1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.204
    Допаѓања:
    156.093
    Пол:
    Женски
    Ни Ф од филм, аман бе зошто вака заспивам како баба некоја. Не ми е криво толку зошто не ми се пушташе тој што сакав да хо гледам па вториот избор ми беше онака. Важно Stuart Little го изгледав :)
    Класика како за сабота очи отворени од 6, па и децава накај 6:30 се разбудија, само господин спие којзнае кога дошол. Сите тројца на телефони таблети сме (слика и прилика на немајка на 21от век :tmi:), времево само за тегнење пред тв е. Да испијам кафе да направам доручек па ќе го спрегнам детево да заврши со домашно да не се нервирам во недела со тоа.
    Мене ми се има случено во пубертет на неколку пати да припаѓам, не целосно онесвестување но темнење пред очи и губење сила на цело тело па си се спружував, моите на пубертет и растење го препишуваа па најверојатно и тоа беше еве ме жива здрава. Ми се има случено и настината кога сум исто да припаднам, најверојатно од губење течности и паднат притисок. Среќа се по дома ме фаќа. Трудна се немам онесвестено, еднаш само во автобус накај работа, ја трудна и осеќам како се повеќе ми се лоши, си викам ќе припаднам сигурно и одма на наредна станица излегов, подишав малку па се качив во такси.
    Дан тмуран ја мамуран денов, ама ако реков ми треба викенд по дома да се врткам
     
    На EuHenIa, bittersweet, Peco и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    17.814
    Пол:
    Женски
    И Рајт го прочитав погрешно, сега еве и тебе. Два пати читам дека пижамите ви се пАрат а не перат. Јас обично сум комирана пред конечно да легнам па најчесто по гаќи и маица легнувам, некогаш и без гаќи :$ велат дека било здраво гол да се спие и навистина чувството е пријатно(poolparty) Пижамите којзнае кај ми се.
    Мене ми фали комшика за кафе муабет ама некоја како мене, со слични интереси, начитана, наслушана, наглеана филмови и серии, забавна, одлепена, доверлива и што е најважно без влакна на јазик као мене. Ми треба комшика-другарка што пие кафе после јадење :D Штета што немам ништо слично во опкружувањево. Се надевам дека за година две ќе имам нов комшилук па ќе се најде нешо и за мене.
    Рано станав и не знам уста да затворам. Во 6:30 дадов млеко и сменив пелени. Женската заспа а дечково го осеќам дека е уште буден. Многу проблеми почна да прави со спиењето, попладне ич не преспива.
    Ај доста е.
     
    На bittersweet, doubleg, Mr. Right и 18 други им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.384
    Допаѓања:
    78.174
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1553671211416.jpg

    Денес наместо со кафе, викендот го почнуваме со чаша пресеко. Гледам и кроасани сум порачала :D

    Добро утро.
    Се распаѓам и емоционално, и ментално, и физички, и не знам уште како веќе не.
    Најавија заладување и пад на температурите. Паралелно и јас паѓам.
    Ама не ми е прв пат.
    Мразам кога зависам од луѓето што ги сакам. Мразам кога така си поигруваат со мене. Па ко ќе се разбуди лошата во мене, се лутат и пак јас сум крива.
    И на крај пак си излегува старата... Арен човек арно не видува.

    Мислам дека денес е убав ден за емоушнал брејкдаун. Со плачење, рикање, коси корнење...

    Ајде од утре белким подобро ќе биде... Белким...
     
    На EuHenIa, andrejko82, bittersweet и 26 други им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Дајте нешто жестоко за вакво утро.
    Ај добро утро на сите.
     
