Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.329
    Допаѓања:
    227.102
    Пол:
    Женски
    Јас само по теми деновиве. Не сум некое друштво. Ама ве пратам. :*
     
    На Mr. Right, kuc, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  2. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.384
    Допаѓања:
    78.174
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1552542909628.jpg

    Добро утро
    Кафе на мени, надвор комбинација од пилци и дожд. Нема спас од времево, ветерот дува со 80км на час. Денес на работа ќе треба во нуркачка униформа да се облечам, ако сакам сува на работа да стигнам

    3 дена по ред едно исто јадам. Знам дека не сум нормална. Денес ќе гледам нешто да променам :$

    Имајте убав ден, мене денес кошмар ме чека :rofl:
     
    На bittersweet, Dust, SV1911 и 32 други им се допаѓа ова.
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Добро утро!

    Кафе тегнам веќе пола саат, не ми се работи ич денес. Вчера ми беше ептен напорен денот, се изнаодев пеш за сите пари со неудобни чевли. Кога си дојдов дома прстињата поцрвенети до максимум, киснев нозе скоро цел саат. Денес пак на 9-ка штикла, мора се. :rofl: Не се мора, колку што немам ниски чевли. Секој пат кога ќе тргнам со ниет да купам ниски, доаѓам дома со уште повисоки од претходните. Не сум ваква од сега, од секогаш не сум можела да одам на рамно. Дури и патиките ми се повишени благо на петата (не од оние ни патики ни чевли божемесачувај), се сопкам на рамно. Ако некогаш видите на плажа некоја двометрашка од два квадрата со апостолки на една педа од позади, јас сум. Слободно поздравете ме. :rofl:

    Ете тема, носите високи потпетици? :P

    На тема вработувања, јас имам среќа да бирам. Мајка ми и татко ми покоен немаа врска со моето вработување ниту школување, ниту пак биле некои битни фаци за да можат да ми бркаат врски. Од мали бевме научени дека ако нештото го сакаме, треба да работиме за тоа. Имав среќа да запали во прво време потреба баш од мојата струка, накалемив искуство 10 годишно од нигде никаде што се вика. Хорор филм проаѓав некогаш, ама па тоа што го научив не го менува ништо на светот. Факултетската дилома ми е за џабе ако гледаме реално, без магистратурата немаше да можам да работам во овој сектор. Секако и дообуките кои ми ги овозможи фирмата, сама немаше да можам да ги платам. Ете, имав шанса пред месец дена да сменам фирма, ама не се погодивме за пари. Страшно е што врати нема отворени за младината, страшно е што немаме шанси. Во оваа луда држава и моево кој знае до кога ќе трае.

    Имајте убав ден луѓенца! :hug:
     
    На bittersweet, Val-Dim, SV1911 и 28 други им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    У една секунда се стужни и сружни небово. Кога отворив очи какво беше убаво, сончево... :smirk:
    Јутар. Денес би требало да е ок, ништо напорно се нема у агенда :mm: нек си остане така:bug:
     
    На Dust, SV1911, Alishan30 и 25 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.193
    Допаѓања:
    222.238
    Пол:
    Женски
    Станав и јас со пилците дете спие.. надвор сонце ама ќе видиме до кога
    Овој март испадна хаос од месец
    Сакам да тркнам да подалека релација на шетање ама со детево дека настинато не знам дали би пошла
    Сеа за сеа е милина кон 1 час облачно вика прогнозата

    Леле и неделава пак си летна со брзина на светлината утре пак петок

    Пијам кафе и се мислам кај да шетаме дека вчера обавив се

    Ајде убав ден
     
    На Dust, SV1911, Alishan30 и 22 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.329
    Допаѓања:
    227.102
    Пол:
    Женски
    Утро.
    Како сте?
    Второ кафе испиено на работа нешто полабаво во моментов па да пишам.
    Штикли обожавам ама пример салонки на тенка штикла носам во спешл окејжнс. Да имав кичма која го може тоа ќе скиснев секој ден во жолти салонки фармерки и бела маичка. Ама за жал не можам. Затоа висина 5 цм ми е минимална што ја носам скоро секој ден. Другите денови до 7 цм терам.

    Вие арни?
     
