Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.912
    Допаѓања:
    142.965
    Добро утро од бус. Страшно наапана сум од сабајле. Маж. Има бурен ден на работа, болно дете и своеглав маж денеска на мени. Ќе си ги изедам џигерите.
    Белки вие ќе имате поубав ден.
    За депресија... многу е тешка. Само дете ме држи да не се обесам и јас. Колку повеќе се самоубиваат од депресија, толку повеќе јадови си ставам.
     
    На Skorpija25, SV1911, CameliaMiller и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.667
    Допаѓања:
    107.553
    Пол:
    Женски
    Гостиварчани да ама гостиварчанки убави :makeup:моми се а и арни :D з'ш да не станеш зет гостиварски:D.

    Добро утро!
    Истура дожд а работи низ град еден куп.
    Знаев дека еден ден ќе му откажам љубов на дождот дојде и тој ден ми смета во работа.
    Се шалам го сакам уште.

    Талент се мислам во што сум талент и ништо не ми текнува.
    Изгледа јас сум екстра роден анти талент у све.

    Ајде да се фатам за работа убав ден друшки и уште поубава работна недела.
    Поздрав:hai:.
     
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 19 други им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.383
    Допаѓања:
    78.149
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1554690822224.jpg
    ^_^ ;) :D колку ми беше убаво ја ко бев таква

    Добро утро

    FB_IMG_1554614687540.jpg
    Ненаспана, жедна, изморена.
    Гладна кокошка просо сонува :D
    Да не кажам што сонував... (facepalm) у сред пмс човече...

    Чекам кујна да се ослободи да си сварам Кафица. Ус пат гледам Том и Џери.
    Знам, знам...
     
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 24 други им се допаѓа ова.
  4. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.294
    Допаѓања:
    85.375
    Пол:
    Женски
    Добро утро :rain:
    За Беличанец би рекла жално за младоста и за децата бидејќи мајка е една сите други се копија на незе.Колку и да ти е тешко и да се има проблеми самоубиството не е никакво решение за тоа.
    Господ на сите ни дал ум и разум и живот да го цениме ,ако самите тоа не го правиме никој не ни е крив.
    Талент незнам дали имам некој можеби на старост ќе се појави...
    И како би се лежела уште плус вакво време е само за под кебенце,а не за на работа но што се мора се мора.
    Животни сакам но дома да чувам во никој случај :!:
    Заминав да пијам дупло кафе за освестување...
    Убава недела женски!!!
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, Mr. Right и 21 други им се допаѓа ова.
  5. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.108
    Допаѓања:
    154.965
    Пол:
    Женски
    Уште да, не дека не може сам ама нема да се избања асално. Не се срами уште, кај и да е ќе почне да не брка од купатило.
    Ај добро утро :)
    Вчера изгледав цел филм сега ми се спие ми се плаче, а и времево си го прави своето, башка понеделник, добитна комбинација :yawn:
    Уште едно кафе па да почнам
     
    На Желба, CameliaMiller, Mr. Right и 18 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.950
    Пол:
    Женски
    Утро
    Две кафиња испиени и седам на раб место. Чекам да ме утепаат, маста да ми ја извадат, у бубањ да ме турат и да ме плукнат ко изџвакана мастика на крај на ден.
    Синоќа сериозни муабети со маж. Не ми се допаднаа.
    Од една страна е скроз во право. Но оди докажи му дека за се треба двајца.
    Самоубиство хмм..
    Признавам некад ми се умирало. Од мука, од тага, од се кога ќе ми се насобере и нема ништо за кое да речам еве бар ова е добро. Као периодов што пројде.. Но секогаш издржувам. Ко што вика чка.. Имам дете.
    Вие арни
     
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 24 други им се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    63.482
    Пол:
    Женски
    Да се приклучам и јас во сабајлечки надркани госпожици.

    Ќе го јаде ку*от некој денеска.
     
    Последна измена од модератор: 8 април 2019
    На CameliaMiller, Mr. Right, doubleg и 16 други им се допаѓа ова.
  8. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    153.441
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Денов само за во кревет...блазе на оној кој може да си дозволи таков луксуз...

    Бидна генералка...светна куќа а јас папсав...уште собите на децата нечепнати ми се..во текот на неделава тоа...
    Туку осеќам пад на енергија..тоа што сум можела со леснотија да го направам сега со зорт го туркам..До годините ли е или нешто друго еве не знам?!

    Друга мака имам...ми се активираа ххемороиди..со години сум ги немала..белја!

    Жал ми е за Билјана...
    Некако не поклопува депресијава...Има големо влијание овој модерен начин на живот..трка да,се биде успешен на сите полиња,немање време за себе и најсвоите ..мислам оти самото темпо не потопува и турка се подлабоко ...
    Неколку пати вчера се запрашав дали сум и јас депресивна...се најдов во сликата неколкупати..
    Мислам оти не сум доволно себична да посегнам по сопствениот живот..мене секогаш другите ми се во п рв план...
     
