Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    99.514
    Јас реков после сите стресови, поболна ќе бидам и од болните што ми се изредија периодов...

    Влегов прееска на посета кај мама, пет минути постојав и кога рече ќе ми се замаглува пред очи, снага ќе ми се тресе, врела пот...осетив се губам.
    Ај се собраа околу мене, блага вода, притисок мерење 70 со 50 и мислам ако не ме седнеа, ќе се струполев. Циркус(facepalm).
    Да не се превозбудив заради свадбичката наесен:rofl:.

    За ред чекање било каде и јас не пуштам преку ред. Еден за ракав го повлеков кога се загина одма да влегува кај матичниот. Ама јас само за препис сум. Е не, јас ќе се пораѓам мош|(.

    Во банка исто. Се залета директно на шалтер, станав, викам седни да си чекаш, јас сум на ред. Ама јас за брзо сум. Викам и јас за брзо сум. И госпоЖата СИ ОТИДЕ. Не може да исчека една странка пред нејзе. Само јас бев, немаше друг. Пустата таа, камионите на граница ќе и побегнат:^).

    За здравството немам коментар. Пробавме еве сега со мајка ми...што да ви кажувам кога се си знаете. Од пред нова година, до сега, ништо. Не знам колку само ќе чекавме додека да откријат што е, а за операција па...
    Видовме, не видовме, ај на приватно. Не можам јас во агонија да бидам со месеци. Врски немаме. Не ни преостануваше ништо друго освен ќесето да разврзиме. Алал нека се. Барем знам каде се дадени и документ имам, црно на бело. А не се на скришно бутнати во нечиј џеб.

    Последниот пат кога си доаѓав од дома со такси, тројца луѓе имаше со мене, сите за на болница.
    И едниот му вика на таксистот, абе топличко е, може жената ќе ја пуштат околу 12ч, да не му биде нешто на тоа јагнето во багажникот (за г-дин Др наменето, нормално).

    Така да, што ќе давам под рака и пари и натура, вака ќе платам и раат ќе сум за се.
    Јавното здравство ни е очајно, а немаат сите да истересат неколку илјади евра за операција или 50еу за преглед. Оти некогаш може да почека прегледот, ама некогаш и не. Па видел, не видел, ќе си платиш на гладен стомак и после ќе се чудиш од каде за останато.
     
    На Skorpija25, Желба, kuc и 31 други им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво, како сте? Ја фино, смути, кафе, обврски. :coffee:

    Денов солиден, нема дожд па по автоматизам не е страшно. :f:

    Малку е досадно да вергламе дека има културни а парталави и костумосани а грозни, ама не е тоа тема на муабет.
    Јас почитувам луѓе кои се потрудиле да изгледаат пристојно на работното место и во исто време не можам да имам високо мислење за човек кој во танга папучи се појавил на работно место - административец. Кога не е на работно место таман и гол/а нека шета, ама кога ме прима мене како странка или пациент сакам да изгледа пристојно.
    Ова истото важи и за свадби и други свечености. Како да имам високо мислење за некој што на свадба у ресторан ке се појави во тренерки?
    Башка си имам и мана, загледувам работи. Запазувам детали и одредени работи не ми се пријатни за око ама не гледам дека светот се менува ради тоа што мене ми смета нешто. Сите си тераат како ги води умот, ја си мислам што си мислам и тоа е тоа.