    На bittersweet, Val-Dim, SwanMay и 27 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.131
    Допаѓања:
    204.600
    Пол:
    Женски
    Хелоу... мене денес ми е редот да почестам... првенчето мое полни денес 8 години, веќе е големо дете. Лета време!

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]
    алкохол покасно ќе пиеме

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Денес скратено ќе работам, пошто роденденот порано е закажан, оти не ни текна со време да резервираме, небитно, најважно другарчињата ќе му дојдат, за другите не му е толку дојдено.

    Вчера откако пишав, турбо ми беше денот, се надевам денес малку полабаво ќе биде...

    Убав ден имајте!
     
    На bittersweet, Dust, Val-Dim и 39 други им се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Добро утро добри луѓе:sun:
    Многу теми испишани.
    Остарев, но не дочекав оваа мала државичка да ја видам така како што заслужува да биде. Толку ли сме зол народ та се грижиме само за личниот интерес?! Пари има, само треба правилно да се распоредат.
    Ме изјадува секојдневно оваа помисла, а уште потешко е чувството кога знам дека не можам да направам ништо.
    Ви се случува ли често да се самоиспитувате? На приватен план се осеќам ете колку толку успешна, но ме нервира општо ситуацијата во државата и денес и години наназад.

    Арни инаку. Кафе, смути за доручек, работни обврски и тоа.
    Високо носам исклучиво за излегување и тоа ретко. Најчесто обувки со висина до 4цм. Ниско за маратонско пешачење. Повеќе сум човек за комоција отколку за изглед.

    @Annath Нека му е среќен роденденот на синко. Здрав, жив и среќен.:f:
     
    На bittersweet, Dust, Val-Dim и 26 други им се допаѓа ова.
  9. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    110.190
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден на синко и се најубаво.
     
    На Alishan30, Желба, Mr. Right и 11 други им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    @Annath нека му е среќен роденденот, да е здрав и жив, голем да расте :l:
    Добро утро.
    Кафе испив и средив нешто па чекам доручек да ми донесат. Не ми се мрда на времево ич, а планирав до ДМ и КАМ да одам да потрошам некој денар.
    Високо носам обично кога е потопло, инаку кога е ладно или треба да пешачам сум или со патики или ниски чизми.
    Вчера како сум се зезнала, јадев млад лук и после саат време ме искина желудникот, не можев да се исправам од болка. Затоа денес ми е страв залак да ставам во уста :|
    Убав ден имајте :f:
     
    На bittersweet, Dust, Val-Dim и 26 други им се допаѓа ова.
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ola :hai:

    Тмурно времиштево, па и јас со него. Ме кине главава, синусиве, ама не се давам, за инает ]:) А нели и не смеам, мајка како мајка, што и да е, мора да преќути и да гледа дете. Никој не ме ни прашува како сум и дали можам :doh: Среќа па немам темп.

    Денес празно е на работа, колегиве се по терен повеќето, па се надевам лабаво ќе биде. Цел ден ќе го преседам затворена во канцеларија :yawn:

    Штикли носам секој ден, без исклучок. На рамно не знам да одам, освен ако не се патики. Имам 430822 пара чевли и сите ми се на штикла, освен патиките, како што реков. Имам дрес код на работа и ми налага професионален изглед. Кошули, сакоа, панталони, сукњи до колена, хулахопки секогаш кога се носи сукња (зима/лето небитно), чевли со отворени прсти никако и така. Не се забранети ниски чевли, ама јас не можам да одам во нив, мора да се барем благо подигнати. Обично сум во салонки, или во кратки чизми до глужд зимно време. За среќа, имаме кежуал фрајдеј, па во петок обавезно сум во фармерки, иако и тогаш аутфитот мора да е business casual. Со фармерки горе обично кошула носам, со или без сако. Не смее да се фамерките искинати или избелени, тоа се подразбира. А инаку обожавам скинати фармерки, сите ми се такви и приватно киснам во нив :D Ама за на работа имам 2-3 пара „нормални“.

