Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.210
    Пол:
    Женски
    Ама тоа е маката, и јас велам, баш се замараат кој како изгледал и што правел, секогаш гледаат во туѓиот, никогаш во сопствениот двор. Како што пишав, можеби е тоа затоа што сите се тешат дека ете, имало и несовршени како нив, како духовна храна им е тоа. Исто како што бистрат политика од што сите се прават паметни. Стандардот ни е никаков, просечна плата одвај стига за сметки и храна, а пак сите сакаат да имаат, земаат заеми и кредити за глупости, само за да се прикажат дека се нешто што не се. Таква ни е реалноста, за жал.

    А за јадењето, јас верувам дека нема човек што не сака да јаде вкусна и сочна храна, и не треба ни да си ја ускратуваме, со мера да се ужива, секако. Е сега, некој се прејадува и грам не качува, некој како врапче јаде од страв да не се здебели. И тука не сме сите исти. Предрасуди има и за слабите и за дебелите, море и на просечните ќе им најдат маани.

    Добро утро и официјално. Чекам 9 саат да дојде, да го носам детево на лекар, да видам што ќе ми дадат. Не можам да го гледам ваков, истоштен и се мачи со кашлицата. Ништо што давам нема ефект. И сега како да кажам на работа дека не одам и денес? Осеќам дека ќе има проблем, а не можам да оставам дете со баба и дедо, јас му требам :(
     
    На NarCis@, Mr. Right, Peco и 31 други им се допаѓа ова.
  2. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.130
    Пол:
    Женски
    Се гледа кој има досадна работа

    https://www.facebook.com/199098633470668/posts/5386633784717101/

    Не сме биле само ние пациенти :D
    Па нормално дека ќе му сецнат, дал ќе му додадат да ги видам.

    Се осеќам ко права прилепчанка
    Стомак ми свири, јадев банана сега. Уште една имам ;(
    Може ќе заслабнам, да се пролепшам, па ќе ме земи некој мултимилионер за супруга :wasntme:
    Вака...

    @SV1911 да се јави на рецепција :hug:
     
    На NarCis@, Mr. Right, Rebecca_R и 25 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.302
    Допаѓања:
    226.914
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Два дена по ред одам со секој марифет на мене на раб. Утрово го приметив тоа. Без чвор на глава патики и фармерки. Абе убава сум знаела да бидам :D
    Вчера еден диазепам и кома пред детето. Тој со татко му стар варс глеал.
    Ај да видиме денов што ќе донесе. Убав ден на сите.
     
    На gjoker4e, Mr. Right, Peco и 28 други им се допаѓа ова.
  4. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    @bittersweet далеку од тоа дека не е прегледан, пишав дека е прегледан и објаснето се како и на другите, и не верувам дека е забележано од нивна страна, јас се фаќам самата дека бојата на гласот не е иста. Се трудам да не дискриминирам, има од крајности во крајности случаи. Многу ми е интерсно кога пишувате за другите држави и културата таму. Не барам идеали во нив, само грам совесност, доволно би било.поздрав:hug: :*
     
    На gjoker4e, NarCis@, Mr. Right и 27 други им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Се фатив да ве читам, три страни за пушење, вибратори, секс и гадни работи :D Може и повеќе беа, не се осмелив да се вратам...
    Добро утро. Одамна ве немам поздравено вака рано. Ама сум нервозна :D И лута. Да ви кажам зашто ќе ми се згазите од смеење :D Ми иде да земам да му нацртам...

    За вибратори, гледав пред некој месец една алатка на инста што многу се коментираше, беше ко нешто пратено од господ :rofl: Ама циција сум, ако го најдам линкот ќе ти го пратам @WildMk
    Друго што да ви кажам... да си кснам нешто со чајов, да не лизга на гладно денов
     
    На Skorpija25, gjoker4e, NarCis@ и 29 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.827
    Допаѓања:
    142.299


    За добро утро едно ежење.

    Иначе, ви кажав дека поради политичка припадност мајка ми ден после избори ја преместија на најстрашното место на кое може да се работи. Неколку обиди за убоство досега имаше и често си иде со модрици цела. Не кажува многу за да не се потресуваме ние, особено брат ми да не му стапне некој на нерв. Па вакви небањати за неа се радост. Нормално за плата од 300 евра, а со 35 години работно искуство.

    Мене сите пломби ми паднаа за неколку недели кога останав бремена. Одам кај истиот доктор веќе 20 години.
     