    Врски имам и ги користам. Зошто да трошам од моето драгоцено време и да чекам ред кога можам да влезам и да излезам? Многу пати се обидов да си земам бројче и да чекам ред ама системот не фукционира и јас не можам да го поправам. И не, не е секогаш проблем во пациентите, системот има грешка и додека некој не го подеси да функционира само со чекање ред работите ке останат непроменети.
    Зошто да чекам ред кога сестрата си зема пауза за кафе и цигарче кога неа и е згодно, а јасно е наведено дека паузата за појадок е од 10 до 10 и пол? Шалтерот затворен, пациентите си дремат а она чила јер е у гужва. Зошто да чекам ред кога административецот си пие кафе на масата до мене а во тој момент треба да е во канцеларија и да ме услужи мене како граѓанин на оваа држава?
    Во една прилика поднесов за вадење документ, ми рекоа дека ке е готов за 2 работни дена. Пред мене немаше никој, после мене не влезе никој. Имав врски ама си реков, нема гужва, веројатно ке завршам веднаш. Господата пиеја кафе и не можеа да отворат записник и да поработат 15 минутки. Кога дојде директорот и ги подбра го направија за 5.
    Е на места каде што немам човек и морам да чекам ред, се наоружувам со мојот лош поглед и пали. Икс пати се имам расправано со говеда, мажи кои само сакаат да прашаат, а јас всушност чекам ред за баба ми која има 80 и кусур години и едноставно не може да стои а не пак, да се турка на врата.
    За дете би ѕвонела уште кога ке измерам температура. Пред да влезам во кола ке најдам начин за кога ке стигнам, веќе да ме очекуваат. Јок, детето нема да ја трпи неисправноста на овој систем.

    Убедена сум дека во државите каде што чекаш ред и те примаат според итноста свеста не е толку развиена туку едноставно казните се преголеми и на вработените им фуфка дека ке добијат отказ.
    Ја сум сигурна дека и кај нас никој не ризикува работа за да те прими преку ред, туку со тоа што ти прави услуга, по автоматизам си добива поен за услуга која ке му ја вратиш кад-тад.

    Кој е за кафе?

    [​IMG]
     
    На kuc, V.odolija, KateKane и 16 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.302
    Допаѓања:
    226.914
    Пол:
    Женски
    Последно врски фативме за татко ми. Терминот му беше за преглед ставен на 12 а ние на 10ти средивме да се оперира. Зошто реално докторот имаше сала за оперирање тек во јуни. До тогаш 4 стадиум ќе дојде канцерот. Назад тоа знаеме дека нема. Не се правдам. Си кажувам. За жал се одложи операцијата поради кардиолошки проблеми кои настанаа во оперативна сала буквално на маса пред анестезија. Затоа утре ќе го оперираат.
    Не велам дека татко ми е побитен од другите. За мене е, но за нив не е. Но системот е таков што тој доктор има толку пати сала. Друг доктор има олку пати сала во месецот. Сега буквално докторот позајми сала од друг за да го оперира татко ми.
    Дали имам грижа на совест? Не. Во оваа држава немам такво нешто. Имам грижа на совест можеби за други работи. Но за ова не. Од друга страна, месецов обучив 6 луѓе да работат од кои на 2 јас им завршив да работат кај што работат и сеуште се чудат. Зошто ниту ми се некој и нешто ниту некој им ургирал преку мене. Туку јас, знаејќи дека се вредни и ги бива, решив да потрошам збор.
     
    На Skorpija25, Желба, kuc и 28 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Лили, баш тоа зборам.
    Едно е канцер, нема чекање тука, кај мене на контрола да дојдат обична па не ги оставаме да чекаат...
    Ама не може бе да е итно на пример спондилоза, ме боли грб 6 месеци, е денес е итно... е не е, сигурно не е поитно од на оној скршената рака... па и мајка да ми е, ваљда имам осет дека нејзината спондилоза нема да ја убие, ама на тој раката мора што поскоро да се прегледа.
     
    На Желба, V.odolija, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Да Ками, целосно се согласувам со ова, ама проблемот не е само во пациентите, туку и во вработените. Ти си една од ретките кои функционираат така како што функционираат.

    Ми се има случено да чекам ред со температура 39,8 и болки во уво а пред мене да влезат пациенти со црвено грло. Брат ми со гнојна ангина и висока температура го оставија да чека ред додека докторката да вечера. Од тогаш си реков дека веќе никогаш нема да чекам ред ако имам опција да влезам прва.
     
    На Желба, V.odolija, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.302
    Допаѓања:
    226.914
    Пол:
    Женски
    Ја сум човек што да ми дојде жена и да ми рече--извинете маж ми е со канцер, сите испитувања ги правев приватно зошто знаев државно ќе заглавам... Има да се растрчам без никој да ми рече. Ама тоа сум јас. А знам дека и ти си. И мило ми е што си таква.
    Примеров со спондилоза скроз се сложувам.
     
