Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Алергиите и астмата си ги носи поднебјето и недостатокот на сонце. Тие си патат од едни болести, ние од други. На курс прва помош, колегите не знаеја за некои болести ни дека постојат, а не како се третираат. А кај нас секој втори ги има во фамилија.
    Ама факт е дека се поздрави од нас. Макар јаделе гмо.

    Црнците се физички најспремни. Ама кај нив е 25+ преку цела година. Немаат потреба од масна храна, повеќе ориз јадат. Не знаат што е холестерол, висок притисок. Има исклучоци де. Кај нас секој втор е на триглид и апчиња за холестерол. Сабајле 2 степени, преку ден 26. Карпи пукаат на таа промена, а не па човек.

    Пијам кафе да се освестам.
     
    На Skorpija25, bittersweet, Желба и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.534
    Допаѓања:
    191.540
    Чаре 1- да праам второ дете со црнец!?
    Чаре 2- да се селам во Африка! ?
    :?:
    Ај гаси светло бувче, добра ноќ.
     
    На gjoker4e, Annath, NarCis@ и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    143.729
    Што не кажавте за црнците пред да ги родам децата... :D

    Јас сум за транспарентност на платата, убаво е да се знае која фирма и која бранша какви услови нудат. Па и во фирма, зошто да не се знае. Ако некој работи повеќе, нека зима повеќе.

    Јас сум и за транспарентност за се друго. Никој да не може ништо да скрие. Случки, податоци, ништо сокриено да нема.
     
    На Желба, gjoker4e, ivi1987 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Јас не знам што е тоа, а додека памтам наназад такво нешто не ми брцале.
     
    На gjoker4e, ivi1987, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Комбинирај 1 и 2.
    Зарем има поубаво дете од мелез?

    Прав був никад не спава.
    Ни 12 нема, какво спиење :$

    Тука се знае кој колкава плата зема. Ќе видиме после брегзитот што ќе направат.
    Тема давате или заспавте сите?
     
    На bittersweet, gjoker4e, ivi1987 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.174
    Допаѓања:
    137.417
    Пол:
    Женски
    Со нишадар не ми поткренале, затварав уста и ништо живо не ми ја отвараше :tmi: Од синап имам трауми јас. И тоа од доктор препорачано да ми стават. Не беше болно ама језиво бе, издупен весник со сало премачкан и на него синап, салото ладно, синапот пече, коа ќе ти го акнат тоа на грб толку нечисто се осеќав шо после вадење урлав додека не ми дозволат да се истуширам. :x
     
    На Желба, Dust, gjoker4e и 15 други им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Фала богу не ми правеле такво нешто со крајниците, али и не памтам дека имав проблем. Затоа па имав други проблеми (со храна), бетер симптоми од тие на Јуле...и, памтам баба ми со чаши ќе ме лечи и свеќичка под чаша. Ме изгоре и флека имав на стомакот:))) од тогаш , надри експерименти не ми правеа. А братучедиве мислам сите терапии на баба ги минаа :drunk:
    И јас сум за транспаретност со платата и се' друго. Би сакала и такво следно место за работа да си најдам, и се почесто душа ми сака да почнам да барам. Ме плаши што на прсти се бројат ваљда:)))
    Петок е али не го осеќам ко петок пошто раат не сум ни за викенд и пошто од четири саат сум ококорена, мајку му више. И некој скоро ми рече дека ми фали терапија за дестресација, и спиење и се ќе ми се среди - спортување :D и јас сакам. Коленава мислам имаат против ко и залоеново моржовско тело:envy: мајку му и на него.
    Ако денот по утрото се познава.... Тежок ден ќе биде овој:)))))
    Гудддд моррррнинг људино.
     
    На bittersweet, Желба, Dust и 21 други им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1554614676308.jpg

    Буенос диас чикас. Ун кафесито кон лече порфавор 8)
    Кафесито испиено, овошје јадена. Да видиме дали денот ќе го истерам како по план.
    На повидок слободен викенд. Ама надвор зима е. И ќе врне.
    Ќе чекам мај за поубаво време.

    Со спиење пореметена. Или многу спијам, или ич.
    Ноктиве гледам ми растат со брзина на светлината.
    IMG_20181203_170416.jpg
    Завчера еден куп сограѓани сретнавме :^) :D полно е балканци.

    Добивам желба за кратка коса. 20 и кусур години исти фриз носам.
    Ама немам фаца за кратка коса. Пуцвал ќе си одам.

