Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Да се чудиш, од толку женски на темава ниедна мислам не се пријавила дека е наставничка. Могуќе ли е?
     
    На Sesil, LejlaD, Dadusicka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    107.397
    Пол:
    Женски
    Може нема :wasntme:
     
    На green.eyes, doubleg, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    90.971
    Пол:
    Женски
    Јас па мислам дека не треба да го идеализираме ни поранешниот образовен програм кога ние сме учеле.
    И ние глупости учевме,сега со овој многу зависи од способноста,знаењето и креативноста на учителката.
    Ме потсетивте за планетите ,нашата ги имаше направено сите од картон и обоено, децата ги научија со препознавање, не со бубање.
    Јас сум целосно задоволна од наставниците и учителката, истата им беше на двете.
    Што се однесува до цртањето јас поинаку ја разбрав @AngelOfArh
    Треба да се инсистира да се црта на час,колку и да не постои талент,се вежба фината моторика,зглобот се опушта,и најважно од се, се развива креативноста.
     
    На green.eyes, gjoker4e, Mr. Right и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.426
    Допаѓања:
    143.399
    Талент е 10%, другото е труд. И јас не знам права линија да нацртам, затоа што никогаш не сум вежбала. Ако децата имаат редовно часови, ќе научат. И ако има кој да ги научи де, ама ова важи за сите предмети.

    Со ќерката имав среќа со наставничките, со синот за жал - не. Затоа дома сум наставничка, секој ден.
     
    На green.eyes, gjoker4e, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  5. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.636
    Допаѓања:
    152.676
    Пол:
    Женски
    Има..и реализирани и оние кои работат кај ќе стигнат...;)
     
    На green.eyes, gjoker4e, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.362
    Не е дека нашиот систем немаше пропусти, ама овој сега, блага катастофа е.
    Почни од тоа колку многу часови имаат деца од едвај 7 години. Па тие немаат толку концентрација да седат толку долго без престан.
    А за ангажираноста на наставниците, ич да не зборувам. Секоја им чест на тие кои се трудат , ама ретки се.
    Да беше арна програмава немаше да тоне системот, а децата се 80посто со сколиоза и искривувања од куп непотребни книги.
     
    На green.eyes, gjoker4e, bittersweet и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    90.971
    Пол:
    Женски
    Така е.
    Ние имавме среќа со наставничките,ама пак си учиме тоест се молиме,а во саботата победи на општински натпревар по англиски без ден учење,срам да не изеде.|(
     
    На green.eyes, gjoker4e, Mr. Right и 14 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Носталгични сме за нашето детство и младост и затоа така коментираме ,,,еее...порано поарно беше,,

    На времето ((facepalm)) имавме КРАСНОПИС.
    Се сеќавате ?:)

    Иначе до пред да излезат приватниве факултети , македонските студенти беа едни од најуспешните и нај-сестраните кадри кога ќе излезеа надвор од границите на државата.
    Сега незнам како е.
     
    На Ygritte, green.eyes, gjoker4e и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.933
    Допаѓања:
    203.213
    Пол:
    Женски
    Никој не идеализира ништо, и тогаш имаше доста пропусти, имаше и неписмени и неспособни наставници и професори. Ама сега програмава е претерана. Дете од второ одделение два пати неделно има 6 часа, трипати неделно пет часа. А за тоа кои глупости ги учат, да не правам муабет. Не ми е мене проблем да се научат планетите или множењето, ама кога постојано нешто ново учат без да легне старото убаво, се создава фрустрација кај децава, оти не можат да постигнат. И им се создава одбивност према школото. Не дека ние нешто многу го сакавме, ама овој притисок што го имаат сега е претеран и несоодветен за возраста.
     
    На green.eyes, gjoker4e, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  10. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.636
    Допаѓања:
    152.676
    Пол:
    Женски
    Дете од 7 год.треба да научи и разликува поими како низина,котлина,рид планина а, не вселена и планети...
    Колку сака нека е напредна програмата -не чини!
    Несоодветна за возраста и менталниот капацитет...
     