    На Желба, V.odolija, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Јас не гледам причина да се придружам на оние кои мислам дека погрешно прават.
    Доброто е добро, а лошото лошо, независно од тоа колкава е групата.

    Да имам и јас состојба која е итна, и не мора јас, ти да си и да ми пишеш - еј Каме скршив рака (скраја да е), или детево ми има 39 температура, јас нема да мислам два пати, туку ќе ти помогнам како знам и умеам, и врски и пријатели и се' со ред.

    Ама ако треба да ти помогнам да не чекаш ни 5 минути, за нешто што не е итно и можам да ти закажам, просто нема да реметам ничиј ред, оти како што тебе ти е важно твоето време, така и на другите нивното.
    Нема ни тогаш да те одбијам, ама ќе ти закажам културно, за недела, две, за месец, со термин, зошто ако ми се јавуваш за спондилоза, стварно не гледам причина зошто тоа да го "прогурам" како итно.

    Болница не е банка и не се сите исти, ниту може сите исто да се гледаат. Не може ист приоритет за оперирање да имаат канцер и слепо црево, да речеме, од канцер не се умира за 2 дена, ама од слепо црево да. Итн.

    На сите малце да ни работи осетот, кога и како се однесуваме, се' ќе биде подобро.

    А за такви што ми се прават лоши... секогаш ги игнорирам. Ако не се способни со мене љубезни да бидат, ни јас нема 1 збор повеќе од што морам да кажам. А кога ќе ја поминат линијата, постои обезбедување.

    Така што, не ги правдам моите колеги, знам дека 80% во нив е проблемот. Ако можев јас за 5 години да се разберам со докторите оти МОРА да има ред, а со тоа и врски пикање само кога е сериозно нешто во прашање, сите можат.

    Само волја треба. Кај мене со врски доаѓаат во 3. Кога ни контроли, ни термини, ни бутур има. Па до миле воље нек се дружат. Не може јас и докторите да се бориме со 100 души, оти некому не му се чека ич.
     
    На Желба, Sesil, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  8. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.769
    Допаѓања:
    214.128
    Пол:
    Женски
    Чекавме 1ч,50 мин со детево,со пукната коска на рака,додека др со пријателка си замина да ја однеси на прегледи низ одделенија,притоа ниту се виткаше од болка,ниту едвај стоеше на нозе.Добро да не судиме по надворешен изглед,но баш си беше скоцкана и исправена како за на модна писта,да не ја земам на душа,ама барем некој знак дека не и е добро ќе имаше,успат само да напоменам дека нормален разговор си водеа,пропратен со смеа.Сето ова навечер,од денешна гледна точка си велам која ли будала бев,што седевме и чекавме,ова само како пример,не важи за сите медицински лица
     
    На Skorpija25, Желба, V.odolija и 19 други им се допаѓа ова.
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.177
    Пол:
    Машки
    Татко ми го пресече палецот со брусилица скоро до коска. Крвареше и набрзина отидовме у Градска. Чекаме ред, пред нас уште 2,3 постари луѓе. Влага еден батка со наочари и позади него ја носи жена му забулена, тропа на врата и збори со докторот на албански и си се бутнаа внатре. Мене тука притисок 200, сакав да влезам али викам ај ќе почекам да излезат па со докторот ќе се разберам. После 5 минути искачаат со докторчето, еден млад уобразен до даске, и му викам докторе по кој принцип ги селектирате пациентиве коа глеам како влагаат преку ред а луѓе ви паѓаат у несвест чекајќи. И ми се врти момакот и вика, кого сакам тој ќе примам. Тука ми се споија жичките, малку ми фалеше да станам и да го патосирам али среќа сум трпелив па можам да истолерирам вакви просеравања. Не му вратив ништо само се насмеав. И го примија татко ми после 15 мин и дур бил внатре докторов му рекол : Овој син ти многу дрзок:envy:(facepalm)
     
    На Skorpija25, Желба, V.odolija и 22 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.346
    Допаѓања:
    259.678
    Јас вака со глава ѕид ќе бутам, држава ќе оправам. Па така не одев во партија оти тоа е против мои принципи, се преселив во Ск, и што ако имам квалификации кога морам да имам врски за да почнам да работам во добра фирма. Затоа памет во глава, требало врски, користам.
    И ќе користам.
    Јас како единка само изгубив што пробав да функционирам како што треба.
     
