Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.754
    Пол:
    Женски
    Сакале верувале сакале не сеедно ми е, мене ме гори и ме пече. Ме гори што еден човек како карпа беше смален како болва од страна на исфрустрирани госпоѓи кои тропаа со кломпите по цела ноќ оти ни биле болничарки, чистачки, работеле на клиника, како можеш ти така да разговараш со нив. Имаше и еден болничар додуша, да ти е страв да го погледнеш а не да го замолиш нешто.
     
    На M&M, Annath, Rebecca_R и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.664
    Допаѓања:
    147.172
    Едно е да бркаш врски за да си ја заврши работата ТОЈ што треба да си ја заврши, друго е да бркаш врски за обичен преглед за ТИ да не чекаш како сите други.

    За функционирањето на здравствениот систем мислам дека сме едногласни. Секој има по некое лошо искуство, дали лично, дали од блиски.
     
    На Желба, M&M, Mr. Right и 20 други им се допаѓа ова.
  3. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.370
    Допаѓања:
    222.165
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене.Читам,и ме боли,ме боли,дете на пораѓај ми го сакатија,оти спиееја цела ноќ,сабајлето едвај со кафе се освестуваа.Цели 22 г,тоа дете поминуваше низ пекол,зошто,оти таа фамозна ноќ бев без врски,третото ми отиде јабана.Работа немам,еве дома сум,немам врски и немам партиска книшка,не успеав да се снајдам,не секој од нас успева,не има многу,не сум само јас.Не сакам да се доживувам како жртва,толку ми делиле де.Никого не осудувам,кој како се снашол,поарно и така од мака да се трга,се видело овде дека криви дрини не се исправаат,не од сега оддамна е тоа во нашава земјичка.Имам уште многу за пишување но подобро да си заќутам,оти река од зборови се спрема да истече од мене :x........
     
    На Biljarkata, Желба, ph.orhideja и 26 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.754
    Пол:
    Женски
    И одврт заврт ако немаш врски во кланицана наречена државна ич не стапнувај. Се е лудо!
     
    На JuLleE, Annath, Rebecca_R и 5 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.344
    а врски за сообраќајни прекршоци?
    Која е рационализацијата за тоа?

    Еднаш на темава некоја ме праша: Ти кога ќе ве казни полицаец, плаќаш на лице место или вртиш телефони?
    Мојот одговор го кажав тогаш.

    Вашиот кој е?
     
    На Biljarkata, Annath, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.527
    Пол:
    Женски
    Вртам .. еве признавам. И додека живеам тука ќе вртам. Јас будала ли сум да плаќам коа никој друг не плаќа. Со мој џеб ли ќе ја управам државата?
     
    На Mr. Right, Peco, Rebecca_R и 4 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.385
    Допаѓања:
    279.197
    Баш така!
    Јас не смеам да зборувам за состојба на пациент, ама најмалку што можам е да го поврзам семејството со дежурната сестра.
    Ми е гајле ако сум им досадна, точно по телефон не смеат да зборуваат, ама за време на посета и те како имаат право да знаат што се случува.
    А ако си човек, и да не е време за посета нема да умреш 5 минути ако одвоиш за семејството.
     
    На Желба, M&M, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.837
    Допаѓања:
    145.578
    Идеална држава нема, ама па ние сме многу далеку од близу идеално. Ама ваква си ја правиме ние.

    Мм секој месец си плаќа по некоја казна. Оти срам му е веќе од дедо му, да му брка врски.А па ако него го препознаат, на кој шо му треба од опрема даваме, оди во дуќанот ќе ти дадат.:punch:

    И ако нека е, нек си ги плаќа.
    Само паметот пак не му доаѓа. Се понаша како тинејџер по ова прашање и мене ме вади од такт. Оти го ризикува неговиот живот и тие околу него.
    Него треба да му ја земат возачката како на лепотанот на Битер за да му дојде памет во глава.

    Ми вика абе мојава кола ептен ме лаѓе кога возам, не ја ни чувствувам. Молам?:^) А во меѓувреме едната рака му е на телефонот на Вајбер. Оти не може да почека работата 5 мин.
    Се изнервирав.:@

    Викендов за ова се спречкавме по пат накај Боко.
    Па и надополнува, за саат и 20мин стасав у Ск, оооо голема работа си направил.:?::@
    Да е мало дете со вакви муабети, ќе го зашамарам.]:)

    Денот од сабајље како три ми се виде.
    Да стане малото , па да прошетаме малку. Да пуштам мозок на пасење.
     
