Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.384
    Допаѓања:
    78.174
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    После пренапорни десетина дена, денес ќе си твиткам од черги, уз кафенце.
    Па ќе си ги завршам обврските што десетина дена немав време, а ни сила да ги завршам.
    Може и ќе си зготвам нешто да се најадам ко човек.

    Крајно време е да си го организирам животецов. Да изберам што сакам да бидам кога ќе пораснам. Јас упорно сите понуди ги одбивам и живеам цигански живот, од денес за утре.

    Денес денот ќе трае 12 часа. Полека се враќаме во нормала. Од наредниот викенд плус 1 саат. Па ко ќе се стопли, абе милина.

    Screenshot_20190308-160947_Instagram.jpg

    Ми се шетка некаде таму.

    IMG_20190317_201442.jpg
    Оваа од синоќа што не сакаше да се закачи. Со апарат не знам како, ама со телефон долга експозиција сликам
    :D :D :D
    Комедии сум.
    А баш сакам слика од ѕвездите вечер да направам
     
    Последна измена: 18 март 2019
    На Желба, Skorpija25, WildMk и 26 други им се допаѓа ова.
  2. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.853
    Допаѓања:
    110.167
    Пол:
    Женски
    Добар ден
    Како сте ми?

    Мртов период на работа па нозе во вис и ве читкам.

    Прво да се изјаснам за мотивационите говорници сакам да слушам не сите но сакам омилена ми е Ана Буќевиќ не сум била во живо на јутубе ја следам и имам две книги прочитано едната "моќта на потсвеста" другата "Бди и имај" јас сум од оние кои се фаќаат за сламка за да излезат од еден зачаран круг наречена депресија.

    Побарав стручна помош психолог приватно одење за Ск не можев да си дозволам а психијататот ми рече да променам средина на живеење се додека живеам таму каде живеам џабе би ми биле антидепресиви и така се фатив за овие работи како слеп за стап.

    За лајкови јас па на фб се што ке ми се допадне си лајкнувам само не приватни слики на мажи и не толку блиски особи зошто некој стварно си ги сваќа лајковите пре сериозно и чудно.

    Имав случај каде на еден наш познајник му лајкнивав статуси кои стварно беа (y)ама човекот си уфилма дека сме во врска дека имам чуства за него па се дрзна да поставува глупи прашања.

    Инаку со мм користиме ист профил па од пријатели имаме се и сешто.

    Кој се лути тоа му е а се лутат многу еден братучед не ни збореше поради наш коментар на една особа која он ја мрзел:fubar:.

    Е за преќутувањето, преќутувам но како што кажа и референтка па во одредени ситуации ако им преќутиш мислат дека се во право дека се согласувсш со нив билдаат его и тераат уште појако.
    Со овие уште не излегов на крај и не знам како со нив.
    Убав ден друшки..
     
    На Желба, Skorpija25, WildMk и 26 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.998
    Допаѓања:
    276.433
    Кај сте девојки убави? :)

    Јас понеделнички депресито, стандард.
    Ме нанервира малку сега еден, ама за малку не ми се ни раскажува :D

    Не успевам да ве пофатам, вака набрзинка, фејс имам и е лично мој, не делам :D порано повеќе го користев, сега слабо, отварам, ништо забавно.
    Лајкувам ако нешто ме бендисува, инаку "од култура" не. Користам и други социјални мрежи, Инстаграм, Твитер... ама и нив не ги чачкам нешто многу.

    Дм си има свој фејс со кој не се замарам.


    За преќутување... слабо. Треба да ми е скроз неважно и личноста да ја сметам за до толку недостојна за да преќутам. На личности кои ми значат и личности за кои мислам дека интелектуално се на ниво за да разберат што им зборувам, не им преќутувам.

    Ама ако мислам дека е некој глупав, зошто би си трошела време? Со глупавите нема разбирачка, па едноставно не им се замарам.

