Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.470
    Допаѓања:
    90.988
    Пол:
    Женски
    Е така.
    Не си гнасна.
    Не сум ни јас.
    Ни мнозинството не се гнасни.
    Туку однесувањето кај нашиот народ генерално е сплет на многу несреќни околности од минатото,каде луѓето се научиле на некои вештини за да преживуваат во средината и истите се пренесувале од генерација на генерација.
     
    На Желба, mal.ecka, duffi и 9 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Да бе, сплет на околности е тоа што Источна Македонија има скоро 50% неписмен народ.
    Кога биле затворени школите?
     
    На mal.ecka, Sexybaby86 и friendy им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.470
    Допаѓања:
    90.988
    Пол:
    Женски
    Неписмен и гнасен не е исто ,Вајлд.
    Неписмени има секаде.
     
    На Желба, Sexybaby86, NarCis@ и 4 други им се допаѓа ова.
  4. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.131
    Пол:
    Женски
    Само можам да кажам, дека ги преценувате странските држави.
    Секаде е исто, само што балканските политичари многу крадат. Кај нив нема срам, затоа и сме партиски држави.

    Поживејте некоја година во странство, ќе ви се смени мислењето.
    Штом немате искуство со луѓе собрани од цел свет, не сте виделе ништо.
     
    На Желба, duffi, Dust и 16 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Секаде има, ама колкав е процентот?

    Иначе... во 'гнасен' спаѓа коруптивноста.. а во коруптивноста спаѓа 'поклонче за на доктор' и врски за на мочање

    Исто сексизмот, национализмот и другите изми кои дискриминираат по разни основи.... и тие се во 'гнасно'
     
    На mal.ecka, Sexybaby86, NarCis@ и 8 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Ама Англичаните имаат една култура, Балканците друга, Хиндусите трета.

    Убаво е што имаш ко прво функционален систем...
    Не да се чудиш дали ќе те брани полиција, ако те тепа на сред улица некој...
    Еве мене, пред полиција ме има удрено бившиот, а тие си ги држеа стапојте
     
    На anggell, mal.ecka, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.131
    Пол:
    Женски
    Тука не што полицијата нема да те брани, туку и минувачите нема да те бранат. Од искуство зборам.

    Едно е шетање по државите на туристички дестинации, друго е живот на пример во предградие на Париз.
     
    На Желба, M&M, vitamina и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Дали кај нас ако полиција се спрема да ти пише казна за брзо возење, можеш да се јавиш на човек и да ти среди? И те како може. Дали у државите во кои функционира системот можеш да се јавиш на човек и да ти ја скине казната? Не, јер те снима машина на автопат и казната ти стига на домашна адреса.

    Фрлете хартија од кифла овде - ништо нема да се деси. Направете го истото горе, без казна нема да поминете.

    Дали Битер смее да ја погледне лошо госпожата од чија вагина се шири неподнослива реа? Не, јер во ист момент ке ја изгуби работата. Дали кај нас докторката ке ја изгуби работата ако те погледне лошо јер ти корнеш на пот? Многу јасно дека не, едноставно тој дел од односот доктор-пациент не е регулиран со закон и воопшто не е битно дали ти ке му се обратиш на докторот со бе а он тебе со мори.

    Никој, ама никој не е спремен да ризикува дел од плата или пак работно место за трето лице. Кога има закон, човек се навикнува. Па со тек на време се навикнуваш да функционираш во склад со правилата и законите и менталитетот ти е таков - знаеш што смееш а што не, се останато не ти е предмет на интерес.

    Дали сте виделе како странци се однесуваат кога ке дојдат кај нас? Јас сум видела, се однесуваат како кучиња пуштени од ланец јер овде нема закон.
     
    На SexiLy, duffi, Dust и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.470
    Допаѓања:
    90.988
    Пол:
    Женски
    Неписменоста нема врска со интелигенцијата на народот.
    Корупција нема на "западот"?!
    Немој,има, само многу поперфидно играат од нашиве тука.
    Национализам,па тука ние сме најслаби.
    Се што напомена го имало и има секаде.
    Немој да почнам да раскажувам случки од дримлендот Австрија од рани 40 години па наваму,нема да знаеш дали да се смееш или да плачеш.
    Мене ми е искрено мака кога толку силно се потценуваме,а ги преценуваме оние кои по многу параметри биле и полоши и газеле преку живи лешеви за да бидат тоа што се денес.
    Ние крв немаме на рацете,не сме гнасни воопшто,гнасни се токму овие кои ги величате како дримленд системи.
     