    Апетитот ми е нула деновиве, ништо не ми се става во уста. Со сила се терам да каснам бар некое овошје. Така и сега, ќе си излупам едно јаболко колку да не сум без ич. Ни кафето не ми оди. Аман едвај чекам утре, да се мавнам од државичево на три дена (fingers)

    Убав ден да имате, нека ви е поубав од мојот :)

    @Annath среќен роденден на синко, да е жив и здрав :party:
     
    На bittersweet, Dust, Val-Dim и 33 други им се допаѓа ова.
  12. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    86.169
    Пол:
    Женски
    Ау ,ама е темно кај нас и ладно само за домче и на топло...
    Штикли ми се слабост ,како и чанти и марами незнам колку ги имам и пак само тоа гледам.Носам и јас но не редовно ама ептен елегантно ми изгледаат на женска нога.
    Иако почнав да купувам и пониски оти кичма почна да ми протестира и нервов ме нервира.
    Иста шема секој ден ништо ново само што прередив еден дел од плакарите и собрав работи што не се користат,а се бројат дека се имаат..
    Убав ден !!!
    @Annath Среќен роденден цел живот да ве радува:^:
     
    На bittersweet, Val-Dim, SV1911 и 21 други им се допаѓа ова.
  13. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    @Annath среќен роденден :^:да сте живи и здрави и среќни заедно:hug:
    Што е финтава со тие јутубери џипери(ако слушнав убаво)
    @friendy не знаеме изгледа да го цениме тоа што го имаме
     
    На kuc, SV1911, Peco и 14 други им се допаѓа ова.
  14. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.850
    Допаѓања:
    155.864
    Пол:
    Женски
    Здраво живо !

    Станата од рани зори ..а може да речам оти скоро и не легнав...грло ме боли од вчера најново...болки по тело и вртоглавица....само температура немам....
    Упм а таман помислив оти имунитетот ми е добар зимава...

    Ама ко шо пиши @Sexybaby86 погоре,нема болест за мајка...
    Ги испратив сите,потсуредив по дома ,ручек ставив да се крчка и капак на се мора и синко да го земам од градинка....

    а што втора смена сум на работа ?!Која ли душа ќе издржи?!

    Матурантките сметам оти навистина претеруваат во последно време...премногу пари сетрошат на непотребни нешта...а всушност завршиле училиште што е задолжително...
    Ама како и во многу други аспекти во нашево општество така и во овој измешани се вредностите....

    Штикли сакам и имам ама ги носам ептен за специјални излегувања...
    Ниско ептен и јас нејќам...ем сум малечка јас ама имам и проблем со нозете ако носам ептен ниско...

    Среќен роденден на синко @Annath !
     
    На bittersweet, Dust, Val-Dim и 29 други им се допаѓа ова.
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.211
    Допаѓања:
    106.391
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Денес летник, што ќе сме правеле денес - тоа цело лето, па еве ме по купачи, тегнам коктелче на јахтата 8) :D
    А во реалноста...:mp::e::drunk: второ кафе и ужина банана, на работа хаотично,ама убаво ми е на душата, нека потрае и нека трае и цело лето...и наредно... си ја засакав оваа работа :inlove:
    Кога сум расположена, планирам од вечер аутфит и накит, боја на шминка и лак за да ми одговара, а во деновите кога све ми е рамно, грабнувам прво шо ми се фати и ни шминка ни бутур.
    @Annath среќен роденден на синот :^:
    Друго немам шо да кажам засега.
    Бидете си :sun: во овој :rain: ден :wasntme:
     
    На bittersweet, Dust, Val-Dim и 30 други им се допаѓа ова.
  16. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    8.059
    Допаѓања:
    144.836
    @Annath среќен роденден голем да расте и да ве радува секогаш
     
    На Dust, kuc, LiliBoz и 10 други им се допаѓа ова.
  17. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Јас или носам штикла 12 цм или патики , средина нема :rofl: Балетанки и такви ниски сандали мразам, не се осеќам убаво во нив,како набиено џуџе.
    Тврдам дека балетанка стои добро само на 180 девојки со долги и тенки нозе.
    И ниски штикли не сакам, "бабски" ми делуваат.
    Така да си ја мачам душата на високи штики кога морам, а иначе сакам патики или чизми во стил на timberland или оние во зара што ги вадат малце моторџиски што се:)
     