    Мотивациони говори не слушам, иако ми е забавно да слушам Ted Talks. Не се баш мотивациони говори, можеби и такви има, но јас претежно слушам научни и социјални теми.
     
    На Желба, Skorpija25, WildMk и 28 други им се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.595
    Допаѓања:
    23.654
    Пол:
    Женски
    Однесов дете у градинка, јадев пиев кафе и и го средив нејзиниот плакар.
    Мајка беше на контрола конечно. Добро е. Докторот рекол дека најважно е што срцето не е оштетено.
    Леле како се осеќам... ми олесна искрено. Зошто предходно ништо не ни кажаа. Сега седнав троа да одморам и да прочитам тука што има ново.
    Ваљда ќе се опуштам сега малце.
     
    На Желба, Skorpija25, WildMk и 24 други им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.376
    Допаѓања:
    332.547
    Пол:
    Женски
    Кај свеки сум на поседок денес и утре дека дома лом ни е.Ич неможам да седам и спијам раат у друга куќа.Се нешто ми фали :^)

    Бар времето е топ ,имаме двор а и парк у близина :lol:
     
    На Желба, Skorpija25, WildMk и 29 други им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Ола лејдис енд џентлемен.:hai:

    Прво честитки за сите што сум пропуштила родендени, за вас, за деца:hug:@Bubce38 стискам палци:call:, @Cka браво женска(highfive).

    Не знам колку пати во изминативе денови ќе напишев нешто, ќе избришев, ве читав редовно, ми сте мало бегство од реалниот посран живот, се радував со вас, ми измамувавте по некоја насмевка кога душата и срцето ми се скршени, една дупка имав, сега кратер ми зјае.
    Кој не сака да чита тажен пост тука нека прекини, јас се извинувам за негативноста ама овој јад во душата мора некаде да ја истурам.

    Татко ми почина.

    Ете го напишав, може ќе почнам да сфаќам дека таа е мојата нова реалност, немам веќе крилја, скратени ми се, пресечени во корен, може ќе престанам да очекувам да се појави од некаде како што постојано очекувам последниве 15 дена, може ќе престанам да мислам дека е само лош сон и дека ќе се разбудам а он ќе биде покрај мене, уште многу може имам ама реалноста вика дека го нема мојот столб веќе, нема да се појави и дека сум будна, нема лош сон, животот ми е лош сон.

    Јас го најдов, ми се јави околу 2 дека бил нешто уморен да ги земам на брат ми децата од школо, ќе си легнел малку да одмори, земав децата, отидов да го разбудам да му кажам дека децата се дома, јас морам да одам моите да ги носам на роденден, само што влегов во соба јасно ми беше дека веќе го нема, усните му беа сини, не дишеше, веќе почнал и да се здрвува, децава позади мене се туркат да влезат, да му скокнат на дедо им како поздрав, едвај ги избркав надвор, внук ми големиот виде дека нешто не е како што треба, почна да се турка со мене да влезе да го разбуди дедо, дедо мора да стане, едвај го задржав да не ме бутне мене да влезе да го види дедо му, со молење да ги изнеси малите надвор, дека он само е тука да ми помогни, мора да биде храбар за мене, за малите.
    Сакав и јас да викам на глас, да го пцујам Господ, да рикнам како магарица ама 6 деца имав за гледање, со мајка ми мислев само за себе, овој пат за сите освен за себе.