    На Mr. Right, Annath, WildMk и 15 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.328
    Допаѓања:
    227.093
    Пол:
    Женски
    Утро.
    Вечерта беше жестока кај мене.
    Нема врска со дете барем, фала богу. Има врска со мене.
    Си се ставив сама себе во ринг, да се прерачунам нешто. Исход глуп и лош. Од едната страна стоеше јас со - ама зашто го дозволуваш ова, сите имаат право само ти ли не. А од другата јас со - силна сум, сеедно за нив. Јас можам.
    И така си се тепавме дур не се онесвестив од умор. И од 1847482 зашто само на едно најдов одговор. Дека ќе барам овој пат на работа да ме наградат повеќе. А не исто со сите кои не ни стапнале а се водат помагале.
    Се друго остана под тепих. За друга рунда. Во подобри времиња.
    Толку за тоа. Денес е нов ден. Мислев мусака да правам ама спанаќ ќе да е. Маш е во пмШ и не се трпи и се прескакаме наоколу.
    Второ кафе може а?
     
    На bittersweet, lunicka, doubleg и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.849
    Допаѓања:
    110.121
    Пол:
    Женски
    Добар ден!
    Што ми правите друшки?

    Јас арна фала богу глава не ме боли.

    Средено кај мајка се исчистено а мајка ми спремила јадења за цела војска дошла ќерка и жива радост е а не сме видени одамна од 8ми март.

    Се имам во животов онесвестено два пати еднаш во пошта чекав ред ми се стемни и само слушнав траас и како узвикаа да ја кренеме е тука дојдов при свест.
    Вториот пат во црква за велигден со најкраткото фустанче што ми е минич минич ипол:lol: качена на штикли и туку во еден миг почна да ми се лоши се фатив за маж сум почнала да му се лизгам сиротиот не можел да ме додржи и пак трас на земја :D е можете да го замислите призорот ги сликав сите резил невиден и во еден миг се освестив и видов куп луѓе околу мене сакав во земја да пропаднам од страм:$.
    Е ниту еднаш не бев трудна ама после имаше прашања од жени кои ме видоја дека се онесвестив а невесте ај израдуј не,е немам де што да ве радувам не е тоа што мислите.
    Маж исто се спрема ко невеста/женЦка ама и он не е геј :lol:

    @Alishan30 овде имаше хирург кој се онесвестуваше од крв па работеше само со документи/администрација и ги советуваше што како и потписи ставаше.
    Маж ми кога имаше изгореници отиде за боловањето да му потпише се спреми мм да му ја покаже раната овој ко срипа не не нема потреба еве ти пишувам излези аман!!!
    Јас мислев дека ме зезаат за др но жив сведок бев на случкава побледе сирот др.

    Татко ми направи кафе одам да пијам кафенце поздрав друшки.
     
    На bittersweet, ivi1987, lunicka и 22 други им се допаѓа ова.
  7. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.996
    Допаѓања:
    217.759
    Пол:
    Женски
    Тегнам кафе на тераса и уште ме боли стапалото,а ваму по дома работа,се влечкам,ај ке помини.Детево ми прака видеа,барем на моменти бегство од се околу мене.Се имам онасвестено и тоа среде пазар во последната бременост,колку долга и широка,среќа без последици на бебе.Доктор кој случајно бил на пазар ме тинтреше,нежни шамари и вода полиена,абре во земја пропаднав,ми паѓаше притисокот во бременоста.Со страв возев и бркав работа оти не знаев кога ке шлапнам.Ако сте за кафе повелете:coffee::coffee::coffee::coffee::coffee::coffee: времето е баш за тераса...
     
    На bittersweet, ivi1987, lunicka и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.119
    Допаѓања:
    119.645
    Пол:
    Женски
    Ретки случаи се, кај мене беше сплет на околности тогаш, сите сме луѓе.немам проблем јас со крвови и рани:D
     
    На ivi1987, Mr. Right, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.065
    Допаѓања:
    69.382
    Добар ден друштво! :sun:

    Се извинувам што ве немам прочитано изминативе денови, ама после ќе надополнам. :!: Се надевам дека сите сте добри! :hug:

    Конечно сабота! Се наспав убаво, па удрив десетина минути мрзлива јога колку да се рече и сега правам кафе. Еве готово е веќе. :coffee: Додека да се подизлади, да пишам некој ред.

