Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Е ок де, не го видов претходниот пост а во меѓувреме презаспивав дете.

    Прво зошто ја нарекуваш политиката на Бела Австралија, каква треба да биде, црна?
    Во Мк политиката е на Бела Македонија?

    Расистичко однесување секаде има ама дека расизмот е составен дел од општеството не е точно, ако Индиецот е посоодветен кандидат за позиција од бел човек тој ќе биде примен.

    Жалопојки од родители дека децат им се дискриминирани исто секаде има, децата што пример и се исмевале дека е со коси очи не е исто како да нема пример пристап до образование ради тоа што е Кинезкиња,да одбиваат во болница да ја лекуваат ради тоа што е Кинезкиња, тоа е расизам, ово е булинг од деца.

    Изгубената генерација се деца што се одземале од семејства на алкохоличари, проститутки, наркомани и не биле превоспитувани во црквата туку биле давани во бели семејства, неколкуте од ретките успешни абориџани се баш од тие од изгубената генерација, другите си останаа алкоси, наркомани итн.

    Која дискриминација жити се против абориџаните, сите имаат државни куќи кои патем ги уништуваат за ич време, земаат социјално од државата што ако за мене е $500 на две недели за нив е $1500, пристап до образование имаат како и сите други а имаат не повеќе од 10 Тина што завршиле факултет, политиката на бела Австралија им брани да се школуваат, да бидат успешни, да излезат од мизеријата, не, сами така со сакаат, земи социјално, купи алкохол и дрога и питај по улиците.
    Цела северна територија ја направија dry state ради нив, никаде не се продава алкохол као ете ако нема од каде да купат нема сите пари на алкохол да ги трошат може ќе им лупаат храна на 100 те деца што ги имаат, почнаа сами да си прават и да се трујат секој втор ден.
    И еве пред да кажеш дека нивна е државата, кога дојдоа белците тука пред 200 години во Њујорк веќе градеа скајскрејпери а абориџаните уште умираа затоа што никому не му текнуваше да ги извадат внатрешните органи на животните што ги јадеа, такви цели ги бутаа во огин и јади, кој преживее утре пак ќе јаде, немаа ништо, уште со парталчиња се шетаа, жими еден бумеранг измислиле, друго ништо така да државата си е на белците затоа што они ја изградија.

    Нигер не се користи воопшто тука, тоа си е амерички деградирачки израз а ако го има во топоним сосема без било какво значење е, една улица над мојата е glasscocks road, за некој може е навредлив а уствари е презиме на познат политичар.

    Се додека нема дискриминација за вработување, за примање на студенти по основа на боја, религија, нација не може да станува збор за расизам во основа на државната политика а дека ќе се најде некоја англосаксонска будала да ги пцуе Индијците, Азијатите, Европјаните, Муслиманите има ама тоа не е дел од државната политика.
    Тие таквите ти се еквивалентни на Скопјаните што провинцијалците им ги земаат работните места, дечковците, девојките, неспособни кои сите освен самите тие се виновни за неуспешниот живот.

    Политиката на Бела Австралија е сите државјани на Австралија да имаат бесплатно здравство и образование до средно, работната недела да е 38 часа и минимална сатница да е $19, плата да се зема секој четврток....

    А тебе ако не те пцуеле со количка значи ли дека мене не ми се случило?
     
    На Val-Dim, Желба, M.B. и 30 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.441
    Допаѓања:
    190.766
    Еве јас по повод љубилејната, да ја реметам малку @vitamina.

    За тоа праиме муабет, нели. Исто било и во Мк, и во Италија и во Малта. Шознам, во Шпаија не сум приметила вакво нешто, ама сигурно не се редат на ред за во метро.
    Што појужно тоа повесело:D
    Едит:Кој сакаше да оди во Барселона, сместување од ЛаРамбла, кога гледаш кон морето, на десно. Поевтино е отколку готичкиот, централниот дел. Може изгледа понебезбедно, ама поавтентично е, реални луѓе живеат таму, и некако поубаво се чувствува духот на градот (барем според мене).
    [​IMG]
    Ај сега тема, летовање.
     
    Последна измена: 27 март 2019
    На dunika, Rebecca_R, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.427
    Допаѓања:
    143.401
    Ај сеа еден потпис. Која ја имаше сликата со групен потпис? @CameliaMiller ти беше или сум смешала нешто?
     