    Вртам на брат ми говорно сандаче, вртам на мм исто, вртам на снаа никој не се јавува, пак одново, после пола саат се јави брат ми као што ти стана да ми се јавуваш на работа, се спремал за на операција, остај му викам тоа, дојди дома, зошто, дојди дома, што да му кажам, на телефон да му кажам дека татко му го нема веќе.
    Мм се јави и мм во меѓувреме исто и нему само да дојди кај татко ми да ги земе децата, сите тројца некако во исто време стигнаа, брат ми прв, гледа сите деца на број, гледа на мене и на внук ми солзи ни течаат, се можеш да соприш и исконтролираш ама не и солзите, уште не му беше јасно што се случило, му се џитна внук ми со го нема веќе дедо, брат ми па прашува каде е, на небото му одговара внук ми, ме гледа мене, ми вика што збори бе детево, сабајле пиевме кафе, е де му викам и јас зборев со него во 2 па ете го нема, оди види, во соба е, на истата спална на која почина и мајка ми пред 23 години.
    Мм и снаа ми си останаа стаписани, како да не некоја лоша шега, ќе се појави татко ми со хахаха ве излажавме, камо среќа да беше лоша шега ама не беше, не е.
    Влеговме со брат ми и внук ми во спална, набрзина го прегледа и брат ми, може лошо сум видела, не е вистина, може почнал да диши во меѓувреме, виде дека нема ништо од тоа и му се пресекоа нозете, ме гушна мене и внук ми и тројцата си се изнарикавме, ајде му викам доста плачевме, надвор не чекаат маж, жена, децата, што ќе им кажеме, како ќе им кажеме, има време, цел живот ќе си плачеме, сега имаме работа, ние сме возрасните, ние треба се да организираме, после ќе си тажиме.

    На децата им кажавме, ги пуштивме во соба да се збогуваат со дедо им пред да викнеме брза помош да го однесат, срцето на илјадници делови ми се кинеше на секоја солза од децата, на секое стани дедо да играме принцези, стани дедо напишавме домашна да ја прегледаш,плиз дедо стани многу те сакаме, плиз дедо не си оди кај баба, плиз дедичко стани,
    Кратерот само се зголемуваше, што се виновни овие деца да бидат соочени со ваква болка на толку мала возраст, што разбираат од животот па да имаат ваква тежина, да се носат со ваква загуба, каде е правдината, каде е Господ??????

    Дојде брзата помош, констатираа смрт, дојдоа одма комшиите, мислеле му се слошило нешто, сите ги мавна шок кога им кажавме, бидна се тоа сега треба да ѕвони е на роднините, нели ние сме возрасните, се понуди снашка да ѕвони на сите ама мислевме дека треба од нас двајцата да ја слушнаат лошата вест.

    Како сега кај тетка ми да се јавиме, ептен беа поврзани, не поминуваше ден да не се слушнат барем пет минути, му ѕвоневме на најстариот братучед као оди кај твоите да не е сама мајка ти имаме лоша вест да и кажеме, отиде дома кај мајка му, таа само не, не не е вистина, ме лажите, вчера зборевме со бате ништо не рече дека го боли, не, не, не е вистина, исто поминавме со браќата, се гледаме со брат ми и као мора да се јавиме и на мајка му, каква таква, син и е, прво не праша кога ќе сме го донеле, кога кажавме дека тука кај мајка ми ќе го погребаме, ја извреѓа мајка ни, не исколна дека не и го носиме таму синот кај татко му да го погребаме, ни примете сочуство, ни солза пуштена, клетви бре еј, вештерка упм.

    Од кај мајка ми беа па добро стар беше демек вестта е мех, ok fuck you, готово не ни требате више во животот, не дека беше млад ама нас татко ни е,емпатија бре луѓе, емпатија.

    Ајде имиграционо за визи, карти ми се чини 100 саати останавме само со телефоните во раце додека изорганизиравме за сите се што требаше и се околу погребот.
    Дојдоа двајцата чичковци, тетка ми со трите сина, другата тетка не е добра со срцето па остана во Скопје, полни ни се куќите со гости. Дојдоа и на снаа ми родителите дека многу ги заболе за татко ми, не знам како се раѓаат луѓе такви без осет, да мислиме за погреб, смештај за најблиските или нив да ги мислиме, ми се иде од земја да ги треснам, уште очи не затворил татко ми што се вика они прашуваат како ќе се делиме, $ во очите им светкаат, таа па мајка и иако веќе не разговарам со нејзе само дијазапам ми тутка, не сум искажувала емоции, требало да паѓам во несвест, ок ај ќе паднам во несвест и кој ќе ја брка работата, ај ќе се наклукам дијазапам и ќе спијам 20 саати кој ќе ми ја брка работата, аман бре оди пиј си аповите како некој џанки и остави ме мене на мира, не ми треба лажно сочувство.