    На andrejko82, V.odolija, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.855
    Допаѓања:
    101.633
    Пол:
    Женски
    Што да кажам,со се сложувам...
    Последното лошо искуство со лекар ми беше пред еден месец кога требаше да земам упат за во Скопје.Пред мене две лица ,јас чекам ред.Доаѓа сестрата и ме прашува што ми треба.Влегува кај лекарот и му објаснува,кога ми се џитна со едно лице како да сум му убила некого.Демек тој бил цела ноќ дежурен ,не можел да работи бил болен.Ок ,велам јас не сум за преглед туку за упат,значи административна работа,ако треба уште ќе почекам.Буквално ме истера.Другиот ден одам,колешка негова исто било дежурна за 2 мин.ми даде упат.Јас верувам дека не се платени и се тоа,ама јас сум најмалку крива за нивната плата.
    И морам да кажам дека специјалистите се поголеми луѓе и човечни за разлика од обичните лекари .
    Здравството ни е хаос,секој први добивам нервен напад кога барам лекови.
    Синоќа кај гинекологот ме праќаат во Св.Николе за мамографија.Па што ако немам начин да отидам натаму...и овој град,според големината, зар не заслужува да има мамограф...
    За гардероба,според мене мора да биде перена и пеглана.Друго марка ,стил не ми е битно.Зборувате за црвен кармин и нокти,не знам што толку ви пречи таа боја.Се разбира ако е убаво нанесена...и одговара на тенот.Па од црвениот кармин е појдено за да се дојде сега до сите можни нијанси.
    И лесно е да си дотеран во климатизирана просторија ,да ве видам на 40 степена ,кога ни кожата не се трпи а не шминка и пудра.
    @Emy867 мило ми е што мама е добро...
     
    На Skorpija25, Желба, V.odolija и 27 други им се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller ти збориш за твоето работно место, јас конкретно за сите институции во кои имам влезено. На прсти можам да ги избројам позитивните искуства, за жал.

    Убаво кажано. И моите искуства имаа негативен исход за мене, целиот останат свет продолжи да си функционира ко јас никад да не сум имала температура или ко да не чекам 2 дена за документ кој се печати за 15 минутки.
     
    На Sexybaby86, Sesil, KateKane и 8 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Немам многу работа по други институции, за вадење лк, пасош, извод, кога се пријавував во АВРМ, не сум имала проблем.
    Само во општина ме нервираат што се ултра спори :D
     
    На Sexybaby86, Sesil, KateKane и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    :hai:

    Ме фати криза за спиење веќе. Бетер од пензионер сум. |-) Кога сме кај пензионери денес ми се испонаша една бабетина. Ме фати за рака и ме влече за госпоЖата да поминала. Ми идеше да ја земам нејзината рака и да ја исфрлам. Пачавра, гуска! :envy: Уф, се изнервирав додека го пишував ова.

    Сте збореле и за јавен превоз. Да, во други држави масовно се користи јавниот превоз, ама да не морам нема ни да помислам да користам јавен превоз, а камоли да стапнам. Со овие гужви и пиздонерите не би сакал да делам воздух и да мирисам смрдеа и да се расправам со идиоти.

    Досега немам осетено на мене некоја дискриминација. Не сум богаташ и немам "славно" презиме. И немам побарано врски за било што и било каде. Барем не досега.
    Ама никогаш нема да се оправиме, никогаш. Мојата иднина и иднината на моите деца (ако имам еден ден) не ја гледам тука. Не сакам да сум дел од вакво труло општество.

    Она сирота никогаш не стига. :rofl:

    :puke:
    Битер убаво ја опиша нашава ситуација тука. И обожавам да те читам како е кај вас, а така треба и тука да е, ама не е.
     
    На Желба, bittersweet, Rebecca_R и 14 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Крај краева...

    Јас сум пријател на драги луѓе и правам работи преку ред.
    И моите пријатели исто за мене.
    Пријатели и другари не се само за на маса:),туку да ти помогнат во зорт и да си се најдеме едни на други во никакви моменти.

