Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Хелоу :yawn:
    мистер Рајт,седи мирен,арно те замислував дека си убав:D 8)

    Паметно, ништо немам што да кажам, само да ви кажам дека од вчера почнав повторно да фотографирам. Па да ве поздравам сите, а и @dunika @bittersweet @SV1911 @danichap @vitamina и @malerozna и сите други кои не ми текна а сте надвор од МК.:hug: :hug: :hug: :hug: :hug: :hug: :hug: :hug:
    Има убавини и во нашата "државичка":inlove:
    IMG_20190127_190554_838.jpg

    IMG_20190127_190245_486.jpg

    received_364817424070722.jpeg

    Ај добра ноќ(highfive)
     
    На ***Bony***, Желба, Skorpija25 и 28 други им се допаѓа ова.
  2. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Многу мразам кога дискриминираат! :envy:

    Луѓе, нема ни 10 а ми се спие. Се мачам. :|
     
    На Sexybaby86, Annath, NarCis@ и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Јас не дискриминирам, баш во убавите те ставив:D
     
    На Sexybaby86, Annath, Milobebence и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    Screenshot_20190128-214445.jpg

    Screenshot_20190128-214445.jpg Screenshot_20190128-214434.jpg

    Јас нешто вака си замислував екстензиите :^):D:D:D
    У 10 саат гладна била екипата Ајмо на вечера изволте, шо има по дома тоа. (facepalm)
     
    На Желба, Skorpija25, Sexybaby86 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    @Espadrila тугоо.. :drunk:

    Знаев дека сум гуд хасбенд матиријал. :emo:
    Мажите родени во овие три хороскопски знаци имаат квалитети кои ги прават „совршен материјал за брак“:

    Водолија
    Водолиите тешко го даваат своето срце, но кога еднаш ќе се вљубат подготвени се се’ да направат за тоа лице.Како сопруг, Водолијата секогаш ќе се труди да ги исполни желбите и потребите на својата жена и ќе ја третира како принцеза, а покрај овие родени авантуристи никогаш не е здодевно. Единствена мана им е нивната претерана чувствителност поради што понекогаш можат лесно да се налутат.
    :D
     
    На Желба, Skorpija25, Sexybaby86 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.086
    Допаѓања:
    154.676
    Пол:
    Женски
    Е поубаво не можеше да опишеш, тамам од збор до збор. И што вика @Annath мора се да се исполитизира кај нас. Ќе се фатат сега опозиција за загадувањево да го користат како кампања, исто ко и претходните. А треба ако се појави некој од опозиција на протест фино лепо на клоци да се издига зошто 100г беа на власт, а подобрување на квалитетот на воздухов им беше задња рупа у свирало. Овие па се маваа у гради демек ќе направат нешто, и пак на заден дневен ред им е, ако воопшто и размислуваат во таа насока што чисто сумњам. Ама така ни функционира мозокот како народ (само сдсм и вмро ни се во памет), еве пример, луѓе што ги познавам што влечат повеќе накај вмровска страна, додека беа вмро на власт викаа "абе секогаш било загадено ама не сме знаеле па не се зборело, ништо не е различно од порано, само фама се крева, ова сдсм буцкаат народ..." А сега откако се сдсм на власт истиве овие од секој ден брмчат колку е загадено а овие пак на власт ништо не превземаат. И обратно. И мислам 90% од народов вака размислува.
    Да не се правам жизик, признавам дека не сум отишла на ниеден протест досега, не од што не сакам ама што спомна некој погоре се нешто си наоѓам изговор а не е воопшто за правдање. Си ветувам сама на себе на наредни ќе одам.
    Јас мислам ни за толку, ќе се распадне еу пре него ние да влеземе. За нато не знам искрено ама знам дека со тоа не ни се отвара можност тики така да си се напушти држава и лагано да си отидеш во еу држава и да си се вдомиш и вработиш.
    Жити се бе денешниве деца, се гледа дека си бааѓи генерации пред +40ка, безопасни место менѓуши и пирсеви панкери носеле еееее јас не сум била родена
    Screenshot_2019-01-28-22-36-08.png
    Нешто сум мрчаторски расположена денес. Ми се кара со некој :devil:, мм ми заспа не можам со него :) . Им запретив на деца дека од утре ако продолжат со вакво лудување во период кога треба да се спремаме за спиење ќе превземам радикални мерки, уште да смислам какви :D, неоти разбираат што значи тоа ама сигурна сум дека ме разбраа колку им бев лута :)
     
    Последна измена: 28 јануари 2019
    На Желба, kuc, Ygritte и 19 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Тоа за загасувањето мене смешно ми е што прават баш вчера ли беше прокоментирав.

