми треба тоа, терапија ми е. И така.
    Ми измрзнаа колената на студов. Али убаво ми е студеново. Па муабет за колективна диета пошо, последниот обид беше колективно неуспешен. Кај се најдовме вакви, дртави лузери, аман. Уствари, кај ни замина вољата, карактерот....:envy:
     
    На Желба, ♡BuBaLe♡, Sexybaby86 и 22 други им се допаѓа ова.
  17. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    95.281
    Пол:
    Женски
    Гутен абенд:*:
    Да си фатам дневен ред на теми:)
    Цимерски живот ехехехеееее,што немам видено.Секакви карактери,приказни,другарства за цел живот,крадено јадење,кујна во која има само турско и мувлосана тегла ајвар,повеќе алкохол од вода..убави времиња и спомени:)
    Секс сум чула крцкање на кревет,и еднаш еден коњ после туширање си излезе замотан во моја крпа:envy:.Одма визуелизирав остатоци од сперма,и ја фрлив држејќи ја со кеса на рака.
    Со последната цимерка живеевме сами 3 години,многу убаво се разбиравме и супер функциониравме.Ми фали.Сега е во Германија ама далеку ми е,се договоривме да се најдеме на пола пат и да истераме викенд заедно:inlove:

    На многу интервјуа сум била,повеќето биле со препичени полуписмени шефови и трик прашања прочитани од гугл,кои бараат веќе познати одговори:headbang:
    Еднаш еден газда за 2 мин процени дека сум идеална за работната позиција,и ме праша дали имам љубоморен дечко,оти требало да го придружувам на ручеци и патувања.
    Бре мајката,за 300 евра плата и придружничка да ти бидам.

    Е тука,за сегашнава работа,првото “интервју” ми беше телефонско.Тие 10-15 мин мислам пола коса ми побеле,не за друго,тазе ми беше учен јазикот и бев ептен несигурна и уплашена.

    @elena.mak знам дека ке те викнат пак(fingers)

    Убава вечер:hug:
     
    На Желба, bittersweet, ♡BuBaLe♡ и 25 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.505
    Допаѓања:
    91.327
    Пол:
    Женски
    Ај плиз дајте ми идеја што уште да цртам за нурсери принт.Оние постери американците што ги ставаат во бебешки соби.Имам зебра,жирафа ,лав ,уште 2 што да цртам?
    Не сум баш :tmi:,кои животни би оделе во бебешко детска соба?
     
    На Желба, LejlaD, Milobebence и 7 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    И тие се burned out :D

    Никогаш не сум била амбициозна...
    У ствари, кога ќе размислам.. за ништо не сум била амбициозна.. Ни за работа, ни за брак, ни за деца... се' така ми 'се дешаваше'.

    Би сакала да работам нешто што ми е задоволство да го работам.. Како што напоменаа погоре.
    Претпоследната работа ми беше многу убава.
    Арно ама, работните услови, парите, и сите сплетки што се случуваа, не ми дадоа глаа да кренам!
    А со ќеф работев... и прекувремени, ако не секој ден-секој втор ден.
    Задоволство ми беше да цртам... Седам на компјутер, прам то шо сакам, и уште ме плаќа некој ...

    Ама налет, ако имаш будала газда кој псуе вработени (мене не, иначе ќе му летнеше глата), и ни основица да не земеш, а место 40, имаш 75 саати работна недела... ако не и 80..

    Ми пукна филмот на 6тиот месец, на сред договр, и побарав да ми потпишат раскинување.. Будалите ми бараа бланко да потпишам оти менаџерката беше на отсуство.
    Седев.. два дена, одев и седев така.. Дури не ја свикаја на некој саат, дојде потпишавме и си отидов.
    После свикаа состанок на ниво на фабрика.. Оти им изнареков се'... дека ги крадат вработените, им кинат саати... Сите до еден се жалеа.. Кој влези в канцеларија, тој муабет го праеше.
    На состанокот го изнеле моето тврдење, никој не го потврдил тоа што сам го зборува кога не е пред нив...

    Ама јас мом да си дозволам да си отидам... А таму работеа такви, кои фамилии ранеа со тие пари..
    И кој им беше изборот? Да трпат!
    Катастрофа!

    После тоа правев со многу луѓе муабет, баш за тоа искуство, и колку неправди бла-бла (Калимеро).. Сите со кои зборував, ми искоментираа: Ами и кај нас е така..
    И не ме утеши тоа.. Уште толку ме доразочара...

    Меѓу другото.. зошто сакам во ЕУ, по нивни правила.. е и овај проблем...
     
    Последна измена: 15 јануари 2019
    На Желба, bittersweet, Sexybaby86 и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.344
    Пол:
    Женски
    Мајмунчиња:bandit:
     
    На Sexybaby86, LejlaD, doubleg и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.