Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.362
    Епа, треба да се работи на двете страни. И уште сто години да поминат пак нема да ги стасаме Битрсвит.
    Арно вели Рефка тука комплетен ремонт ни треба, за жал.
    Фактори рестор ќе не спаси.:D

    Само се надоврзав Сеске. :)

    И мене ни смета што прво треба да ти го чујат презимето дали е звучно, па после се отвараат врати. Ама ако сите функционираат вака, нема да сум јас ,,исправителот,, . Знам ќе кажете од некаде треба да се почне. Да треба , се согласувам.

    Посебно е изразено во здраството и образованието. Двата најголеми системи кои нас и онака ни се распаѓаат.


    Малото дреме и јас со него. Легнуваме во ниедно време со мм и наутро едвај очи отварам додека детево ме треска по глава.:tmi:

    Ништо различно не кажав. А и нема нешто посебно за кажување. ,,Спориме,, со мм уште за викендот. Мене се повеќе не ми се мрда од дома. Не знам што ми е. Јас сум си расшетарче. Умот само во акање ми е.:D:$
     
    На Skorpija25, V.odolija, NarCis@ и 25 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.211
    Пол:
    Женски
    @bittersweet кај нас штом ќе завршат лекарите со студии, одма во странство заминуваат. Немаат мотивација да останат тука, малку се на број, често работат две смени во еден ден, дежурство преку еден ден, слабо платено. Специјализација не се плаќа, барем до скоро не земаа ништо, а постојано беа на работа, и по амбуланти, и по дежурства. Грото стручњаци се лоцирани во Скопје, па и од другите градови доаѓаат тука за прегледи, контроли, операции, за породувања дури. Ни саглам болници имаме, ни саглам и доволно персонал. Има дефицит на медицински сестри и болничари, па со вонреден курс од неколку часа стануваат сестри, се вработуваат по болници, а не знаат игла како се отвора, камоли да боцнат. Нема таква стимулација од страна на државата, да одреди колку специјалисти од која област требаат и каде, па да ги финансира, под услов да останат да работат во родното место на пример. А поради дефицит на специјалисти, праќаат лекари од Скопје во други градови. Еве, братучетка ми работи на ГАК како гинеколог акушер, тука во Скопје. Еден период одеше во Охрид во болницата таму да работи, десет дена во континуитет, а замисли, притоа не смееше да излезе од кругот на болницата. Нејзините доаѓаа таму да ја видат.
     
    На NarCis@, Mr. Right, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  3. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.782
    Пол:
    Машки
    Салут.
     
    На Rebecca_R, Dadusicka, ♡BuBaLe♡ и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.459
    Допаѓања:
    90.930
    Пол:
    Женски
    Како што има кодекс на однесување има кодекс и на облекување.
    За мене е недозволиво и тежок минус да си главен во фирма и да водиш состанок ко дома облечен после спиење.Грозно ми беше искрено.
    Колку и да не сме функционални или успешни во светски размери, кај нас тоа нема.
    И најсиромашниот човек кај нас е пристојно облечен.
    И јас работам по пижами од дома,ама на скајп состанок,ќе бидам пристојна облечена.
    Такво нешто ми се има случено само со клиенти од Австралија,па имам лоша ,а можеби и погрешна слика за неоптеретеност со облекување таму.
     
    На NarCis@, Rebecca_R, M&M и 9 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.000
    Што имам да признаам, како што и' реков и на Битер, 100% е во право.
    Докторите/учителките/којдае се однесуваат така зошто ние им дозволуваме.

    Се знае што е прикладен подарок за благодарност после пораѓај. Бомбоњера, сок. Не уметнички слики, виски, ручеци и банкети.

    Се знае што е прикладен подарок за наставничка за крај на година. Цвеќе, рамка за слика со слика од цело одделение. Не златни ланчиња и прстени.

    Јас знаеш дека не прифаќам подароци, посебно не скапи. А свашта ми понудиле, а не сум ни доктор. Можам да претпоставам што понудиле на доктор, ако мене ми понудиле парфем од минимум 50 евра.

    Факт е дека се стрвни и сакаат подароци. Ама така НИЕ сме ги научиле.

