Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    20190227_180624.jpg забегав со цвекињава ,ојде плата
    Не знам да шдедам како рефка , после 15г штедење ,удрив на ќефови , многу сакам уреден двор ,па наутро кафенце цвеќенциња мирис низ цел двор , зумбули ,лалиња во сите бои ,па врапчиња ,пеперутки ,па пчелки кога ќе ми се соберат си викам една кошница да ставам и мед ќе си имам:rofl::rofl::rofl:,муабетов од што го мразам ова ладново веќе ми здосади затоа за инатда се оправи веќе
    Цел ден некоја депресија ме маваше ,па решив до кај мајка ми да тркам да ја видам на кратко со вујна ми ги затекнав како се спремаат за прослава ,ме израдуваа , после долго време да ја видам малку весела ,и јас се развеселив
    Денес ви се изнашишав а ништо не кажав
     
    На ♡BuBaLe♡, bittersweet, Skorpija25 и 17 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    И јас сакам така. Сакам и цвеќиња многу..
    Сакам тераса цела со цвеќе
    Па наутро уз кафе и цигарче да си ги вадам додека блика сонцето...
    Милини...
    Е тоа за мене е рилекс на векот :)
     
    На ♡BuBaLe♡, Skorpija25, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  3. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Денес на работа ми вика една "доаѓаш на прослава со актив на жени,така":tmi:
    Кратко и искрено реков не,не обичам такви скупови.
    Уште толку ќе ме прогласат за шугава:devil::rofl:
    Ми е гајле.

    @referentka да позајмиш 100 евра да си купам чевли,за во петок такви наумив,значи ги сонувам, а немам пари ни за цигари:sweat::rofl:
    :clap::clap::clap: за штедењето.
    Никогаш нема да умеам.
    Ил не сакам,што знам:wasntme:

    П.С.Ви раскажав сабајле за цигарите,нели...
    Излезени денеска нешто со службената кола и гледам кутија неотворени цигари и тоа убави:D
    Прашувам чии се?
    На тој и тој.Ги заборави пред некој ден кога бевме на пат.
    Супер викам,мои се:D
    Така да за утре се закрпив,во петок ќе стаса инјекција од мајка:D
     
    На Tajnaotrovna, ♡BuBaLe♡, referentka и 27 други им се допаѓа ова.
  4. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.079
    Допаѓања:
    154.624
    Пол:
    Женски
    Врахос ако не го бендиса срам да му е :), мислам местото ко место ама плажата и водата топ за со деца посебно. За шетање ќе се подберете некој ден до превеза, мнооогу е убав градот. Патот малку длг ама со паузи се трпи, е да застанете по пат во оф бре како се викаше, едно место на езеро излага убаво е многу, ќе ми текне ќе ти кажам.
    Ако ти се оди у Ставрос кажи ќе ти пратам линк, 450евра 7 дена со доручек и базен :), зборам за втора недела на август :!:. Уште мм да го убедам дека не е ставрос толку лош башка ќе шетаме по плажи, ипак е зверка поголема.
    Јас и ти под иста звезда сме родени изгледа :D, не дека не можам друг период ама оној мојон е тежок, не сака јули, јуни па ич е овој период му одговарал |(, терсене човек. Скоро секоја година у ек сезона одиме, само кога бев пред пораѓање немаше избор па моравме у јуни, да останам пак трудна ако не ама во ист период ко со второво :devil:
    Косми како оди ова, мене ми излезе некоја нотификација за ова ама колку што разбрав морам да пратам препорака на пријател и ако тој направи резервација по моја препорака добивам ваучер за попуст. А инаку ми ја даде оваа резервација како genius привилегија не знам зошто, вајда дека имам доста резервации преку нив направено. Genius traveler сум изгледа 8)
    Е и за цвеќе да се изјаснам, труп сум не ме бива, по некое сезонско за на лето за тераса преживува друго ич :D
     