    На Желба, M&M, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.438
    Допаѓања:
    190.743
    Прво, никаде не потценив народ, ниту некого омаловажив, единствено посочувам што и зошто не е во ред. Може го цитирав твојот пост, дека луѓето биле човечни (незнам може и не беше твој), оти стварно, живеам 8 години меѓу човечни луѓе и ја знам разликата. Овие човечни луѓе ми помагаат во автобус со количка со бебе, ми отвораат врата во пошта, ми велат добар ден во трафиката покрај која поминувам. Еднаш се десило да остаам отворена влезна врата од стан_ така ја најдов, и се во станот како што сум оставила. Еднаш во брзање, платив за нешто во продавничка, и не сум го земала_ утредента ми го дадоа, го тргнале настрана. Шознам дали вакво нешто може да се доживее во мк, колку што се сеќавам, владееше некое чудно настројство, ако некој може да те зафркне, ќе те зафркне.
    Второ, ако некој чекал со скршена рака, сигурно чекал на ред, пред него донесле некој со слепо црево, или дете што паднало од балкон, или некој што се повредил на машина во фабрика, или штознам што. Сигурно сите биле таму, оти биле итни, овој конкретниов не крварел, не бил во несвест, во болница бил, си го чекал редот.
    Трето незнам што ние треба да станеме што не сме? Македонка сум, по мајка, баба, прабаба. Може ќе имам еу пасош, ама тоа не го менува фактот која сум и од кај сум. Горда сум што сум од кајшто сум и каква сум, ама за среќа или за жал сум производ на едно општество кое веќе не постои, каде учителките добиваа за 8 ми март цвеќе, а сите деца одеа пешки на училиште и можеа да играат пред зграда, и каде беше натпревар да се биде најдобар а не да се биде прв со врски. И кајшто беше срамота да се прчиш со богатство и функција. И фала богу што немаше синхронизирани филмови на тв, па и јазик безпари научивме. (Бтв. за тоа синхронизацијата, цела еу е катастрофа, то шпанија, Германија, австроунгарија, сето сакато за јазик, понекогаш мислам поубо ќе разберам ако зборат полека шпански, одошто страшниот искршен англиски што го зборат, ама шо да праат, ко никогаш не чуле во живо, како звучи англиски)
    Не е се во мк толку заникаде, на пример луѓето знаеја да се дружат, и да имаат широки сфери на интереси, и тоа не прави компетентни и способни да успееме секаде кајшто се бараат квалитети. И (баш ова го пишав пред некој ден) градежните стандарди и изведби, барем од времето на екс-ју, се ненадминливи.
    И секогаш и велам на ќерка ми, ние сме дошле овде оти за нешто не бива, и тука на некој реален бизнис му требаат реални луѓе што ги бива. Е добро, никогаш нема да станам учителка, или столар (за жал), ама па тоа немаше да бидам ни во мк;)
     
    Последна измена: 27 март 2019
    На M&M, V.odolija, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не ми кажвај ти мене за случаи од Австралија, па уште во рани 40ти.. |(
    Така ако гледаш, црнците во америка биле сегрегирани до 60тите.
    А Македонија во 40тите, само што излегла од Турско и влегла во втората светска војна.
    На рогузини спиеле на село... И ги мажеле со стројници, исклучиво.

    И пак ќе речам, битно е колкав е процентот на вакви и онакви...
    И друга работа, тоа што во Уганда им ги сечат клиторисите на девојчињата, не не оправдува нас да бидеме ова што сме.

    Како ќе напредува светот, ако викаме: Ами шо... види ги оние на шо личат.. Пола Африка е болна од СИДА...

    Нели треба да се стремиме кон подобро?

    Да ме извиниш ама, минувачи може нема да те бранат, ама полиција ќе те брани.
    Јас не сум живеела во странство, ама маж ми живеел..

    Немој да ми споредуваш Англија со Македонија... Смешно е.

    ти пак, ја идеализираш Југославија.
    Македонија беше говно и за време на Југославија.
    Море и Југославија беше говно...

    Освен Словенците.. тие најпаметни испаднаа. Австо-Унгаска школа..

    Ние овде под турско, жими ташаков
     
    На V.odolija, Sexybaby86, friendy и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.438
    Допаѓања:
    190.743
    Е видиш, затоа ко ќе живееш во помало место, ќе те бранат сите. Уствари нема ни од што да те бранат, никој не те напаѓа. А за врескање по дома на жената ти, уредно ќе дојде полиција да проконтролира кој што и зошто.
     
    На dunika, LejlaD, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    @Cosmi од први борбени редови, не, луѓето не се човечни. Не знам за други места, ама во болница ич уво не ги боли дали е некој поболен, со посериозна повреда, дали е дете во прашање...

    Колку често само тука сум раскажувала ситуации што ме ваделе од контакт, од налицкани госпоѓи чие време е поскапоцено од повредено дете и прават хаос оти "дошле први", до дедовци кои буткаат бремена жена случајно редот на ехо да не им го фати, до мажи кои прастара баба изгазија зошто замоли да ја пуштат да седне.

    Е со такви ликови имам работа, и ретко, ретко кој навистина е способен да биде човечен.

    Системот не е апстрактна работа, системот го правиме ние, јас, ти и сите останати.

