Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    @malerozna , але два мобилни имаш? :makeup:

    @Rebecca_R , честитки свршувачката. Бидете долговечни и секогаш да се чувствувате исполнето еден покрај друг :hug:

    Не знам што сакам да работам. Мислам.. Од прилика знам во кој домен би сакала да се движам, ама за тоа немам школо.. Барем не официјално.
    А и често се премислувам и јас.
    Еден ден сакам да бидам пилот, другиот landscape artist (карикирам). :D

    Знам само дека за себе не би сакала да работам.
    Во две фирми бев газда (до пола де.. едната со моите, другата со маж ми), и не се најдов себе си во то, ама ич.
    Се' треба да мислиш, од А до Ш, плус глупава држава и селективни закони на врат.. Само нерви.

    Во 1во одд бев 27кг, 3то 36, 5то 56, 7мо 69, 1ва година 80.
    За било кој период од животот да ме прашате, точно знам колку кг сум имала.
    И си мислам: Што тоа кажува за мене?
    Дека ми е битно, оти знам дека се 'мери убавина' по килажа.

    Да не се лажеме дека ги памтиме сите овие глупави бројки, поради тоа што сме (биле) загрижени за здравјето. Ку*ац мој лепи здравјето ни било маката... изгледот ни е.
    Сигурно на 18год немав никакви здравствени проблеми од тежината, па и на 30 и кусур.. За на 10години, ич да не правиме муабет... Изгледот е 'водилката'...
     
    На Sandrin4, green.eyes, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Јас ич не памтам колку килограми сум имала. Знам дека бев во неухранетите, или оние дома што не им даваат да јадат :|
    Добро утро.
    И имуностимулансите треба да се стават на фондот, се изнададов пари у пм.
    Ноќеска сонував мачки како се.. |( соновиве ми се лудило.
    Да имав сега пола милионче одма отварав чајуле.
    Надвор сонце ѕирка, кој знае што ќе донесе овој ден :)
    Ај, да засукаме ракави...
     
    На green.eyes, bittersweet, Желба и 23 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Шо е 'чајуле'?
     
    На Rebecca_R, Dadusicka, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Моето име за кафуле каде има чај наместо кафе :D
     
    На Желба, zhap4e, Rebecca_R и 19 други им се допаѓа ова.
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Добро утро лејдис и по некој џентлмен! :l:

    @Rebecca_R Бека мила, вечни да сте и најсреќни! Преубав период ми беше веридбата, долго бевме верени и си го уживавме пополека спремањето на секој детал. Почитта е најважна, љубовта сама си доаѓа и се трасформира во нешто поголемо со текот на годините. Само убавини. :l:

    Вчера бев со сите резултати кај тројца доктори. Сите тројца викаат дека да, почнати се тие промени, ама не дека до тој степен е сериозно. Очекувано според тоа кои терапии сум ги примала кога се лечевме за да останам бремена со ќере, каде прочуената Адамова ме отру со кломифени и што не. Мама ми расплака, коњски дози. Не е ни важно, важно е дека експериментално ќе сум на поблага хормонална терапија за да видиме како ќе реагира притисокот. Важно, од кондури ме извадија вчера по телефон. Убаво ми рече матичната, не слушај ништо дур не дојдеш кај мене никогаш не е така црно. Има надеж. (fingers)

    Работата сте ја начнале. Јас сакам да работам. Нон стоп ако може, супер би било. Ете, имав шанса и за нова работа која што ја одбив заради платата. Работам многу одговорна работа за која секогаш има каде да влезам, епа тоа се плаќа. Тоа што го работам го сакам и ме бива, ама фирмава каде што работам е климава. Сакам промена, ама не по секоја цена. Не е само платата, треба и другите услови да се добри.

    Во прво одд тргнав со 20 кила. Бев многу висока ко понављач што викаше татко ми, права штркла. Да не можеш да ме изгубиш меѓу децата, една глава штрчев над сите. :rofl: Ќере сега на 5 години тежи 22 кг, ама ич бре не е дебелка. Конзистентна си е и мускулеста, сланинче нема ич. На мајка најубавата. :l: Синко е сув како прачка, а тежи 18 кг. Кај ги носи не знам, во висината ваљда затоа што колку пет годишно дете е висок на три.

    Сум се размуабетила посабајлечки со кафево ко некоја стринка, ај да се фатам за работа. :P

    Убав ден луѓенца! :hug:
     
    На bittersweet, Val-Dim, Желба и 27 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.211
    Пол:
    Женски
    Добро утро, да ве поздравам сабајлечки, се довлечкав на работа.

