Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.360
    Допаѓања:
    278.879
    Пол:
    Женски
    Сега читав рецепт за мукалебија,нешто како гриз варен му иде.
    Денес пак претерав со јадење ,пред пола сат се прејадов гравче риба и леб.Ноќеска желудец ќе ме пукне,ама стрвен г' з...
    Ова за загаденосва и ѓубрево секаде низ Мк е страшно,цели депонии има насекаде,надвор е сивило ,пред два три дена на раб низ прозор затворен влегувше миризба помислив дека пожар има некаде,сум разодувала да не гори нешто низ ходници...
     
    На Желба, lunicka, WildMk и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    178.057
    Пол:
    Машки
    На Желба, Thallia, lunicka и 14 други им се допаѓа ова.
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.415
    Допаѓања:
    183.723
    Пол:
    Женски
    На Желба, Sexybaby86, elena.mak и 10 други им се допаѓа ова.
  4. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.079
    Допаѓања:
    154.624
    Пол:
    Женски
    На Желба, Sexybaby86, elena.mak и 6 други им се допаѓа ова.
  5. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.753
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    50832878_1247458968752549_5230441972279279616_n.jpg
     
    На Skorpija25, duffi, kuc и 6 други им се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.415
    Допаѓања:
    183.723
    Пол:
    Женски
    На Желба, duffi, Sexybaby86 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    178.057
    Пол:
    Машки
    И мене ми се бега во тие куќичките од вчера.
     
    На Желба, duffi, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.888
    Допаѓања:
    173.471
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се бега...ќе ме лоцираат и ќе тргнат по мене.. после и таму ќе загадат|(

    Добра ви вечер..
    Купив од ариел капсулите во рамстор. Намалени беа, ги домкнав до берово..меѓу другото де..
    Денес требаше на именден кај едно детенце да одиме, мојов сам отиде.. нека го..

    Сакам многу да кажам.. ама тоа што не сум анонимна ме кочи.. едноставно нема веќе кој да ме ислуша.. а и кога и да сакам да зборам дури и зборовите не ми излегуваат од уста..
    Си викам - имате и вие свои маки, што ќе ве замарам со мои..
    На психијатар да си одам најпаметно би било..

    Денес една реченица од мојов толку ме погоди во срце, што одев по улица во темницава и плачев..среќа па во Берово сити живо пиле нема по улиците. А вечерва ни кучиња.. барем ќе се изгалевме и ќе ме расположеа..


    И така..
    Имам за чистење како за 5 куќи ама не мрдам до утре.. на кого му се чисти нека чисти.. до утре гајле ми е дали е чисто..
    Ќе легнам покрај каминов и ќе дремам..ќе го чекам мојов да се врати од именден.. Ако се врати во пристојно време..
    И некое чоколадо ќе мавнам ..
     
    На Skorpija25, Желба, karmenka21 и 30 други им се допаѓа ова.
  9. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Чипс и кока кола - одлична комбинација како за пред спиење. :bandit:
     
    На Skorpija25, Peco, flower30 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.888
    Допаѓања:
    173.471
    Пол:
    Женски
    Со која бре кока кола:D не спомнувај шифри тука, може погрешно да те разберат:lol:
     
    На Skorpija25, Mr. Right, duffi и 14 други им се допаѓа ова.
  11. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    22.114
    Добра вечер друштво , како сте
    :hai:
    Многу монотони денови со врнењево.Тие што сакаа да танцуваат на дождот ако се изнаиграле да почнат да пишуваат нешто за сонце , пролет , сино небо..
    Порано сакав дождливи или облачни денови , сакав зима , тоа значеше легачење по дома , гледање филмови , кафиња натенане ...
    Е сега сакам сонце, сакам топло , да шетаме со малото оти збеснува дома по цел ден , збеснувам со него и јас. Џабе е и кај бабите што одиме , и во комшии го носам , колку да размени ама не , воздух си сакаме , и прошетки.

    После пораѓај немам болни циклуси како претходно.Барем не изминатава една година.Претходно поминував само со кетонали.Страшно беше.
    И сега кога нешто ми е особено ужасно, ден , особа , разговор , чувство ... знам да речам грдо како првиот ден од менструација.

