Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    137.234
    Пол:
    Женски
    Палете користам и јас ... немам мака со сува коса, дали дека мојата ептен се мрси па вака со фарбата успорува мрсењето малце :tmi:

    Околу оваа со бебето .. од кој би видела таа пример за родителска грижа. Шо родители се тие шо не приметиле дека ќерка им е трудна?
     
    На Skorpija25, Alishan30, NarCis@ и 10 други им се допаѓа ова.
  2. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.733
    Допаѓања:
    213.798
    Пол:
    Женски
    Ne mozi da ne primetile meseci se vo prasanje.Dusa me boli za bebceto.......
     
    На Skorpija25, kuc, Mr. Right и 7 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Можно е и родителите нејзини да го убиле.
    Имала помош при породувањето, имало докази за тоа.
    Дома се породила...
    Што значи... и родителите имаат удел во убисвото.

    Гарант е, оти не сакал да ја земи, а 'срамота' е да родиш немажена
    Тоа е таа 'македонска традиција', која 'сакаат да ја зачуваат' многумина :puke:
     
    На Skorpija25, kuc, M&M и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    Па и на лекар да лажеш, небаре нема тој да види и утврди што е точно (facepalm)
     
    На Skorpija25, Mr. Right, Alishan30 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Мори толку знаела...
    Сигурно појма немала дека доктор може да ја прегледа и да знае од што крвари.
    Гарантирам и за ова.

    Не е ич чудно.
    Статистиката вика, дека Македонија произведува 'глупи' деца.
     
    На Skorpija25, kikin, Mr. Right и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    @WildMk Среќа во несреќа е што нејзината неедуцираност ја довело до тоа сама да се издаде, иако очигледна била намерата со лагата воедно да го прикрие и злосторството.
     
    На Skorpija25, kikin, Mr. Right и 9 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Добро утро
    Станав.
    Кафе со пропратни активности.
    Ништо не се дешава.
    Убав ден.
     
    На Skorpija25, kuc, ♡BuBaLe♡ и 24 други им се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.326
    Допаѓања:
    278.502
    Пол:
    Женски
    И јас станав.Наспана.
    Ќе одам некоја мекица да замесам да сум во занимација.
     
    На Skorpija25, kuc, ♡BuBaLe♡ и 21 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.290
    Допаѓања:
    226.849
    Пол:
    Женски
    Станав ама ми се спие уште.
    Денес ми треба само добра организација за да успеам
    Бидете арни.
     
    На Skorpija25, kuc, ♡BuBaLe♡ и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.705
    Допаѓања:
    175.532
    Пол:
    Женски
    Не мораше со вакви вести да ми започне денот

    Вчера сите сте ми пуштиле среќичка . Одма се позна тоа . Многу ви благодарам . Уште денес да ми јават добри резултати и ќе снесам :)

    Вчерашната моја среќичка денес нека оди кај @Lilit :l:
    После ако треба и пирошки од кам ќе јадеме заедно срц:P

    Ај се слушаме :sun::sun:
     
    На Skorpija25, kuc, Peco и 30 други им се допаѓа ова.
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Добро утро луѓенца!

    Ве читав вчера во кола дур бев на пат, ама мака ми е од мобилен да типкам па и во движење, кој знае која граматика ќе беше. :whew:

    Се помолив за @Lilit и за @Bubce38 оставете се' во Негови раце. Знае што да направи. :l:

    Не се фарбам, пола глава веќе ми е бела и така си шетам. Мм ме бендисува, а искрено и јас. Цел живот слушав како сум на "стаклени нозе", како секој ден ми е поклон, како сум со лабилно здравје, операции и ситуации милион... Одеднаш, еве ме на 34 години со седа коса да не речам salt&pepper, како некое достигнување го гледам. Не сум со сите, знам. :drunk: Порано се фарбав, сите бои ги сменив на глава. Црвена најмногу се бендисувам, во сите можни нијанси. Ако дојде ред да се фарбам, пак црвена ќе бидам. Ем ми иска, ем ми стиска.

    Не ги коментирам другите ситуации, премногу ми е жал. Си го отплакав жалното, уште без грев... Тоа е животот, за кого мајка, за кого маќеа.

    Денес е убав ден. Решив да биде убав, да бидам насмеана и расположена. Попсув сабајле заради апсолутен bad hair day, ама живела пунџа се оправив некако. Нека тоа ми биде единствената грижа во денот, и мене и вам. Такви глупости да ни се "сериозни".