    На Val-Dim, M&M, Peco и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Не бегам, секој пост на сите ми е прочитан од почеток до крај, некаде лајкнат,некаде не. Но тоа си е мое мислење, неможам да им го наметнам на другите.
    Жал ми е за сите негативни ваши искуства, можам да зборувам само за мене, неможам да зборувам за туѓи искуства. Никогаш не сум се јавила да ми завршат работа, (колку сакате мислите дека се претерувам, не само за тебе за сите е ова), чекам и по 4-5 часа, иако сум во приватна клиника за стерилитет. Моите родители ги носам на термин, или на дежурство на колешка кога таа може. Грев ми е за пациентите,се лутам кога фаќаат врски за кај мене и не дозволувам преку ред да ми влегуваат, и се згрозив колку лоши работи некои од вас сте преживеале. Кај мене нема што да се менува на работа, секој е згрижен и услужен и повеќе од што треба, неможам да се пожалам. Се загрижив колку ние како народ размислуваме дека само странство е идеално, маж ме моли секој ден за да се исселиме, јас тука работам и колку и да има вакви коментари од незадоволни, сепак мислам дека еден ден ќе биде подобро. И се борам за тоа. Многу лесно е од страна да кажуваме колку сме Македонци во душа, јас сум си јас, и тука и во германија и во било која земја иста ќе бидам. Таа сум.
    Јас на сите ви верувам за што пишувате, ете поверувајте ми и вие мене дека не лажам и дека си ја сакам професијата и максимално се вложувам во неа.
    п.с.потекнувам од недокторско семејство, и немав другари како мала, деца на доктори или министри, земав стипендија додека студирав и немав звучно презиме за да ми завршуваат работа. Со труд го достигнав ова што сум сега, со поддршка од моите родители и сестра ми и маж ми. ФМП...убав ден имајте:* :hug:

    :l:Alishan30:l:
     
    На ***Bony***, Желба, ph.orhideja и 25 други им се допаѓа ова.
  5. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    70.714
    Ќе ви одземам место на страната за потписи.

    Само да ве поздравам, сите добри, добронамерни, искрени...
    Оние кои мислат дека има нешто добро и вредно во мене :hug:

    Се гледа дека не сум ок
    Screenshot_20190327_134730.jpg
    Ќе ја прескокнувам темава некое време, да не ширам негатива...
    :l:
     
    На M&M, Peco, bittersweet и 24 други им се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @simonka93 седи си тука, не си сама :hug:

    Само да ве поздравам. Темата што ја терате ќе ја избегнам, иако ве исчитав сите. Ако почнам да пишувам, ќе се изнервирам само.

    Не ми се пишува нешто денес, ме мачат некои безвезни чувства...
     
    На Желба, WORRIED.BT, M&M и 23 други им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Mууу
    [​IMG]
     
    На WORRIED.BT, Viktorijaaa5, M&M и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.750
    Допаѓања:
    176.015
    Пол:
    Женски
    Денес еден куп пари потрошив .
    Не паметам од кога вака не сум се распиштолила :tmi:
    Само за долен веш не знам колку дадов .
    Еден фустан многу ми направи мерак . Прв пат ќе носам до над колена 8-|
    Кој знае ќе ме бендиса ли маШ:wasntme:
    Утре ќе биде предавач за Алцхајмерова болест . После има забава у Мрзенци . Добро е што уште и две - три жени на колеги се поканети . Има да се пицнам утре за сите пари:inlove:
    Петок резервиран за најдобрата другарка од родниот ми град . Роденден има па овде ќе го славиме . На мене е оставено да организирам нешто .
    Убав викенд ќе биде ,убав :party:

    Денес маж дежурен
    Да земам да зачистам ,исперам и испеглам.
    Од утре крајот нема да ни се фати :emo:

    Ручек нема
    Со хамбургер ќе си ја почестам душичката .
    Шопинг и нездрава храна навистина помагале да се крене расположение:o

    B U B C E
     
    На Желба, WORRIED.BT, ph.orhideja и 35 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    Ја сам, ама чекајте не пишувајте да ја најдам :D
     
    На mareane, Milobebence, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Ви се шета летово во Финска? :)
    @zhap4e Тебе те тагнувам за да си знаеш дека можеш да бираш помеѓу топло лето со тестенини и тирамису во Италија и доста свежо лето во Финска со шетање низ шуми и мала но сепак возможна шанса да ја видиш и Аурора бореалис (дека лето, па затоа мала можност) :D

    Повелете друштво на кој му се иде на авантура :f:

    https://rentafinn.com/

    Имате и некое тестче на странава за да си видите дали живеете балансиран живот. Јас за мене ќе си кажам, па и не баш ама се трудам :D
     
    На M&M, duffi, Milobebence и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.472
    Допаѓања:
    90.993
    Пол:
    Женски
    @bittersweet
    Можам да заклучам,дека за многу работи во политиката на државата каде живееш ,не си информирана.

    Јас не ја нарекувам Бела Австралија.

    Тоа е политичка доктрина и закон во Австралија која намерно фаворизирала емиграција од конкретни бели европски земји,а забрана за Азија и Пацифик.

    Држава базирана на расизам!

    Вашиот премиер лично се извини на 40 000 одземени деца на абориџините и превоспитување во црква.


    2017 имавте успешна акција да се тргнат топоними кои содржат Нигер.
    "Niggers Bouncea",Mount Nigger,Nigger Head......