    Ми се шета некаде и на мене.Море ми се емигрира бре.Пак ми се оди и во Аустрелија.
    И лани ми се одеше.
    И Швајцарија може.
    Гушка за Прашинка :hug:
    FB_IMG_1548887964921.jpg
     
    На Skorpija25, Желба, Peco и 25 други им се допаѓа ова.
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Ја знајте песмата, осјечам се ко посљедње гомн*?
    Е тако се осечам.

    Добровечер добри људи.
    Ја покрај се, арна, се држам некако. Обврски еден куп, само одлагам. Џабе ми одмор, мозоков ме мрази, веќе со 300 на саат фура. До кога вака ќе тера, не знам. Проблеми ме опкружиле од сите страни, сите само бараат од мене... Очекувања имаат, ама без давање, само бараат а ништо не даваат. Силна си ти, можеш.
    Ќе побара човек една мочана услуга и ќе ме одбијат со 1000 изговори.
    Дали вреди сите да ги отерам у пм или пак, како и обично, да поминам покрај се...
    Да попушташ цело време, само за да имаш луѓе околу себе... Некој да те сака... До кога ќе ми го наплаќаат сакањето?

    А уште е Јануари ...
     
    На Skorpija25, Желба, Mr. Right и 26 други им се допаѓа ова.
  13. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.360
    Допаѓања:
    278.879
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1547626416927.jpg
     
    На Skorpija25, Желба, Peco и 25 други им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    Добар ден, друштво! :sun:

    Леле, кои кошмари ги сонував ноќеска! Сонував една бабичка, која одамна ја познавам и многу ми беше драга, ама не е веќе меѓу живите. Ме гушна, беше многу пониска од порано и си отиде. Ми кажа нешто, ама не се сеќавам што беше. Не ме вознемири тој сон, туку тие после што следеа. Летав со кола бре, не е толку пријатно ко на филмовите. :D Во тој сон бев во Германија и @danichap беше таму, дотерана како од сликите во темата за мода. :rofl: Соновиве ми се каша попара, не е ни чудо зошто кога ќе се разбудам ми треба време да ми текне каде се наоѓам. :tmi:

    Затоа сега целата сум укочена, ми фали една добра масажа, ама мачките моментално не се расположени да ме масираат, па подобро да извадам душекот за јога и да вежбам малце. Деновиве забушавав со вежбањето, за се циклусот е крив. Сакам да сум машко баш поради тоа! Не би морала да трпам крвопролевања и болки секои 28 денови. :envy:

    Една пријателка почна да ме бодри да продолжам да се занимавам со фотографија, па деновиве и таму ми е паметот. Ќе го послушам нејзиниот совет, не губам многу, освен време.. кое и така малку го имам. Нејсе, не дека цело време сум зафатена, туку периодов сум ептен лошо организирана и ништо не стигам.

    @dunika @Ava.84 женски, вие Б2 во Гете полагавте? Ако да, тогаш дали првиот дел усно требаше сами да го подготвите, на тема по личен избор?

    Не се занесуваш! Сите најдобри идеи изгледаат нереални на почетокот.

    Мене одамна ми е згадено... :x

    Терај се тоа во триста лепе. Подобро сама, него со такви користољубиви луѓе. Барем јас така мислам. :)

    Убав ден! :f:
     
    На Желба, Peco, Mr. Right и 24 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Добро утро од мене... да ве поздравам како што е ред
    [​IMG]

    Ве читав деновиве, не ми се пишуваше, оти имав навистина тешки денови. Особено вторникот. Неизвесност, исчекување, воздржување да кренеш телефон оти не можеш да чекаш, не можеш ништо да направиш да помине побрзо тоа време. Се влечат минутите ко саати, ти се чини година поминала додека да заѕвони телефонот. За среќа, се добро се заврши, ќе биде подобро, се надеваме на тоа. Мора да биде.
    А се надевав дека 2019 ќе биде подобра од претходната... како почна, се надевам нема да продолжи така.

