1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.334
    Допаѓања:
    261.448
    Пол:
    Женски
    Се спрема за есен :)

    Мала шала, Еми :hug:
     
    На Желба, Mr. Right, Peco и 15 други им се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Жалосно колку млади луѓе страдаат од депресија и посегнуваат по животот. Ќе речам само тешко на нив и на нивните блиски, да не им е човек во кожа. Сум имала и јас лош период, без желба да мрднам од кревет ама сигурно е далеку од лошото. Сега, за нив тројца мислам дека имам сила да поместам планини и да се борам за подобро. Живот, не знаеме утре што не чека.

    Добро утро.
    Времево не ми даваше од кревет да се дигнам. Среќа од дома носам кафе и доручек, па денов у канцеларија ќе го поминам.
    Сакам да се стопли убаво, да извадам сукњи и фустани и да се ослободам од мантилов.
    Викендов ми помина дур да трепнам, што не е три дена во неделата :D

    Убав ден и работна недела да имате :f:
     
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 25 други им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.653
    Допаѓања:
    175.113
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене
    Кафе кафе и само кафе ми се пие .
    Одвај довозев до дома .
    Многу дожд од Радовиш до Гевгелија . Овде мирно е ,роси само. Ама Валандовско брдо беше хорор .
    Маж го оставив на работа ,јас правац дома да се растоварам.
    Мајка ни сошила по два пара пижами . И неколку блуски за мене . За зетко купиле две кошули , да не се осети несакан де :).
    Многу убаво поминавме . Да можевме да останеме уште некој ден што убаво ќе беше . Ама нема ,мора и да се работи .

    Веста за Беличанец скроз ме потресе . Уште ме маваат флешеви кога бев во депресија . Тешко е навистина . Јас пред повеќе од десет години бев навистина многу лошо . Сменив најмалку пет психијатри . Мене не ми помогна никој , се додека сама не си реков доста е Бубче ,мораш да живееш ,мораш да прифатиш некои работи ,мора да си ја трпиш болката ,мораш да се навикнеш да си живееш со неа . И си живеам, се навикнав . Велат времето лечило све. Утре понасабајле .
    Нека дава Господ на сите сила .
    Животот е еден ,колку и да е тешко на моменти ,вреди да се живее . Не знаеме што ќе ни донесе утрешниот ден . А вреди да се почека ,јас се уверив дека вреди :inlove:

    Да одморам малку па да видам што ќе се облече .
    Нели ќе се слави ден на здравството ,а каде без мене :emo:

    Водата врие
    Трето кафе ќе се пие
    :hai:
     
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 34 други им се допаѓа ова.
  4. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.696
    Допаѓања:
    213.358
    Пол:
    Женски
    Во мојов живот бев сведок на ваква постапка.Се испланирано,никакви знаци дека тоа ќе го направи,човек или жена без разлика со големо срце за сите,интелиѓенција и се што го краси еден поединец.Се испланирано,до најмал детал,и го стори тоа.Си ѓи скрати маките.Но не испланира што со пустошот што го остави позади себе.Болката кај нај блиските,на кои душа им разори.Таа болка и сликата им е пред очи сиве овие години.Не ме сваќајте погрешно,се куртули,си ѓи скрати маките,но какви маки остави,колку болка позади себе,огромна,доживотна за сите.Некогаш и тоа ми е гранката за која се држам,да не им оставам болка и јад на овие мои души.
     
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 29 други им се допаѓа ова.
  5. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Добро утро :rain:

    Ич не спиев синоќа, ама ич. Главава ме утепа, ни две апчиња не помогнаа. Што ќе беше ова допрва да станувам метеопат :^) А така ми требаше одмор |-) Затоа па мм како заклан спиеше, мува не го лази :yawn:

    Си го скинав мантилот сабајле, ми се закачи на врата и го потегнав несакајќи. Аман :| Ај и онака којзнае од кога ми е, повод да си купам нов :makeup: А кога бевме со мм на викенд пред месец дена, видов еден преубав и не го купив. Ми викаше мм земи го, јас не, имам. Епа сега немам веќе :D

    За депресијата, што да кажам. Познавав личност која си го одзеде животот на ваков начин заради оваа болест. Никој никогаш не би рекол за неа дека страда од такво нешто, ама ете, изгледот лаже. Прекрасна личност беше :( Некогаш е тенка линијата, ама навистина треба храброст да ја преминеш, да оставиш се' зад себе и да се убиеш. Не е себичност, ни најмалку. Состојба на умот е, за жал, кога разумот ти говори да си ги скратиш маките, наместо да продолжиш да се бориш. Сигурно е исцрпувачки да се обидуваш со години да најдеш поттик за да живееш, иако имаш се' навидум. Жал ми е, навистина ми е жал што тие луѓе се мачат и се справуваат со депресијата, за на крај трагично да завршат ;( Премногу е потценета како болест, се има впечаток дека е состојба во која единствено немаш волја за ништо, ништо не те прави среќен и сакаш само да лежиш. А колку е само повеќе од тоа, ох колку повеќе е...