    Го погребавме прошлата сабота, многу народ имаше, оставме подзинати со брат ми колку бивши и сегашно студенти се појавија да му одадат последна почит и професионално беше многу сакан и почитуван, сега се заедно со мајка ми, можеби е среќен, можеби нема ништо, што е тука тоа е, можеби еден ден пак ќе бидеме сите заедно, можеби.....

    Сори ако ве испотресов со деталното раскажување ама како што напишав морав јадот и тагата некаде да ја истурам, тука сум како дома, home away from home, тоа е, живот јебига.

    Три саата го пишувам постот, сто печатни грешки поправив, сто пати саатот ми кажува дека над 120 ми оди пулсот, солзи една кофа изронив.....не ми олесна ништо.
     
    На SV1911, galapce, Adi888 и 71 други им се допаѓа ова.
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.969
    Допаѓања:
    179.082
    Пол:
    Женски
    БазенО да не го монтирате на кровО?:wasntme:
    Ако Да , кажувај да си земам лежалката и да доаѓам 8-|
    Џек ДаниелсО стое уште и чека на тебе :*
     
    На kuc, LejlaD, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.969
    Допаѓања:
    179.082
    Пол:
    Женски
    @bittersweet прво ти напишав нешто ,т.е те тагнав без да го прочитам твојот пост . Ама го избришав . Те молам ако го прочита у меѓувреме да ме извиниш .
    Прими сочуство :hug:
    Баш ми е жал , се потресов некако.
    Многу емоции кои искрено допреа до мене .
    Бидете живи и здрави вие .
    Бог нека го прости
     
    На WildMk и Annath им се допаѓа ова.
  9. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.853
    Допаѓања:
    110.167
    Пол:
    Женски
    Прими сочуство те :hug:
     
    На WildMk, Annath, ivi1987 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    @bittersweet лајкот е за поддршка. Прими сочувство, многу ми е жал за трагедијата што ве снашла. Што и да кажам џабе е, бидете здрави и живи вие. Пишувај, не се стегај. За лошо, за арно тука сме :hug:
     
    На Dust, Mr. Right, kuc и 6 други им се допаѓа ова.
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.384
    Допаѓања:
    78.174
    Пол:
    Женски
    @bittersweet :hug: :hug: :hug: :hug: :hug: :hug:
    Битерке, прими сочувство, знам како ти е :hug:
    И јас плачам со тебе :hug:
     
    На Skorpija25, Dust, Mr. Right и 7 други им се допаѓа ова.
  12. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.270
    Допаѓања:
    70.873
    @bittersweet прими сочувство, да сте живи и здрави вие :hug: :hug: :hug: :hug: :hug:
     
    На Dust, ivi1987, kuc и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.595
    Допаѓања:
    23.654
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug:
    Бог да го прости.
    Нема други зборови тука...
    Ако, збори, пишувај олесни си ја душата..
    Го знам чувството, мислам дека и јас ќе пишував исто да не бев дома во тој момент за мајка ми.
    Батали се друго, мислам на роднините и делбите, сите ќе си го покажат лицето сега.
    Го имаш брат ти, држете се секогаш заедно. :hug:
     
    На carangigia, Dust, TeddyGrey и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    100.127
    Кога почнав да го читам постост, не го ни прочитав делот со - татко ми почина и додека стигнав до тој дел, јас веќе во глава си свртев дека нешто не е во ред со тебе, со твоето здравје...
    Многу ми е жал, нека почива во мир, да сте живи и здрави сите вие:hug:.
     
