Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.228
    Пол:
    Женски
    @TeddyGrey среќен роденден мила, само здравје ќе посакам другото само ќе си дојде:inlove: :hug: :^:

    @WildMk среќен на лепотицата, да ви биде ваша гордост,здрава и жива да е:l: :^:

    За многу години празникот на сите. Проштевајте ако зум згрешила нешто, кај нас на помладите им даваат пари постарите, јас тука меѓу најмладите сум па во спојлер еве ви ја жиро сметката, пуштете некое денарче:D

    п.с. уште неотрезнета од синоќа, ќе продолжиме по гости денес, клин со клин се избива:wasntme:

    Е,многу сакам свадби значи. Се утепавме од играње, пеење, афтер парти до сабајле, караоке шоу...:inlove:
    Школските од средно ми ја направија вечерта,се изнасмеавме на глас за сите пари:rofl: тоа се пријателства, кои никогаш нема да престанат и ќе траат
     
    На Skorpija25, bittersweet, SV1911 и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    :hai:

    Во 10 станав, барем уште саат време да спиев. :envy: Се најадов ослич и пире. Сеа уште малку и кафица. :coffee: Вечер и палачинка некоја ќе свртам, пред строгиот режим да ми помине меракот. :nod: И до Рамстор ќе одам по Лино кремот. Гледам сите го фалите па да го пробам. :^) Таман да докупам некои ситници. Сеа интересно ми е со картичката и поените. :rofl: Ама и убави вработени има барем таму кај што одам. :$

    Јас не простувам така лесно, така да празников ништо не ми значи! :devil: За мене е само недела. :angel:

    Кој викаше "чаУ"? Епа чау до вечер. :f:
     
    На Animali, Skorpija25, SV1911 и 24 други им се допаѓа ова.
  3. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.896
    Допаѓања:
    142.325
    @WildMk среќен роденден на ќерка ти, голема да расте, да ве радува секогаш:^:
    @TeddyGrey среќен роденден, жива и здрава да си ти и твоите најмили. Да ти се врати насмевката на лице, да ти падне тежината од гради и да бидеш среќна со твоите сакани:hug::hug:

    Добар ден,
    Простете ми ако сум ви згрешила, а сум згрешила сигурно:)

    Имајте убав ден:f:
     
    На SV1911, duffi, Mr. Right и 19 други им се допаѓа ова.
  4. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.310
    Допаѓања:
    278.325
    Пол:
    Женски
    Ме задума Вајлд со постот околу простувањето.
    Јас се извинувам во моментот ако нешто сум згрешила ама вака после време на некој одреден ден нема шанса да барам некому прошка.Фала богу што во мој крај и нема тоа класично одење и бакнување рака и барање прошка.
    Ај остај тоа туку се замислив дали во последно навистина и од душа простувам.И изгледа не ,навидум брзо заборавам,преминувам преку се ама изгледа длабоко во себе не простувам.И тоа доаѓа до израз последниве години .Дали е до годините дали е до што прекипело лончето незнам...Дури и на сама себе во последно не можам да си простам за некои работи што сум дозволила така да течат,а сум можела и требала да ги направам поинаку...
    Многу тешки филозофии за на ваков ден знам ама ете...
     
    На Skorpija25, SV1911, Sesil и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    ГУБЕЊЕ НА ПРИВАТНОСТА
    ... Живот. Ме разбуди малото и гадно апаратче наречено мобилен. Ах, само да знае што му мислам на тој интелект што го има измислено. Само да знае колкупати е проколнуван, пцуен, озборуван и не само од мене, туку од повеќето страдалници. Шпионот на денешнината. Чумата на векот – службениот апарат(мобинг). Да се немало раат. Па добро бре жива материјо, до кога, како и зошто? Можеби мислевме дека е само потреба но не било. Сега стана и завист. И тоа не разделив. Никогаш погадно не сум се ежел од неговиот никаков звук, но сега сакам да го немам. Но, не е лесно. Не е ич. Седам и размислувам. Дали само мене ми се случува сето тоа? Дали само јас немам никаква приватност? – или кај секого е така? Ама не е така. Убавите и мили фаци што се наоѓаат околу мене се како птици. И тоа не во Кафез туку во Лет. И упорно размислувам се нервирам. Зошто така? До кога? Па нели сите работиме некаква работа? Добро, некој буквално треба бар да ја клатат вратата, ама и за тоа не се способни. Зар само јас работам, демек само јас знам(таму кај што сум), не сакам и да знам кај сум! Не, луѓе! Не е така. Сакам да ги поврзам и да ги ставам во едно во ист кош. Судбината и среќата. За да направам некаква каква – таква анализа. Размислувам. Дали е судбина или е среќа. Ама за среќа да е не верувам. А таква не би му посакал ниту на душманот пред мене. Искрено.Не сакам да бидам скептик за да кажам искушение. Не може период од една деценија да биде искушение. Ако е така нека му е наздравје. Луѓе, Судбина е. Ах, судбо моја убава. Поубава дефинитивно и самата да сакаше нема да можеше. Ќе се заебаше. Ти гарантирам. СУДБИНА – апстрактно нешто, самиот збор како збор ме плаши, не дека е груб, напротив симпатичен, тежок и страшен. Зависно за кој. За тој што ќе плаче. Отворен поим и прашање на кои и дното неможе да му парира. Ако има нешто пореално и понереално од тоа, нека ми каже. Нема. Нема ниту да има. Ако направам една компарација или споредба – ќе зборувам во улога на двете птици,како нас живите хомо – сапиенси. Едната да биде пуштена на слобода, а другата да е заробена во кафез. Го поставувам прашањето: На која ќе и биде поубаво? Дали на затворената робинка? Или на слободната? И сега тука може да се влечеме, расправаме, договараме, докажуваме, исто како тогаш кога се договара носењето буџет на ,,вукојебината" моја,наша... Значи во блиска иднина одговор нема. Затоа живи хомо – сапиенси(сите тие што ќе имате трпение да ја исчитате оваа колумна) живејте го секој момент, ден, недела, месец и година бидејќи од слободата поубаво нешто нема. Бар јас така мислам но не грешам. И ви препорачувам користете ја вашата слобода како капка вода во пустина. За после кога ќе се разбудите и ќе видите дека имате 79 години и ништо повеќе, туку само нив, кои што тежат и копнеат за изгубеното време, тогаш ќе сфатите. Бидејќи се тече, се’ се менува, само копнежот, болката, сеќавањата и желбата останува.
     