    Колку и да е тмурно, нека врне. Сакам мирис на дожд, одамна нема капка паднато. Нека паѓа, нека го измие сивилово колку толку.

    Убав ден да имате сите, ајде, ќе ја протуркаме и неделава, иако е само понеделник. Не се предавајте :D:muscle:
     
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 32 други им се допаѓа ова.
  6. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    beautifuls_GVOlQGDR.gif
    Добро утро , сакам кога врне некако по тивко е ,ми делува смирувачки ,сакам да шетам по дожд и како помала се сеќавам сите внатре седат ,јас гумените чизми чадорот и шетам ,веројатно сум една од ретките што ужива во тоа
    Април посебен месец :inlove:
     
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.407
    Допаѓања:
    143.112
    Тешка тема за ваков дождлив ден. Ме ми пречи дождот, ама ме убива нискиот притисок на вакво време.

    И јас познавав личност којашто си го одзема животот како резултат на депресија. Ја третираа најдобрите психијатри, неколку дена беше и во болница, се врати дома и се случи тоа што се случи. Од прекрасен човек, за неколку месеци комплетно се промени. Немаше ни нешто неубаво во животот, за да предизвика депресија. Иако никогаш не можеш да знаеш што му се врти во глава на човек.

    Сакам да кажам, за жал некогаш не помагаат ни поддршката од семејството, ни најдобрите психијатри во земјава.
     
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 25 други им се допаѓа ова.
  8. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.932
    Допаѓања:
    60.754
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите, иако веќе е скоро пладне... дождот е убав, можеш на раат да си поразговараш сам со себе, да се преиспиташ и да подзастанеш малку...тешки се сите умствени болести , болестите на душата, штета што не се наоѓа чаре на време а изгледот лаже и да сакаш да помогнеш си немоќен...

    Тек е понеделник а каде е петок???...уффф(facepalm)
     
    На Желба, SV1911, kuc и 15 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.280
    Допаѓања:
    259.151
    Што и да кажам за темата знам нема да сум во право, болест е, некои сме посилни и похрабри, некои не знаеме како да се избореме со сопствените демони.
    Обично луѓе кои за жал имаат прави и тешки удари во животот, ќе се издигнат и ќе најдат начин како да продолжат.
    Луѓето кои страдат од депресија ете навидум имаат се и за нас реално немаат причина да се несреќни, ама се. Често внатрешното незадоволство и борба со самите себе е пострашна.

    Минав страшен период, не станав депресивна, ама бев страшен хипохондер, имав дури и напади на паника дека ќе ми се случи нешто. Не знаете во која агонија бев. Секоја недела правев крвна слика, имам цела фиока со резултати и испитувања. Пресвртот беше кога детево почна да ми плаче во итната. Следниот ден матичниот само ме праша, кој ќе ти го гледа детето?
    И тоа е тоа. Одтогаш сум друга личност. Работев на себе. И тоа сама, без психијатар и лекови.
    Психата е зезната работа. Многу малку недостасуваше да паднам и да не може да станам повеќе.
    Затоа убавите нешта барајте ги во ситниците, не барајте премногу од животот, не си правете притисок и не идеализирајте ги работите. Мора да најдеме начин како да бидеме среќни со тоа што го имаме.
     
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 36 други им се допаѓа ова.
  10. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.220
    Пол:
    Женски
    Јас не мислам дека депресијата има било каква врска со тоа дали некој е посилен или дека некој може да се избори а некој не.
    И јас сум имала down периоди кога не ми се ни излагало од дома. Ама тоа не е депресија.
    Не знам вие за каква депресија зборувате. Депресија е болест. Хемиска реакција во телото,мозокот. Физичка болест. Мајка ми ја има. Кога не пие апчиња и се враќа одма. Кога ги пие е таа е старата моја мајка. Намалени функции на хормони и успорена работа на тироидната кај неа се резултира со депресија. Има се во животот и секогаш била силна па пак без апчиња, спиеше по цели денови,не зборуваше,плачеше нон стоп и тотално друга личност беше. Не можеш да се избориш со сопственото тело и неговото фукционирање.

    За да се избориш потребни се доктори и лекарства.За жал многумина мислат дека е чисто психолошка состојба и дека можат сами да си помогнат и не бараат помош од стручни лица.
     
    Последна измена: 8 април 2019
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 22 други им се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Се имате ли качувано на вакво нешто? :wasntme:

    Инаку јас немам храброст на овие години. Мош на 80 кога ќе немам што да прежалам.:D
    Море страв ќе ми е и тогаш да не ми попушти мочниот меур.:lol:
     
    Последна измена: 8 април 2019
    На SV1911, Mr. Right, TeddyGrey и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.334
    Допаѓања:
    261.448
    Пол:
    Женски
    Ова е моето мото и целата моја вистина.

    Да @friendy секогаш кога ќе ми се укаже прилика. Уживам во адреналинот.
     
    На SV1911, bittersweet, Ariel и 21 други им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.745
    Пол:
    Женски
    Последниот ред од постот ти е премудро кажан.
    Се водиме и ние по тоа.
    Среќата ја имаме сите ние освен и само во моментите, во малите нешта, тук таму поголеми може некој и да некој и не се друго е среќни моменти.
    Никогаш никогаш во животот не можеш да бидеш среќен, животот сам по себе е грч, патека, борба.
    И тоа е тоа.