    Ако веќе имаат луѓето вишак пари и не им се чека ред, постои дополнителна дејност. Која е сосема легална и докторот заедно со тие со него што работат си плаќаат данок на тие пари.

    Инаку, светот не можам да го поправам.
    Само можам да спијам со мирна совест.
    И да се надевам дека некому, бар малку, ќе влијаам да развие сопствена совест.
     
    На NarCis@, Mr. Right, Rebecca_R и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.744
    Допаѓања:
    176.000
    Пол:
    Женски
    Баш така е .
    Ние овде до вчера немавме гинеколог .
    Се уште немаме анестезиолог , педијатар . Да не зборувам за инфектолог, уролог ,без нив се можело посекако .
    Научна фантастика е да имаме двајца невролози ,кога од погорните специјализации немаме ни по еден . А нема ни да имаме во догледно време . Кај и да и двајцата хирурзи и двајца интернисти ( од можни 3 ) ќе заминат во пензија . Нови специјализанти нема !
    И новиот невролог кој е моментално при крај е на приватна специјализација . Млад човек со амбиции да замине во странство .
    Јас искрено мислам дека за 6-7 години комотно ќе ни ја заклучат болницата . Никаков начин не гледам како би се решил овој проблем .

    Важно матични доктори си имаме една орта копа . Па и не се будали да одат на специјализација . Некои од матичните имаат повисока плата и од специјалистите . Поготово ако специјалист не дежура барем еднаш неделно по 24 ч , при тоа обавезно секоја недела да му се падне еден ден од викендот ,нема шанса да земе ни иста плата со поедини матични .
     
    Последна измена: 26 март 2019
    На NarCis@, Rebecca_R, M&M и 19 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.000
    Ако е загрижена за вашата финансиска состојба и добробитта на детето, нејзино е да ги пријави сомнежите кај социјалниот работник, а не да изиграва хуманитарец на своја рака.
     
    На TeddyGrey, NarCis@, Rebecca_R и 13 други им се допаѓа ова.
  8. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Ве читам на пауза :) и си се смешкам под мустаќ, не сакам да ме прашуваат што е смешно.
    Да дојдете кај мене на работа, во вторник или петок, на почеток на месец, ќе осетите мириси кои верувам не сте ни помислиле дека постојат. Ама мора да се смешкаш додека некој на 5мм оддалеченост од фаца подробно ти го објаснува проблемот, а пред 10тина мин се налапал лук како несаглам.
    За чекање ред, чекам, ама пак и не пуштам никој пред мене.
    На лекар со Неда со тт во ординација влегуваат луѓе со дете кои самошто дојдоа, а ние чекаме цел час. Мм влезе и ги изнесе надвор. Најозбилно ова. Ама мм е страшен кога е лут, сум пишала и претходно, има поглед хорор филм, јас не би можела вака. Затоа ме д.пат :)

    Надвор ладно, а јас по кошулче излегов (будалетинка). Не ми се враќа на работа. Кој е за кафе нека повели
     
    На Skorpija25, V.odolija, NarCis@ и 25 други им се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    99.514
    Добар ден:coffee:.

    Да пишам и јас збор-два олеснета, конечно.
    Помина операцијата на мајка вчера. Пет ипол часа. Умревме и воскреснавме чекајќи. Башка што се доукочив во половина од седење. Битно е дека помина се во ред, докторот задоволен, денеска е префрлена на полуинтензивна нега, стабилна, нема болки. Да дојде 4ч, па да ја видам будна. Вчера ја видов, ама не беше комплет освестена.
    Не камен да ми падна, карпа ми падна од срце.

    @bittersweet не да беше лоша, немерливо лоша беше. Нека и е лесна земјата, ама само на мајка ми што и правела, а да не зборувам дека сопствениот син не знаеше жив ли е, умрен ли е.