    Последна измена: 28 март 2019
    На green.eyes, gjoker4e, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    90.971
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам дека имаат премногу предмети и премногу часови,па сама пишував ќерка ми во 9 одд имаше 17 предмети:whew:
    (Етика,вовед во претприемништво,вештини на живеење,па и вториот странски би го исклучила)
    Ама не можеме да споредуваме со порано никако,и денешниве деца се поинакви,на компјутер се знаат,а врвки на патики незнаат да врзат..
    Незнам,јас гледам голема грешка кај мене што многу ја „сожалував „помалата и тоа пред неа.
    Надарено дете е со резултати,а не можеш да ја седнеш да учи,се и тешко,многу и е,се уморна е кога треба се учи.
    Совет,молчете пред нив.:D
     
    На green.eyes, gjoker4e, Mr. Right и 17 други им се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    И готвењето и јадењето е талент :D може па сама ќе сака и ќе има дарба за цртање или па за музичко.
    Кај големата наставниците се погодени, многу им се посветени и многу сум задоволна од нив. Ама, факт е дека децата се преоптеретени со новата програма и имаат многу часови и предмети, а гледам најмногу математиката ја форсираат. Ќерка ми само што наполни 6 тргна во школо, целодневна настава. Кога доаѓа дома е преморена, ама зошто била поспора од останатите деца во решавање задачи и последна секогаш завршувала, дома е оптеретена со вежбање математика место да седне да одмори.
     
    На green.eyes, gjoker4e, Mr. Right и 17 други им се допаѓа ова.
  13. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.772
    Допаѓања:
    214.149
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене.Основното го поминавме,сега со средното образование се занимаваме,и тука е зезнато.Гимназиско е едно,ама стручниве,зошто да не е стручните предмети и пракса,пола-пола,па кога ќе завршат средно да се способни за работа.Во бели свет е така,барем во повеќето земји,стручните училишта затоа се,за по завршување да можат да работат,ама оспособени за работа.Еве првите две години учат од сите предмети по ред,на пр.историја ја учеа 9 г.во основното,пак истото наместо да се посветат на стручен предмет.Дај им стручни предмети и пушти ги на пракса,сакале не сакале со текот на праксата и те како ќе научат,ама зошто да е така,кога можиш да ги зезниш:tmi:
     
    На green.eyes, bittersweet, gjoker4e и 20 други им се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.352
    Допаѓања:
    278.782
    Пол:
    Женски
    Дека програмата не чине е факт,дека наставници има секакви и неписмени и незаинересирани исто така.Како што има и доктори и правници...такви...
    Ама и дека има и родители кои се сенезадоволни...исто така...
    Во случајот ич не е во ред однесувањето на наставничката и треба да се поразговара со неа како родители го имаме тоа право .Ама одма тоа одење по директори и сл ,не би...Каква и да е таа е човек вреди да се проба да се разговара.
    Во 3 одд ќерка ми иде и вика не испрашуваше учителката за таблицата,згрешив и треба по казна да ја напишам 50 пати од 1 до 10 множење и делење...Не ми се веруваше што слушам.Мислев и детево да не не разбрало...Е тогаш прв а може и последен пат реагирав.На нормален културен начин.Викам знаеш колку е тоа количински многу аа знам на некои сум им давала и по 100 пати(facepalm) А наставничката толку се трудеше да ги научи ама џабе кога пристапот и методите не се во ред...Мислам ќерка ми од неа ја замрази математиката...
     
    На green.eyes, bittersweet, gjoker4e и 22 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    90.971
    Пол:
    Женски
    Мене големата ми беше таква.Во почеток беше спора во решавање.
    Ама упорна, таа решаваше сама збирки и и тетратки со денови пред писмена за да добие 5,за да во 7,8,9 биде прва во клас по мат. оваа помалава едвај едно попладне, не ни знае каде и е збирката:envy:
    Гледај на тоа како амбиција да постигне.И за пофалба е секако.Сметам дека упорни деца во животот имаат успех.
     
