Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.718
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, мусли, кафе, обвски. :coffee:

    Денов прекрасен, сонце со заби ама доволно е за добро расположение. :sun:

    Младинава троа неписмена ни е. На брат ми му требаше семинарска, му реков да најде пример, ми праќа семинарска која беше трагична. Да почнам од фонтот, проредот, порамнување од една страна, не-оставање празно место по интерпукциски знаци итн. Самата содржина веќе е друга тема, ама ученик кој не знае да користи ворд, сигурно нема да напише научен труд со не-знам-каква вредност. Во мое време со таква семинарска немаше да завршиш средно, сега дури и 3ки им ставаат.
    Заборавив да додадам, он сам си ја пишуваше, јас му кажав само што треба да има и ја прочитав целата откако беше готова. Ме фаќа нервоза кога ке видам дека има сенс за учење ама го мрзи и нема високи оценки. Учи колку да помине година. :devil:

    Јас пак ги сакав саботите кога учиме. Одиш два часа во школо и после тоа шеташ цеел ден. Ама од аспект на знаење, учебни саботи се исто толку ефективни како пракса додека си на факултет. Одиш у некое биро, ти велат дека не можеш да работиш јер тоа се приватни податоци за клиенти и ти велат - ај ке ти дадеме потпис, не мора ни да доаѓаш.

    За небитни работи како што е избор на фустан не се замарам. Знам што сакам, знам што ми стои убаво и скржава сум. Фустан поскап од 50 евра немам, и онака се за неколку носења. Има само еден фустан кој ми е облечен за една прилика и чека некоја наредна. Добро де, ме чека и да ја повратам тогашната килажа. (hollest)
    Венчаницата нешто поскапа ке е ама сепак во рамките на буџетот и нема да делиме од уста за да ја платиме. Кога ке размислам подобро, секој партал што го имам дома е во рамките на буџетот кој го имам во даден момент и никогаш нема да се лишам од други задоволства за да изгледам убаво.

    Ако некој одлучи да се повлече јас нема да навалувам. Еднаш ке дадам до знаење дека сум тука за него/ неа и толку. Некои личности сакаат да се сами, други не сакаат да те замараат со своите проблеми, па јас секогаш оставам личноста која има проблем да одлучи дали ке ми се обрати или не.

    За жал @LejlaD професорите се во право. Вистината е таа. Не е од сега, ами отсекогаш имало борбени и повлечени. Денес конкуренцијата е огромна и успеваат само упорните. Не ти требаат грб и врски за да успееш. Ти треба знаење, вештина, треба да имаш квалитет и нешто повеќе од конкуренцијата за да бидеш интересен за разгледување. Ако си просечен нема да добиеш шанса.

    Кој е за кафе? Јас наскоро вака,

    [​IMG]
     
    На SV1911, Желба, Skorpija25 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.829
    Допаѓања:
    180.965
    Пол:
    Машки
    А имаш 49 :rofl:
     
    На SV1911, Annath, Milobebence и 7 други им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.719
    Допаѓања:
    263.195
    Каде тоа Ребека? Во Македонија што се функционира со врски и препораки?
    Како да влезеш во добра фирма, како да се докажеш кога не ти даваат ни шанса?
    Да бидеме реални, само ИТ секторот бира, другото е врски.
    Плата од 15 000 до 20 000 ден.
    Па зошто сакаат државна работа. Сега видов зошто.
     
    На SV1911, Желба, Skorpija25 и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.718
    Пол:
    Женски
    Тоа и го зборев Јуле, треба да си ептен квалитетен кадар за да работодавачите ти понудат работа. Тоа е суровата реалност, ако имаш нешто што другите го немаат, тогаш ке ти дадат шанса. Не можеш да очекуваш дека банките ке полудат по тебе ако си завршил економски со просек 7.

    Ама јас повеќе зборев за било каква професија или занает, не зборев само за оние кои завршиле факултет. Според мене, поисплатливо е да имаш занает, пример фризер, слаткар, готвач итн.
    Жално е што младите денес се гледаат себеси како дел од една машинерија, плата која со години не мрднува од место, канцеларија та канцеларија, наместо да се заинтересираат за бизнис. Не можеш да кажеш дека за да бидеш фризер ти требаат врски. Ти треба само талент.
     
    На Dust, SV1911, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  5. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.212
    Допаѓања:
    156.196
    Пол:
    Женски
    Јас да кажам дека единствените кондури што си ги купив за свадба (немав бек ап) беа балетанки од 1000ден :), решена бев балетанки да носам, не можев никаде да најдам соодветна нијанса и на крај во маалско дуќанче најдов идеално иста нијанса како хаљината.
    И јас за матурска носев многу кратки пантолончиња и кошула, е згодна бев тогаш без грам целулит :), имаше мрчење од тетки баби ама имав подршка од братучетките :).
    Не знам, секако на кого колку му се можностите, знам дека во тие години им е важно како ќе бјдат облечени и се преокупирани со тоа околу матура, и тоа е нормално, но повеќето колку што гледам немаат осет за можностите на родителите. Ние не бевме финансиски моќни многу тој период и ни на крај на памет не ми беше да барам скапа гардероба, се ми беше сошиено од блиска роднина, некои мини штиклички колку да се комплетира изглед, шминка и коса дома. Кој што сака нека каже ама се претерува и тоа многу. Ама да не зборам пред рака ќе ме стаса и мене, се надевам дека ќе ги научам да имаат малку осет и да бидат поскромни.
    @Emy867 среќен роденден најсреќна да си :hug:
    @evangelina.ina со среќа на новата работа, и јас многу се плашам од промени а очајно ми треба на професионален план :doh:
    @LiliBoz и сите на кои ви треба среќа деновиве (fingers). И мене ми треба малку за во петок, да решам една глупоштија за да бидам раат викендов :envy:
     