    IMG_20180929_115329.jpg
    Е ова сум јас.
    И такаа
     
    На Skorpija25, bittersweet, Желба и 26 други им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.864
    Допаѓања:
    142.589
    Баба ми креваше грло . Кога ќе се подуевме у грло, кашламе, гној на грло... Баба не фаќаше за уши и не креваше. Секунда две. Ко роденден. Само сеќаваш како ти рече гној низ грло... и за саат време ко нови. Мајка ми на лажиче ставаше крпче и ни ги гребнуваше крајниците. Одма пукаа. Место антибиотик, или кристал инекции . Јас на маж ми му истегнав уши, ми се преналути ама кога виде дека му помина, си ќутеше ;)

    Јас сама си тегнам уши. Дете у систина носам, не ми се пробува.

    Добро утро. Не ме интересира туѓата плата. Највеќе ме интересира мојата и на маж ми. И како да ја дуплирам.
     
    На Skorpija25, referentka, Dust и 23 други им се допаѓа ова.
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Луѓе, јас не знам што зборите. Какво кревање грло, и што по ѓаволите е нишадор? Никад чула :wasntme:
    Мајка ми никогаш не ми правела вакви работи, а бев многу болежливо дете. Бронхопневмонија сум добила на неполни 40 дена, сум лежела 3 недели во болница :worried: После до кај 5-6 години бев со бронхити нонстоп, па како растев се оправив. Сега еднаш годишно ако се разболам, и тоа настинка. Грип сериозен, со спуштање на плуќа не се сеќавам некогаш да сум имала.

    Имам другарка што ги носи двете деца на хомеопат. Имаат и двете стрептокока во грло, и никако не можат да ја излечат. Женава некои капки им дала, и наводно сега брисевите чисти биле, немало ни б од бактерија. Не знам, јас свое дете не би, верувам на медицината. Ако е болна, носам во болница без размислување.

    Ајде да пијам кафе и да се фаќам за работа. Овошјето си го заборавив во кола, не се враќам по него па што сака нека е.

    Убав ден да имате сите. Петок златен :f:
     
    На Skorpija25, bittersweet, Желба и 20 други им се допаѓа ова.
  11. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    279.148
    Пол:
    Женски
    Претходната недела кога бев прва смена едвај се будев,сега сум втора а од пред 7 сум секое утро ококорена.А не ми мрда од под ќебе.
    И уште в кревет ми се јаде ,црева ми кркорат,желудец боли за јадење.Уште да го немав апетитов сигурна ќе бев дека сум во депресија.Нит ми се излага нит дотерува,нит планира нешто...
    И времево навистина почна брзо да ми лета ,страв ме фаќа не знам зошто...
     
    На bittersweet, Желба, Dust и 21 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    260.136
    Пак ќе ја оплескат работава со хомеопатите како со вакцините. Јас одредени работи применувам од бабини лекови, како кајгана на гради. Дали се поклопи морски воздух и јајцава, ама тогаш се исчисти малиот.
    Антибиотик давам само за бактерија и инфекција, вируси лечеме природно.
    И кај нас одат да им креват крајници, сестра ми ја чистела некоја баба од секрет со газа ли со пердув.
    Јас дете не носам на вакви работи. Јас не одам, не дете да носам.

    Сте слушнале за дромни?
    Сеуште ми е нејасно што е, демек од тоа меше болело, па има баби кои те "средуваат"|((facepalm).

    Моиве ме знаат што човек сум па веќе не ми ни спомнуваат вакви работи, оти војна има после.
     
    На bittersweet, Желба, Dust и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.534
    Допаѓања:
    191.540
    Конечно разбрав, фала ти @Cka .
    Не, за уши не ме тегнеле. Во основа низ мејнстрим медицина ме лечеле, што ќе им речеле на доктор, тоа. И во Козле сум лежела, и по бањи ме носеле, и на море јод да се дишело...
    @Sexybaby86 очигледно си немала проблем со крајници, нишадорот беше за крајници/гнојна ангина ваљда го викаат.
    Едит:За хомеопатијата уште не сум начисто. Во основа за све сум скептична, се треба да се истражи, провери. И за ништо не сум фанатик, ни верски, ни медицински. Ама ако има алтернатива, фармацевтски или природен лек плус дисциплина, го бирам второто. Така ваљда нешто од мајка биљарка останало, жената пие апои за притисок, ама за холестерол внимава на храна и има некоја природна направија, која и е ефикасна. Ама има луѓе, си немаат дисциплина, си сакаат по две запршки, и не им се проблем една рака апои после. Еднаш можам да спомнам и толку, никого нема да превоспитувам на старост.

