Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.378
    Допаѓања:
    261.965
    Пол:
    Женски
    ^Не си единствена. Свекрва ми многу ме сака. Сакаше се да ми даде што има. Не и ги земав прстените од почитување. Ми даде пари си купив обетки. Многу ги сакам и често ги носам. Не сум голем љубител на злато ми мина таа фаза во тинејџерските години.

    Накитот не го прави бракот. Ни парите, ни куќите...да не се правам паметна но без љубов, разбирање, толеранција и почит ништо не бидува.
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, bittersweet и 28 други им се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.745
    Допаѓања:
    176.003
    Пол:
    Женски
    Пијам второ кафе на тераса .
    Комшивката три пати ме праша дали сум добра.
    Си викам што и е на женава та толку ме прашува и ме гледа чудно . Косата у репче ми е врзана,колку толку личам на човек .
    После се заприметив . На кратки ракави си седам надвор .
    И пак ми е жешко .

    Некој климакс да не ме фаќа мене :^):x
     
    Последна измена: 4 февруари 2019
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, kuc и 22 други им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.413
    Допаѓања:
    37.607
    Пол:
    Женски
    Добар ден :sun:

    @SV1911 :* Со годиниве сум за во Феминско младинско ќоше па затоа не ви се мешам тука. :D

    Бовчи немавме. Инаку и јас знам само за бовчи завиткани во прозирен целофан и од горе се гледа што има. Во последно време славениците си ги бираат подароците па не е веќе интересно.

    Касандра ми беше прва серија, а омилена ми беше Жаде.

    Телефон и компјутер ми купија на 16 години. До 16 години легнував во 21:00, станував во 05:00. Откако ни го купија компјутерот немав ориентација за време, за ден и ноќ, во школо почнав да добивам 3ки и 4ки и така. Ама се вратив во нормала за некоја година. :)

    Убав ден! :hug:
     
    На Skorpija25, bittersweet, kuc и 29 други им се допаѓа ова.
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Ај добро утро.

    Одвај ве дочитав, сте се размуабетиле убави муабети. :)
    Од свеки и компанија не добив ништо. Двајцата не работеа кога се земавме, не ни очекував и не дозволив. Заради некои редови таканаречени леб и сол да јадат, не. Ние ги дарувавме многу пред свадба, не сакав примопредаја на денот и да ги ставам во незгодно.
    Немам гледано ни една шпанско-турско-индиска серија во мојот живот.:$ Касандра моите ја гледаа повремено некои 10 епизоди и се откажаа. Јас бев во репрезентација тогаш, и или учев или бев на тренинг. Во 8 бев во кревет, за да можам да го издржам темпото. Друг живот беше тоа.
    Свеки редовни ми купува гаќи. :rofl: Знае дека сакам бои и шари секакви, па кај најде жена шарени гаќи купува. Пресреќна е кога ќе ми ги даде, јас уште посреќна. Ги надраснавме проблемите со годините, посебно последниве неколку месеци. Да не речам оваа година, ама така е. Сфати жената ваљда дека ништо не и' земав, само и' дадов. Поубав ми е животот, јас и покрај сите срања си ја сакам. Мазохист сум ваљда, што знам. :drunk:

    @gjoker4e може со годините си за во младинско, ама со стилот на пишување баш за тука си. Обожавам да те читам, свака ти је Његошева. :*

    Убав ден луѓенца, се читаме покасно! :hug:
     
    На Skorpija25, bittersweet, kuc и 29 други им се допаѓа ова.
  5. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.915
    Допаѓања:
    142.647
    Бубче и јас 2 дена по дома шетам на кратки ракави, а надвор во пролетни јакни. А зимурлива сум ептен. Ама топло е стварно.
    Завчера кога шетавме со ќерка ми толку ми беше топло(ок, капут носев) и во еден бутик викам на продавачката морам да се соблечам, се препотив. А носев широка туника/фустан. И вика ти сигурно си трудна Не, викам дебела сум :Dзатоа ми е вака. Ама и во ПМС сум.
    @Ygritte среќен роденден, се најубаво:^:

    Детево ме излуде. Нека е жива и здрава или е период или карактер. Како расте се потешко се разбираме. Устата пена ми фаќа. Ми се иде да почнам да плачам пред неа од немоќ.
    Ама и пмс и хроничен умор и воала:@

    За свадба ме даруваа неговите со злато и бовча, и моите мм со бовча и златна нараквица. Моето отиде јабана, а мм ја изгуби нараквицата:(. Сега сфаќам дека не морало до толку, ама јас тој период како да немав ни мозок за мислење ни свое јас. Што ми кажуваа тоа правев - и адети и се(facepalm):(

