Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    143.727
    Не сакаме сите луксуз.

    Добро де, понекогаш може :D

    Главно, не сакам луксуз. Не сакам многу гардероба, не сакам скапи коли, не сакам да спијам по скапи хотели. Едноставно, не сакам.

    Е сега има едно нешто што го сакам, а се смета за луксуз. И тука ми паѓа во вода муабетот дека не сакам луксуз.

    И што е луксуз? Луксуз ли е да имаш викендица поради чиешто создавање си јадел леб и маргарин?

    Луксуз ли е да се задолжиш до гуша за да возиш ауди?

    Луксуз ли е да отпатуваш некаде по Европа со автобус, а поради патувањето да се откажеш од нова гардероба или излегување месеци или години?

    Философија во ниедно време.
     
    На SV1911, kuc, Peco и 22 други им се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.495
    Допаѓања:
    22.827
    Пол:
    Женски
    Пари никогаш не сум имала вишок.
    Да речеш е сега ќе се опуштам максимално.
    Сум била на море само во бугарија 2 пати, 3 пати во албанија и 3 пати во црна гора за мои 31 год.
    Ни охрид го немав видено додека не почнав со мм да одам таму. Не дека не можеле моите, но ете животот плете поинакви судбини.
    Место моите да градат куќа ги дале за лек, за брат ми, за жал неуспешно. Е кога почина и татко ми, знаев дека од тогаш ќе биде само борба.
    Но, имам се што ми беше потребно.
    Не сум тип кој сака луксуз, не сум тип кој сака кој знае какви места за одмор, ама претпочитам детево да го однесам колку толку на море.
    Не сум тип кој многу излага по ресторани, кафичи, кафани...
    Повеќе сакам да седнам со друштво и свртам скара. Па според тоа и немам некоја кој знае каква гардероба.
    Шминка и козметика стално сум гледала она што ми одговара, а не според цена.
    Марки, никогаш не сум гледала, зошто или нешто ми се допаѓа или не, макар било и од пазар.
    А ја имав таа среќа да видам како е да се има бутик, па кога видов кое каде го набавуваат и те како пребирам.
    Кај мене вишокот пари, заштедата или како сакате наречете ги, увек завршувале работа за лошо.
    И затоа викам, доволно ми е да ги задоволам основните потреби. Имам за сметки храна, дете...
    Имам да си дозволам и некои задоволства, ама јас не сум тој тип.. Место секоја недела на фризер, јас бирам викенд...
    Место викенд во спа, јас бирам викенд во приватна куќа.
    Е сеа, тука е и ствар укуса..
    Она што ми се свиѓа мене, на друг не му се свиѓа и обратно.
    Мене ми е возилото потребно да е во исправна состојба, да ме однесе безбедно кај што треба, на некој му е потребно да му брчи многу(ова дум понесена од тркиве па партизанска, мислиш војна почна). Некој му е битно да е марка, мене да не одам гола, искината, прљава.
    И на крајот, секој си ја пружа чергата колку што може...
    Не можеме за туѓи примања и расходи да водиме сметка.
    Но, ќе дадам само еден пример, кој не можам да го разберам.. 4 плати дома... Солидни.. Секој ден купување, облека, кондури, соковии, значи што ќе треба и не треба во моментот.. И на крај, пак бара од некој со една плата пари за цигари, и не ги враќа...
    Ете може ја функционирам другачие, па не ми е јасно...
    Ама знам дека ако правилно се распределат, ако правилно се испланира, може да се постигне доста.
    Е сеа додуше за станови, коли нема, ама не е лошо.

    Еј, се распишав ептен.. Home alone.. Јбг
     
    На vitamina, kuc, mal.ecka и 27 други им се допаѓа ова.
  3. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.798
    Допаѓања:
    214.383
    Пол:
    Женски
    @Mr. Right и ова некако паѓа во вода,има ситуации кога ни најскапи лекови ни врвни клиники не помагаат.Можеби ќе ме сватиш погрешно,но најчесто испаѓа дека ако има некој век,ќе се најде и лек,не е секогаш до парите.Ама ај да смениме тема луѓе,оти навистина не на секој ни делиле да знаеме пари,не за обичен живот,туку за ,,нормален,,зависи кој како сваќа да правиме.Некогаш испаѓа дека -и јас јунак и коњот јунак ама нејки па нејќи.И тука пак муабет за амбициозност,за снаодливост,за.........ама на светов господ не дал од сите да не има,разноликост ј.....а
     
    На SV1911, vitamina, kuc и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.491
    Допаѓања:
    91.244
    Пол:
    Женски
    Во денешно време е луксуз времето поминато со деца,со најблиски.
    Имам пријатели две куќи купија во овие десет години,пари куп,а на одмор ни продолжен викенд не биле 18 год.со своите
    деца,не заради немање пари туку заради трчање по пари.
     