    Гушки ви праќам еден куп, се читкаме луѓенца! :hug:
     
    На Skorpija25, kuc, EuHenIa и 33 други им се допаѓа ова.
  12. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.643
    Допаѓања:
    107.270
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    И јас сум сеуште потресена од случката едно време прашував зошто Боже едни молат за деца други ги убиваа на најсуров можен начин веќе не прашувам се изморив.
    Ниту душа имам нити солзи веќе тоа е...
    Еднаш пишав во соодветна тема дали навистина младите кои пишуваат по темите се толку неедуцирани и како такви стапуваст во сексуални односи или имаат време на претек па се зезаат.
    Како и да е се изначитавме се и сешто за жал .

    И јас станав ненаспана тегнам кафе па ручек да направам среќа од 10ч сум па имам време од сабајле да направам ручек.

    Боја за коса не користам порано користев на палете но на 2_3 миење бојата се менуваше од темно црвена ми стануваше како морков и баталив фарбање сега само шатирање.
    Убав ден друшки .
    @Lilit :hug:
    @Bubce38 :hug:
     
    На Skorpija25, kuc, Peco и 26 други им се допаѓа ова.
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.705
    Допаѓања:
    175.532
    Пол:
    Женски
    Мојата коса пред 16 год скроз побеле. Преку ноќ, а немав ни едно бело влакно . Едно утро се будам и од скроз права коса беше станата виткана со ситни локни . и цел корен бел. Продолжи да си расте бела. Сега немам ни едно црно влакно .
    Ми кажаа од стерс дошло до тоа.
    Неколку год се фарбав светло кафена , накај смеѓа. Ама почнав црна и веќе само таква се бендисувам .
    Строго со Субрина се фарбам , на десет дена
     
    Последна измена: 6 март 2019
    На Skorpija25, kuc, lunicka и 23 други им се допаѓа ова.
  14. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.218
    Добар ден! :sun:

    Пуштам еден тон среќа! :l:

    Ќе се изненадите колку 19 годишни се однесуваат како 5 годишни, прават работи без никаква логика, не информирани, живеат во некој свој свет одделно од сите други и мислат дека тоа што го прават нема да има никакви последици, никој нема да примети. И ова го пишувам за луѓе кои ги знам, а се прошетани, имаат образование, семејства кои ги сакаат. Како размислуваат тие што пораснале во таква средина, изолирани, млади луѓе кои што не почувствувале љубов.. не можам ни да замислам што им се врти низ глава.

    Многу е жално за бебето. ;( Мајката треба да се суди и да се открие кој и помогнал.

    Не сакале да го чуваат, има решение за тоа. Еден куп луѓе сакаат да посвојат!

    Да ти се слоши.. па за мачиња колку ноќи имам не спиено, од петни жили се трудев да ги спасам, да ги хранам на време, последните пари на ветеринар колку пати ги имам дадено. А они, бебе да убијат?! Како бре, таквите не треба да чекорат по земјава!! Мене совеста не би ми дала на глувче да му наштетам. А таа свое бебе фрлила во веце да се дави?! За таквите било која казна е мала!

    Ќе почнам да пцујам...

    Деновиве гледам емисии за оставената генерација во Кина. 60 милиони деца живеат во руралните средини без своите родители, ДЕНЕС. Некои од нив имаат баби и дедовци, а други пак се грижат за старите бидејќи се болни и плус одат на училиште, готват, перат, водат домаќинства. Никакво детство. Живеат во мизерни услови, без доволно храна, во многу валкани куќи кои се пред распаѓање. Државата за нив не прави ништо. Напротив, доколку родителите сакаат да ги земат децата со себе во градот, треба да плаќаат огромни даноци за да истите се преместат во друго училиште.

    Кој ќе помисли дека денес, во овој современ свет каде повеќето живеат океј, патуваат, одат на одмори, децата им се до нив, 60 милиони деца во една од најсилните економско развиени држави живеат вака?! А да не кажувам за психолошкиот момент.. се смета дека 20 милиони ќе бидат криминалци, 20 милиони со некој тип на ментални болести поради ваквиот живот..

    Јес да нас ова сега не нѐ допира бидејќи е таму некаде, далеку од дома.. ама, зарем?!

    Ова погоре беше пример за тоа дека емпатијата кај луѓето, поготово во густо населените средини е сведена на нула. Каде одиме како човештво со ова?

    Убава среда. :f:
     
    На Skorpija25, kuc, lunicka и 28 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.763
    Природно сум плавуша, па не ми треба многу за да ја обелам косата.Дури и 3 % хидроген употребувам за да стасам до оваа боја.
    Бели влакна немам.
    Не се мијам со специјални шампони, ама пак затоа морам специјални маски да ставам за да не ми се листа влакното.