    Оф леле, со душа ја чекав да заспие да одморам, она вика не и се спие(facepalm)
    Ајде убав ден
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, bittersweet и 25 други им се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    Сигурно добра четвртина од темава сме за во младинско. :D Ама што има врска, и тука нѐ сакаат. :)))) :hug:
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, kuc и 22 други им се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.343
    Допаѓања:
    119.342
    Пол:
    Женски
    Здраво другарки и по некој другар:inlove:
    Шо ви текна за свекрвите да прајте муабет? :wasntme: За свадбата ми дадоа златно ланче, а моите на мм белегзија. Толку, доста е. Не си ги разменувавме и не ги завиткавме никако. :D Практични де:mm:
    Времево топло, а тмурно некако. Дали е загадено дали е магла кој да ти знае. Чекам време да ми помине на работа па да си одам дома, гладна сум, вол би изела. Башка што од добиеново не можам да трпам дел од народецов што ми се колеги. Се нешто паметуваат, се тие знаат како не ги мрзи бе со утринско кафе толку да зборуваат?
    Ова со Амди Бајрам шо ќе се кандидира за преЦедател, сериозно е или некоја шега? (facepalm):rofl:
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, kuc и 25 други им се допаѓа ова.
  8. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    :hai:

    Времево никакво, ама барем е топло. Само вака нека продолжи. Доста беше од ладното. :doh:

    Ова со бовчиве немам што да кажам. Мајка вика дека ќе биде модерна свекрва и нема да се меша у брак и ќе чува деца за ние да шетаме. :makeup: Викам, жено ај прибери се. Во пракса е малку по друго. :D

    Океј. Маче, куче и бебе! :lol:

    Неодолива за богаташите само, тие со 200 евриќи месечно нема да ме занимаат. А можам да бидам и машка верзија на Руби. 8-|

    @Ygritte среќен роденден. Само убавини. :)
    @Skorpija25 сирота колку е назад со муабетите, гледам само лајкува. Никако да не стигне. :lol:
    И @fina erika ја нема нешто. :?:
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, fina erika и 24 други им се допаѓа ова.
  9. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    22.114
    И @green.eyes одамна ја немам читнато.

    Добар ден

    Алергија сака пак да ме е*ава или настинка незнам , ама по симптомите и едното и другото е.Се надевав дека и оваа година ќе ме одмине како претходните две.Полани бев бремена , ме одмина , лани незнам по кој основ ама раат глава , еве сега ми се заканува да ми ги направи мизерни февруари и март.

    Касандра гледав.Бев 7 одд мислам , и на мене првите почетоци со шпанскиот ми датираат од оваа серија.Дури и години потоа и за време на факултет барав шпанска серија за разонода а и поради јазикот.Има убави и негувани жени во тие филмови, а и одлични комбинации на облека.

    Бовчи немав , смешна ми е и самата помисла на нив и никако не сум можела да се замислам како лик на кој ќе му донесат бовча :D Немавме ни класична свадба , само прослава со најблиските.

    Кога сме веќе кај тенџериња , Цептер или Металац ?
     
    На green.eyes, ♡BuBaLe♡, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Сум пишувала за бовчите. Свекрва ми рече така требало. Јас да дам, и тие да ми дат.
    И 'во мое време' веќе беше излезено од мода тоа со алишта во бовчи, ама свекрвич, не беше информирана баш. Знам дека другарките и роднините кои тогаш стапуваа во брак, даваа семејни поклони.. на кумот барем.
    Нема веза... Би свадба, помина...

    Не гледав Касандра. Ама мајка ми беше страсен љубител. Се испокараја со брат ми, набрзо откако почна.
    Во 8 навечер ја даваа, а во среда во 8 имаше фудбал паралелно. Во цела фама, се одлучија да купат уште еден телевизор.. Специјално за палена Касандра ... |(

    Која година се емтиуваше? Не памтам баш....
     
    На ♡BuBaLe♡, M&M, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.745
    Допаѓања:
    176.003
    Пол:
    Женски
    ^^97/98 @WildMk

    @gjoker4e ептен ќе ми биде мило да те читам овде .
    Ти имам кажано
    Немаш престава колку си ми драга :)
    Се немаме среќавано скоро во никоја тема,ама јас редовно те читам секаде .
    На моменти си мислам дури дека си ми некоја блиска роднина:)
    Ама не се возбудувај,немам јас никој близок у странство:). И дефинитивно не те знам,да не си направиш филм дека сум те препознала:)
    :*
     
    На ♡BuBaLe♡, fina erika, M&M и 23 други им се допаѓа ова.
  12. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    95.249
    Пол:
    Женски
    Хај пренајубави:P

    Леле каква будала од маж имам(facepalm)
    Му било досадно на работа,па израчунал дека тежи колку една виетнамска фамилија,маж жена и дете:rofl::rofl:

    Свадбата ми беше во 2016та,брзо лета времето.Бовчи класични немаше,нит адети никакви.
    Добив сет бело злато,преубав е,со сини камчиња,но не носам злато нит па стилот ми е таков.Може кога ке подостарам,ако не ке чувам за ќерка/снаа здравје..
    Многу се натегавме со свекор ми околу златото,јас категорично неќев оти ми го платија фустанот а беше скапичок,ама не попушташе..
    Ок,нека стои,нема да изгуби вредност.
    Моите му дадоа пари на м.м плус златник еден од баба ми купен.
    А да,и јас добив Цептер од мајка ми,ги чуваше со години за мене,и од баба ми имам руба исто,премногу,жал ми беше да не земам ништо,колку само грижливо ги чуваше,се е прештиркано по 100пати.Се нервирам,ама тоа е..