    На SV1911, WORRIED.BT, vitamina и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.173
    Допаѓања:
    137.413
    Пол:
    Женски
    Уште околу парите? 8-|

    Ај сменете тема... Ај еве кажете кој/а како ќе ги фарба јајцата за Велигден? И каде за први мај?
     
    На kuc, Peco, ♡BuBaLe♡ и 13 други им се допаѓа ова.
  6. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.798
    Допаѓања:
    214.383
    Пол:
    Женски
    Црвени поголем дел,со вино црвено оти убави ми се со кристалчињата и бојата.По неколку од сите бои колку да има деца да развеселам,украсени со пеперутчиња и буба мари.Можеби ќе дадете идеа за нешто ново интересно.
     
    На SV1911, vitamina, kuc и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.526
    Допаѓања:
    191.474
    Флауерке, јас не реков дека некој е материјалист, само елаборирав дека мене лично не ми е извор на задоволство ваква или таква кола, ваков или таков бренд. Исто мислам дека е и безобразно да купуваш толку скапа кола (како Каенот за кој сум чула дека е 50000 евра, немам појма дали е стварно толку, не ме интересирало), додека комшијата твој цел живот ќе ги отплаќа тие пари за хипотека за стан на пример. Оти таа кола нема поинаква функција од Корса на пример, таа е само статусен симбол. (Им се извинувам на сите соственици на нов Каен, ама тоа е мој личен став)
    Одење на одмор и крем за лице и пари за здравство не се луксуз и материјализам.
    Ама ако бираме екстреми, па ќе рече Рајти, дека сите сакале луксуз, јас еве не сакам.
    Мене друг ми е филмот. Прва се пријавив на повикот на Луничка да одам негде надвор од цивилизација и се да праам со своите две раце. Реков и тогаш, заради здравје и душевен мир. Како што напишав, мијам садови на рака. Оти тоа е веројатно една од ретките вештини што останала неавтоматизирана, и ми праи мерак што не зависам од технологија. Оти незнам да замесам леб, сама да си ја одгледам храната што ја јадам. А би сакала. Користам локални балкански креми, двете чинат по околу 100 денари. Препорачани од козметичарка што работела во Швајцарија. Би сакала сама да си произведувам козметика, природна. Би сакала да сведам хемија на минимум, ако веќе мораме да го дишеме воздухот што го дишеме.
    Џакузито беше мерак, не статусен симбол, не ќе го користев на улица да го покажам. И беше делумно здравје, оти ме болат и нозе и половина. И беше делумно зезање. Знаете колку ќе заштедам што нема да си купам МИГ од Албанија? А евтини биле, само 10к. ;) (Дисклајмер-И за ова се зезам)
    ПС. Немојте сега да ми го извртите муабетот и за машината за перење, што ако ја купам, што ако не...
     
    На ♡BuBaLe♡, Sexybaby86, TeddyGrey и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.173
    Допаѓања:
    137.413
    Пол:
    Женски


    ова ми изгледа интересно
     
    На kuc, V.odolija, ♡BuBaLe♡ и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Имам предлог идеја: кој ќе спомне пари бан да "јаде". :D

    Не ги фарбам, арни се и вака. :rofl: :tmi:

    Нигде.
     
    На WORRIED.BT, Peco, M&M и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    143.727
    @Biljarkata Кажи кои се тие добри креми, и ние да бидеме убави :)

    Јас оваа година не фарбам јајца. Ќе бидам со обврски тие денови, па нема да нешто посебно да замарам околу Велигден. Исто и за 1 мај.
    Сакам само да биде убаво времето.
     
    На V.odolija, ♡BuBaLe♡, Dadusicka и 14 други им се допаѓа ова.
  11. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    279.145
    Пол:
    Женски
    @Peco ,како твојата фин. ситуација се барем половина во моево опкружување.Донекаде сум и јас.А и во потешка ситуација ќе бидам знам ,трошоците после почетокот на студирањето на децата дупло ќе бидат.
    Ќе рече некој ќе работиш ќе се трудиш ќе смениш работа.Е да е толку лесно и едноставно тоа.Што рече Лејла не ни е дадено секому да заработиме екстра пари.А и во поодминати години каде ,што.Во село мое нема работа за невработените а не за дополнителна .И јас ја користам секоја можноат за дополнителна работа ама скоро да ја нема.
    И искрено ваква е состојбата на гоолем дел од народов во Мк ,само што овде по некоја случајност грото се од повисоката класа.
    И двајцата работиме ,ама кредитите кои сме ги зеле не за луксуз туку за кров над глава,болест и смрт не ни дозволуваат
    да тераме луксузи.
     
