Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Тие бајачки, вражачки, местачки на ватевр, тоа да не видам. Шу, иш, подалеку од мене. Татко ми покоен имаше огромна лузна од некоја таква бабетина што му местела нешто и немам поим како го повредила. Вакви ситни "зафати" по дома да, кои што стварно се повеќе полезни отколку опасни. Со хомеопатија имам така-така искуство, не можам да кажам дека баш нешто многу се оправивме. Да не зборувам дека бев алергична на пола од лекчињата.
     
    На Желба, kuc, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Се' додека не се забегува и се отфрла медицината, ок е. Немам ништо против.
     
    На TeddyGrey, Annath, Alishan30 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.090
    Допаѓања:
    154.730
    Пол:
    Женски
    Јас вака и чистев нос на малата ама со оние шприцеви за дозирање сируп, со другиве ми беше страв да не ја повредам. Ама кога беше помала, ќе ја грабнев и не можеше да прета, сега оди задржи ја. А у грло мислам дека нема шанси да им брцнам, ќе ми ја изедат раката :worried:
    Не ми се работи, пукнав неделава, ужасна ни беше.
     
    На Желба, kuc, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден. Конечно да ве поздравам.
    Сипаниците немаат крај, плус ноќеска големата направи беља со мочкањето, па у два саат вадев постелнина и стаза и после не можев да заспијам.
    Денес на работа хаос, пренатрупана бев и тек сега малку до здив дојдов. Се радувам што е петок, реков викендов дома ќе го седиме па што сака нека биде.

    Сум кажала многу пати, верувам само во доктори и медицина. Нит бабини лекови, нит хомеопатија, нит баби што тегнат за уши и брцаат у грло со раце и пердуви. Јас до три години сум била повеќе во болница него дома, коктели инекции еден тон сум примила и на крај крајниците ми ги извадиле, после тоа не сум знаела што е болест. Е, возрасна ми се направи девијација во носот, ми се затвори целосно едната страна и не можев да дишам, ни терапии ни спрејови помагаа па си отидов си се оперирав. Сега не знам што е антибиотик или инекција ни за синуси, а пред операцијата страдав многу од нив.
    Никогаш не се случило да убедувам луѓе дека моето мислење е најисправно и дека сите така треба да тераат. Ама, сум била во ситуација кога многу пати ме убедувале дека си го трујам детето со антибиотици и кортико лекови, дека вакцините се зло и дека треба на хомеопат да си го носам и со пердуви и прсти шлајмови да му вадам. Твоето носи го кај што сметаш дека според тебе е најисправно, јас моето го носам кај лекар на кој целосно му верувам и тоа е тоа.

    За религија никогаш не сакам да зборам, кој во што сака нека верува. Ама не сакам ни мене да ме убедуваат дека ќе горам во пеколот што не сум постела никогаш во животов или дека не треба да верувам во ништо затоа што некој друг не верува.
    @Dust :hug:
    Убав ден друштво :f:
     
    На bittersweet, Желба, Dust и 24 други им се допаѓа ова.
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Секако. Да не зинам што се' слушнав за децава дур не пораснаа!
    Ика бебе. Нормална физиолошка работа. Брзо давај лимонче, ќе се угуши на спиење. (смајлиштосекрстисодветераце) Значи бебе е жено, од месец дена.
    Кашла бебе. Исто нормална физиолошка работа. Брзо, затварај прозори, волнени капи, чорапи бутури.
    Кажувам уз муабет дека се буди со плачење. Исто нормална работа кај некои деца. Леле брзо, мисли која има лоши очи го урочила, кај Станче во Волково да го носиме да му забае. Море марш.
    П. С. Дур им вадев чепови и перев нос, културно си беа на терапија со антибиотик, со спрејови, со бутури препишана од специјалисти. Ова е само олеснување, не е лечење.
     
    На Skorpija25, bittersweet, Желба и 25 други им се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    143.729
    Јас единствена гранка од медицината во којашто верувам е хирургијата. Ова другото, ако ти е силен организмот ќе победиш, ако не - дај друго дете.

    Сепак за што и да требало сум била на хемија, не ми стиска да бидам без ништо. Друго не сум пробала, а не ме ни терал некој.
     
    На Желба, Dust, mal.ecka и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Бричење?
    Бебе?
    Како?
    Зошто?