    И како за крај на постов, најбитното:tmi:
    Некни кога ја оставивме мајка ми во болница и она дојде. Дечко ми прво ме праша ДАЛИ МОЖЕ:D, викам може, што ќе ви правам, очи ќе ви вадам:D. И ајде, завршивме во болница, тргнавме накај нив, па дечко ми се симна да купи нешто за јадење и останавме сами во кола со неа. И женава ни пет, ни шест (а не сме блиски, ја имам видено два пати со некоја површна комуникација) ми вика: Слушај нешто да ти кажам, јас се шаштисав, викам што ќе ми кажува женава, ама таква засилена, ме наплаши:D. Викам ај кажи. Еве сега вика, нека помине се во ред со мајка ти, дечко ти во Април да заврши со обрските од работа надвор од државата што треба да оди и вика во Мај да си се нацртала кај нас:o. Нема што да плаќаш ќирии, а јас и он да се трчкаме во толкава куќа. Јас се забезекнав:worried:. Не очекував, ама нормално жената на крај си рече - АКО САКАШ, НОРМАЛНО:D. СвадбиЧКА наесен:worried:. Дечко ми ако ја подбере, ќе и даде и две свадбички, и тој и јас сме алергини на тоа:lol:. Така да, сваќата од оперативна сала, на оро:rofl:. Те до таМ е работата:x. Од ова сега страв ме фана да не ми се меша:|, а либерте жена ми стоеше вака.
     
    На Skorpija25, kuc, TeddyGrey и 35 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.459
    Допаѓања:
    90.930
    Пол:
    Женски
    Закажав за веѓи кај Ивана.Цената е 6000 ден.како што рече @LunaGrey Страв ми е сега како ќе испаднам:tmi:
     
    На NarCis@, Rebecca_R, M&M и 15 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    110.945
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам искрено колешка беше кај Дадар и мене не ми се свиѓа ИЧ! Јапонско или како и да се вика, ич не ми се свиѓа.
     
    На Rebecca_R, CameliaMiller и LejlaD им се допаѓа ова.
  12. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Само кратко - - и јас би како маж ти ако чекам толку време.

    Не спомнав, минатата недела на трансфузиологија, упат за во 11:20...Знаете кога влегов? Во 14.40....А од работа едвај ме пуштија на пола саат, па морав да се правдам.
     
    На Skorpija25, TeddyGrey, NarCis@ и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.459
    Допаѓања:
    90.930
    Пол:
    Женски
    Јас ги гледав кај Дадар ,ама ми ја препорачаа Ивана,и искрено ги бендисав на сите слики,многу природно изгледа,ваљда ќе ми испаднат и мене убаво.
     
    На NarCis@, Rebecca_R, dunika и 8 други им се допаѓа ова.
  14. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    пред да почне да ти ги прави ќе ти ги покаже какви ќе бидат ,ако нешто не ти се свиѓа можеш да и кажеш. уживај супер ќе ти бидат,само не паничи како мене првите 2 дена:rofl: ќе ти пратам во лп нова слика
     
    На NarCis@, Rebecca_R, dunika и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Убави ги прави @Cosmi да не се плашиш. Другарка ми ги правеше кај неа лани и супер изгледаат, многу природни.
    И јас сакам, ама па не сум сигурна дали ми треба :D Од бес се' да се пробало значи, таква сум :worried:
     
    На NarCis@, Mr. Right, Rebecca_R и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.744
    Допаѓања:
    176.000
    Пол:
    Женски
    Ми дадовте буите и мене за веѓи .
    Моите не се нешто ретки ,ама многу ми се различни .
    @LunaGrey дали може да и пратам слика на Ивана да виде дали може нешто да направи кај мене ?
     
    На NarCis@, Rebecca_R, dunika и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Морав да се умешам, дека „колешки“. :D

    Австралијанците ми се омилени, ама омилени за работење. Толку се кул, толку се лабави.... срцки се. (fingers) По нив Америте, Канаѓаните... прелабави. Чим работи со фриленсери, не очекува од тебе corporate култура. Ми требаше некоја година да го сфатам ова. :)

    И јас често висам на скајп со клиенти и на почетокот исто се замарав да бидам јас у кошула, со кармин, ау, уау. После видов дека на никој не му е гајле. Последно што зборував со еден клиент, ми се јави додека правеше вечера - кај нив вечер, кај мене сабајле. Он готви, јас пијам кафе, муабетиме... проектот на крај завршен топ, пиц-пец. :) Ни на момент не ми засмета дека ми се јави од кујна, презабавно беше, имавме многу кул идеи, онака баш имаше energy flow.