    На SV1911, vitamina, kuc и 25 други им се допаѓа ова.
  12. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.828
    Допаѓања:
    62.058
    Само за славеничката love_382.gif

    @mareane среќен, најсреќен роденден мила, од срце те гушкам :hug:

    Иии прегратки за @M&M @zhap4e @Dust само Вие сте помислиле на мене претходните 15 дена :hug:

    Ццц... Само четири другарки сум имала од тука :^) ]:)

    ...
    Малку статистика... За 15 дена на +/- 40 сте испишале 108 страници... 2151 мислењае од моето последно напишано! Ееее мнооогу ми е за читање :)
    Инаку, многу ми недостасувате, но периодов ми е УАУУУ... и ке ми биде во догледно време :tmi:
    До следното мое логирање на +/- 40 Ве гушкам сите :hug::hug::hug:

    ПС Да Ве потсетам... Насмевката на лице и уживајте во животот :inlove:
     
    На SV1911, WORRIED.BT, vitamina и 28 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.526
    Допаѓања:
    191.474
    @Ariel имам страшно сува кожа. Дневна Борогал со невен, ноќна детска витаминска од галафарм. Понекогаш крадам од бубхенот на ќерка ми. (facepalm)
    Незнам дали сум убаа, ама од ова барем проблем немам:).
    Јајца фарбање, во тешка дилема сум. Кога? Овој викенд е католички Велигден, дете има продолжен викенд, ќе очекува јајца да види. А мене Велигден ми е викендот потоа, тогаш си праам јас јајца. Ама сега? Да и праам збунка, да праам јајца 2 пати:drunk:?!
    А што беше прашањето уствари?
    Добра ви ноќ друштво, појќе мерак, помалку секирации.
     
    На SV1911, V.odolija, Ariel и 9 други им се допаѓа ова.
  14. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден @mareane ❤️

    Јас понеделнички, супер си поминав. Попладнево со прекрасно друштво. Најадена, кафе пиена, намуабетена.
    Некои особи ко од некој претходен живот да ги знам.

    Се почесто и почесто размислувам за деца. Да најдам некој, да се "осреќам"
    Толку години напрајв, уште немам бело влакно :emo:
    Да најдам некој да ме нервира, да ме замара на телефон, гужва во кревет да ми прави да не можам на раат да се наспијам :wasntme:. Да го мислам кај е, шо прај (facepalm)
    Ајде за 2 дена ќе ми помине чувствово.

    Јас да сум на местото на рајт, одма фаќам џадето. Катар ли, Дубаи ли, на брод ли, ќе изберам нешто.
    Едвај чекам неколкуве месеци да поминам, па и јас да одморам малку.

    Инаку, јас еве пред некој месец се разболев. Болници, наваму, натаму, си ги дознав пријателите а богами и фамилијата.
    Да не лечев депресија со работа, ќе скапев до сега.
    Секаде е исто.
    Дури си здрав и заработуваш, ок си.
    Ако се разболиш, а да немаш црн фонд да покрие трошоци, си загинал.
    Јас за трошка се спасив.
    Дали за среќа или за жал, стеј тјунд
     
    На SV1911, vitamina, kuc и 22 други им се допаѓа ова.
  15. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    95.281
    Пол:
    Женски
    Да не се лажеме,со просечни мк плати е ужасно тешко да се врзи крај со крај,без ничија помош.Ова мислам на екстра приход или помош од стари(пензии).Среќа голема е што поголемиот дел особено во внатрешноста имаат наследено кров над глава.Ама па таму тешко е за работа,и платите се просек 12-15000.Еве и 18 нека се.Струјата и храната се сегде исти,и ужасно скапи за стандардот.
    Памтам кој шок беше кај мене дома кога се поклопивме со брат ми на факултет.Јас со 400 тој со 900 е партиципација,кај се трошоци за живот.Среќа баба ми и дедо ми помагаа финансиски,и јас и брат ми преку лето работевме.Каква сакаш математика прави,не стига и е испод достоинство,да пазиш на струја,да брзаш да се бањаш,да чекаш машини до доцна во ноќта,да си дадеш две плати за дрва и пак да не си салам згреан, да се плашиш ако те поканат на свадба,или два саати да се мислиш за парче облека дали ти треба.Не секогаш редовните примања значат средна класа.Изгубена е таа одамна.
     
    На SV1911, vitamina, kuc и 26 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Ич немам проблем што некој вози шознам, Порше, а јас возам Фиеста.
    Моја ми е, со мои пари си ја отплаќам, Поршето никако не може да биде мое.
    Ако комшијата имал поголема среќа, или ете поспособен е од мене, зошто да не вози Порше?
    Ако му се чесни парите, негови се, што сака нека прави.

    Во туѓ есап не се мешам, ниту па ми е гајле дали комшикава моја оди пешки на работа.

    Оти ако нешто нај мразам е некој да ми каже на што треба да ги трошам моите пари.