    Во наше маало, зимски ден, и снег дури прска. Во МК е марта со девет ума, овде синоним за тоа е априлско време-се може да се случи. До Католички велигден и снег е нормална работа.
    Смрзнав одсабалје, да се стоплам, чај да праам, нешто да зобнам. Пак 1286 работи чекаат на мене, уморна сум уште од самата помисла.
    Ај отидов, на работа, на труд...
     
    Последна измена: 12 април 2019
    На Желба, Dust, gjoker4e и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Море сега кога си размислувам, изгледа баш со крајници проблем сум имала, ама никој не проверил. Велам, бев болежлива многу, со гнојни ангини нонстоп бев како дете. Ете, се средило само од себе веројатно :)
    Инаку, на секој систематски од работа, при ехо на срцето, ми кажуваат дека имам некои наслаги/лезии на него (не знам точно како ги викаат), резултат на многу јака болест како дете. Така што, ете и уште еден показател колку сериозно болна сум била како мала :|
    Битно добра сум де, не се умирало од тоа :D
     
    На bittersweet, Желба, gjoker4e и 16 други им се допаѓа ова.
  15. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    85.281
    Пол:
    Женски
    Добро утро!!!
    И јас исто како и @Sexybaby86 се чудам што зборувате:x ко на друга планета да живеам.Такви работи кај нас нема се се сведува на обична настинка која поминувала ,со масажа и препотување.
    Нормално кога ќе те измачкат со сало и андоли не да се препотиш,а врз тебе и јамболија дупла..само за целулит топење...
    Си пијам кафе на чисто убаво е вака,иако вчера додека средив се помина цел ден ...сега да се исфенирам убавка да си бидам:makeup:
    Покасно на заболекар сум и на работа ,а попладне ќе шетнам..
    Убав ден!!!
     
    На bittersweet, Желба, Dust и 21 други им се допаѓа ова.
  16. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Заспав со главоболка, цела ноќ ја осеќав и се разбудив со неа. А во текот на ноќта два пати пиев апчиња. Нека иде све по ѓаволите и време и циклус и фамилија.

    Пијам кафе и се трудам да не мислам на тоа колку пари плеснав за сметки во моментов.
    Ова е пишано вчера :) главоболката е уште тука

    Постам, со години наназад, цел пост, не се причестувам. Мој избор, религиски до некаде, од аспект на здравје се има покажано благотворно
    Со нишдор не ме лечеле и по баби не ме носеле никогаш, а крајници и гноеви сум имала невидени. Пеницилин имам испримано повеќе од млеко што имам испиено.
    Ја "изгледав" приказната од @Peco и си помислив, колку прекрасно, каков мир, си посакав таков ден за роденден :$ и после гледам Ками коментирала дека приказната е тажна :). Разлика во перцепција, желби, потреби... мене ми го погодил амбиентот, сосе мажот на сликата :inlove:
    Туку денес на мојов "лепотан" му е роденден, сабајле кога стана си рече дека токму вака замислувал дека ќе биде на 39 години :nod:. И после ме изнервира и за инат негов земав и сите бонсаи му ги украсив со велигденски јајциња :P. Ко ќе дојде ќе мрчи ама ме заболе :devil::rofl:
    Му купив карти за Лени Кравиц и за Стинг ( и за мене нормално) па нема да ми раскити ( се надевам)
    Убав ден на сите, ама се отворив денеска :wasntme: кој има нерви нека чита
     
    На Skorpija25, bittersweet, Желба и 27 други им се допаѓа ова.
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.754
    Допаѓања:
    176.089
    Пол:
    Женски
    Утро куклички :hai:
    Петок ,а 8)
    Многу му се радувам . Не само зошто е петок , туку повеќе што маШ ќе биде домче до понеделник:clap:.
    Го заспав сега :D, јас да потфатам малку по дома , па ќе се мисли што со деновиве.
    Пржев момички за доручек , целата смрдам на прженици . Не е лошо прво еден туш да мавнам.
    И на фризер да идам . Таман бебето на раат да се отспие .