    На green.eyes, gjoker4e, Mr. Right и 17 други им се допаѓа ова.
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Здраво женски

    Деновиве турбо.
    Сега седнувам да шкртнам нешто,додека кафе пијам.

    Ако ви кажам дека за дополнителни часови по математика,хемија и курсеви давам една минимална плата ќе ми поверувате?И дека не сум само јас?И дека ова е само за едно дете?Дека едвај наоѓаме слободни термини за часови?Дека на родителска сите се жалат дека на школо апсолутно не се посветува време на материјалот,дека многу пари се даваат за приватни часови?
    Па моево дете не оди во приватно школо за толку пари да плескам за да пополнам дупки на некој на кого работа му е да научи деца и за тоа зема плата од буџетот кој ние го полниме.На родителска класната само што не не истепа родителите зашто децата биле немирни.Нека се постават и наставниците како што треба,нека не дремат на фб цел ден,нека најдат начин да им бидат интересни на децата додека предаваат,нека си создадат авторитет со убав однос,а не со дерење и казни,па тогаш може и нешто ќе биде како што треба.Чест на исклучоци.
    Катастрофа е образованието.Како и се во оваа земја.Вчера завчера здравството беше тема,денес образованието.
    Тврдам,со две раце потпишувам дека Кембриџ програмата е ужас.Не се учи по хемија реакции да се пишуваат со букви,текстуално,постои периоден систем на елементи кој е основа. После во средно кога учат по стара програма децата немаат дупки,кратери имаат во знаењето.И затоа надополнуваме со приватни часови(хемија како пример земав)

    Две леви раце,дудук сум за цртање.Ќерка ми е мал уметник,не знам само на кого.Јас копче не знам да сошијам,ама затоа ќерка ми и плете и везе и шие.Ова дека бабите ја учеа,ако чекаше на мене ништо немаше да знае.
     
    На green.eyes, bittersweet, gjoker4e и 25 други им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Од една страна ми е жал зошто ја гледам дека се мачи, па прави пиши-бриши за да одземе или собере. Ама од друга страна ме радува што е упорна и сама сака да седне и да научи. Имаше проблем на почетокот ако добие слаба оценка (во нивниот случај црвено смајли), па доаѓаше дома со плачење и го сфаќаше тоа многу трагично. Ама гледам дека со тек на време сфати дека е за нејзино добро тоа црвено смајли, па се труди и се бори за зеленото. Се надевам ќе остане таква борбена и упорна, ама назад ми е зимата со неа, тек допрва почнува.
     
    На green.eyes, gjoker4e, Peco и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    90.971
    Пол:
    Женски
    Е нашиве имаа краснопис на додатна,мене ми беше во ред,зошто криминално пишува мојава,ама многу родители се расправаа,не сакаа.
    Всушност незнам зошто и не се воведе предмет калиграфија како изборен.:inlove:
    А за нашиве кадри надвор,теорија да,ама пракса и не баш,ни тогаш ни сега.
     
    На green.eyes, gjoker4e, M&M и 12 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Во медицината немаме пракса.Незнам дали и колку е вистина дека сеуште се употребуваат трупови во формалин за дискеции (медицинарите ова)...
    Во Бугарија на пример на медицинскиот факултет имаат пракса на тазе починати (од дом за старци кои домот ги догледал а потпишале дека телата после умирање се наменети за фак за медицина).

    Пракса за економија и право е лесна работа, не се умира од тоа...ама за медицина -треба
     
    На green.eyes, gjoker4e, JuLleE и 12 други им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    @Alishan30 жива и здрава да е лепотицата... тетка е најбитна да знаеш ...
     
    На green.eyes, gjoker4e, Peco и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.