    Уморна сум, ептен. Не од самата работа, туку од патувањето до и од неа. Ви раскажував порано дека во градов има проблеми со превоз. Епа тие проблеми помножени на 2 саати возење до дома поради гужви, било кого ќе исцрпат. Сега ќе треба да бараме куќа или стан некаде поблиску и друг возач, бидејќи овој моментално е идиот без грам логика.

    Се сеќавам дека @malerozna и @lunicka често пишуваа(т) за секојдневното патување по гужви на долги релации. Сега и јас ќе ви се приклучам. :D Ма да мене работата од дома ми е околу 14 км моментално, сепак за назад патувам во просек 1:45 минути. Со точак да бев, побрзо ќе стигнев. Ова чисто теоретски, бидејќи на пракса сигурно ќе ме собере некој автобус. :tmi:

    И јас те сакам тебе! :D :l::hug::*
    За русиве ме замисли, може да си во право. :?: Ептен кавгаџиски сум настроена секогаш кога поминувам повеќе време со некоја од нив. Само драми, драми, драми и бесконечно многу драми. Јас менувам тема, ич не ми се троши време на тоа, ама тешко иде.

    Ви се случило ли следново. Кога сте со некој да почне да ви раскажува за муабети правени со луѓе кои ниту ги знаете, ниту ве занимаат? Па после следи цела фамилирајна историја...

    Сигурно ќе си помислите зошто побогу се дружам со такви... затоа што не е секогаш подобро да си постојано изолиран. Живееќи во ваква средина ептен е лесно да се одделиш од светот околу, а тоа не е баш најдобро за мозокот.

    Јас сум доста директна, ко што се имам пофалено доста пати. :D Но од друга страна почнав повеќе да се замислувам да не навредам некој кој што ме гледа како пријател. Тешкото сега е што не знам како да кажам дека ниту ме занима, ниту сакам да слушам. Идеи?

    За ова директна, ми се одразува и на пишувањето. :D Работам со луѓе растени кај @malerozna, па од околу ми кажаа да бидам пофина. :rofl:

    Имајте убав ден! :hug::hug::hug:
     
    На bittersweet, ivi1987, lunicka и 24 други им се допаѓа ова.
  10. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.996
    Допаѓања:
    217.759
    Пол:
    Женски
    Кафе со комшии не пијам,тоа веке го имате забележано.Од порано свекрвица со едни комшики на кафе одеа идеа,арно ама кога и да дојдеа оговарање и тоа за роднини нивни,кога видов колку е саатот ни кафе ни бутур.Ако свои оговараат за свои,мене уште појке,не можам со оговарање да се занимавам,од тоа нерви само и подалеку,кафе појќе јок-помирна глава.
     
    На bittersweet, ivi1987, Peco и 18 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.192
    Допаѓања:
    222.225
    Пол:
    Женски
    Ова времиштето на англија ме потсеќа стани си врне легни со облачно и се така у круг.
    Позз до @malerozna i @1209 сеа ми текна на неа :)

    Лани тука дојдов на 16 мај точно се сеќавам, мирисаше баш на тој познат мирис што го мирисав во прерходната дома, влага, пекол жешко, мирис, испарување..море...
    Се сеќавам дека беше жешко пекол уште на 16 ти мај..

    И еве уште малку година чирс.

    Ај испив кафево да средам детето и маж си иде.
     