    На Val-Dim, doubleg, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  18. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.016
    Допаѓања:
    217.953
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене.@Annath среќен роденден на баткото,цел живот убавини,среќа и ксмет да го пратат:^::hug:.Денов ко и секој,вообичаен,обврски по дома и тоа е.На работа не одам,така да за гардероба не се ни мислам,тоа што имам тоа,најчесто во тренерки по цел,најлесно ми е за движење.Кога треба за се подскоцкам за некаде,имам неколку комплети од порано,стално се зезам за свадби и погреби добро сочувани.Штикли нема шанса да облечам со моиве стапала,смртна казна за мене се,дури и летото поради тоа не го сакам,оти треба боса и на сандалка да се оди.Ако видите некоја матуфа лето и зима со рашлапани мокасини таа сум:tmi:.За преиспитување од живот прва сум,сум потфрлила со својот живот,па се зафаќам со работа да не мислам оти ми се јади душата вдолж и попреку.
     
    На Val-Dim, kuc, SV1911 и 22 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.798
    Допаѓања:
    323.803
    Среќни родендени и годишнини.
    Големи да растат децата, повозрасните да се здрави и живи и долговечни.

    Ден како ден арен.
    Бидејќи јас бев во мутаво расположение минатата недела ,па секој што ќе рече нешто по ,,на страна,, од нормалното си го сфаќав лично и потајно се навредував.Па размислував и барав причина зошто така рекол, па дали треба да се коригирам или треба да се оддалечам од човекот...
    Глупости од мене !
    Терај таму напред, не обрнувај внимание на ситници и се ќе биде во ред.
    Ако некому нешто не му чини нека каже отворено, само тоа се признава:)
    Педерески замерки ,,велам ти ќерко,, од секогаш ми биле подмолни (кога не се спомнуваат имиња а се критикува).

    Дома решивме за празнициве никаде да не одиме.Со години наназад не сме седеле дома и искрено ми фали домашната атмосфера за Велигден.Имам украси, завеси, прекривки...зошто да не си украсам дома и да си терам фарбање јајца и адети со Црква?
    Одење во Будимпешта исто се отфрли, ќе се посети некој сосема обичен ден.Немора во гужвите баш сега.
    Значи, ќе Ве дружам цело време.

    Временцево е само за дома, за романтика и секс:$...уште да е сабота:D
     
    На bittersweet, Dust, Val-Dim и 28 други им се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.826
    Допаѓања:
    145.515
    Ден!:coffee:

    Од штикли мојата кичма страда, ама кога сум со мм секогаш се пентерам. Ако споредам колку имам ниски и колку на штикла,штиклата води. Патики и еспадрили носам кога сум сама со малото, па сега и се трчкаме. Кога не одеше знаев да облечам чизми на штикла. Ама си беше во количка.
    Еспадрили не сакам сосем рамни, нешто подигнати и најчесто од Пеко. Се друго ми прави проблем на грбот. Туку пикнав три пара во машина вртат. :worried: Ко преживи -причаче.
    Вчера си купив Пума со сатенските врвки и маж ми рече дека не сум била повеќе тинејџер.:^)|(

    Сакаме да шетаме кај Дуника, гледав и карти со ептен фини цени. Ама ме кочи вакцината, не сакам да ја одлагаме, да не беше епидемијава, да одложевме, ама вака не.
    Само да е здрав, да го боцкаме.
    Баш се поклопува со деновите после вакцината. Па ќе видиме здравје како ќе биде.
    А и роденден ми е годинава на сам ден Велигден. Празникот ептен го сакам и без тоа. Ме потсеќа на фамилијарните ручеци кај баба ми, на кои сме во се поголем состав. А они летаат од радост.:l: Ќе се смисли нешто секако .

    Нема шетање денес. Смрштено и тмурно, можеби само до маркет, да не случајно ни пишат минус. А гледам и капсулите во Кам на акција 155, па ќе го шетам мм вечер.
    Во Кам секогаш влегуваме само за сирење или нешто конкретно, а излегуваме со што ли не. Глупости тон.(facepalm)


    @Annath Среќен Роденден на баткото, да расте голем и најсреќен, да ве прави горди родители!:hug::party:
     
    На bittersweet, Dust, Val-Dim и 28 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.