    Полани исто беше скопје вмро ништо не неправи овие ломотеа, сеа иста приказна само сменети улоги.
    Со кој срам..

    Абе треба сите да се сотрат.

    Нит имат срам нит перде.
    Јес да политичари ама овие од крајности на крајности одат.
     
    На Желба, Sexybaby86, dunika и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Се гледа дека си мрчаторски расположена. :D Ама тотално неубаво за око и глупо па без разлика од кој период е оваа "мода".
     
    На Skorpija25, Sexybaby86, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.421
    Допаѓања:
    183.803
    Пол:
    Женски
    Е не си во право. Замисли ѝ се скине копче на кошулата и оп, вади од уво безопасната и среден проблем :rofl:
     
    На Желба, Skorpija25, flower30 и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Абе на глас се смеам. Улава си! :rofl:
     
    На flower30, TeddyGrey, Sexybaby86 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Добра вечер друшки :)

    Да ве поздравам само со песнава, ме потсеќа на сите нас, а на @Mr. Right најмногу :D

     
    На kuc, TeddyGrey, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Можеш, тие на улица не пребираат :)
    Во Дојран видов како тазе риби од езеро си ловат :D
     
    На Желба, TeddyGrey, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.173
    Допаѓања:
    137.409
    Пол:
    Женски
    Вмро ил Сдсм, се ти е тоа исто с**ње, различно паковање. А и да не се тие, да се сасвим трети менталитетот не се мења.
    Коа сме кај протести, вчера кај нас протестираа лозарите, за неисплатеноста од 2015 наваму. Плоштадот ни е на минута од дома. Излезе мм колку за подршка. Ние немаме грозје за продажба, тоа малку што го имаат нашите родители ни е за вино и ракија само, не продаваме. Не сме директно засегнати од исплатата, меѓутоа јасно е дека влијае многу на куповната моќ на граѓаните кај нас со што пак индиректно сите сме засегнати. Кој го сретнал будала го напраил, за чии цели излегол, кој му рекол да излезе, зошто баш он излегол коа не биле излезени ни тие шо треба. За 15 минути дома си дојде. Вика како не ми текна да им речам дека иам огромна декаража па тиа постарите да се чудат која нива е моја :D

    Едни пријатели имаат многу убава фонтана во двор и пуштија рипки еднаш. Мачка до вечерта им ги утепа и изеде сите :(
     
    На Желба, Skorpija25, kuc и 21 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Не знам што очекуваа, да ги чешка по грб ли :D Мачка е, предатор е, не е куче па да чека да го нахрани некој, сама си ги решава проблемите :D
     
    На Желба, TeddyGrey, Sexybaby86 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Ааах... политика...

    Тој политичар што ќе не внесе во НАТО и ЕУ, за мене е добар политичар.
    Одамна сум 'заговарач' за интеграција на МК во ЕУ.
    Кога бев млада и перспективна, бев дел од невладина (не, не работев за пари, волонтирав), која се залага за обединување на Европа. Плус, за мене, визијата за добар глобален систем, е оној, во кој цел свет е обединет, нема граници, нема нации, сите имаат исти права, исти одговорности и исти можности. Не знам која од вас ја гледала Стар Трек.. нешто во стилот на Федерацијата.

    Никогаш не сум гласала за ВМРО, и никогаш нема да гласам... затоа што по убедување сум левичар.
    Македонија ја сакам. Сакам да останам да живеам тука, ама не сакам да е ваква, каква што е.

    До душа, напредокот се движи со брзина на најспориот примерок, и за да видиме вистински промени, треба народот да ни е со поинаков мајндсет. Национализмот, неедуцираноста, 'што ќе речат комшиите', врски за на мочање.. сето тоа е проблем со ист корен - толку ни сечи.

    Може политичар нема да го среди тоа, најверојатно ќе мора да чекаме и на еволуцијата 'да одработи', ама не ми е проблем.. И да не видам јас напредок, еден ден.. ќе биди.

    Во меѓувреме, ќе учам и ќе ги едуцирам другите.
     