    @duffi тоа за пораѓај се вика push present:lol:,даваат и во мој крај иначе,злато најчесто.Пак злато,пусто турско(facepalm)

    @Mr. Right мајка ти може модерна е,ама затоа ние ко аждаи ке сме коа ке те жениме:devil:
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, M&M и 26 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Уф :whew:.. нашата беше 2003та

    Викајте ме 'Тето'.. ќе ви се молам...:smoke:
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
  14. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    107.397
    Пол:
    Женски
    И нашата 2003 исто
     
    На ♡BuBaLe♡, M&M, elena.mak и 14 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Ако... па да ме викаш 'Тето' :D
     
    На ♡BuBaLe♡, M&M, elena.mak и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    107.397
    Пол:
    Женски
    Не можам да те викам "тето" тука сме си ние со годините.
    Ама децава во темава можат мене да ме викаат "тето "слободно :Dлеле oстарев:D
    По турски дадо ќе се викаме т.е обраќаме полично е дадо @WildMk !!!е поубо од тетко @WildMk!!:lol:
     
    На ♡BuBaLe♡, M&M, elena.mak и 19 други им се допаѓа ова.
  17. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    23.810
    Пол:
    Женски
    [QUOTE="Mr. Right, post: 4310094,
    @Skorpija25 сирота колку е назад со муабетите, гледам само лајкува. Никако да не стигне. :lol:[/QUOTE]

    :rofl: :rofl: :rofl:
    Уште 250 пораки :emo: ако не пишете во меѓувреме уште 250, сега имам работа не можам да читам.
     
    На ♡BuBaLe♡, M&M, elena.mak и 24 други им се допаѓа ова.
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.161
    Допаѓања:
    137.258
    Пол:
    Женски
    Во наш крај бовчи уште се праат. Па се тоа пикнато у скапа кутија. На веридбите е примопредајето и сите сватоштини пуштат пари врз бовча. Па после невестата деле ситни поклончиња на сите сватови и така.
    Ние ваква глупоштина не теравме. Моите на мм му купија апарат шо му служи во работата, мање битно сумата ама таква тежина да пикаме дома за да пуштаме пари - јок :D Ќе требаше во работилницата да влеземе сите за да се пуштат парите на ,,бовчата'' :D
    Неговите злато ми дадоа да го заменам и шо сакам да си земам. Модерна е и свеки, вика си купи ли, викам си купив, океј стај си ги :D :D
    Таму кај @duffi имаат повеќе адети мислам. Другарка имам таму мажена. Со неа одев и по бовчи спремање, низ Скопје шетавме, дека јас пошетана па да ги управам да ги однесам кај треба за да испазарат. :D Кај побараа таму ги однесов, не се испозамарав да навлевам у детали зошто баш тоа, зошто не неш друго. Така намислиле, нек си праат.
    Ај порано шо терале сите по некој терк, ете такво време било, ко по шаблон сите функционирале. Бовча во денешно време ми е некако too much. Зар гаќи и пиџами немам па да чекам свеки да ми купе. Океј ми е ако више сакаат и можат двете страни да си дадат по нешто поклон, ал не мора да е класична бовча.

    2015та ми беше свадбата инаку :emo:
     
    На ♡BuBaLe♡, M&M, elena.mak и 24 други им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.745
    Допаѓања:
    176.003
    Пол:
    Женски
    И ние сме млади:lol:
    2016 се зедовме.
    @WildMk јас освен на внучка на никој не дозволувам да ме вика тето/тетке.
    А сакам да ословувам така. Со задоволство ќе те викам тете :P
     
    На Skorpija25, ♡BuBaLe♡, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
  20. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.771
    Допаѓања:
    214.145
    Пол:
    Женски
    Ќутете тука крцкалчиња едни,тетки биле,бре,ами како,што да речам јас со свадба во 1990г :D,и чеиз вадев.Една соба цела полна,од тогаш ми се везани и чипкани кои ми стојат по гардеробериве,па сега вие смејте се,еми во прошли век чеиз се вадеше,па се штиркано,пеглано и со целофани паковано,на подлога во контраст боја,кај мене картон со црвена хартија обложен.Па и спална невестата да донеси,донесов де,адет демек,како покусо така,жал ми беше за моиве,оти од ко сум се родила,мајка чеиз збирала,со се ќебиња и прекривачи(facepalm),и остали потребштини.Од денешна гледна точка непотребно,некој денар на страна,нека си купат што им треба.Секако никој по 10 ќебиња во гардеробер не ни чува,ниту пак јоргани куп:tmi:.Ем полесни гардероби,ем скоцкано внатре кога врата ке отвориш,а кога нема да е за употреба друго ќе купиш,не мора ниту скапо да е.Вака заглавив,нова постелнина не можам да си купам оти ги имам од стариот век:(
     
    На Skorpija25, WildMk, ♡BuBaLe♡ и 25 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.