    На bittersweet, Dust, SV1911 и 26 други им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    102.307
    Пол:
    Женски
    И за слободни денови,празници и цел годишен одмор,нормално боледување итн...
    @mareane ќерка ми фустанот ја чинеше 3000 ден.500 ден материјал и 2500 шиење.Сама си избра модел и сама одлучи.Пробав да ја убедам дека еднаш ќе го облече ама не дозволува да и се контра па дигнав раце.
    Многу е битно да размисли ќерка ти што сака,да се ограничи изборот .Не дека нема да одбере ,ама ете да се поедностави..:D
    Среќен роденден на @Emy867 ,среќа и љубов да имаш цел живот.
    Нов непланиран трошок за мобилен тел.Аман зошто не се донесе закон за забрана на мобилни.:envy:
    А ваму се тегнам за нова поголема машина за перење која секако ќе ми биде и десна и лева рака.|(
    @evangelina.ina честито за новата работа :party:
     
    На bittersweet, Dust, SV1911 и 24 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.719
    Допаѓања:
    263.195
    Просекот не е баш најбитен за тоа дали те бива во пракса или не.
    Кажи ми која банка без врски ќе те вработи?
    Имаат интервјуа и секоја чест на ретки фирми кои имаат саглам ХР оддел, другите се некоја импровизација. Некои непотребни тестови кои врска немаат со работата. И на крај, пресудна е врската.
    Квалитет во ИТ секторот.
    Плата 20000 ден, ќе се отепаш од работа, а во државна 21000 и цел ден дремеш. На крај зошто дома да си дојдеш уморен, немаш време за дете кога ваму можеш да зимаш плата и да си одморен.
    За жал државата, системот и општеството ја убиваат секоја амбиција на младите луѓе.
    За занаетите се согласувам целосно.
     
    Последна измена: 13 март 2019
    На SV1911, Желба, Skorpija25 и 21 други им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Честито на сите и екстра среќа пуштам.
    Денов испадна лесен. А се занимавам со копање информации и имам минимум комуникација со некои луѓе, екстра сум.:))) Мислам дека деновиве најмногу ме јадеше мислата уште колку долго, многу долго треба да комуницирам со ликовите. А, реално и не е толку долго али кога е напорно, уф. Ќе оболам скроз.
    За матура...купивме материјал и мајка ми го шиеше. Прилично евтино минав, а и се немаше за повеќе. Најубава не бев, ал супер си пројдов. Плус, бев на седмо небо пошто ме чекаше преселба и нов живот. И така.
     
    На bittersweet, Dust, SV1911 и 26 други им се допаѓа ова.
  9. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.718
    Пол:
    Женски
    После муабетов нема потреба да дискутираме Јуле, ова е реалноста во државава и условите нема да се сменат уште долго. Ни со оваа влада ни со претходната.

    Во оваа држава можеш да успееш само ако си над просекот или ако имаш врски појаки од врските на конкуренцијата.
     
    На SV1911, Желба, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Искрено речено нити отскокнувањето од другите помага ако се нема врски. Дури и тогаш ќе си аут пошто, затворен круг е секаде и никој не би те прибрал за да им правиш џандар збира.
    Ај не ќе зборам за себе, али, куп ситуации знам за интервјуа за кои тие кои бирале ми раскажувале... Не избираат најдобар, со нај квалификации и нај топ искуство за работата , туку скроз десети. Знаеш колку пати рекле нешто во стил "не им се / не би се вклопил во средината"? Их.
    Ако се нема среќа или шо знам што е тоа што некои луѓе и без врски така добро им се местат работите,или немаш врски...можеш и гениј да си и ќе отупеш од шо ќе те држат сто години надвор од пазар на труд и ќе умреш од глад у државава.
     
    На Dust, SV1911, Желба и 22 други им се допаѓа ова.
  11. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.016
    Допаѓања:
    217.953
    Пол:
    Женски
    Napisav baagi pa izbrisav,poarno da si goltnam,oti ne sekogas se raboti za prosecnost,necii golemi vestini i kvaliteti,sproredbata bese vo drug konteskt.@zhap4e i @JuLIeE veke iznapisaa
     
    На SV1911, Желба, Skorpija25 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.384
    Допаѓања:
    78.174
    Пол:
    Женски
    Златна странција постои за амбициозни. Тука на убава работа со врски, само во татината фирма. Инаку без квалитет никаде не те земаат. Или да се ептен на зор за работник, па да помине било кој.