    На Желба, ph.orhideja, Viktorijaaa5 и 26 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.253
    Допаѓања:
    205.008
    :handshake: Браво за муабетот. И за принципиелноста. Тоа се обидувам да го кажам и јас, и многу други овде. За општиот систем кој се деградира, ако немо го поддружуваме.
    А за ова Каме @CameliaMiller , не станува овде збор за врски, туку за таа нечовечност што сите овде на некаков начин ги засегнала, ги здоболела.
    Е сега како е можно, истите тие доктори да се супер фини и одговорни на приватно, а заникаде на државно?! Нели исто школо учеле, иста заклетва дале, понекогаш се и истите луѓе и ваму и таму (на приватно-државно), незнам. Претпоставувам дека сестрите,административците, не се истите и ваму и таму, и дека на државно има многу што се вработиле со тие врски (не велам сите, еве Каме е пример, сигурно има и други). Па после дека има кој да им го покрива грбот се дрски и арогантни на државното, а ваму на приватното треба да се држат принципите на професионалност и човечност, кои би требало да бидат дел од човечката совест (ама ете за жал, не секогаш се). За тоа како се решава проблемот со државно и приватно системски, може ќе пишам другпат. Ама дека човечноста треба да се негува како вредност, за тоа потпишувам со две раце.
    Се имам на форумов изначитано за човечни гестови, еве пред некој ден некоја хуманитарка организиравте, знам дека едно чудо луѓе отишле да дадат ткиво за од Галапче детето, сигурно тие луѓе што се закренале од Велес или Ресен до Скопје за тоа, не се нечовечни, напротив, го ставиле својот интерес во втор план, пари и време одвоиле да помогнат. Сигурно таков човек нема да остави некого болен да скапува, затоа што не бил опчестен. Таквите вредности треба да се поддржат.
     
    На M&M, TeddyGrey, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.776
    Допаѓања:
    93.300
    Пол:
    Женски
    Не.
    мм беше казнет од полиција за пребрзо возење во град,а не беше воопшто град туку вклучување од автопат од Тетово во Скопје.
    Возел 30 над дозволено.

    Впишани беа казнени поени и беше на суд.И замисли без никакви врски ,судијата му ја врати возачката,не бил виновен бидејки се вклучувал од автопат.
    А имавме врски,не врски кабли,но принципот ни е таков.
    Јас ни на ќерка ми не и фаќав врски кога им го делеа одд,па падна по случаен избор во друго одд,и се раздели од најдобрата другарка.
     
    На TeddyGrey, Rebecca_R, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.800
    Пол:
    Женски
    Каде виде дека се навредувам за лош збор за австралијците, не ми се браќа да им се секирам, јас сум Македонка само симптоматично е веќе колку пати мене ми се обраќаш со тоа колку не ти се омилени за соработка како се грозни итн, никој на крај краеви не те тера да соработуваш со нив, како фриленсер твој е изборот со кого ќе соработуваш родилките со хорор приказните немаат избор да не одат да се породат. И ти си носиш закључок за цела нација на основа на тој со маицата, моите забелешки и видување за Мк се од мои лични искуства и тоа тука на форумот што читам, така да не е баш оддалеку.

    Ако може Австралија да стане втора држава во светот со најдобра социјала и услови за живот а е создадена од затвореници, најголемиот џган е праќам тука зошто Македонија да не може кога е во лулка на културата?

    Кога бев во Мк со децата знаеш колку пати ме пцуеме, колку пати ми свиреле како ненормални, децата од памет ми ги вадеа? Безброј а знаеш зошто, затоа што бидејќи секој тротоар е со паркирани возила морав со дуплата количка се симнам на улица, мислиш некој гајле му беше дека деца мали имам во количката, на апсолутно никој, застануваа пцуеја, свиреа, плукаа, нетачни.
    Кога барав такси со седишта за децата диспечерката ме праша дали сум нормална.
    Во зградата кај што имаме стан вечно не работат лифтовите зошто не плаќаат струја, сите ситуирани, директори, доктори, професори а не плаќаат 200 денари за струја зошто тие на долните спратови не користеле лифт зошто да плаќале, тие на горните па не користеле двор како тие од долноте и оди најди им го крајот, после два дена мкнење на количка и три деца до 7 ми спрат отидов во ЕВН и им го платив целиот долг за да не се малтретирам више со децата, пак ме пцуеја и ме правеа ненормална ама битно се возеа со лифт.

    Ако се сака се можи да се смени ама никој не сака да се смени и затоа е се така како што е....evil exists because good men choose to do nothing.
     