    На ♡BuBaLe♡, Sandrin4, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  5. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.079
    Допаѓања:
    154.624
    Пол:
    Женски
    Заборавив на ова да се надоврзам, јас и за кашкавалчето поховано дојдов :D
    Знаеш дека на нашата свадба ништо не пробав, дури ни пирошката и кашкавалчето :(
     
    На ♡BuBaLe♡, Skorpija25, WildMk и 15 други им се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.415
    Допаѓања:
    183.723
    Пол:
    Женски
    Прати ми, ама веома врло могуче е да бидам на работа. Треба да го земам решението за одмор. Уствари шо зборам, може мм ќе биде на работа. Со нас двајца е ептен зафркнато, или одиме во најскапото, дека мораме, или не одиме ич, дека еден од нас е на работа. И после ќе рече некој дека ние од образование три месеци сме на распуст |( Инаку јас стискам палци за трето (fingers) И сепак прати ми го линкот, да видам шо ќе пропуштам :wasntme:
     
    На ♡BuBaLe♡, WildMk, ivi1987 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.415
    Допаѓања:
    183.723
    Пол:
    Женски
    Ако нема кашкавалче, ќе си ја изедеме пирошката и ќе си заминеме :hai: Јас мислам нема невеста шо јадела на нејзина свадба.
     
    На Skorpija25, WildMk, ivi1987 и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    :hai:

    Па и на свекрвица дај и пари. :lol:

    Ај за втората ќе си пробаш. :rofl:
     
    На ♡BuBaLe♡, Skorpija25, WildMk и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.162
    Допаѓања:
    137.264
    Пол:
    Женски
    Сите на час по економичност и штедење да дојте да ве превоспитам :D

    Ова не е за фалба ама :!: после 25ти во месецот на по 2-3 места секогаш имам дадено по 50тина евра до плата. Неќум да држам предавања јер сите прчат нос во смисол ,,ако даваш, дај, и ич да не ти е гајле како трошам, тебе ќе ти бидат вратено''.
     
    На ♡BuBaLe♡, Annath, referentka и 18 други им се допаѓа ова.
  10. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.360
    Допаѓања:
    278.879
    Пол:
    Женски
    Да сум само јас газда за себе знам да штедам.Треба да се и двајцата (или тројцата ,четворицата) со иста намера и спообност за штедење...Кога сум имала сум оставала настрана и знам да не ги буцкам....Сега штедам за да има при крај на деца да дадам,за лекови да има,за нешто неопходно...
    Ама пред се треба да се ИМА за да се штеди.Ако не ти стасуваат за храна,облека, деца не можеш да штедиш.Со минималец ич а нити со просечна плата не може да се штеди.А и плус ако нема никој „инџекција“ некоја да ти даде што вели Пупи.Или што викаат кај нас туѓа вошка да те полаза...
     
    На ♡BuBaLe♡, Annath, referentka и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.935
    Допаѓања:
    163.991
    И јас сум штедаџија.
    Кога бев "помлада" уште повеќе. И горда сум на тоа. Зимав пишлива плата и си плаќав обуки и доедукации од илјадници евра, без да зимам од моите, а и излегував со тие пари и си купував ствари. И јас сакав мода да терам, и глупости да купувам, ама.. приоритети...
    И ден денес, до крај на месец не се случило без денар да останам. На почеток тргам сума, ја заборавам те ја уплаќам на друга сметка и тргам 2000 за црне дане, те за тој страшен крај на месецот, и ако тие останат цели, што најчесто да и тие ги тргам, е после доаѓа зошто ги даваме ама...друга приказна, ќе дојде ден за убости.
    И секој сака да се дотера, ама не можам да сфатам жени кои преебуваат цела плата за тоа. За партали. И на крај на месец се зајмуваат.
     
    Последна измена: 27 февруари 2019
    На ♡BuBaLe♡, Annath, referentka и 15 други им се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    Врахос е кристално ама длабоко е веднаш . Нема плитко како што ми е останато и нешто постудено.
    А вака убаво мало селце се соберено на една улица.
     