    На Skorpija25, NarCis@, Rebecca_R и 25 други им се допаѓа ова.
  7. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    „Убај“ теми сте свртеле ноќеска, ама јас спиев, не ве читав, а вака насабајле од работа за вибраториве....Сакав порано да си купам еден, после се омажив и не ми текнало од тогаш. Ама не е елоша опција за „трет играч“, здравје, после пораѓај ко ќе се вратам во нормала, ко ќе се напраам „женскиште“ и ќе праиме експерименти. :rofl::rofl::rofl:

    Заби правам редовно. Додуша, ја има таа среќа да немам проблематични заби, па затоа и секогаш здрави ми се, еден или ниеден годишно ми се расипува.

    Вторник, да се работи треба. Кафето го испив и се влечам полека да не почнам, а морам да почнам (facepalm)
     
    На NarCis@, Mr. Right, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  8. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.630
    Допаѓања:
    152.639
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро и од мене...

    Овошен јогурт,плазма и кафе..Уживанција...

    Плакари ќе средувам денес..или барем еден...

    И спанаќ ќе готвам ако донесе маж.....

    Сакам да сум и се трудам да бидам скромно средена....чиста ,бањата со пеглани алишт-ова ми е најбитно...
    минимална шминка која подразбира маскара,моливче за очи и ненападен кармин или сјај...
    Патики на работа не носам...не ги сакам ко обувка...сакам чевли и балетанки се случува и повисоко нешто да облечам ама не е" шајка "штикла-такви не умеам да носам...
     
    Последна измена: 26 март 2019
    На NarCis@, Peco, Rebecca_R и 29 други им се допаѓа ова.
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Не ни помислив дека не бил прегледан пациентот соодветно меѓутоа факт е дека во Мк во здравството оние кој се побогати се третирани многу поинаку од сиромашните што е огромна неправда и сосем спротивно од основата на професијата.
    Не говорам на памет, кога бев во Скопје со децата за дедо ми ги фати стомачен вирус, првите денови сама ги лекував, третиот ден кренаа температура и ги однесов во Систина зошто ми беше најблиску, можеш да замислиш каква изгледав со три мали деца со стомачен вирус, после патување со истите деца 30 и кусур саата, не спиена со денови, симнувајќи се седум спрата по скали дека лифтот не работи, во основа изгледав како зомби, децава бетер, прво не сакаа ни да не примаат, таа на рецепција испреврте со очите кога им менував пелените на децата, фаци како во несвест дека ќе падне од мирозбата на пелените, сестрата бетер, докторката па не сакаа ни да ја разбудат демек за џабе да не станувала а на работно место е ама кога во формуларите што ги потполнив видоа дека децава се странски државјани и дека ќе треба да им платам најмалку скоро илјада евра за прегледите и дека сум спремна да платам одеднаш на децава пелените почнаа на Армани парфем да мирисаат, докторката магично се појави и место мајче станав госпоѓа.
    Човечност 0, сочувство 0 тоа е проблемот со здравството таму, башка што скоро секој доктор очекува да му ги бацуваш стапалата зошто си ја врши работата за која е платен, да ги воздигнуваш на рамниште на богови ( секоја чест на исклучоците) и тој статус на богови е проширен и на сопругите, децата сите се секаде со посебен третман а зошто, по кој основ?
    Ете и јас сум сопруга на хирург никој апсолутно не го интересира тоа, сум пишувала со сопругот иако работиме во болницата си чекаме ред во хитната, нема еј знаеш кој сум, колку ти е итен случајот тогаш ќе те примаат, учителките на децата исто воопшто не ги интересира сопругот или јас што работиме за да децата се поинаку третирани, нема ни зошто, платени сме си за работата што ја работиме нема потреба да сме поинаку третирани ради професиите со кои се бавиме.

    Не сакам да се навредиш, те читам доста се трудиш секому овде да помогнеш веројатно тоа се случува им надвор во реалниот свет ама во глобала многу се занесуваат таму докторите, барем јас имам таков впечаток а ги имам и во најблиската фамилија и сите до еден мислат они па Господ.
     
    На Skorpija25, gjoker4e, Doozy и 47 други им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    @Sesil ме изнасмеа по сабајле :D
    @Emy867 :hug:
    @kravce многу се радувам кога ќе те прочитам тука :f:
    Ај добро утро. Кафе за освестување на мени зошто апчињата за алергија во кома ме ставаат, не можам да се освестам.
    И јас на забар сум редовна. Носев фиксна, сега терам со мобилна само навечер ама и за дренирање непца и за полирање сум дисциплинирана. Среќа големата ја носев постојано со мене па се опушти и без проблем седнува на столче за лекче и преглед. И малото го носам стално да гледа и да се опушти, се надевам ќе биде лесно и со него првото седнување.