    Еден еднаш ми се јави од плажа, под палми. Ѕвер, капа доле, камоли сите да можеме да тераме бизниси од плажа. (ја не можам, ми мава сонцето на екранот) Една еднаш ме праша - ај покажи ми ја собата, ме интересираат други култури многу. Ај. :D 2 години работам со неа. :)

    Мислам дека целата таа corporate culture е во изумирање во западниот свет. Нема зошто да ти биде грозно. Мене ми е знак дека животот им е толку исполнет и прекрасен, што немаат време да се замараат со такви тривијалности. Сега сите се во стартап филмови, во тоа да ти е убаво на работа и така. Не е сјајно ни тоа - намерно те тераат да се чувствуваш ко дома за да нејќеш да си одиш - ама па не гледам ништо лошо ако некој рандом Џорџ или Мајкл од Острелија ми ѕвони у капри пантс и апостолки.

    Баш треба да земаме пример и ние да стануваме лабави, дека нема потреба од некој да се плашиме или да го гледаме како „авторитет“ или како „шеф“. Сите сме еднакви, сите заедно работиме. И на последните неколку состаноци кај што одам во мк фирми, одам со патики и со старки, и ме пречекуваат со патики и со старки. :D
     
    На Skorpija25, V.odolija, RainBow и 37 други им се допаѓа ова.
  18. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    сигурно може, има и фб страна ivana make up ,разгледај ги сликите, пиши и сигурно ќе ти одговори:)
     
    На NarCis@, Rebecca_R, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.459
    Допаѓања:
    90.930
    Пол:
    Женски
    Ако колешке.:)
    Мене па ич не ми се омилени австралијанците ,ептен се до крајност лабави и тие од Нов Зеланд исто :|ама Америте и Канаѓаните ми се на прво место.:l: и европјаните ми се :|
    Види јас сум за лабавост,ама за се има доза на умереност.Не мора костум ама барем casual маичка барем,не по долна,:worried:
    Поинаку се работи со странски клиенти,што имав еден Сингапурец ,дотеран ,убав,културен да ти е мерак да збориш:tmi: А друга пак, американка ,со неа работиме веќе 4 год.живее на беверли хилс со партнерка,вика ај кога ќе дојдеш во САД,дојди биди ми гостинка:D ќе ме шетале со девојка и.Слободни се и фини но сепак малку мора да има граница .
     
    На NarCis@, JuLleE, Rebecca_R и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.160
    Допаѓања:
    137.257
    Пол:
    Женски
    Факт е дека кај нас за секаде треба врски, не само доктор и школо.
    Морам да купам месо само во една месара оти само таму ме знаат и нема да ми подметнат нешто заникаде. Ама срам ме фаќа коа ќе ми рече месарот кажи ми од шо сакаш изврти еден круг и дој земи го. Демек да се растерети гужвата па ќе ти дадам тебе друго месо. А зошто? Тие стока ли се па да им се дава полошо месо и да им се подметнува се и сешто во меленото месо
    Компир купуваме на вреќа само од кај пријател на мм. Тие вреќушките што демек по 10кг се продавааат, фактички 8 се, и мешан внатре убав со неубав. Ама ако те знаат ќе ти извадат од убавиот позади тезга и ќе речат пред другите муштерии еве го твојот, ти го чуваме |( итн итн.

    Таков ни е менталитетот. Треба едно reset да се направи на цел на народ. Поединци не можат ништо да сменат. Тешко дека ќе се разбуди свеста, бар во догледно време.

    Еве да се надоврзам на постот погоре. Зошто го замараш докторот во кафана коа негово работно место е во болница. ЗОшто бркање на професори по улица коа нивно работно место е образовна установа. Зошто очекување посебен третман од оној кој треба да го имаш... И така се во круг. Од било која страна да се најдеме, не чини.

    Веѓи не ми требаат, од мојата ,,шума'' може само да ви дадам на кои ви требаат ако имате чаре да ги насадите :D
     
    На V.odolija, NarCis@, Mr. Right и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.