    Ми се шета некаде ,а немам идеја каде. Маж запнал Штип да одиме ,ама па прошлиот викенд бевме ,не ми се оди пак .
    Грција нема што да се прави , да видам Сандански ќе ми фати ли око.
    Осеќам на крај дека дома ќе си останеме , па у недела ќе рикам што никаде не отидовме :x

    Крајници фала богу не сум имала
    Ама од роџење што се вели сум си со ХОББ:( .Од бабини лекови паметам само дека на гради ми ставаа топла пржена кајгана . Колку пати само во сон сум си ја јадела :)

    Да исчурам едно :smoke: , атер на болеста :rock:
     
    На Skorpija25, bittersweet, Желба и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.870
    Допаѓања:
    99.640
    На мене ми пукале крајници:tmi:. Имаше една циганка кај баба ми, а нели јас се кај баба си бев и ме однесе на пукање крајници. Тој црниот, дебел прст од циганката уште ми е пред очи мислам:sweat:. До желудник ми го брцна:D. Не се сеќавам дали и уши тегнење ме следувало:D.

    И од дромни сум мачкана:x. Кога ќе ти го заберат стомакот со двете раце од страна и влече накај средината и после тупаница од првите три прсти во папокот се брца, па се држи таму да слушне бабата дали папокот на место ти чука(facepalm):rofl:.

    Тоа се по идеја на баба, афкорс, мама не ни знаеше кај сум носена на 'лекување':D.

    Тапа сум овие два дена. Се чувствувам трапаво на работа, две недели сум тука, сакам се да научам одма и притисок сама на себе си вршам како да бидам перфектна за толку кратко време:|. И секој ден јас сум разочарана сама од себе како ок бев, ама можев и подобро:|.
    Бива да си самокритичен, ама па и до волку не бива. Секој ден главата тапан од преиспитувања:(.
     
    На bittersweet, Желба, Dust и 19 други им се допаѓа ова.
  19. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.657
    Допаѓања:
    153.001
    Пол:
    Женски
    Здраво живо...

    Станата со петлите...
    Испратив дете в градинка и на гинеколог...
    Преглед,пап и виден миом...2цм.голем...
    Се надевам нема да,е пораснат по 6месеци кога треба да одам на контрола...
    Нема раат...

    Спанаќ за ручек...арно го исчидтив вчера па денеа полесниот дел ми остана...

    Да испијам кафе и да фатам некоја работа...

    За хомеопатија скептик сум...не знам да објаснам зошто ,може оти не сум пробала...
     
    На Skorpija25, bittersweet, Желба и 22 други им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро,
    Кафе испиено.
    И ја првпат слушнав за вакво лечење.
    Сум имала неколку гнојни ангини како дете и редовна настинка на промена на време.
    Како деновиве.
    Се утепав од кивање и нос чешма.
    Не е алергиски, ваљда.
    Кога е вакво времето човек не знае што да облече, ќе се препотам, па ќе се оладам и за 3 дена - настинка.
    Таков ми е пакетот. Секој април.
    Не сум била болежлива, па ваљда и затоа не ги знам овие лекови.
    Сум била дете за мерак, се надевам и бебка ќе биде во поглед на настинки и разболувања.
    Околу алтернатививе, човек коа има мака, се ќе проба.
    Знам луѓе што прво 'бабски' третмани пробуваат и искрено ме нервира тоа. Ама ете такви се. И антибиотици на своја рака што зимаат.
    Едно време, пред 7 -8 години, често ме фаќаа настинки, се навлеков на капки за нос, и беше се пострашно. Па антибиотици ми даваа за црвено грло. И како да влегов во некој круг таа година.
    Се додека не пресеков да не користам капки, и обични настинки(без темп) да ги лечам со чаеви, сокови, супи. И почнаа да се ретчат тешките настинки и еве све од нога и лесно проаѓам.
    Антибиотиците се зло ако се користат често.
    Мое лично мислење.
    И мислам дека Оперил во моја куќа никад нема да влезе.
    Вода со морска сол е благодет, верувајте.

    Петок е. Па што дека е.
    Исто ми се фаќа.
    Животов ми спрема опасни следни случувања, се плашам многу како ќе помине се. И кога ќе помине. Со времето сум во опасна битка.
    Психички се спремам колку можам ама кога ќе дојде пак нема да сум спремна.
    Може подобро гром од ведро небо да удара, него вака да чекаш, да се спремаш, а не може да се спремиш.
    Имајте убав викенд.
    Во Аутлет на Спортвижн има некој попуст, па ќе идеме маже да си купи патики што му ги должам за роденден(во Јануари му беше)
    Лоша жена сум, како ме толелира, еве не знам.
    Изгледа многу ме сака.
     
    На Skorpija25, bittersweet, Желба и 23 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.