    Како што имало ситуации, "при толку луѓе, ти кучиња храниш". Со мои пари ќе правам што сакам, а истото важи и за сите.

    Дали ќе купам пудра од 2000 денари, или нема да купам пудра и ќе купам нешто за комшиката, мое си е.
    Како што на комшијата Поршето си е негова работа.
     
    На SV1911, vitamina, kuc и 19 други им се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.899
    Допаѓања:
    173.516
    Пол:
    Женски
    @mareane :hug:
    @Shelea :hug:


    Синоќа не се наспав...си легнав во спална, овој мојов ГоТ пуштил до даска па едно време како се извадив од памет(facepalm) срцето ќе ми излеташе...
    Само што задремав кај 3и10 беше ми вресна нешто од долу:rofl: кога му се симнав:envy: намали малку глас па после не можев да заспијам. Таман задремав дојде да си легне, па се мести се превртува, ме фаќа со ладни раце... и го избркав да спие во друга соба:lol:
    Е убаво..тој спиеше дури до 4(facepalm) да до 16ч:D
    Јас ем неспиена ем се разбудив со петлите(facepalm) и цел ден ми е наопаку.
    Можам жив човек да изедам:D

    #ТраумиНаСтариГодини..

    Не знам што да готвам за утре. Ептен ми се јаде грав ама вторник е:P

    Требаше оваа недела да ја дувнам на едно место ама решив да почекам да видам татко ми дали ќе се оправи
    Иако не сум во СК, го мислам и него(facepalm)
     
    На vitamina, kuc, Peco и 23 други им се допаѓа ова.
  18. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    107.468
    Пол:
    Женски
    Добро утро мил народе!
    Темиве ни се храна,секс упс пардон кока кола, пари и оп депресија.
    Леле бурек јас сум умна :wasntme:но не сакам рецепт сакам некој да ми купи донесе и во кревет слатко и со сласт да го изедам.
    Е тоа сакам ама немаТ ќе си купам еден за на работа таму ќе го смажам за секунд.

    За јајца фарбање една женичка ми кажа вапцала со црвено вино чекам да ми каже постапка па ќе пробам и јас инаку јас најобични со црвена боја.

    1ви Мај ја би во некоја дивина ама маж нејќе таму па си мислам одамна имам желба да одам во манастирот св Василие Острошки Ц.Гора може таму ќе се оди а ако и таму не се оди или маврово или во село (весело:D)

    И такој мили друшки бидете ми умни како што сте ми убави.
    Чаооо!!!
    Повелеле
    FB_IMG_1536566918023.jpg
     
    На vitamina, kuc, Mr. Right и 20 други им се допаѓа ова.
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.753
    Допаѓања:
    176.089
    Пол:
    Женски
    Добро утро :sun:
    @mareane најсреќен друшке :f::f:
    Ќе ми извиниш што доцнам ,ем видов вчера на ФБ и пак заборавив да ти честитам .
    Не ми замерувај, не ми се сите овци на број .

    Немам што да кажам , некој безвеза период ми е .
    Одвај чекам маж одмор да земе и да се мавнеме некаде.

    Не ми се ни готви ,не ми се пегла ,не ми се чисти .
    А цревата војна водат уште од цуцулови зори . Ќе "игра" питата бурек ,гледам јас :tmi:

    Ај , имајте поубав ден од мојот :f:
     
    На vitamina, kuc, Mr. Right и 19 други им се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Да земам вака да ги фарбам, без јајца фарбани ќе останам :D
    Една табла фарбам секогаш, лани беа само црвени а оваа година може ќе прошарам пошто големата бара. Мада, она лани црташе смајловци со маркер по јајцата, оваа година пак бара сама да ги правела шарени. Ќе биде весело.
    За мајот требаше Берово да го видиме ама одложивме, после рековме кај моите да се собереме скара да правиме дека роденден на малото, ама ради сипанициве нема да го мешам да не направам беља поголема па откажав. На крај дома со торта и свеќичка и шетање до водно или матка ако е убаво времето.
    @Val-Dim секогаш се радувам кога ќе те прочитам тука :hug:
    Ај добро утро.
    Ноќеска спиена само три саати пошто направив беља со прстот. Доаѓа големата со топче полно со вода и риба внатре и ме молеше да и го извадам рипчето како што сме гледале на јутуб. Ај земав ножот и место да ја пресечам на пола топката, јас земав да правам дупка. Арно ама од една страна влезе ножот а од друга страна излезе и ми се збрца во показалец. На крај кујната беше ко хорор филм да се снимал :worried: Одвај сопре крварење, за малку ќе идев на дежурен :D
    Сега пијам кафе и се мислам од кај да почнам.
    Убав ден :f:
     
    На Val-Dim, vitamina, kuc и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.