    Сум рекла и пак ќе пишам-недакам да ги злоупотребувам пријателите,ги барам кога знам дека без нивна помош ќе изгубам цел еден ден и пак нема да завршам работа.
     
    На Желба, poenta, Annath и 17 други им се допаѓа ова.
  16. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.074
    Допаѓања:
    154.597
    Пол:
    Женски
    Избегав во спална се тркаламе со деца на кревет, не можам ама не можам да сварам политички емисии, посебно дебати. Таков немир и нервоза ми создаваат немате појма. А мм во последно време се следи, ме нервира ептен ама не можам да му забранам да гледа па се тргам на страна.
     
    На Желба, Ariel, Annath и 17 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Цркнав :rofl:
    FB_IMG_1553630686653.jpg
     
    На Skorpija25, Желба, Ariel и 29 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Циркузи ..
    Еве некој можеби и ќе ми замери ама јас така размислувам
    Ич ич не фунционираме
    Навидум овие двајцава господини учени се изназборија како на селска чешма ако верувате главата ме заболе дека маж ми беше опнал тоа тонот на најако

    Што вика луна сите сте у право и така е

    Нема ред нема мир нема фунционалност нема ништо
    Тоа е таа вистина.

    И на мене ми се случувало тоа што вели @bittersweet влагам на пример некаде и кога веќе се сваќа дека сум италија/англија ејјј абе што не кажа па вака па така па онака и чека и чека онака се смешка да тутнеш тоа парите и така

    Еве напрост пример излагаме од словенија надоле и на секоја граница овие граничариве ејјјј абе ни се јаде благо, шеќерот ни падна, а што носиш таму де да видам, ај дај го да се послужиме, почасти
    Итн итн
    Ниско ниско ниско
    Сам да си бараш (facepalm) ваквите ми се без коментар
     
    На Желба, Ariel, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.408
    Допаѓања:
    183.668
    Пол:
    Женски
    Цел ден сакам да пишам, т.е. да се надоврзам на постовите на @Alishan30 и @Annath
    Разбирам некој да живее во мизерни услови, да нема вода, струја, па со тоа и хигиената да не е најдобра. Но тоа се мал број случаи. Таа бабичката со низок раст што ја зборевме пред некое време, кутрата ем нема бојлер, ем нема купатило, па се бања во корито со загреана вода во тенџериња. Не е до финансиите, до свеста е. Сфатете ме како сакате, јас да сум докторка, и тоа како ќе дискриминирам. Да затворам очи на нехигиена, ми е како да поддржувам. Сепак за здравје се работи. Да тргнеме од тоа колку жени не се бањаат за време на циклус, или општо возрасни и деца не мијат заби, конец за заби па е научна фантастика, до немиење раце после одење во вц, и да не набројувам. Па како сите би ги подбрала. Не е така за сѐ да не се суди. Ич не ме интересира некое дете како е облечено, дали е марка, поткинато, или не знам ти што. Ама да дојде со неизмиено лице, неисечени нокти и црно под нив, мрсна коса, тоа во социјални служби треба да се пријави, за негрижа. За мене, кога се работи за хигиена нема компромис. Во мое време на одделенски час наставникот прегледуваше нокти и дали носиме чисто марамче. Не знам дали е уште така, ама ако не е, под итно треба да се вратат тие проверки. Од градинка еднаш стигна опомена родителите да припазат на хигиената на децата. Епа да ви кажам, за срамота е. И за срамота е да одиш на доктор небањат. После се смееме кога читаме на листови испринтано пациентите да се бањаат. Не е смешно воопшто. Тажно и јадно е. За останатите теми се имам изјаснето.
    Јас во спална сум, не гледам тв. Викате многу пропуштам а? :D
     
    На Желба, poenta, Annath и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    107.396
    Пол:
    Женски
    Ама дуел деца во градинка имаат повеќе култура од овие двајцава.

    Дојдов само да ја :hug:@Skorpija25 за упорноста душа си ми :*.
    Друго паметно ич неам што да кажам ми се|-) мртва уморна сум поздрав друшки мои :*.
    Си легнувам со кокошките станувам со петлите:D
    Поздрав мили друшки
     
    На Skorpija25, Желба, Ariel и 18 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.