    На WildMk, TeddyGrey, Mr. Right и 7 други им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.376
    Допаѓања:
    332.547
    Пол:
    Женски
    @bittersweet искрено соочувство,мн ми е жал :hug:
     
    На Mr. Right, ivi1987, kuc и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    17.814
    Пол:
    Женски
    Најпрво прими сочуство, разбирам дека ти е тежок периодот.
    Единственото кое ми текнува кога ќе почнам да те читам се децата, работата и татко ти. Верувам дека бил секогаш тука за тебе, за децата.
    Млада си останала без мајка па тој бил столбот во твојот живот. Биди храбра за него, не би сакал да уништуваш здравје за неговата смрт. Тој неговото го исполнил, иако без љубовта на неговиот живот, успеал да ви биде и татко и мајка.
    Сега сте возрасни луѓе, со свои семејства, стоите на свои нозе. Сигурно се осеќал сигурен во врска со вас, дека сте способни да продолжите сами без него. Сметај дека тој навистина отишол да одмори а се надевам после смртта дека се наоѓаме едни со други и дека постои нешто и после овој земен живот. Колку и да ни е тешко што се разделуваме засекогаш со блиски луѓе, мораме да се помириме дека тое е нешто неизоставно. Ама затоа добрите луѓе живеат во спомените на генерациите. Вие нема да дозволите да биде заборавен со годините кои следат.
    Малку ме збуни, татко ти имал жива мајка или нешто погрешно сфатив?
    А не вреди да се нервираш на материјалистите и оние кои мислат само на себе. Во такви моменти некој да ти долева масло да ти кажува кај треба да погребеш свој родител а малку налудничаво, да не правам муабет за делба на имот. Тоа може само вас децата да ве интересира и никој друг. Таквите луѓе се познаваат и додека е човекот жив, затоа нека не ти бидат важен дел од животот туку само пропратна станица.
    Прв пат те читам волку нервозна, за тажна те разбирам ама нема потреба да бидеш нервозна поради туѓи влијанија. Сметај го како некоја "олеснителна" околност тоа што мирно отишол, не лежел болен и неподвижен туку имал мирна смрт. Се простил со кафе и разговор. Затоа и шокот бил толку голем бидејќи се било неочекувано.
    Болката ќе си остане, но се учиме да живееме со неа. Ти имаш семејство, маж, деца за кои треба да продолжиш да живееш во добро здравје и без гнев, така како што и татко ви продолжил да живее за вас и бил тука кога ви бил потребен.
    Поздрав и повторно сочуство.
     
    На galapce, Желба, Tajnaotrovna и 24 други им се допаѓа ова.
  17. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    @bittersweet Искрено сочувство вие да сте здрави и живи.:hug:
    :hug::hug::hug:
     
    На Mr. Right, ivi1987, kuc и 4 други им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.329
    Допаѓања:
    227.097
    Пол:
    Женски
    Битер сочуство. Многу ми е жал...

    Дојдов само да ве поздравам. Вечер ќе ви пишам повеќе.
     
    На Mr. Right, kuc, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @bittersweet прими сочувство, драга. За жал, сум била во твоја кожа и знам како е. И мојот херој го нема веќе, моите крилја се засекогаш отсечени од пред речиси три години. Да ти кажам дека ќе биде полесно ќе те излажам, само ќе кажам дека со тек на време учиш да живееш со болката, а празнината секогаш ќе биде тука ;( Многу ми е жал, и многу е тешко, но имаш за кого да живееш. Тој е сега со мајка ти, и нему му е подобро таму, сигурна сум.

    Вие да сте живи и здрави :hug:

    Ти го лајкнав постот за поддршка, зошто знам како ти е. Те гушкам :hug:
     
    На carangigia, Желба, Skorpija25 и 22 други им се допаѓа ова.
  20. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.457
    Допаѓања:
    127.507
    @bittersweet
    Неверувам некој да го прочита постот а не заплака...што и да кажам малку е:hug:
     
    На Skorpija25, Mr. Right, do-re-mi и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.