    И остави ја Македонија ,Македонија не е расистичка држава ,Австралија секоја година има тужби за расизам и за дискриминациај.
    И се пушти на Алишан дека дискриминира,а самата зборуваш колку смрдат одредени припаднички на други раси и нации.
    Има угледни и успешни аборџини и индијци кои зборуваат за својата дискриминација таму и ден денес,па не можеш да го негираш тоа.
     
    На M&M, Milobebence и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  12. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    @Bubce38 Фустанот многу убав,да се сликаш и да честиш една фотка во модни(fingers)
    Поздрав друштво:hai:
    @Малечка@
     
    На Peco, duffi, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.002
    А зошто правиш прекршоци ако не сакаш да сносиш одговорност?
    Не полни џеб на држава - не прави прекршоци, просто е.
     
    На M&M, Mr. Right, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  14. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    22.114
    Што и се запнавте на Битер за национализмот во Австралија ? Лошо ви е тоа што пишува дека владеат закони и што никој во ниедна институција нема накриво да те погледне?
    Ама не , не сме ние клет народ , ние сме наивни , ма немој.Од толку приказни на народот во познатата хорор државна
    болница во Ск, ќе ја величам државава оти некаде национализам имало или оти полицијата со оружје не реагирала веднаш на улица.
    Дно дна сме.Море дупка во дното имаме направено.
    И не , не сме сите ангели собрани тука.И јас ќе викнам врски ако ми земат возачка , или ако ми треба за по болници, оти ни се може и оти се е така поставено, за да ти се може со врски.А можеби и нема да можам , и ? Ќе ме препраќаат по ходници , за да ја начекат другата смена и да си одат дома ? За оти умрел од негрижа уште еден смртник по Тв да изјават дека сите ќе умреме , така е тоа.
    Ама што правиме со тие кои не можат да фатат врски во оваа недојдија?

    Добар ден :f:

    Жени , ај мала помош.Врз торта сакам да ставам цвеќиња од фондан ама сакам да ги нарачам нив , дали знаете некоја слаткарница во Скопје каде прават само фигури.Не како тие што се продаваат низ продавниците , во спојлер ќе ставам што отприлика барам.
    f3c62821c1f7f57012a406e4910f6644.jpg
     
    На Желба, ph.orhideja, Mr. Right и 14 други им се допаѓа ова.
  15. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.926
    Допаѓања:
    11.170
    Пол:
    Женски
    На Rebecca_R и LejlaD им се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.750
    Допаѓања:
    176.015
    Пол:
    Женски
    И за љубовчето купив таква боја на кошула :D
    Ќе пробам да го убедам да ја облече .
    Иако не верувам дека ќе сака ,ама на клепките ќе му се обесам ако треба .
     
    На Peco, Ygritte, duffi и 11 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.112
    Допаѓања:
    111.024
    Пол:
    Женски
    Ама знаеш дека ова е свежо цвеќе, така?
     
    На ane.bella, Rebecca_R, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.775
    Пол:
    Женски
    Милион пати начната тема.. напорна.. како да кажам разјадувачка

    А никој не сте свесни дека животот е секаде и на секаде и самиот живот полн со падови и станувања, негативности позитивности...

    Овде пишував добро и за мк бев нападната лошо мк бев нападната пишував добро за англија бев нападната лошо пак бев нападната

    Се додека не ми стана јасно еден ден како човек што живеел во 3 држави сосема различни дека секаде има позитивности и негативности

    Тоа е суштината поентата
    Кој каде ќе му се редат или ќе реди коцките, кој каде имал/има//немал/нема среќа и така натаму и така натаму

    Ич ич не можеме да генерализираме да збориме и мериме на кантар за туѓи човечки животи ама ич секаде е лошо и секаде е арно животот секаде знае да биде и мајка и макеа да не трусне од земја да ни земе сили па да не стане

    Само што некаде човек има повеќе среќичка некаде помалку
    Тоа ми е суштината поентата на постот немам други забелешки да плукам да се жалам да се фалам и не знам уште што.

    Ќе појдам од себе
    Тука во оваа тема сум била убаво поплукана од секој аспект кога зборував сеуште се сеќавам да така од ова носам заклучок дека на жив човек не се угаѓа,

    Секој ама секој си тргнува од својот сопствениот живот и си збори за себе и си носи заклучоци и се тоа

    Да така само ќе кажам дека сите ве исчитав и со сите се сложувам бидејки сите вие си имате различен живот и различни карактери у приказни и животи одлики сами на себе

    Ете толку.

    Јас сум путник... чергар
    Све сум видела и слушнала..
    И не сакам да мерам на кантар освен да кажам дека животот секаде може да биде и мајка и макеа да бидеш и од среќен посреќен и од тажен потажен.

    Ве поздравувам сите...
     
    На Желба, ph.orhideja, M&M и 19 други им се допаѓа ова.
  19. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    22.114
    Па и јас мислам дека е свежо ама жена која прави торти во градот вели дека е со калапи правено од локум , и бааги пари ми бара.
    Ете незнам
     
    На Rebecca_R, Annath, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Свежо е,купи си и декорирај.
     
    На Rebecca_R, Annath, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.