    Сакав дома да останам, ама јок... Кога сме кај работата, си ја сакам, ама не кога немам можности и услови да напредувам. А така ми е сега, заглавена сум во еден круг од кој никако да излезам. Се утепав од читање и учење нови методи, користење на нови материјали, за што? За џабе, тука нема каде да ги применам и се нервирам. Супер оглас има од пред две недели, два од десетте понудени услови не исполнувам. Ама баш ми е гајле, аплицирав, може ќе ми се насмевне среќата, секако можам да го научам тоа што не го знам. Всушност, го знам, ама немам практично искуство, сепак мислам дека брзо можам да се испраксирам.

    Во однос на дебелина/килажа ор уатевр, јас сум од набиените. Отсекогаш сум била полничка, ама сега го претерав. Ептен. Не ми е битна килажата како бројка, битен ми е распоредот на тие кг. Ако е складен, и ме собира во 38-40, арна сум. Уште ме бере 40ка, ама не спијам на тоа уво. Од утре може да не ме бере веќе.

    @Rebecca_R честитки, да сте среќни и долговечни!

    Убав ден на сите!
     
    На bittersweet, Желба, M&M и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.744
    Допаѓања:
    176.000
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од меН:hai:

    Што да кажам ,а да не бидам досадна |(
    Еве ...
    Сношти многу убаво поминавме .
    Ништо не јадев ,ништо не пиев .
    А бевме во Мрзенци као на јагнешко .
    Ама јас само салатка јадев .
    И добро де малку боцнав и од јатките и крезлите . Ама само колку за проба , да видам дали ги погодиле:). Ама дефинитивно оддолеав на јагнешкото . А килце си го јадев без проблем :x
    Ама готово е со тоа . Торбата е затворена :emo:

    Во врска со работата :)
    Си ја сакам . Уживам да си играм домачица и слугинка на мажиштево ми мое :emo:
    Нели и тоа е работа :)

    Одам да ја "чувам "мајче
    Не и се сите шајки на број , а дедото ми е на пазар . Мора некој и пари да донесе во куќава
    :hai:
     
    На bittersweet, Желба, M&M и 26 други им се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Добар ден :sun:
    Ја читам Еленамак и си велам ај да прогуглам за перимено-упм:lol:и не ми требаше.:sweat:
    Сеа излезе оти трае неколку години до вистинската мп. Жена да не си, уф. Имам и јас симптоми како ноќно потење. Кај ми е крајот? Како беше таа - кога се ти оди добро стави си камче во чевелот... или не знам како беше, не е важно тоа. Важно е да сме на нога.
     
    На bittersweet, Val-Dim, Желба и 25 други им се допаѓа ова.
  9. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    85.259
    Пол:
    Женски
    Добар ден!!!
    Дете учи јас кафе пијам ,сакала тост да и направам и недостасувал не јадеше ради операцијата на забот,па да и исполнам желба сега..
    Денов убав сончев барем алиштата ќе ми се исушат,ако не друго и одма подруго е расположението ;)
    Килажава ми е иста од кога знам најмногу до 65 кг.одам на пораѓај 69 бев па така да никогаш сум немала мака со килажа,а откако го пијам ѓубирот во обем имам намалено ,сите сакоа ми се големи ,значи има ефект...Не читајте многу по интернетот оти триста болести ќе си најдете:nod:
    Ајде убав ден!!!
     
    На bittersweet, Val-Dim, Желба и 28 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    На здрав човек му се јаде.
    Болните немаат апетит.

    Да изледам пристојно.
    Дали имам 3-4 кг повеќе па и не е страшно.Додека не ми сметаат на врзување патики, нема да им обрнам внимание.

    Не сум нет-жена.
    Имало моменти на очај кога сум барала одговор на прашање кое ми се моткало по глава, па сум читала туѓи искуства, ама дефинитивно не верувам на сечии писанија.

    Иначе, ми покажаа слика од ФБ од пријателка -насмеана, нашминкана, гушната со децата, маж до неа.
    Под сликата нешто пишувапе, во стил-хепинес.
    Да бе, хепинес (си помислив)...таа не ни живее со маж и.
    Ама за на нет - хепинес.
    Нејсе...кој како си замислил-така нека си тера и не ми е ни гајле, ама СДК дека нетот ствара лажни слики и за луѓе и за настани, за болести и искуства со лечење да не зборам.