    Се освестив малку со кафево, сега да го вклучам мозокот малку.
    Поарно да го вклучам, зашто забегувам со размислувања.
    Нечинам за себе.Си ја корнам душата со глупости.Се трујам сама себе.
     
    На gjoker4e, Skorpija25, kuc и 21 други им се допаѓа ова.
  16. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.326
    Допаѓања:
    278.502
    Пол:
    Женски
    Како што гледам во блиска околина ретко кои 19 годишни се однесуваат зрело.Многу помалки од некогаш.Разгалени,без чувства,одговорности,стихијно чекорат кон животот.И не ме ни чуди постапката,туку кај се овде нејзините родители? И тие треба да сносат па дури и поголема вина?
     
    На gjoker4e, kuc, lunicka и 21 други им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Колку треба да не си човек за да фрлиш бебе, и тоа од тебе излезено?
    Ме потресуваат вакви работи, ама веќе ништо не ме чуди. Затоа и престанав вести да гледам, затоа и престанав да отварам црна хроника и вести кои може да ме вознемират. Колку помалку знае човек, подобро.
    Ај добро утро.
    Вчера кога се вратив од работа дремнав, па станав како зашеметена. Седев еден саат и во 9 веќе бев со се деца комирана. Сега пијам кафе да отворам очи, па да земам да поработам.
    Гледам за фарби сте збореле. Јас долго време се фарбав плава со Субрина, ама косата од што ми беше изгорена почна да ми се кине. После тоа земав копер на Аура и сега со неа терам. Туку, дај кажувајте од маски, регенератори, спрејови за расчешлување што користите? Некако не можам ништо соодветно да најдам, а триста работи пробав.
    Убав ден да имате :f:
     
    На kuc, WildMk, mareane и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    Сеа може да стои :)

     
    На Skorpija25, Annath, ivi1987 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    Ајде кој е за кафе..

    Јас низ животот се имам баеги фарбано ама на етапи...
    Црна најубаво ми стои..
    Плава не ми стои воопшто..

    Денов облачен... од викенд таму ќе пекне демек сонце
    Ама арно е..

    Да се потпрошетаме денес...

    @Bubce38 @Milobebence вчера искрено ви ја посакав најголемата и најубава желба..

    За другите случувања не сум читала ама слушнав немам желудник да читам и гледам

    И така поздрав
     
    На kuc, WildMk, mareane и 22 други им се допаѓа ова.
  20. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    Трајно решение...
    ...Беше ручек време кога му јавија дека ќе мора да се враќа назад во родниот град, бидејќи му подготвуваа нешто убаво...
    Сите нормални на негово место би скокале до небо, но тој воопшто не се израдува, напротив се разочара. Му пропадна и ручекот и денот. Се'.
    Се најде на крстопатот од животот кој мораше да го одведе до некаде. „Ајде некако ќе се истера“ - размислуваше гласно. Но, како да и ја соопшти информацијата на неговата половина, на неговото се' во животот? Знаеше дека и нема да биде така лесно. Ситуацијата во која се наоѓаше беше деликатна. Не знаеше дали да се радува или не. Но, ако во тој момент одлучуваше токму тој, со сигурност немаше ниту да помисли, ниту ќе сакаше некој да му се јави од доле.
    Стануваше збор за некакво вработување, некаква замена, некакво отсуство...значи за кратко! Се насмевна кога слушна дека работата ќе биде ''за кратко''. Се согласи. Некако најде соодветни зборови (а, си го биваше за филозофирање) и и' ја соопшти информацијата на неа. Додека го водеше разговорот, дури тогаш, за првпат ја виде нејзината искрена солза како и се лизгаше по лицето. Капките се засилуваа, почнаа посилно и посилно да земат замав, со цел никако да престанат. Во тој момент го осети она чувство кога нешто се крши во човековото срце. Беа сами, силно ја прегрна и не ја пушташе додека не му се исплаче, додека не и олесни. Откако малку и двајцата се соземаа, разговорот течеше онака како што им доликува на двајца возрасни луѓе. Најдоа заеднички компромис иако за друго немаа избор. Заеднички прифатија работите да се случуваат онака како што треба, да не си стават препреки самите себе.
    Денес ако не се лажам функционираат одлично, одделно, но за кратко. Ги видов и двајцата задоволни, насмеани, весели, девојката повесела,отколку тој и ми соопшти дека таа ќе се враќа доле, онаму каде што тој требаше да биде ''за кратко'' и да се врати назад... Но работите не се одвиваа според нивните желби. Реалноста ја прифатија и двајцата, иако не сакаа.
    Конечно сфатија дека животот треба да се живее, не да се сонува. А, и двајцата сакаа многу да живеат.
    Нека живеат!
     
    На gjoker4e, Skorpija25, kikin и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.