    На duffi, Dentina, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.602
    Допаѓања:
    177.699
    Пол:
    Машки
    Не барам да ми простите, затоа што знам дека не простувате.
    Ќе кажете „простувам но не заборавам“, или ќе кажете „не простувам, злопамтило сум“.
     
    На Skorpija25, SV1911, elena.mak и 20 други им се допаѓа ова.
  7. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.847
    Допаѓања:
    95.233
    Пол:
    Женски
    Среќен празник на сите верници:f:
    Простете ако сум ве навредила со некој пишан збор овде,не било намерно:)

    Денов не е дека треба да го избришеме сето зло што ни е нанесено,или пак неправда,туку за оние кои ке постат телесно и духовно да влезат со чиста душа и мирна совест во велигденскиот пост.
    Нема потреба од длабоки анализи,има луѓе чија душа станала црна и цел живот ке сеат зло наоколу,кај таквите џабе е прошката...
    Не е битно во што веруваме,се додека имаме чисто срце и добра мисла за другиот,има надеж за овој свет.

    @TeddyGrey среќен нека е,ти уште посреќна цела година да си:hug:
     
    На bittersweet, Skorpija25, SV1911 и 27 други им се допаѓа ова.
  8. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    22.084
    Денот е убав , ма преубав.Сакам таков и да остане!

    За простувањето на прочка.

    Простуваат и бараат прошка од срце тие кои од утре го започнуваат Велигденскиот пост.
    За во постот да влезат со чисто срце и без лоши мисли ако евентуално некој ги повредил, па затоа и простуваат.
    Затоа што мирот и спокојот на душата е исто толку важен ако не и повеќе од самото постење со храна.
    Мајка ми секогаш вели џабе е ако постиш , а притоа се лутиш , замеруваш , колнеш , ја полнеш душата со отрови.
    Такво постење не е тоа тоа.

    Јас на пример , не би можела лесно да простам некому за кого со денови сум чувствувала немир , кој ме навредил или повредил , освен несвесно т.е несакајќи се разбира.
    Но , денес кога човек на човека му е волк , сфатив дека луѓето се многу промислени , особено кога сакаат да те повредат.
    И да не се со промислени намери , ако те повредуваат тогаш не им значи тоа какви чувства ќе предизвикаат кај тебе.

    Малку бев наивна , се додека не тргнав на работа , почнав да се мешам со секакви луѓе , секакви ситуации и многу пати сум останувала запрепастена од злобата и лицемерието на луѓето.
    Почнав да учам да не верувам на сите и на се , ма денес арно велат на сопствените очи да им веруваш некогаш , а камоли на другите.

    Пијам кафе кај мајка.Дете спие , мм нешто работи на спратот доле.
    Трчкање во двор со малото :inlove: и разонода на вакви убави денови ми е нешто непроценливо.
    Па расцветани нарциси има во дворот.
    И бубабчки кои се љубат.
    Милина.

    Среќен Роденден на малата од Вајлд ,и на Теди , и на сите кои имаат роденден или друга пригода од срце ви посакувам убавини кои вие си ги посакувате.

