Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.449
    Пол:
    Женски
    :inlove: :hug: со помин :l:
     
    На kuc, TeddyGrey, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.160
    Допаѓања:
    221.808
    Пол:
    Женски
    Не сум баш сигурна дали сакам второ.
    Иако размислувам оставам на времето да покаже.

    Јас имам грди мензиси.
    Погрди, амин.
    Да можам јајниците ќе си ги искорнам е до толку.

    Пмс имам страшен ме тера на јадење па на повраќање па ми се слошува на секој чекор па ми се врти па повраќам па па па..
    Отпосле без 3 4 кетопрофени не сум.
    Боли у пм.

    Мене исто ми беше и исто ми остана. Плус одма ми дојде после пораѓај ич не бев поштедена.

    И од оваа гледна точка мислам дека бебињата се многу помирни од деца од година ипол некаде па даље уште не држи фаза да крши све пред себе да расфрла да да да..

    Му купив вчера кола, ама колата е скапа, му викав на маж да размисли убаво он не запнал па ја купи и најскапата :x а овој мал не разбира и фатил синоќе жиците искинал и маж ми пцува ама викам што пцуваш он е мочко од 2 год што разбира од кршење и чување ти си крив.
    На толку мало дете не треба толку скапи играчки ама не он се беше запнал му викам требаше уште година да почекаме таман наредната

    И сега еве ја колата на сред соба размонтирана плус он нејке да се вози се плашел :x
    Мочко.
     
    На Желба, WildMk, Mr. Right и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    137.275
    Пол:
    Женски
    @SV1911 мене ужасно ме нервира опцијата ,,роди си дете'' Лек ми треба бе, лек. Еве ако не неам партнер, ако сум завршила со репродуктивната фаза, ако неам услови за повеќе деца. Не е ова рипка на чување да си земеш.
    Мене само една ден ми е болна, ама ужасно болна, ни кетонал ме оправа на бутур. Поднмалува болката со термофор ставање па и ќебенце мотање околу половина, и свиткани нозе во положба на фетус.
    Нема дијагностицирано ендометриоза званично. Склона сум на цисти. Една операција имам правено за отстранување, со циклусот ништо не се смени.
    За деца имам кажано едно сакам, мислам јас сакам деца, многу ама мое едно сакам да имам. Мм сака бар 2. Ама според мои пресметки стари сме за повеќе од 1 пошто сакам поголема разлика измеѓу. :lol:
     
    На Желба, WildMk, Mr. Right и 21 други им се допаѓа ова.
  4. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.779
    Допаѓања:
    214.241
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене.Овие две недели пеколни ми се,воља за ништо,само што пак нервата на косата си ја извадив.Еве ме со боја на глава,се враќам на темните бои,џабе излетот пак во плавите да се вратам,не е исто на 25 г плавуша и сега,се уверив во тоа.Тоа сивата боја како баба ме прави,а тие другите нијанси на плаво не ни фаќаат баш како треба на побелена коса,золтите пак на портокал маваат.Ке се каам што ја стемнав,ама не можев повеќе да се гледам,чоколадно црвенкаста ја мавнав,ако не ме ареса отидов на онаа вино нијанса или црна не ми бега(facepalm).Се гледа дека сум ок:tmi:
     
    На Skorpija25, Желба, Mr. Right и 20 други им се допаѓа ова.
  5. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.079
    Допаѓања:
    154.624
    Пол:
    Женски
    Како го почнавте муабеѕов за циклуси така осеќам како ме поднаболува стомак и кичма, гледам у календар време ми е. Затоа бев наапана вчера :) , да жбрцнам во ташна да видам дал си носам улошки ил да претрчам да купам.
    Пред раѓање имав болки првиот ден кога ќе добиев, после прво раѓање горе доле исто, со тоа што почнав да имам пообилни циклуси. После второ раѓање како да се поднамалија болките ама обичноста се подзголеми. И по двете раѓања точно 9м без циклус, раат :)
    Кај мене дуќан затворен, 2 си сакав 2 си родив, толку од мене :)
    Сега менопауза чекам :D
     
    На Shelea, Желба, WildMk и 23 други им се допаѓа ова.
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Ај добар ден од мене.
    Некоја дотична особа од овде ме познала, па земала да копира и препраќа мислења до кај стигне. Која и да си коконо недолична, ти стана јасно дека се' што зборам тука, зборам и надвор?! Образот ми е бел како снегот пред да го измочаат кучињата, што за тебе не е случај. Дали е мајка, золва, свекрва, маж, прво со нив решавам па се' останато. Оди те молам најди си занимација во животот.