    На Biljarkata, ph.orhideja, M&M и 27 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.776
    Допаѓања:
    93.300
    Пол:
    Женски
    @bittersweet
    Ама јас не те прашав за кај нас.
    Не ми одговори на прашањата,не ги знаеш одговорите за политичкиот систем и расизмот во Австралија?
    Што е политиката на Бела Австралија?
    Свирење,пцуење поради количката е исто со расистичкото плукање кое сеуште се случува во Австралија кое пробуваш да го изедначиш?
    Мене никој во животот ме нема пцуено ради количка,и?
    Јас избрав да ги редуцирам австралиските клиенти,не ми одговара нивната лежерност.
    Ти не генерализираш сите тука ,а гледаш само од своја перцепција.
    И мм е лекар,па види чудо плаќаме струја ,одржавање на зграда за стан во кој не живееме,и сега јасно ти е колку генерализираш?
    Нашиот систем не чини,се бориме со него и далеку е од идеален,но освен за нашиот кажи и критикувај го системот кај вас кој крши елементарни човекови права,висококвалитетна социјална расистичка држава.
     
    Последна измена: 27 март 2019
    На Rebecca_R и Milobebence им се допаѓа ова.
  13. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.370
    Допаѓања:
    222.165
    Пол:
    Женски
    Овај мојот си плаќа казни,детето на пат за Охрид го застанаа,10 над дозволено возел,го казнија,плативме и 3 месеци возачка му одзедоа,не ни сакав да реагирам,оти прво ради негова безбедност е да почитува правила.Значи од сето ова можеби во нас е грешката :tmi:...возач сум,досега фала богу не ме казниле,почитувам правила,не возам брзо,на пешачки застанувам,појас користам,се надевам дека така и ќе биди,во спротивно ќе ме сакатат моиве од зезање
     
    На Mr. Right, Peco, duffi и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.664
    Допаѓања:
    147.172
    Непочитување е главниот проблем кај нас.

    Не сакам да чекам на лекар, моето време е скапоцено. Другите кој ги врти.
    Не сакам да чекам на семафор, или шалтам од лента во лента да стигнам побрзо. Јас да си пројдам, па за другите што ми е гајле.
    Не сакам да плаќам 200 денари за влез, не го користам лифтот, пешки одам. Кој сака - нека плаќа, не сум јас будала.

    Светот околу мене се врти. И горд сум на тоа, се фалам. Снаџи се, па живи!

    Најголемо зло е што правниот систем не ни функционира. Да почнат да летаат казни за се ова, ем буџетот полн, ем ќе се научиме на ред.
     
    На Biljarkata, ph.orhideja, M&M и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    138.527
    Пол:
    Женски
    @bittersweet мене друго ме занима околу Австралија. Какви им се семејните односи? Дали се замараат за фамилија, деца, дом... те прашувам дека на една колешка син и живее таму женет со Австралијанка се убива од плукање по снаата колку не се грижела за ништо.
     
    На Mr. Right, duffi, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.333
    Пол:
    Женски
    Па тоа ме нервираше, два дена да нема болничар или сестра да му каже како поминала операцијата. Ете, имаа забранет влез за посета ама информација во тие неколку минути сигурно смееле да дадат. Знаев дека нешто не е ко што треба, осеќав дека нешто тргнало наопаку.
    @WildMk на маж ми му пишаа казна зошто поминал на жолто. А пошто нема основ за да му пишат за поминување на жолто, во картончето казнените поени се дека зборел на телефон, а телефонот во џеб му беше. Не бркаше врски, ама после тоа да видиш како се поминува само на зелено :D
     
    На Mr. Right, duffi, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.132
    Допаѓања:
    119.749
    Пол:
    Женски
    Уште сте на истата тема:^) :o
    Ај кој ме има на фб, кога ќе ја сменете темата, пишете ми-да се уклучам:hai:
     
    На Желба, M&M, Mr. Right и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.953
    Допаѓања:
    100.667
    Ти не бегај туку пиши ако си на работа дали е оправено после овие дебати тука:D.
    Оти животот дојде уште пред две години, ама здравството така малку зашкрипуваше, па еве и на него му дојде редот:D.
     
    На Mr. Right, duffi, mareane и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.218
    Допаѓања:
    145.494
    И свекор ми умре на гастро. Кога свекрва ми се бореше за секоја негова минута, докторите и рекле, остај го на раат да си умре. А умре од негрижа, оти вода со денови не му даваа. Сонуваше вода човекот.
     
    На M&M, duffi, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Како и се запнавте на Битер?!:^)
    Жената си кажа за свое искуство.
    Ми се допаѓа нејзиното размислување, врз кое целосно влијание има поставеноста на системот.
    За расизам има насекаде, па и овде - со ромите иста ситуација.
    Таа наша свекрва била @Sesil што плукала по снаата, не ни очекував друго.:D
     
    Последна измена: 27 март 2019
    На Желба, M&M, Peco и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.