    Остај што се замараат, туку многу сакаат да навредуваат. И не е во ред да се коментира за туѓиот изглед и "добронамерно" да се даваат совети зошто не знаеме која му е маката на човекот.
    Јас кога останав трудна со малото, лицето ми се направи лом и бев како во пубертет, цела со бубуљици и дупчиња по цело лице. И од сите добивав коментари дека лицето ми е страшно, дека морам да си го средам, срамота било така да шетам (божем јас немав огледало и не знаев дека изгледа лошо, а ниедна пудра не ми покриваше). А немаше лек, хормоните си го направија своето и дерматолог рече дека само од себе ќе помине кога ќе се породам. Тоа беше единственото нешто во животов што ми влијаеше на самодовербата, се срамев и ме погодуваа реакциите и коментарите.
    Сестра ми пиеше хормонски апчиња едно време и се поправи 16 кила. И нормално, одма коментари дека не се контролирала со јадењето па се здебелила.
    Има денови кога немам време да се средам, со мали деца сум и некогаш немам време да јадам ко човек. Ама најбитно ми е да сум секогаш чиста, со испеглани алишта и убаво да мирисам.
     
    На Skorpija25, V.odolija, NarCis@ и 28 други им се допаѓа ова.
  11. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.630
    Допаѓања:
    152.639
    Пол:
    Женски
    Милион грешки сум направила во претходниот пост...не се мои прсти створени за типкање по тел...предебели се за фини нешта,изгледа,:)

    @bittersweet точен ти е впечатокот,скроз...така функционираат нештата кај нас,за жал....сегде треба да имаш некој што те знае за да завршиш работа....

    Пример од минатата недела:
    На контрола во Ох. чекална полна со пациенти...повеќето со упат и термин...Докторот излегува на врата и селектира познати лица кои треба да влезат на преглед...а термините од упат не важат...
    А за тој термин чекаме некогаш и по два месеци...

    Никогаш нема да се оправи ова...навлезено е и вкоренето...
     
    На Skorpija25, V.odolija, NarCis@ и 34 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.831
    Допаѓања:
    274.993
    Да кладам кафе и се враќам на журка :D
    3a8392388eda8ac9837e506e3435cd3e.jpg
    Не си ме дочитала Битерке... знам дека некои можат да јадат што сакаат и колку сакаат - како другарка ми, но некои мораат се' да ограничуваат - како мајка ми. И таа е склона на лесно дебелеење, затоа многу внимава :)

    Така што, не зборев за сите слаби, туку за двете жени кои ми се најблиски и слаби :)

    Не знам другите што прават.
     
    На Animali, NarCis@, Mr. Right и 26 други им се допаѓа ова.
  13. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Може и ќе пробам да те убедам дека не сум ваква, ај на фб:Dчекам ред и јас и маж ми, и сум многу против врски и неправилно работење. Не треба да се генерализира мила, можеби 90% се такви, не негирам. Но има и исклучоци, а се трудам да останам во помалиот процент. Не се согласувам со муабетот, иако работам во приватна установа, на преглед не ми доаѓаат само богати луѓе, секакви има.
     
    На V.odolija, NarCis@, ***Bony*** и 20 други им се допаѓа ова.
  14. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    :bow::bow::bow:

    и тоа не е се....не е само во здравството така. Во секоја установа, институција,ама секаде.

    Пак ќе се редактирам...
    Во кафиќ/кафана да приметат дека си странец, еве како ти со децата во болница, и да нема маса, значи на експресен начин ќе ме избркаат мене од маса со моето кафе.
     
    Последна измена: 26 март 2019
    На Skorpija25, V.odolija, NarCis@ и 27 други им се допаѓа ова.
  15. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    70.714
    Преживеав некако, ако ме мислевте :whew:

    Не ве исчитав скроз (lalala)
    Само да ви посакам убав ден :hug:
     
    На V.odolija, NarCis@, Mr. Right и 30 други им се допаѓа ова.
  16. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Добар ден:sun:
    Сонце ми грее во душа, иако надвор е облачно. Но, за да го знае човек вкусот на слаткото, треба да го осети и вкусот на горчливото.
    Алелуја:bow:
     
    На Skorpija25, V.odolija, NarCis@ и 30 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.068
    Допаѓања:
    110.877
    Пол:
    Женски
    Баш така, чекавме 40 мин викендов во кафич во парк, дојдени после нас ги услужи со изговор биле редовни гости и голема била нарачката, ние две мајки со мали нетрпеливи деца, можеме да почекаме. Си станавме и никад веќе нема да одиме таму иако е еден едини кафич во тој дел од паркот. Си купивме од тезгите кафе, си седнавме на трева, си поминавме топ.