    Убав ден девојчиња и дечковци:hai:

    П.С. @Rebecca_R честито мажулче.Да сте здрави, живи и среќни заедно.Да ве краси љубов и слога...и еден куп деца:inlove:
     
    На green.eyes, bittersweet, Val-Dim и 32 други им се допаѓа ова.
  11. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден. Како ме фаќа некогаш нервоза каков народ сме, морам да се испукам тука, знам дека нема да ме сфатите погрешно. Имено имам ставено понуди на купи на попуст за масажи исклучиво за жени, за смешна цена и изрично е со црвени нагласено дека е само за жени, ми се јавува една и ми вика купивме двајцата. Двајца? Извинете ама за мажи не важи понудата. Е не видов. Ок, не виде, ќе користиш два ти. А не. Како било да го потфатам маж и. Маж да масирам што ми треба снага ептенски за смешна сума? А не. То не че мочи. И кога и кажав да си доплати се наапа. А ја не знам како ама мирно спиев.:D
    Врати ги купоните де. Никој никого не сили. Се си има купувач и се си има цена.
    Е така. И баш сум у ПМС и депресија ме мава од временцево ептенски.
    Инаку потпишав договор за стан у Козле, чекам да се одобри кредит. Једино тоа ме прави среќна у моментов надвор од моето синенце.
    @Rebecca_R честито мила! Се најубаво ти посакувам!
    Убав ден на сите. :)
     
    На green.eyes, bittersweet, Val-Dim и 29 други им се допаѓа ова.
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.744
    Допаѓања:
    176.000
    Пол:
    Женски
    Лејди , ако ти дојдеме јас и мм на масажа ,верувај дека ќе се молиш и ќе се радуваш да имаш муштерии како мојО маШ :)

    Немаме струја инаку
    Јаз'к ,ќе останеме без ручек денес :yawn:
     
    На Желба, M&M, Rebecca_R и 17 други им се допаѓа ова.
  13. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.350
    Допаѓања:
    278.770
    Пол:
    Женски
    Ги печам сарајлиите.
    СликО покасно.Ако ги биде.
    Точно.Мајка ми одсекогаш беше дебела и апетит си имаше многу.Одкако ае разболе за два три месеци стопена е .Нема ич апетит.Вели ништо не ми е слатко.
    И искрено да се задума човек .Јас од 5 одд се поправив и оттогаш само на диета сум.Цел живот мачење.
    Инаку и јас сигурно влегувам во менопауза на 41 г ,секој втор месец добивам.
     
    На bittersweet, Желба, M&M и 25 други им се допаѓа ова.
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Кога се мажат/ женат луѓето во светот ?

    Си читам 30/40 и сингл како трагедија. Да завршиш факултет да се осамостоиш, да профункционираш како возрасен, врска, па брак.

    Во светот 40 тите се новите 20 ти. Тука на 40 имаме ВПШ клупи ( ваша последна шанса, централно поставени на Широк Сокак) со надеж дека домашните ќе бидат стројници. Седна таму - готов си.
     
    На anggell, Желба, WildMk и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    107.395
    Пол:
    Женски
    Добар ви ден мил народе!
    @LadyC леле да се оправи времево како би дошла на масажа сама маж ќе мрчи ама нека мрчи замо ќе седи пред врата да се осигура дека си женЦка :Dне ми се оди на вакво време за Скопје инаку радо би дошла.
    Вака се држи диета
    :D
    FB_IMG_1549535613649.jpg
    Инаку јас до 25 годишна возрас бев во минус со кг откако го направив првото ивф се надув ко крофна и после бев во + сега одам пак надоле 63кг вчера се мерев. Кога влагам во аптеката прво чекаат да се мерам па после да купам шо ми треба страм ме фаќа веќе ама сакам на таа вага што сум почнала да мерам на неа да продолжам за да биде регурално:D.
    Убав ден друшки повелете :coffee::coffee::coffee::coffee:и на здравје.
     