    Доста мрчев, ај сега за убавите работи. ;)
    Правосмукалка имам на вода, позадоволна не можам да бидам. Ја обожавам.
    За деца мислам дека и врапците знаат, сакам три. Многу сакам.
    За торти и јаденици не ви правам муабет, се опуштив деновиве и одма отечена ко мечка некоја. Рестрикција најстрога само за мене.
    После ќере се' ми се среди, ама затоа сВинко ми дозезна и тоа што не беше зезнато пред да родам.
    Имам за фалење и частење, муж остави цигари после 20 години активен пушачки стаж! :dance: Има избор од сите газирани пијалоци во моментов, само да не пуши (кажа невестата што мава по една кутија на ден), стварно не смее со тие бели дробови.

    Е така луѓенца, се читаме попосле. :hug:
     
    На Skorpija25, Желба, WildMk и 28 други им се допаѓа ова.
  7. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.926
    Допаѓања:
    142.852
    Хелоу,
    Јас сега имам некоја т.н. Циста(др. Ми рече не била циста туку како ќеса што се полни и после мензис пука) . Ама ме боли и јајник и стомак. Јас и по породување продолжив да имам (не многу) болни менструации. И добив некаде оклу 2месеци по породувањето:(

    Малата ноќеска стана во 3.30ч.исплашена ми вика видела пајак во креветчето. Викаме сонувала. Па ај со нас на спална, па запна почна да плаче да идеме во дневна оти пајакот бил таму. Мм вика сонувала, а ја викам голема е веројатноста да е вистина. И до 5.30ч гледавме цртани и сум заспала, а не ни знам дали и она заспала во исто време. И се разбудив во 7.40ч.а она во 7.50ч.станува и вика се наспав:D

    И за не заспијам уште во 10ч, отидовме до продавница. Се сретнав со една пријателка па ми рече вечер ќе дојдат со мајка и. А мислев ќе спијам(facepalm)
    . Ама дома ми е ко бомба паднато. Па средив дневна и пола кујна и си смукам и и зборам на малата. Одам во дневна - она спие:D.
    И сеа да седнам 15м.па да одам да правам мусака и да досредувам. Кога спие малата преку ден почнав само да седам, ни муабет не ми се прави со никој. А баш тогаш ми ѕвонат сите:)

    Мм сака уште едно дете, сакам и јас. Ама прво не знам ни дали ќе можам пак да останам трудна, а друго со моите искинати живци тешко да издржам ..

    Ништо важно не кажав де, а и не ми ни текнува друго. Убав ден
     
    На Skorpija25, Желба, WildMk и 24 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.174
    Допаѓања:
    111.267
    Пол:
    Женски
    Зар има некоја со толку слободно време? Боже свашта!

    Сакам уште 2 деца најмалку, ама финансии немам ни за уште едно, а дете од љубов не се гледа. Здравје, да добијам договор па ќе му ја мислам. И да подослабам некои десетина кила де.

    Пред да родам имав и болен и тежок циклус, сум си одела дома со такси и сум се виткала во ќебе цел ден, болно и напорно, ама не обилно. Сега ако не е нервозава не знам кога добивам, ама е обилно и долго.

    Нервозна сум и не само од ПМС и МС, ми иде да се отселам и само читам од сабајле за држави низ светов кај што не умараат со вакциниве оти ако не на месечина ќе се отселам.

    Ме нема, ме нема, па ќе се појавам со некој ваков пост :)
     
    На Желба, WildMk, kuc и 16 други им се допаѓа ова.
  9. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Јас кога спие малава речиси и не дишам,на мене е на мал шум веднаш се буди..
    Мојава е бесна од бебе,до 6 недели беше мирна.
    Од тогаш до ден денес остана вриштало.
    Пред да родам имав мигрени пред циклус,за среќа тие се средија.
    Денес во план да истера дремки и кај мајка ќе одиме.
    Убав ден..
     