    Нека сум лош пријател, будала, неснаодлива, одбивам да конформирам со неправедност. И да, дебела казна за сите е лекот. Дебела, сочна, онаква што не се заборава лесно.

    Само се сетив на една ситуација, на @bittersweet мажот му ја одземаа возачката заради брзо возење и му запленија возило.

    Епа нашите доктори, професори, бизнисмени си имаат пријателчиња за да им помогнат во лошо, па утре кога пак некој ќе соберат на улица да не сте зуцнале.
    Не смеат казна да му пишат, а не возачка и возило да му земат.

    Немој да ги осудуваш ни нив, "се снашле".
     
    На Желба, M&M, V.odolija и 15 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    А вас, оти треба закон да ви кажи се'???
    Јас стварно не сфаќам!

    Закон ли ќе ме учи на човечност и на одговорност??

    'Пази чоек, врзи појас, полиција има' - шо муабет е то??
    Па како не знаеш дека ако не си врзан, ти ќе летниш низ шофершајбна и ќе си ја расцепиш главата!??
    Треба ли закон да ме плаши за да врзам појас?

    Треба ли закон да ми кажи дека не треба да се туркам преку ред?
    Треба ли закон да ми кажи дека во институција кај што одам, платен е тој за тоа што работи и не треба дополнително да го штанцам со поклони???

    Комон сенс е!

    Каков ебан закон, какви ебани казни, какви црни камења

    И да! Изнервирана сум! И то многу!

    Ми потврдувате на секое, дека сме гнаса народ!
     
    На Viktorijaaa5, anggell, M&M и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.438
    Допаѓања:
    190.743
    Не идеализирам јас, не ми е таков хороскопот;). Само имаше воспоставен скоро па прекрасен систем, барем образовен, систем кој те стимулира да учиш, да истражуваш, да напредуваш. Сега и други времиња дојдоа, престиж е да си КимК безобразно богат и безобразно неписмен. Дури јас бев основец, и Бранка станковска сигурно била елита, ама не се чепатела за тоа колку бунди има или дали јаде див бизон за вечера. А и никој не прашувал такви прашања, не промовирал такви вредности
     
    На Желба, M&M, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.131
    Пол:
    Женски
    Извинето, ама за да коментираш за Англија, треба да живееш тука и да имаш познавање за законите, плус искуство.
    Полицијата тука не е вооружена.
    Само специјални единици имаат пиштоли и пушки. Кога некој е агресивен и напаѓа, сите бегаат. Иде полиција без пиштоли само ако се нашле на лице место случајно. Ако полицаецот процени дека е преопасно за него да се вмеша, се чека на единица од повеќе полицајци со електричен тизер барем да имаат.
    Да не барам видео од Нотинг Хил кога полицајци, едно 20тина на број, не можеа да совладаат будала со меч.

    А такви муабети, ти тоа што си видел, не е точно, маж ми знае, бил тој, ти се дискриминирачки.
    Како прво, дали бил во Англија, второ дали бил во Лондон 2018 или 2019?
     
    На Желба, Dust, vitamina и 7 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Ама реагира полицијата, така?

    Не ми кажвај приказни.

    Знајш последно на шо присуствував поврзано со полиција?

    За полов напад врз малолетно лице, во Крвни и Сексуални деликти, инспекторите дадоа 'совет', да не се тужело, оти 'џабе било'.

    Ај да не збораме
     
    На mal.ecka, Sexybaby86, ivi1987 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.131
    Пол:
    Женски
    Полицијата ќе реагира тогаш кога ќе се чувствува безбедно да реагира. Зборуваме за физички напад, особено ако се користи нож или не дај боже друг предмет.

    При домашно насилство со првото пријавување ти идат дома на проверка. Ако нешто не е во ред, детето одма го одземаат.
     
    На Sexybaby86, LejlaD и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Е овде ни така не реагира...
    Неспоредливо е Малерозна...

    За мене се видело, моето помина, ама детето ако ми остани тука, ќе страда исто ко секој друг шо страда во земјава

    Нема оправдување за ова што ни се случува. Никој не ни е крив! Само ние... единствено ние.
     
    На anggell, mal.ecka, dunika и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.470
    Допаѓања:
    90.988
    Пол:
    Женски
    @WildMk
    Абе читај, Австрија не Австралија.
    Бидејки ја љубиш австро-унгарската власт.
    Кажи ми како се Словенците паметни?
    Дали ти е познат фактот дека избришаа преку ноќ мислам 30 000 луѓе кои беа несловенци од екс ју?!
    Преку ноќ им ги скршија сите човечки права,останаа без имот,социјална и здравствена заштита,документи,пребивалиште.
    Ги дискриминираа по многу основи, за што имаат и пресуда од европскиот суд за човекови права,а сеушт трае процесот за одштети .
    Како тие ти се репер за паметни,а ги содржат сите твои елементи за гнасни.
    За корупцијата на политичарите да не зборам во Сло.
     
    На Желба, JuLleE, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.