    Последна измена: 8 април 2019
    На Желба, CameliaMiller, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  9. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.761
    Пол:
    Женски
    Добро утро. До времето е нели?
    Ја си седам вчера и го гледам Водно како гори и стварно се прашувам дали ги подметнуваат.
    Не се прашувам де , тврдам. И мене се ми шета по нерва денес, ама не се давам. Не паѓам толку мн, оти ако е така цела недела треба да бидам шит.
    Дете однесено во градинка, јас пијам кафе. Кој е за - бујрум
    Мора да се редактирам ради @WORRIED.BT . Нарачај од Скендер за хемороиди чаеви дава и креми две, 1200 денари е, мм само од тоа се спаси. :)
     
    На Желба, Mr. Right, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.808
    Допаѓања:
    145.410
    Хај!:coffee:

    Од Малерозна од кафето сакам оти многу е цакан филџанот.:mm:
    Среќа ни се погоди времето викендов. Во петокот кога тргнавме вака беше и вака не пречека. Таман ќе одмориме. Освен до мајка не излегуваме од дома. Море како би се завила под ќебе . :nod:
    Па и оганот распуцкетан. Пак.|(

    Штета за Туфи изгледаше баш позитивно делуваше низ порталите. Ама изглед вара . Уште не ми е јасно што бараат уметници и лекари во политиката...

    Морбидни сонови имав деновиве. Вакви само во бременост претходно сум имала. Ме плашат и они.:worried:

    Животинки имаме кај моите и кај свеки. Не ги сакам не ги ни мразам. Рамнодушна сум. Прво повеќе внимание и обраќав на женската кај моите додека не се роди малиша. Сега и она не се вртка толку околу мене кога сме со малиша. Е кога сум сама ми се џитка, љубоморна е. :| Затоа ја држиме и подалеку од малото.
    Додека ова кај свеки малото го јава, ама заштитнички е настроено. Уште додека бев бремена ме чуваше. Ниедно не е стерилизирано. Ама се размислува на темава. Не знам дали е подобро или не. Се шетаат исклучиво под надзор.

    Си домакнавме месо како прави домаќини.:emo:
    Само да се среди времето, па да ја отвориме сезоната на скара во дворче. :sun:

    Да ставам доручек за детево, а и јас сум за чудо гладна.:smirk:
     
    На Желба, Skorpija25, bittersweet и 25 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.957
    Допаѓања:
    203.296
    Пол:
    Женски
    Добар ден! :D

    Понеделник... пак. Пошто викендот лета со брзина на светлината.... понеделник, вторник, среда, четврток, петок, треп, понеделник, итн....

    И јас сакав да го одлежам денов дома, ама нема. А имам потреба, стварно. Кој ме прашува. И малото не сакаше во градинка, ама мора... и ко на игли сум денес, пошто последните два пати кога се разболе со тт, беше понеделник.

    Сонував дека ми ја украле колата од паркингот кај Рамстор, а поим немам што кола беше, само знам дека беше некоја ептен фенси марка... а најбитно лимон жолта. Ич не сакам жолта, ама сонов не прашува. И искрено, не ми се бендиса значењето на сонот, ама има логика. А немам кола во реалноста, бар не лично моја и уште помалку лимон жолта.

    За Билјана Беличанец се изненадив, ама депресијата не бира. Ни по име и презиме, ни по пол, ни по слава или нешто друго... едноставно напаѓа, тивка, подмолна, за после да земе замав, и да не знаеш кај да се свртиш. Која храброст треба да ја имаш да посегнеш по сопствениот живот и да оставиш малолетни деца зад себе... нека почива во мир. Не е единствен случај за жал, се повеќе ги има што се борат со депресија, животот стана таков.

    Имајте убав ден и покрај дождот... иако не го сакам, потребен ни е, земјава е барут сува...

    Се читаме!
     
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 29 други им се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.874
    Допаѓања:
    99.679
    Дожд, плус добиено посабајлечки е еднакво на никакво утро:bug:.
    Едвај се довлечкав до работа.
    Кафе сварив, не ми врви.
    Ама како ми врвеа две банички од Жито|(.

    Билјана последно ја гледав пред неколку месеци во Жена ми се вика Борис.
    Брилијантна беше. Нека почива во мир. Голема загуба и за семејството и за театарската сцена.

    Сум имала месеци кога не сум имала волја од кревет да станам. Освен моите, посебно мајка ми, не сум можела да согледам друга причина за живот. Ама се издигнав. Сакав помош, барав помош, млада сум, пак длабоко во себе сакав да живеам.

    Од таленти, знам да пејам:wasntme:. А ми викаат оти и за глумица ќе ме бидело:rofl:.
    Порано и многу убаво пишував. Сега, на тоа поле, како да не сум била јас. Тапа.

    После работа, ќе одам да си купам летен фустан кој ми е пикиран од некни. Па што ако врне, мене убаво ми е. Лето ми е:sun:.
     