    На bittersweet, Желба, WildMk и 24 други им се допаѓа ова.
  16. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Добар ден. Чекам 12 да седнам да јадам. УПМ и диета и се :)
    Јас сум со 65 кг и вишок ми се. Топ распоредени како појас за спасување во комплет со сало на рацете. Ама не се давам.
    Како мала сум била слаба многу. Јадев а не качував килажа. Почнав да се дебелеам после 20тите. Претходно бев тапациран костур.
    Идеална тежина ми е 54 до 56 кг ама на моиве години и со 59 изгледам ко милион долари.
    @malerozna ти во Мартини беше вчера? Вафли јадеше ли?
    Сакам слободни денови, ако има некој вишок да ми даде :D. Имам желба на мм да ми направам вечера изненадување, сосе вино, јадење и кока кола на крај. На ниет сум викендов тоа да направам. Ако биде ќе се пофалм.
    Поздрав другари и другарки
     
    На green.eyes, bittersweet, Val-Dim и 28 други им се допаѓа ова.
  17. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.130
    Пол:
    Женски
    Бев, ама не јадев. Не знаев дека има :o
    Само каве пиев. Усвари 2 испив, ептен ми го погодија :D

    Се разбудив дури пред 40 мин. Арно си станав во 5, кој ѓавол ме тераше да презаспивам.
    Соништа, хорори, сите мои колеги како војници облечени беа, јас наратор, објаснував нешто, раскажував за некоја, па ептен се уфилмав, почнав тоа што го објаснувам за неа јас да го сонувам, па се најдов во ептен тесен простор, џоа Шеридан од Страсти жива закопана во гроб, ама моето не беше гроб, ама исто језиво беше, едвај излегов од таму, па зедов и ја една пушка, па некој пукаше на мене и јас вратив и сите се разбегаа, па во друг филм се преместив, и ајде да не го тупам, се на се, зажалив што презаспав :rofl:
    Ама се додека не сонувам две три сонца и месечини, и куп планети околу нашата, со комети и астероиди, летачки чинии и други глупости, добро е.
    Си направив сама муабет |(

    Ќе ве замолам тие со 5ка напред на килограмите да не зборите за диети, оти стапо ќе го најдам :devil:
    :nod:
     
    На bittersweet, Skorpija25, SV1911 и 25 други им се допаѓа ова.
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    106.356
    Пол:
    Женски
    Добар ден девојчици. Ве читам редовно ама не сум пишала, некако периодов ми е таков. Дома - работа - дома, па со деца, па без деца...
    Честитки закаснети за родендени на дечките на Витамина, Даница, веридбата на Ребека.. Друго не знам шо имаше за честито :$
    За килажа и конфекциски број не ми се зборува :( После операцијата ми остана стомак и никако да го приберам :envy: Морав да купувам гардероба со поголем број. А шо убаа си бев на времето...Си држев стандард 62-3 кила, дури и по три пати со 90 за пораѓај се враќав на тоа, ама сега сум ептем запустена, залежана, на работа само на стол, и тоа е.
    Битно здрава да сум, така си се тешам.
     
    На bittersweet, Val-Dim, Skorpija25 и 27 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Ич не го сакам:tmi:
    Јас имам повеќе од тебе:makeup:
    Моето е подобро од твоето]:)
    А зошто и мене не ми дадоа како твоето ?!:?:

    А кога ќе им го отстапиш твоето за да им покажеш дека ете твоето не е подобро од нивното, тогаш мислат дека ги местиш , и ПАК мислат дека тоа што тие го добиле (а требало да е твое) е понеубаво.

    Зошто едноставно не се задволиме со тоа што ни припаѓа?
    Да се помириме со тоа што го имаме во рака и нареден пат да се потрудиме за да имаме подобро ?


    Ги сакам
    Си ги чувам, а малку се.
    Таму е моја зона на комфор.Можам да си кажам се и да се однесувам нај-природно без да внимавам дали ќе ми се замери раи тон на глас или мафтање со прст.
    Не-исчупана.Бушава.Во партал-пижама....секако ги сакам таквите пријателки.


    Несакам.
    Ни пријатни ни непријатни.
    Можеби зашто бурно реагирам и на едни и на други.

    Постов го почнав пред неколку часа.
    Ама почнаа дешавки околу мене и како си течеше денот, така си допишував во спојлер:)
     
    На bittersweet, SV1911, Желба и 19 други им се допаѓа ова.
  20. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.350
    Допаѓања:
    278.770
    Пол:
    Женски
    Еве ги
    20190207_112722.jpg

    Ќе ги пробам на работа на пауза.
    Маж рече убав леб сум направила.
    Јас дремам во канцеларија кај другарката и додека таа има клиент јас типкам овде.
     
    На green.eyes, bittersweet, Val-Dim и 26 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.