    На bittersweet, ivi1987, malerozna и 22 други им се допаѓа ова.
  12. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.996
    Допаѓања:
    217.759
    Пол:
    Женски
    Забележавте дека на кирилица пишувам?Мозоков мој само под притисок функционише,болки,стресни ситуации дајте и тогаш ми работи сто на саат,не е прв пат ова да си го забележам,(facepalm)
     
    На ivi1987, M&M, Mr. Right и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    17.814
    Пол:
    Женски
    Само јас ли се немам онесвестено и паднато? Не дај Боже да се случи такво нешто, може нешто да си скршам. Среќа во бременоста немав такви проблеми, ни гадење, повраќање, онесвестување и паѓање. Ама затоа метеопат сум станала. Почна да ме боли кај крстот и долу во вагинален дел, ама сеа ми текна дека треба да добијам ама не ми е баш као швајцарски саат, поише накај кинески. Се менувам како што се менува времето. Се израдував кога се појави сонце сабајле, сега пак се мрдна.
    Ми се јаде и ми се пие кафе. Дечкиве се успаа многу, ко прасенца спијат па ги покрив, многу се откриваат. Ја чекам и мајка ми сеа, се надевам ќе ми олеснат со свекрва ми. Ама џабе, правосмукалката и средување по соби пак ме чекаат. Ебати викенд, за жени нема викенд.
     
    На bittersweet, ivi1987, Peco и 17 други им се допаѓа ова.
  14. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.336
    Допаѓања:
    86.061
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Кафенце си пијам сама во тишина за мерак;) дете чекам од англиски да се врати па да и спремам за појадок нешто..
    Кафе пијам само со комшивката еве некој месец од кога е дојдена но ретко не секој ден како што знаат некој уште не помочани во комшии појдени|( .На дистанца е добро да биде човек.
    Се имам онесвестено бремена бев се струполив арно ме фатија но со мојава крв и ништо да не ти е ќе се онесвестиш..
    Ај да фатам некоја работа по дома и да излезам сонце има убаво е денес...
    Убав викенд!!!
     
    На bittersweet, ivi1987, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.849
    Допаѓања:
    110.121
    Пол:
    Женски
    Кај си женска ми недостигаше искрено те :hug:
    Еј луѓе многу заборавам
    Се мислев во претходнот пост да пишам и заборавив
    До комшивки комшии кафе не оијам е сега ако се рачунаат овие од работа од околните дуќани е до нив секој ден чај и кафе по неколку ми се собираат по најмалку 3 кафиња и исто толку чаја.
    Е јас гадлива да ми речеше некој дека чај од чајџилница ќе пијам немаше да му верувам ама тегнам немам гајле...
     
    На bittersweet, ivi1987, Peco и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Добро утро :)

    Бебка тера прва дремка (се надевам не е и единствена (fingers)), па да ве подружам. Пак заби ќе и излегуваат, приплакуваше цела ноќ и ја бараше цуцлата :doh: Ама битно спие, не се буди, за разлика од мене, која се разбудив 63 пати, што цуцла да и дадам, што да ја покријам, зошто жива гола сака да е и само го фрла ќебенцето. Згрешив што од бебе не ја ставав во вреќичка, ама памет за второто :nod:

    Ми фалеше и мажето, во празен кревет спиев и само се превртував. Џабе се радував ќе се ширам, реалноста е дека ми фалеше да е до мене и да ми се пика во мојот дел, па да го буцкам со лактот да се тргне :| Ај уште вечерва сама, утре ќе си дојде. Какви слики ми праќаше сабајле кај што е, преубаво. Посакав да сум таму, и можев, ама кој ми е крив што нејќев заради бебка :( Ме викаше, ама одбив, смотана.

    За онесвестување, ми се има случено во автобус на 15 години. Бев после школо да си ставам пирс на пупак (од бесните бев :D), и цел ден нејадена и непиена во школо од возбуда. Завршив работа, жива среќна што имам пирс, и во автобус накај дома ми се стемни и паднав сред гужва. Следно памтам како седев на клупа со другарка ми, и татко ми го здогледав дека доаѓа. Го викнала другаркава да ме земе. И не ме караше иако му кажав за пирсот, туку ме седна на маса и ми направи јадење да си дојдам при себе. Заедно ја чувавме тајната за пирсот од мајка ми до мои 20 години кога конечно дозна, месец дена ме удави како сум можела :D Херој мој беше татко ми, еве и од приказнава се гледа пример, правеше се’ за мене и секогаш беше на моја страна, дури и одеше против мајка ми за мене :l:
    Инаку уште ми е дупнат папокот и имам обетка, не ја носев само после 6 месец од бременост, па кога си дојдов од болница пак си ја ставив :D

    Кафе со комшии не пијам, и не ни сакам. Со мм си пиеме, и со свеки.