    Ми се плаче од нашиве "традиции". :emo:
     
    На TeddyGrey, gjoker4e, kuc и 13 други им се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    279.148
    Пол:
    Женски
    Ај да ве омрсам вака во петок и така се невернички овде сме се собрале :^)
    20190412_162309.jpg
     
    На Желба, Mr. Right, Dust и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    107.478
    Пол:
    Женски
    Мммм што убавинии леле како сум гладна ми се јаде ми се р'жи дур дојде 20ч охоохооо
     
    На Mr. Right, Dust, TeddyGrey и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.534
    Допаѓања:
    191.540
    Мене синусите ми поминаа од ко почнав да носам капа. А е температурата пониска од 10 степени, капа на глава. Само јас и малите деца во градов со капи. Ама јас сум раат. Може за тебе немало друго чаре, важно ти се решил проблемот.
    И убаво е да се има доктор на кој целосно му верував, мојата последна матична во МК таква беше, се чекаше со саати за преглед, ама тоа затоа што на секој пациент му посветуваше толку време колку што е потребно, не колку што пропишала нормата.

    Сега со дете, скептик сум за се. Оти матичната напраи проблем со наводно безазлена фармакологија, па специјалистот препиша терапија без основни спроведени испитувања, па тргнав да барам низ цела држава второ мислење и комплетни испитувања, пред да осудам дете на целоживотна терапија за болест што ја нема. И студирав на темата по медицински релевантни журнали со месеци, и знаев што треба да барам.

    За тој најдобриот специјалист во градов, моето дете е само пациент плус, за мене моето дете е едно и единствено. И ме убедуваа дека не може да е специјалистот во грешка, многу бил стручен. Второто мислење и резултатите, потврдија дека не било така (и ова второво мислење и резултатите се медицински, не хомеопатички или бајачки). Затоа не 4 очи, 16 треба отворени.

    Со бајачки и гатачки нит сум имала нит ќе имам искуство.
    А за лекот за миом од мед и растенија, ќе го пробам, ќе кажам. На себе можам да експериментирам, не верувам дека ќе одмогне.
     
    Последна измена: 12 април 2019
    На Skorpija25, gjoker4e, Ariel и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Добар деен убави луѓе:)
    Еве ме,да ви се пофалам, овој викенд не работам:rofl: дури чудно ми е, па од денес веќе почна за мене викендот по 15ч.:ninja: :toivo: (hollest)
    Пак за интересна тема сте збореле:smirk:Е, ќе ја прескокнам овој пат.:!:

    Вчера нови ноктиња си направив, се улепшував, француски маникир ми е најубаво на нокти, средени и краткички, за мерак.:angel:

    По дождот без чадор, се враќав и уживав. Многу сакам дожд, ама на асфалт:!:у село несакам.
    Периодов е некако помирен, се чудам кои бури ќе надојдат, чудно ми е, ништо да не се дешава:^) :D

    Видов нова салата пред некој ден во Романтик, да ви ја споделам:
    Рукола, зелка, спанаќ и марула иситнети во чинија, похован пилешки стек на лентички исечен, парчиња тенко исечено јаболко на ленти, сушена брусница низ се', поросена и плус полиено со малку сос како за цезар. Сите од колегиве ја бендисаа, јас одвај чекам да дојде време да ја пробам:inlove:

    Незнам што да ви кажам друго, ве читам, но немам секогаш временце да ви пишам:)
     
    На Skorpija25, bittersweet, kikin и 27 други им се допаѓа ова.
  12. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.929
    Допаѓања:
    142.940
    @mareane ме настрви сега со пицава, ќе барам маж да купи на враќање.

    Ај здраво,
    Овие 3 дена мизерии. По прегледи се акав, и се надевам ќе се среди. Во муабет со кардиологот ми рече ШЕТАЈ!! А сега колку ме мрзи, ми се лежи цело време. Ама ќе мора.
    Денес бев во Систина, и сфатив дека ако е се добро со бременоста, би сакала таму да се пораѓам. Ама и сфатив дека нема:D:D Добро, да не ми е мака таму киретажата ја правев пред 1,5г(малку црн хумор на моја сметка|(:)).

    Со крајници не сум имала мака, фала богу. Малата има некој помал проблем со трет крајник, ама ок е сега за сега. Бабини деветини - ме воделе на баење, и поголема кога сум била признавам. Пред 1,5г кога не можев да издржам од главоболки, а докторите викаа во ред е, потклекнав и отидов на баење. До психа ли до што беше, еден мал период немав главоболки.
    За дете ми е страв- освен она класично баење. Ама такви ептен крипи работи не. Кога лани малата имаше проблем со увцињата сакаа и ме советуваа да сум и капнела некои капки од глувци ли не знам што:o. Не дозволив. Се надевам нема ни да има потреба веќе од такви работи.
    Мајка ми секој ден ми повторува да си верувам и да се молам само на Господ. За поповите, да не грешам душа. Ама има еден поп во една црква што 3 пати ме има изнервирано до крај. И не бев јас крива.

    Ајде сега одам да договарам за ручек. Убаво е вака да те тинтраат, ама да ми е добро, а не од мака:^):)
    Имајте убав викенд
     
    На Skorpija25, bittersweet, kikin и 22 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Ова го потпишувам со двете раце.
    Секогаш ќе верувам во правото на избор, и покрај тоа што знам да се наметнам со објаснување и инаетење и убедување дека 'моето е правилно'.