    Јас порано бев живчана ептен. Никаква.
    Денес сум онаа која што сакав да бидам, човек со тек на годините отрпнува, проживува и доживува па лека по лека се оформува, не се замара, отрпнува едноставно, живее во сегашноста, мирно.
    Не размислувам многу, го живеам денот,не се стресирам, не паничам, не размислувам за што би било кога би било и не мислам на лоши работи.

    Ваква јас ми требаше да проживеам толку падови, хорори и моменти за да се претворам во ова денес. Сега кога ќе се сетам зошто сум се трескала се смеам ама потребно е човек да искуси и да помине низ се за да свати дека се живее денес и многи многу не се филозофира во главата.

    Го живеам моментот сакам да кажам. И да се случи нешто си велам ајде така требало да биде секое лошо за арно, ќе мине и ова што не минало.

    Јас од лани кога паничев по малку и ми беше претешко мајка ми викаше абре што не било и не минало и ова ќе помине џа бу и така и беше.

    Само здравје и малку среќичка на човека да си го најде патот.
    Психата е страшна работа да. Ама ете јас научив со трк на годините да ја контролирам сосема и ми е многу полесно оти со психата не се игра играчки.

    Ајде доста филозофирам.
    Се спремаме со детето за на вакцина. Со добра мисла...
    Надвор идила за дома за легачење и така.
    Убав ден.
     
    На Желба, SV1911, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.319
    Пол:
    Женски
    Пиши ми ти, заклучена си не можам да ти пишам лп
     
    На LadyC, mal.ecka, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Нема во депресијата: 'Ќе си мислам на убај работи и ќе ми помини' или 'Морам да се борам'
    Во вистинска депресија, ништо не ти е 'убава работа', не уживаш во ништо... дури и во работите во кои си уживал претходно.
    Пропратна работа на депресијата, е летаргијата. Ни имаш сила, ни воља да се бориш со нешто. Се' изгледа бесцелно.

    Нема себичност во тие што се самоубиваат. Туку, толку им е тежок животот, што смртта им изгледа како единствен спас од маката.. Како шанса 'да се одморат' од се'.

    Пошто страдам од депресија, многу сум се информирала за нејзе.. посебно на времето...
    Неќам да мислам, колку треба да ти е мачен животот, за да посакаш да си мртов..
    Тоа 'сакам да умрам', сите сме си го помислиле на моменти.. Ама тие што навистина планираат да умрат, не им е само мисла која си иде и оди.. Туку е мисла која ги води. Планираат, се спремаат, мислат кај ќе се -ко ќе го направат тоа, како ќе го направат, планираат кој ќе ги најде после тоа...

    Не сум расположена деновиве/месецов и депресија со суицидални мисли, се две скроз различни работи
     
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 27 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.414
    Допаѓања:
    90.676
    Пол:
    Женски
    Сите не потресе веста за смртта на Беличанец,но прашање дали воопшто стои депресија зад тоа.
    Некако сите прво на тоа помисливме.
    А можеби и не е.
     
    На CameliaMiller, M&M, Mr. Right и 12 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Без разлика на што се должи овај случај... Македонците имаат сеуште проблем со прифаќањето на депресијата како болест.
    Стигма има поради срам и неразбирање на истата.
     
    На Желба, SwanMay, bittersweet и 17 други им се допаѓа ова.
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.388
    Допаѓања:
    183.478
    Пол:
    Женски
    Те чекав да пишеш, затоа што знам дека ти се соочуваш со депресија. Се согласувам со сѐ што напиша.

    Исто, оние кои се самоубиваат не мислат дека на тие околу нив ќе им биде тешко. Баш напротив, се чувствуваат како да си олеснуваат и самите себе, и на најблиските, се чувствуваат како нивни товар. Оттаму смртта им е единственото решение. И пак ќе речам, жално е што депресијата ја третираме ко разгаленост, себичност, "тренд", пошто порано немало депресија. Имало, само ние не сме живееле во тоа време за да знаеме, може само да претпоставуваме.

    Добро утро. Дождов ко нарачан за денес. Ако, нека го измие лошото и нека светне Сонце. Убав ден на сите.
     
    На Желба, Skorpija25, SV1911 и 22 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Точно така...
     
    На Желба, CameliaMiller, M&M и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.157
    Пол:
    Женски
    Медалот има две страни. Ама голема е веројатноста да е тоа. Со оглед на тоа дека навлезе во политика, којзнае што се случувало. И малку ми е неверојатно дека жена ќе си го одземе животот со бесење, оти жените обично одбираат лекови, отров или давење во вода. Сепак, не сме и во кожа, не и ги знаевме мислите, ниту животот. Оти една е сликата што ја гледа јавноста, друга е сликата дома, во четири ѕида. Не знаеме со какви демони се борела, а каква и да е, причина сигурно имала.
     
    На bittersweet, CameliaMiller, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.