    На Skorpija25, Желба, WildMk и 18 други им се допаѓа ова.
  10. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Тоа, тоа не можам да разберам. Да си немаш до тој степен работа, да се ачкаш по нечии анонимни пораки на форум! Секс им треба на луѓево, ама не признаваат.
     
    На Skorpija25, Желба, WildMk и 24 други им се допаѓа ова.
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    А ја шо да кажам, 32 и сингл?
    Ме отепа со изјавава...

    Не знам дали сте свесни, ова до сите се однесува, ама темава, а богами и младото ќоше... Атрактивни сме како шпанска серија :rofl: :P
    Откако сфатив дека може некој да ме препознае, намалив со споделување, ама во реалниот живот.
    Не дека и јас имам проблем сѐ во лице да кажам... Ама не вреди укажување на понекои.

    Добар ден.
    Таман ќе пишев денес поарна, марфи ме стрефи одма. Пак трески ме тресат... Ама ќе преживеам 8)

    Да чукнам во дрво, кога ми иде, не ме боли многу. Или тоа многу е субјективно, па зависи кој колку трпи.
    Изгледа мојот дуќан е затворен уште пред да се отвори. До 37 не планирам, за после ќе му ја мислам. Можи и нема да можам, којзнае, ама осеќам дека не сакам.

    Испив кафица, сега треба да се јаде... |(
     
    На Skorpija25, Желба, SV1911 и 26 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    И се чита и се коментира од НЕчленови:)
    Моја околина барем.
    Имаат омилени ликови а богами и неомилени
     
    На Skorpija25, kuc, doubleg и 20 други им се допаѓа ова.
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.750
    Допаѓања:
    176.023
    Пол:
    Женски
    И јас имам искуство со тоа дека читаат многу НЕ членови .
    Така мм неколку пати унапред знаеше што има дома за ручек :)
     
    На Skorpija25, Желба, SV1911 и 28 други им се допаѓа ова.
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Смешно е што јас не пишувам "жешки" постови! Мм знае дека членувам тука и дека ум активна, ама не ми го знае никот. Вика твој избор, твоја слобода. Можеби и он е член, од кај да знам! :rofl:
    Свеки и мајка ми не се замараат со вакви работи. Некни барав адвокат и совет за развод за мои блиски, од тука се' се потегнало. Ние ќе се разведуваме а на никој не кажуваме. :rofl:
     
    На Skorpija25, Желба, SV1911 и 29 други им се допаѓа ова.
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    262.064
    Пол:
    Женски
    Ај зезате^?!
    Ова се повеќе ме тера да пишувам за времето и за готвење. Сеирџии се луѓево станати!
    Убаво кажа Елена, секс им фали!
     
    На Skorpija25, Желба, SV1911 и 28 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.174
    Допаѓања:
    111.267
    Пол:
    Женски
    Можат само да ви плукнат под пенџере и да ви позавидат на убавиот семеен живот кој си го имате. Јазк!
     
    На Skorpija25, Shelea, Mr. Right и 17 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.421
    Допаѓања:
    183.765
    Пол:
    Женски
    Јаооооо што читам (facepalm) А да се префрлиме сите во лични пораки? :D Изгледа на некои луѓе им е многу досадно :!:
     
    На Skorpija25, WildMk, Mr. Right и 17 други им се допаѓа ова.
  18. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Јас им посакувам три пати помирен живот и повеќе слога од мојот, за да не јадат други луѓе. Аирот на животот да го видат.
     
    На Skorpija25, Mr. Right, kuc и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.750
    Допаѓања:
    176.023
    Пол:
    Женски
    На duffi, Annath, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.388
    Допаѓања:
    259.956
    Бидејќи ми е најдомаќинска темата, ми се затна лабавото во кујна. Да ставам од оние гранулите во Кам? За во wc ги користам ама се мислам дали е ок за кујна? Јаки се многу.
     
    На TeddyGrey, Annath, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.