    И да, уште е јануари... уште денес. Најдолгиот месец во годината, сите после него летаат со брзина на светлината. Особено пролетните и летните месеци. Дури трепнеш, пак дошла зима. Денот ми е мал да завршам се што сакам.

    Изгубив верба во човечкиот род, уште одамна. Верувам дека ние сме најлошото нешто што и се случило на планетава. Можеби сум уште под импресии од книгата што последно ја читав, ама верувам дека сами себеси ќе се уништиме. И не е тоа време така далеку.

    @Dust човек што прави да плачеш не те заслужува. Многу вредиш, се надевам дека го знаеш тоа. Ама тој не знам дали знае.

    И што уште да пишам... имајте убав ден!
     
    На Skorpija25, Желба, Peco и 31 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.155
    Допаѓања:
    111.180
    Пол:
    Женски
    Друг пат омекнувач шлапни и ќе се расчешлаш.
     
    На Rebecca_R, duffi, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Добро утро луѓенца!

    Денов со нервози ми почна, ми иде да земам да бегам. Учителката на син ми ни се "закани" да го смириме детето. Уште што не рече детето не ви е нормално, мавнете ми го од групата. Стварно е тежок, претемпераментен е. Викам од сите деца само он е проблемот? Па не, ама еден од поголемите е. И што е тојот предлог? Епа не знам видете си. Се споив. Се расплакав. Каде потфрлам како мајка? Толку сум презафатена со се' останато што ги запоставувам? Зошто немам такво чувство, па побогу, цело попладне сум со нив... Сечеме, лепиме, боиме, играме, учиме песнички, читаме книги... Максимално сме им посветени и јас и татко им. Децата во љубов растат, ни се караме пред нив нит попреку се гледаме. Ги учиме дека дома се почитуваат мама и тато, во градинка учителките. Сепак мислам дека неуспехот е нејзин што не успеала да му се наметне! Башка мала група се, само 18 деца. Многу, многу се разочарав. До сега имав само пофални зборови за градинката, цели 4 години имам деца таму. Ова ми беше ладен туш и ми го е*а денот до макс.
     
    На Skorpija25, Желба, Peco и 31 други им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.937
    Пол:
    Женски
    Утро.
    Уште сум на неопределено какво ќе ми е расположението денес. Додека порано скоро секој ден си бев ок , овој месец скоро секој ден сум изгубен случај. Што навистина не личи на мене. Се надевам што поскоро ќе помине. Синоќа се наспав, сабајле раат кафе испив, изгушкав дете и фатив патО накај работа. Се посмеавме малку со колешки, да сработиме по нешто па да излезам треба некои обврски да завршам за време пауза. Доручек врска немам што, би тркнала до тинекс по преубавата цезар што ми ја кажа @DAngel ка моја ама не знам дали ќе успеам.
    Уште денес е јануари а?
     
    На Skorpija25, Желба, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.937
    Пол:
    Женски
    Ајде полека смири се. И таа има право некад да е во пмс. Верувам дека ќе се освести какви глупости изнатрескала. Да и го пратам син ми да види како корне очи и коса. Устава пена ми фаќа ама ете 15 мин у денот сака се да искрши и секој да истепа а нит видело тепање нит видело кршење. Додуше има видено тепање, едно дете му брцна у око и го фати за гуша. А тоа научило во градинка така. И мојов од тогаш истото го прави. Никако од глава да му излезе тоа. И? Нема да смеам да го носам за негувателката да не плаче? Јес да моја работа е да го оправам ама вајда и таа ќе се потруди да му објасни дека не е во ред, од кај да знам, не сум јас таму па да зборам у моментот кога се дешава.
    Не си ставај при срце ти си супер мајка, одлична си. Таа сигурно претерува.
     
    На Skorpija25, Желба, M&M и 18 други им се допаѓа ова.
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Се надевам дека ќе се освести, или ако ништо друго да седнеме да се објасниме. Јас не можам да знам каков е он во градинка, може отров е. Ако е таков, зошто не ни кажале до сега? Ме напна начинот, не ПМС начин, туку "манете се сите да не ве гледам" начин. Баш ќе зборнам со една од негувателките, да видам они што ќе кажат.
     
    На Skorpija25, Желба, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.