    Имајте убав остаток од денот :sun:
    FB_IMG_1551970445671.jpg FB_IMG_1551970442541.jpg
     
    На bittersweet, Skorpija25, SV1911 и 25 други им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    101.437
    Пол:
    Женски
    Седнав да здивнам,ако може и некоја минута дремка да фатам...
    За ручек печени пиле со компири,супа со кнедли,марула салата,варени јајца и сунгерка десерт за крај.Со години на овој ден ми е истото мени.
    Не се бунат моиве некако ќе им е чудно ако сменам нешто.
    И простете,секако сум згрешила...
    Се проштева да се најде некој мир,некоја оаза во душата...е сега дали вистински проштеваме ,не знам.И кај мене владее она проштевам ама не заборавам.И би простила онака од душа ако нештото не се повтори.Ако се повторува ,па до кога ќе проштеваме глупости на некој...
    Размислувања за прочка...
     
    На Skorpija25, SV1911, elena.mak и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    Денешното попладне ептен се погоди за прошетка со мојата будала (кучето), додека се шетавме, ми текна дека скарата ми беше кај еден другар заборавена,веќе 3 месеци, па отидовме да ја земам, кога се вратив ја запалив, испеков месо,кременадли,колбаси,пилешки крилца и копани, и за него имаше, нели не го делам, член у фамилија си е...Заврши ручекот,мезењето,пиењето...сеа кулирам у рилекс моуд...Тумороу итс анадр меник мандеј :?:
     
    На Skorpija25, Sesil, Alishan30 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.084
    Допаѓања:
    328.625
    Пол:
    Женски
    Кај мене лазањи на мени денес :makeup:
    Дали само јас чистам со гласна музика и кафе у рака ? :D
     
    На Skorpija25, WildMk, Alishan30 и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    Пази само да не го истуриш кафето од рака, чистејќи...:lol:
     
    На Sexybaby86, duffi, mareane и 10 други им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.084
    Допаѓања:
    328.625
    Пол:
    Женски
    не би било прв пат :lol:
     
    На Sexybaby86, duffi, dunika и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    ..ама не е страшно, по брза постапка пак ќе го зачистиш :lol:
     
    На Sexybaby86, duffi, Mr. Right и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.356
    Годинава... никому не згрешив, немав време. Сем на блиските, но секако побарав од сите, тоа не знаеш никогаш дали си згрешил, од срце...
    Ама затоа многу дојдоа на прошка.
    Сериозна сум.
    Еден со искршена глава, една фатена во кичма, една со нога шината, друг со оток на вратот. И ниеден роденден не ми честиташе, а ги здесила маката ама сите до еден на мојот роденден. Сите до еден, ама најсериозно, најискрено, со дм се убиваме од клештење, не од нивната мака, туку дали е скриена камера? Се заебаваме дека комшиите ќе мислат дека сме станале екими. Овој со завитканата глава беше врвот. И како можело на тој ден, па споиле два со два и ете ги денес, чудесија!
    И денес совеста...проработела...
    Не ми грешеле мене, грешеле на себе... ама фасцинирана сум како фунционира сето ова... Од мене простено, ама самите со себе, они си знаат...
    Велам да не ми згреши човек... ме сака горнион иако нему најмногу сум му згрешила...

    Простете ако сум згрешила. Не било намерно, побрзи прсти од памет, понекогаш, но никогаш со намера да повредам.
     
    На Skorpija25, SV1911, elena.mak и 19 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.790
    Пол:
    Женски
    Ќе пиеме кафе ?
     
    На Skorpija25, Alishan30, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.084
    Допаѓања:
    328.625
    Пол:
    Женски
    не одбивам каВе никогаш
     
    На Sexybaby86, duffi, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.695
    Допаѓања:
    175.401
    Пол:
    Женски
    За многу години празникот :f:
    Простив ,ми простија . Како најмала во куќата добив парички од сите .
    Годинава најмногу .
    Требаше денес горе да ручаме кај старите ,ама маж имаше малку работа ,па оставивме за приквечер .
    Еве го печи месо и компири . Кој знае ќе го погоди ли :^)
    Цело време му кажувам што и како . Ми виснал над глава ,добро ли е наредено во тава , кажувај стоп за колку зејтин да ставам , а колку сол ?
    Налет вакво готвење .
    Да требаше лазањи да прави што ли ќе беше кој знае :)

    Среќен роденден @TeddyGrey :f:

    @Sesil Сесилијо ,мори само ти од катчево годинава фати странство на шетање повод 8-ми март . Абе богаташка 8):P

    Еве го пак ми иде со прашања мојО . Каде стоеле овалите за салата . И чашите за вино се отепал барајќи ги :tmi:.
    Вчера конечно научи како се вклучува рерната на најјако :party:
     
    На Skorpija25, SV1911, elena.mak и 25 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.282
    Допаѓања:
    226.790
    Пол:
    Женски
    Вечер тебе ти закажувам вино. Другиве не ме дружат.
    Арно велат. Ако сакаш да се каже нешто речи му на маж. А ако треба да се напрај речи и на жена. И за пиење така..
     
    На Skorpija25, flower30, Alishan30 и 13 други им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.084
    Допаѓања:
    328.625
    Пол:
    Женски
    титни и идам :D
     
    На Sexybaby86, duffi, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.