    Агностик сум.

    На надри-лекари и бајачи, ме носеле моите.
    Никогаш не сум ја носела ќерка ми...
    Секогаш медицината ми е прв избор.. ама ги разбирам оние кои ги исцрпиле сите логични можности, па преминале на алтернативна медицина, бајачи, вражачи... уатевр...

    Човештвото напредува со темпото на 'најслабиот' примерок.
     
    На Skorpija25, bittersweet, Tea678 и 18 други им се допаѓа ова.
  14. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.090
    Допаѓања:
    154.730
    Пол:
    Женски
    Пијам кафе со 4 деца дома :) ама барем се занимаваат, тоа што ќе го превртат станот наопачки нема врска :)
    Избегнав дожд денес фала богу, мислев дека ќе ме бања како вчера :)
    @flower30 :hug: само убави работи да ни пишуваш, вака кога читам ме фаќа мерак за упте едно бебче (ќе ми помине до вечер знам :rofl:)
     
    На bittersweet, Tea678, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.449
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво :) ние сме фини, добри :) Вчера за среќа се добро се заврши со мајка ми, Ви благодарам на сите за убавите желби, а и ние на ручек убаво си поминавме. Бебка за прв пат се изнасмеа на глас, и тоа на брат ми :l: како што го немам татко ми, тој ми е единствен, се стопив :inlove: срцки ми се двајцата. Денес за прв пат ја шетав бебка надвор, се изнадиши чист воздух, па се комира цело попладне.... Мм вели ќе ја шетал викендов, за да можам да сработам по дома нешто, ама страв ме фаќа од сипанициве :sweat: и јас сакам да излезам да се прошетаме, ама немам прележано никакви сипаници, ми кажаа дека имам траен имунитет стекнато со оглед на тоа колку пати сум била изложена на вирусот.

    Сте зборувале за пост и религија, верувам во Бог, не се објаснувам на никого, нити терам некого да верува...тоа е личен избор, исто како и храната која ја јадеме. Оваа е прва година како не постам, зашто бев бремена, и сега дојам. Никого не терам на пост. Постот е состојба на умот...ако постиш треба и да си смирен и подготвен психички.

    Од бабини деветини, почитувам масло загреано во љушпа од орев за болење уво, чувар куќа за жуљ и еден дедо што „премерува“ за изместен мускул, нити ти го чепка местото нити ништо, нешто шепка и за два-три саати ти поминува....

    @simonka93 знам уште на почеток дека во 2ра смена е шемата, такви беа колешките уште кога доаѓавме на тренинг.... можеби ќе Ве дружам после породилно, здравје доколку има оглас за ваш оддел... :D

    Ухуууу колкав пост....ќе ми дадат забрана :D

    п.с. се забележува дека од лап топ пишам а..? 8)8)
     
    На Skorpija25, bittersweet, Tea678 и 21 други им се допаѓа ова.
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.174
    Допаѓања:
    137.417
    Пол:
    Женски
    Како тврдокорен верник на класичната медицина, сите бенефити од алтернативната медицина ги препишувам на случајност. Многу пати алтернативната ми помогнала повеќе ама пак не ми е за верба. Алтернативна можам да применам ако немам болка во моментот, пример алое ставав на бабуљица. За болка само класична медицина, менструална болка пример не минува од топло и чај.
     
    На Tea678, Sexybaby86, Mr. Right и 10 други им се допаѓа ова.
  17. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.090
    Допаѓања:
    154.730
    Пол:
    Женски
    Што е вака тивко тука :wasntme:
     
    На Sexybaby86, kuc, Mr. Right и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    178.175
    Пол:
    Машки
    Ајде пребројте се да видиме кој е тука. Први, други, први други. :rofl:
     
    На Sexybaby86, kuc, Mr. Right и 15 други им се допаѓа ова.
  19. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.090
    Допаѓања:
    154.730
    Пол:
    Женски
    Јас бев први, ти си други :)
     
    На Sexybaby86, Mr. Right, LejlaD и 8 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Деновиве живеам во очекување на празникот. Ќе се шљапкам во Лутраки...

    Кој не бил - да оди.
    Најубаво е зима, декември/јануари, ама уште е ок, не е претопло. Кога е топло мачно е за седење.

    Дење на големиот базен, кафе шема, лежење, вечер на малиот, "дивиот" базен и водопадите... ах :inlove:

    Сакам саботата до Солун да тркнам, кај нас е работна, не знам кај комшииве како е, веројатно @Yowannty ќе знае да ми каже :)
     
    На bittersweet, Sexybaby86, kuc и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.