    На Annath, WildMk, ivi1987 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.935
    Допаѓања:
    163.991
    Не е длабоко во Врахос. За мали деца е најпрепорачана дестинација во Грчка.
    Влегуваш длабоко и опа после одма плитко пак.
    Водата е претопла. Крај на август ова, порано не знам. Ама нема ништо друго во селото, ќе збесне човек. Среќа на шетање бевме само, ама на 2-3 пати во 10 дена зошто не бендиса плажата.
    И не ти пикаат нозе во врат зошто плажата е ехееееее.
     
    На ♡BuBaLe♡, Annath, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    91.073
    Пол:
    Женски
    @M&M

    И ти имаш некој код.
    Влези во акаунтот кај што пишува моје награде(на српски ми е мојов букинг)
    И види кој код го поседуваш.
    Два има.
    Едни добиваат код со 10% други со 15$.
    Мене ми се падна со 15$ ,не се исплати многу тој.
    Ако е со 10% твојот ,кога ќе букираме ,ќе влеземе преку твојот линк,ние ќе добиеме 10% поврат,а ти ќе добиеш пари, само не ми текнува колку.Се појавува поклонче долу десно и името на сопственикот на кодот.
    Јас искористив таков код и ми врати боокинг 40 еур на картичка кога се вративме.Види каков е твојот..Барем твој да користиме.
    Ако не ,ќе најдам на нет и ќе го ставам,не се малку 10% да ти вратат на картичка.
     
    На ♡BuBaLe♡, Annath, Sandrin4 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, банана, кафе, обврски. :coffee:

    Уште колку пати ке правиме муабет за одмори до лето? Нема смисла, цела пролет ја скокнавте, а мене тоа ми е најубав период од годината. Опремена сум со алишта, само чекам сонце и температура околу 15 степени. :sun: Па цвеќиња, трева, дрвја со огромни крошни, па црцор на птици, си пиеш кафе на клупа у парк, се печеш со кучката на сонце, па и алергија гратис, што повеќе да барам? Океј, ја алергија си имам и преку зима, така да - сеедно ми е. :lol:

    Ја и за секој ден од животот имам луѓе кои ми се од блиски- поблиски, па истите тие добиваат внимание и за 8ми март, и за Велигден, за роденден и сите останати настани. :f:

    Пари тискам од кога знам за себе. И кога бев студент тискав пари, и сега кога работам тискам пари и секогаш имам поголема цел од полн стомак и партали. Од секоја исплата првин на страна тргам една поголема сума за во иднина, сума која нема намена ама е дел од 'купот'. Потоа тргам пари на страна за домот, за патување, за алишта и на крај остануваат пари за секој ден. Не сум трошлика, купувам само работи кои ми се предвидени во буџетот и никогаш се немам потрошено до тој степен да две недели преживувам со 500 денари, да речеме. Ако месецов сум испланирала да купам патики од 3000, нема шанси да купам и патики и тренерки за 6000 и потоа да кратам од други задоволства. Всушност може да се деси да си останам без алишта, скржла. :D

    Јас на букинг не добивам поврат на пари, само добивам понуди и попусти. Пример, има одредени денови кога одредени хотели и апартмани имаат попуст и до 60%. До сега сум резервирала многу пати и најчесто хотел со 4* го букирам со иста цена како хотел од 3*, нешто ко лојалити награда.
    Сте збореле и за удобност на сместување и мора да признаам дека мене ми е битно. Не сакам луксузи т.е. не секогаш ја бирам најскапата опција, ама секогаш барам простран апартман, чист, со кујна, блиску до центар и со паркинг (за лимузината). Дека ми е сеедно каде ке спијам и појадувам, не ми е. Сепак, не е само преспивање, туку кога ке се вратиш од плажа треба да се избањаш како човек и да одмориш, да има каде куфер да ставиш, да има пристојна тераса, душекот да е пристојно удобен, и мора да е чисто. Наутро треба да седнеш и како човек да појадуваш и да спремиш јадење за на плажа. А и самите знаете дека нашиве агенции се спремни да ти продадат ужас со астрономска цена. (poolparty)

    Кој е за какао?