    Добровечер.
    Некако си стигнав дома. Денов и не беше толку катастрофа како што очекував.

    Јас сум пример дека мирно, срамежлово и повлечено дете може да се промени на подобро. Си треба време и животно искуство. Секој си има место под сонцето. Сега ако сакам, можам за појадок да ги изедам :devil: сите "борбени" од школските денови. И врскаџиите.

    Толку сум изморена што не ми се ни јаде. Златни колачиња купив....

    За вас ја сликнав
    IMG_20190313_194713.jpg
     
    Последна измена: 13 март 2019
    На bittersweet, Dust, SV1911 и 32 други им се допаѓа ова.
  13. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Генерално се согласувам со се погоре што напишавте во врска со вработувањата...за жал.
    Нооо, едно големо но, не заборавајте дека се уште има луѓе кои бараат професионални и квалитетни (со)работници, независно што во меѓувреме за гуша ги фаќаат да вработат партиски луѓе или кадар по друг основ.
    Жив пример сум!!!
    Кога најмалку очекуваш и се надеваш, не знаеш од каде и од кој ќе те трефне среќа.
    Ама реткост е, и тоа за жал.
    Затоа рака во огин ќе ставам за тој што му се сонив.
    Еве, после неколкудневно боледување заради Пупче, утре се враќам на работа, иако ми беше кажано "седи дома, гледај детето".
    Не сакам, организирав чување, поарен е.
    Не сакам да злоупотребувам.

    Утре пак ќе доаѓала Викторија:?:]:)
    Да не знае човек што да спреми за облакање.
    Ќе треба да мислам и зимска и летна варијанта:D
     
    На bittersweet, Dust, SV1911 и 27 други им се допаѓа ова.
  14. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.016
    Допаѓања:
    217.953
    Пол:
    Женски
    Na toa se nadevam,se nadevam deka ke si go najde svoeto mesto pod sonceto:*
     
    На SV1911, Желба, Skorpija25 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.212
    Допаѓања:
    156.196
    Пол:
    Женски
    Децава најверојатно одработуваат тоа пто им го продолжија зимскиот одмор. Не ми смета што ќе учат во сабота, еден ден мање више, па поарно во школо него дома да дремат, ми смета тоа што им кажуваат во повеќето школо кој сака нека дојде, колку да им се бројат нив часови и да им помине денот. И се појавуваат по 10тина деца па ги пуштаат дома за 2 саати. Не е ок, веќе кога е донесена одлука дека е работна ии треба да се учи не смеат вака да прават, нека си имаат часови како што треба.
    Пак ќе се расипува времето утре? Не бе тамам си фатив ред со точаков
     
    На SV1911, Желба, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.193
    Допаѓања:
    222.238
    Пол:
    Женски
    Јас на времето тука кога учев одев секоја сабота на школо.
    Само недела се одмараше.
    Сега не знам како е ама и сеатра ми одеше сабота на школо
    Мислам дека сега е променета состојбата
     
    На SV1911, Annath, Milobebence и 9 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.570
    Допаѓања:
    186.040
    Пол:
    Женски
    Да ве поздравам пред спиење :hai:

    Мислев само јас не се замарам за пригоди и облека. За матурска шиев, шивачката беше супер, ама машината не ѝ чинеше и ми го упропасти материјалот. Два дена пред матура, а мајка моја почна да паничи :D Излеговме да шетаме по продавници, јас најкул излегувам со празни раце. На крај купив маичка и сукња, кои во комбинација изгледаа како фустанче. Ден пред матура најдов и штикли. И облеката, и штиклите ги изнаносев. Инаку мислам дека најкул клас бевме. Никој не носеше балски фустани, чак шо неколку другарки си дојдоа по патики. Фина генерација си бевме :D За апсолвентска исто не се замарав, за свадба исто така не се замарав. И јас, и мм купивме неколку дена пред матично и тоа е тоа.
    За другава тема, нема што да кажам, сите сте во право. Треба да си амбициозен, но некогаш треба и среќа да имаш. Некогаш треба да ризикуваш, некогаш паметно да изиграш.

    Инаку, знаев дека ќе одработуваат во саботи. Само знаете што е лошото? Што наставниците беа на работа кога беше загадено, а сега пак во сабота ќе бидат на работа.
     
    На bittersweet, SV1911, Желба и 22 други им се допаѓа ова.
  18. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Да напрајме јас и ти еден бизМис? ^_^
    P23LsVu.jpg

    Не ми се збори за темава со "врски", само ќе кажам дека ептен јако си поминав. :smirk:
     
    На SV1911, Желба, Skorpija25 и 19 други им се допаѓа ова.
  19. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    86.169
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl: топ ти е комбинацијава (y) со Пецо ќе растурате од работа уште за името договорете се ;)
     
    На SV1911, Mr. Right, Skorpija25 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.829
    Допаѓања:
    180.965
    Пол:
    Машки
    Јас сакам во министерство да работам :D

    [​IMG]
     
    На Dust, SV1911, Желба и 23 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.