    И така :D Се распишував, туку да си направам второ кафе додека спие мадам, станата сум од 7.

    Ја чекам мајка ми да дојде, ми се јави прееска, да ја видела внуката :l: Па ќе ги пратам да прошетаат, да потсредам низ дома таман. Ќе ми олесни многу што ќе дојде, свеки нејќам да ја замарам пошто и онака секој ден ја чува бебка, нема смисла и од викендот да и одземам.

    Убав ден да имате, ајде кој е за кафе :coffee:
     
    На andrejko82, bittersweet, V.odolija и 28 други им се допаѓа ова.
  17. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.996
    Допаѓања:
    217.759
    Пол:
    Женски
    Заборавив да си кажам,тоа црвенилото и печењето на стапало само со лист од зелка успеав барем малку да го ублажам,извиткано стапало ко сарма имам,ама барем не печи толку многу.Не сум по бабини деветини,тоа имав дома и невен маст и кантарион.Па кога животот ти дава зелка,виткај сарма:D(facepalm).Не ми прајте мајтап,ќе се скренев од болка,до толку беше...
     
    На V.odolija, ivi1987, petunija77 и 23 други им се допаѓа ова.
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Добро утро добар ден девојчици и по некој момак.
    Со комшии пијам кафе ама надвор. Нема идење/одење по дома. Повозрасна група се од мене. Има една често ме вика на кафе, ама никако да го свари. “Кога ќе пиеме кафе” за мене во превод значи “тешка работа да пиеме кафе” и така на секоја средба.
    Еднаш од недостиг на кислород се онесвестив. Не бев гладна зошто после го извадив секое зрнце граФче. Убаво велат храната треба да се џвака 32 пати, а не 3.:D
    Што доручкувавте?
     
    На ivi1987, Peco, Mr. Right и 16 други им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.564
    Допаѓања:
    185.954
    Пол:
    Женски
    Денов вака :D


    Сабајлечки сите во елемент, а мене ми се чини поминал пола ден :drunk: Денес ќе бидам генералка по дома, сама ќе давам наредби за чистење, сама ќе ги извршувам. Пошто ми се може :nod:
    Ми го изреметивте спиењето откога дојдов во 40-ка. Ради вчера, сега ќе спијам над тенџере во кујна :yawn:
     
    На bittersweet, ivi1987, Peco и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    100.127
    Добро утро/ден за таквите како мене ококорени од 07:yawn:.
    Ама па синоќа рано си легнав, пред 22 сигурно беше.

    Посабајлечки саботно развреднета, машина спружена, кафе испиено, јадење за мене едно, за мајка друго - спремно, по дома подраскренато, надусници и веѓи средени:tmi::D. Уште раце да се издепилираат...
    Фризер на дневен ред денес исто така. Абе кога ќе л'снам:D.
    И нокти направив вчера, е сега тоа што ништо не можам да фаќам е друга работа, ама нели видела жабата коњот го коваат, па и таа кренала нога(facepalm). А ем знам дека првиот пат пред неколку год кога ги правев неколку месеци, одвај ги трепев. Ама не, баба како си знае, така си бае(tumbleweed).

    Утре е денот Д. Будуќа, мама, јас и дечко ми на ручек(facepalm). Идеја на будуќа, афкорс:!::D.

    Ај да се испружам сега малку. Си заслужив8).
     
    На Ygritte, bittersweet, ivi1987 и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.