    Според вашите претпоставки јас сум најнесредена. Имам бушава, нескротлива коса, често несредена, али прибрана во репче или пунџичка, кога имам време и ја средувам. Се шминкам најчесто ама некогаш како денес кога осеќам дека лицето ми е оптоварено не ставам шминка шо ако е приемен ден. Секогаш сум во чиста гардероба, не исфлекана, не умирисана на манџа и пот, ама знам да одам и два дена во исто и со патики и со балетанки.... Под дифолт, штикла, фустан или сако не прават човек пристоен. Имав колешка која доаѓаше во штикла Шанел, костим Диор и свилени кошули на работа, али беше толку непристојна, со тангата надвор и без градник, шминка три дена неисчистена, мене а и на повеќето околу нас ни беше одвратна, да не кажувам детали други. Баба ми викаше руба краси, руба гнаси, али чоек е чоек по многу параметри, не само по рубата.

    Што се однесува до однос со пациенти, и јас моите си ги викам така од милост, работам во јавна институција, доаѓаат секакви, ама па тоа е, мора да ги примам и да ги упатам, ако ми мириса отварам врата. Бидејќи често доаѓаат и од работа директ со прљави раце, имам антибактериски гел и чистам раце. Тоа е.

    Убав ден!
     
    На Skorpija25, V.odolija, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  18. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.283
    Допаѓања:
    85.234
    Пол:
    Женски
    Не можам со едно кафе да ве дочитам ќе треба уште едно да варам ...
    Добро спомнавте на заболеркар да закажам уште некој заб и ги средив сите ..убавина
    Јас вечер втора тура прередување на плакарите не се прави тоа во еден ден немаме еден партал само ...
    Добар и убав ден ви посакувам;)
     
    На Skorpija25, V.odolija, NarCis@ и 27 други им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    175.968
    Пол:
    Женски
    Добро утро друшки(highfive)
    Готово , се исправив ,застанав на нозе.
    Сношти во нервозата земав исфрлав се можно од таблети ,витамини ,суплементи ,инекции . Све отиде у ѓубре . Само мелатонинчето си го оставив .

    Ама сабајлево направив нешто многу лошо . И сега толку ми е тешко на душата ,не знам како да си ја поправам грешката . Сто пати се покајав ,ама џабе . Имам пишувано дека мајче наша не само што е стара ,жената има прележано мозочен удар , веќе е и склеротична бааѓи . Сабајлево ми дојде долу и како и секогаш тој е муабетот -Да ви даде господ едно дете , та да ви даде ! И раат да умерла. Сто пати едно та исто кажа . Не издржав ,ме фати хистерија ,почнав да плакам и ја избркав од дома со висок тон . Скоро па плачејќи си замина бабата ;(. И сега душата си ја јадам , ќе си апнам од газот така што направив . Се качив горе после пола саат ,гледам легнала да спие . Сто пати ја проверив дали дише :tmi:. Му се јавив на маж , му плакам . Него па мува не го лази , ќе заборавела до после ,да не сум се сеќирала толку .
    Туфффф бре ,ептен ми е криво .

    Маж божем од вчера ќе останеше неколку денови на одмор,има од ланскиот . Ни требаше и на двајцата во ваков тежок период . Ама нема!
    Вчера не чекаа ни 09 ч да дојде ,го викнаа . 40 год маж во кома . Ајде директ за Скопје ,нема тука што да му прави . Немаме ни КТ апарат .
    Денес се јавил да праша кај колегите како е . Му нашле опроштајно писмо . Најверојатно се тровел со нешто ,ама не знаат уште со што . Се уште бил во кома , а најверојатно ни спас му немало . Пред 3 месеци починала жена му ,не можел да издржи .
    Греота за дечињата кои ќе ги остави.

    И то .
    Се нервирам веќе со на маж работата. Не може човек ништо да планира . Замена тек од септември најверојатно ќе има. Арно што има опција на лето да донесат доктор од друг град на десет дена , бар на одмор да појдиме.
    Да ви кажам нешто у поверение :emo:
    Во план ми е да почнам на пракса да одам у болницата 8-|. Цел ден ќе си го гледам маж :lol:

    Да си почнам веќе со манџите .
    Ми здосади веќе од "туѓа" храна
     
    На Skorpija25, gjoker4e, V.odolija и 37 други им се допаѓа ова.
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.372
    Допаѓања:
    261.911
    Пол:
    Женски
    Е кога ова што го пишува @bittersweet ќе е нормално кај нас има шанси да не биде. Јас наголемо губам надеж дека некогаш ќе не биде.
    Арно кажа Битерка да фаќам авионот натака.

    Нема сонце а имам чаршави за сушење и дете со ларингит :|
     
    На Skorpija25, V.odolija, NarCis@ и 27 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.