    На Желба, V.odolija, JuLleE и 16 други им се допаѓа ова.
  16. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Добро утро. Мореее што муабети сте терале вчера, политички, а јас ќе си пукнев што тел ми беше во "заробеништво" па не можев да ве следам. Ништо, вечер ви закажувам средба, тема на муабет @WildMk да бира :D.
    Ја на работа од 7, во 6 треба од дома да излезам, куку мене, по темнициве, како во пекара да работам.
    Конечно се гледа крајот на јануари :bow:, едвај го дочекав
    Поздрав и убав ден на сите
     
    На Skorpija25, Желба, WildMk и 21 други им се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.055
    Допаѓања:
    69.230
    Морген! :coffee: :sun:

    @Alishan30 многу се убави фотографиите, браво!

    Од политика, утрово се префрлив на читање на статии поврзани со болната менструација, нешто што до пред буквално година дена го сметав за норма и ''не сум една од среќничките со нормални месечни циклуси" и слични фрази кои самата си ги кажував се додека не ми дијагностицираа Ендометриоза.

    Кога ќе се сетам колку пати имам слушнато како мои соученички се жалат на болни циклуси, веднаш во глава ми иде прашањето, а дали денес истите тие знаат дека потенцијално имаат ваква болест? :?:

    1 од 10 жени ја имаат, а толку малку се знае, толку е табу темава..

    Информацијата е моќ, за жал некогаш многу доцна стига до тие што треба. Почнувајќи од општите здравствени работници, па се до пошироката публика.

    Можеби да бев информирана на време, не би поминувала низ овој пекол сега. Можеби да не бев учена да пијам таблета против болка и да се преправам дека се е ок надвор од дома, бидејќи нели, менструацијата е толкаво табу се уште, да кога ќе се спомне зборот, сите инволвирани почнуваат да шепотат, можеби ќе бев трошка посовесна кон своето здравје и ќе ги знаев последиците од игнорирањето на ваквите симптоми на време.

    Верувам дека треба ваквите студии повеќе да се финансираат, да се најде лек наскоро.

    Интересно е колку само се потценува болката која многумина од нас жените ја имаат при секоја менструација! Ама буквално, те гледаат како да преувеличуваш, до степен да самата помислиш дека тоа е вистина.

    Постов сабајлечки ми е инспириран од денови и денови на неподнослива болка, лошо расположение поради истата, намалена мотивација поради тоа што сите внатрешни органи ја чувствуваат гравитацијата сто пати повеќе и сакаат да излезат од телово. Ете таква болка. И преку таквото ми е да ми креваат раменици при секоја посета на гинеколог! Сакам нормален живот, без да трпам тортури пет дена во месецот. Многу ли барам?!

    Убав ден! :f:
     
    На Skorpija25, Желба, WildMk и 24 други им се допаѓа ова.
  18. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.086
    Допаѓања:
    154.676
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе друг муабет :!:. Избушени од глава до пети не ми е убаво за око и на мене, ама 2-3 менѓушки (па макар и безопасни), некоја брлива фризура и откачена гардероба кај тинејџери ми е многу поприфатливо од силикони, ботокси и 12ка штикли. Понормално ми е во тој период од животот да се помине преку некоја рокерска, панкерска, раперска фаза отколку качени на маса на турбо фолк. Ама ова е мое мислење :!:
    @WildMk и јас би сакала да живеам во такво општество ама за жал тоа е веќе утопија и не ми се верува дека некогаш ќе се оствари, ниту кај нас ниту пак во било која друга земја. Луѓето не се за жал такви по природа.
    Ако ми биде денов како што ми почна налет, пропуштив автобус, сменив втор досега па да видам како ќе стигнам на работа :doh:
    Ах златен точак :envy:
     
    Последна измена: 29 јануари 2019
    На Желба, WildMk, Mr. Right и 20 други им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Ме погоди со темава @SV1911 јас све што ќе прочитам, имам :tmi: И така се мислев пред некој циклус да не случајно имам ендометриоза :tmi: Ама мислам дека е тешко за дијагностицирање. Можеш да споделиш на кој начин ти ја открија?
    Добро утро. Направив чај, повелете. Кафе мало касније.
    Читам по сите страни дека некој јала брат ќе правел концерт, врска немам кој е. А и не ме интересира.
    Читам и за полицајците вчера што го јаделе стапот во Шутка. И малку им е!
     
    На Желба, Mr. Right, Annath и 19 други им се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.055
    Допаѓања:
    69.230
    Циклусите ми се пореметија и отидов на гинеколог да видам што е работава. Хормоните ми беа во ред, ама ултразвукот покажа дека имам цистишта на јајниците кои секој месец се зголемуваат и се резултат на ендометриозата. Бев после во други болници, истото ми го потврдија. Решение ми кажаа, да си родам бебе. Ете така.
     
    На Skorpija25, Желба, Mr. Right и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.