    [​IMG]
     
    На ♡BuBaLe♡, Annath, referentka и 19 други им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Цел ден се смеам на една многу смешна, пресмешна фотка на дебелко стаорче заглавено во дупка од шахта:))) и си викам, е, бар не си ова:D Има и полошо.
    Пожарникари од Германија го спасувале, па уште имаше и коментар од типот дека имало натрупано многу масни наслаги од зимото, we've all been there, ya! :D:D

    [​IMG]
    нормално прво мислев е кромид вест, али сепак...ќе си се изнасмеам:)))

    Коа ќе ви е тешко во животот, помислете си на суштественцево:))
    Чау.
     
    На Ники., karmenka21, ♡BuBaLe♡ и 24 други им се допаѓа ова.
  17. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Арно и мм ми вика дека сум параспур.
    Сум,признавам:mm:
    Сакам да си терам ќеифови, дал облека, шетање, квалитетна храна:Dсо оглед на тоа дека веќе трета недела си кратам од најголемото задоволство (храната :rofl:), душата мора да си ја подмирам со други нешта.
    Меракот нема цена, а и данас јесмо сутра ко зна где смо:nod:
    Така си терам јас.

    Тукуу цело попладне се мислам што е ова...
    20190227_211058.jpg
    Никаков прилив ништо немам од нив, камо да имав
    Единствено на памет ми паѓаат т.н.субвенции за тек, ама па тие не проаѓаат на сметка:^)

    Некој нешто има поим?
    Како и да е, утре ќе се јавсм во контакт центарот, денеска не ми се збореше со нив.
     
    На Annath, bittersweet, Skorpija25 и 20 други им се допаѓа ова.
  18. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    @zhap4e глувчево се преценило многу :D
    Ми се чини дека наскоро и врата нема да ме собира. Морам да почнам квалитетно да гладувам, веќе не бива. Си ја прекинав диетата од по бев бизи на работа, а не ја почнав од шо шетав многу.
    Сега 2 дена дома болна... Никако не ми се погаѓа.

    @SV1911 да се пријави во рецепција. Гледам бандиниве ја спукале работата. Се надевам дека сте ок таму.
    Јас денес си одмарав гледајќи глупости по јутјуб.

    Штедач сум дури не ми пукне филмот. На крај пак си испаѓам параспура :lol:
    Ама не давам никој да ми дава, сега оптегнувам нозе според чергата. Давам а не земам :bow:
     
    На ♡BuBaLe♡, SV1911, Annath и 26 други им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    101.686
    Пол:
    Женски
    Хај...
    Срам ми е да кажам ама никогаш не сум била во Грција на одмор.Не се ни осудувам да планирам уште сега за летување...
    Штедам ...едвај 1000ден месечно некогаш ни толку.
    Никакви луксузи не терам,ни кафеани ни кафиња...и пак не стига.Дете на факултет секој ден трошоци,ние двајца по пат секојдневно...не се стига.
    Утре цело утро по лекари,па на работа, на нос ќе ми излезе душава од брзање.
    Штитната ми ги мати сметките ич не се чувствувам добро.
     
    На Tajnaotrovna, ♡BuBaLe♡, Annath и 26 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.937
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам а да не пренесам негативна односно болна енергија..
    Штедам кога треба. Ама кај нас штедњата секогаш завршувала за лошо а не за арно. Еве планирав за дизниленд да штедам и куќа да правам а денес ми натежна планина на грб цела. Си се потпре без да праша. За болка и да не зборам. Кој прошол низ тоа сфаќа...
    Ќе си легнам. Вајда ќе заспијам.. Бар да не боли олку до сабајле.
     
    На Milobebence, vitamina, ♡BuBaLe♡ и 23 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.