    На Желба, Skorpija25, CameliaMiller и 23 други им се допаѓа ова.
  13. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.108
    Допаѓања:
    154.965
    Пол:
    Женски
    Да не сме им во кожа на тие што се решиле на таков чекор, со или без деца, само они си знаат зошто. Уште потажно ми е во целава ситуација што кога е јавна личност во прашање, а благодарение на социјалните мрежи, што покрај цела мака семејството мора да е изложено на сите објави на сите можни портали. Па и тие лично што ја познаваат, да се потепаат кој колку ќе објави и што ќе објави за неа, никој не мисли на децата и семејството што мора да го гледаат сето тоа, како да сакаат да се истакнат кој повеќе ќе напише. Па башка што беше и во политика влезена, има и секакви коментари. Во вакви моменти го мразам интернетот и социјалниве мрежи :envy:
     
    На Желба, Skorpija25, CameliaMiller и 21 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Депресијата не бира.
    Да не се тепаме во гради, незнаме кога може да не совлада.
    Алапачки народ сме, па посета на психијатер е најсрамно нешто што може да сториме, па и покрај депре-флешовите кои не маваат, се лечиме сами дома со розе пилули , по некоја чашка, со муабети со другарки...
    Да.
    Прознавам, имам помислено : е неможам веќе да издржам...
    Има некој на кого не му дошло преку глава??

    Добро утро
    Реков дека ќе клатам врата, ама не испадна баш така.
     
    На Желба, Skorpija25, CameliaMiller и 28 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.957
    Допаѓања:
    203.296
    Пол:
    Женски
    Заборавив, @joy1 честитки за изложбата на девојката, само успеси да реди и понатака!
     
    На Mr. Right, LadyC, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.423
    Допаѓања:
    262.473
    Пол:
    Женски
    @Emy867 да не се праи на 3ипол и да каже како помина со будуќа :)

    Јас, и јас ко времето терсене и намќореста.
     
    На CameliaMiller, Mr. Right, Peco и 21 други им се допаѓа ова.
  17. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    214.553
    Пол:
    Женски
    Добро утро и убав ден имајте.Тегнам кафето и мисли небаре буица ми навираат.Тежок е животот,тоа е факт,поготово во овие луди времиња.На раб на провалија сум била,неколку пати,само бог знае како не сум се лизнала.Можеби овие две деца ме задржале,можеби...Не можам да обвинам никој кој се лизнал,секунди се во прашање кога таа жолта точка ке добие спојка.Има моменти кога доаѓа да се откажи човек од се.Сум се фаќала и за најмалата гранка,баш како давеник,досега успешно барем.Ваквите работи се тешки,депресијата е тешка,не осудувам никој кој направил ваков чекор,не сум му во чевлите.Само се надевам дека како и досега ќе се држам за таа тенка како гранка,баш поради овие двајца да не им создадам болка.Тешки муабети за од сабајле,но се надевам дека барем на некој ќе му помогнам да се држи,да си најде гранка како мене и цврсто да ја стегни.Секој од нас си има по некој демон,но и анѓел во себе,нека победи анѓелот,тоа го заслужуваме и ние и нашите најмили.Ова беше за во друга тема,но тука сум дома.
     
    На Желба, Skorpija25, CameliaMiller и 25 други им се допаѓа ова.
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.874
    Допаѓања:
    99.679
    Навидум се беше оЌеј:D.
    Сваќата двете од кола до кафана, под рака грабнати:headbang:.
    Дечко ми беше така бледо жолт во фацата, сигурно се молел човекот во себе некој бисер да не прелета од госпоѓите:rofl:.
    Дома кречеше, па се брзаше за мајсторите и еден саат некако го претргавме:rofl:.
     
    На Желба, Skorpija25, CameliaMiller и 22 други им се допаѓа ова.
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.403
    Допаѓања:
    279.451
    Пол:
    Женски
    До лани пред да имам случај на особа која лично ја знаев и јас мислев дека тие кои се самоубиваат се себични луѓе.Ама особата која многу добро ја познавав а го стори истово беше се само не себична.Имаше срце ко планина.За сите,а за своите деца пак најмногу.Ама во депресијата изгледа не гледаш веќе ништо околу тебе.А постојано беше опкружена со луѓе ,почесто нелуѓе.Само се чудам на храброста се да испланираш и го сториш тоа...
    Не ми се мрда од времево а имам триста обврски деновиве за акање низ град.
     
    На Желба, Skorpija25, CameliaMiller и 20 други им се допаѓа ова.
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Добро утро, добар ден. Врне, нека врне. :rain:
    Им треба дожд на полињата родни.
    Пишав и избришав. Ху ќерс?!8)
    Едно ќе кажам. Не дозволувајте никој никогаш да ви ја извалка совеста. Врз чиста совест најубаво се спие. :nod: Ако сте немале пари и наеднаш се обогатите, не заборавајте од каде сте дошле -
    не заборавајте да дадете онаму каде нема и корка леб. Ако се докопате до висока партиска позиција, не заборавајте дека седите на берберски стол. Човек лесно се залажува по парите на народот. Да, “парите на народот”. Кога-тогаш ќе треба да ги вратите. Физички можеби не, но вересијата си стои и се памети, а најмногу тежи на душа.
     
    На Skorpija25, CameliaMiller, Mr. Right и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.