1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    :hai:

    Баш денес јадев пилешки прсти, ама купени. Следната недела можам да направам како што викате вие. :)

    Се согласувам со @Sesil дека и ние како народ сме за никаде. Ни култура, ни срам, ни воспитување ни ништо.
    Појма немам дека е празник, а за тие лазаренки сум слушнал. Ама само сум слушнал. :D
    По Фејсбуци и Инстаграми со никој се немам. Ако сакате мој профил ќе ви кажам цена во иМбокс. :D

    @zhap4e ептен модерна. :) (hollest)
     
    На Желба, Sexybaby86, WildMk и 15 други им се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    За ѓубре и гнасен народ не ми се отвара уста. Во катна кај што паркираме луѓето фрлаат полни пелени, улошки, кори од банани обесени по шипките кај скалите, пикавци па дури и цели ќеси со ѓубре по ќошеви. Да не зборам "господата" во костими колку мочаат и вршат голема нужда по ќошеви. И истите тие се најгласни дека катната не се чисти редовно :envy:
    Колку пати дур се возиме накај центар гледам луѓе како од кола фрлаат ѓубре преку прозор и око не им трепнува. Во Центар во малите канти за ситно ѓубре се фрлаат цели ќеси со ѓубре зошто контејнерите им се "далеку", ќе се изморат ако направат неколку чекори од зграда :@
    Затоа, освен големи казни друго ништо нема да не спаси и освести. Не дека нема совесен народ, ама малку се во споредба со оние кои не се замараат и прават лом.

    Ручекот помина, да пијам кафе па бањање и спремање за вечер :makeup: :D Одвај чекам.
     
    На Желба, Skorpija25, KateKane и 21 други им се допаѓа ова.
  3. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    95.275
    Пол:
    Женски
    @lunicka кое црно Табановце,пишував летоска,после граница Швајцарија само што влеговме во Италија да видиш шо беше.Багра.М.м ги вика трансформери,и во право е.
    Не е до културата,и тука кај младиве изумира,мешани нации од цел свет се,ама им прпа од казни.Само по џебот удирање.И нема кај да се јавиш,и нема кој да ти ја скине.Во просек еден час неделно трошам на селектирање отпад.Свеста е огромна кај поединци овде,факт е,ама стравот од казни уште поголем.
    Во јак и функционален систем човек се менува за 24 саати.

    Ај добар ден:f:
    Ја арна,времево си ѕвони,ке одам на пикник-кафе со две колешки.
    Ручавме ладни сендвичи,кујната си остана чиста,мераци.
    Убав денов:sun:
     
    На bittersweet, Желба, Skorpija25 и 26 други им се допаѓа ова.
  4. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Легнав да одморам, ама не можам. Ме мачат некои мисли во глава, а кафето е добродојдено во секакво расположение. :)
     
    На Желба, Sexybaby86, ivi1987 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Значи, да признаам деновиве не ве читав. Мали настина, закашла, и со него обврски...денес ќе ве исчитам викендашки, ветувам. Во меѓувреме,некој контакт од вила, смештај, нешто во Галичник,било кое место. За Велигден да се "тупнеме"
     
    На Dust, Sexybaby86, ivi1987 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    И јас сум за кафе.:coffee:
    FD0D3AFF-4D65-43BA-8A3C-A01F8976D2CD.png
    Има и чај на масата кој сака нек се послужи.:lol:
     
    На Желба, Skorpija25, Dust и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    107.451
    Пол:
    Женски
    На Sexybaby86, ivi1987, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    99.585
    Добар ден лепотици:f:.

    Истерана шетња, ручек и еве ме сега на тераса лабаФко:D, додека не го фатам џогерот јер цимерката ми е само за друштво за кафе и цигара:D. Толку е од неа, другото е мое:bug:.

    @CameliaMiller да сте среќни и бериќетни, заедно старост и внуци да си дочекате:l:.

    Пак недела се наближува, еј|(. Нема куртул од тој ден и нема:envy:.
    Ајде барем долг продолжен викенд не очекува:sun:.
     
    На bittersweet, Желба, Skorpija25 и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.632
    Допаѓања:
    178.103
    Пол:
    Машки
    Честитки @CameliaMiller со среќа нека е. :)


    Немам што да кажам, уморен сум од работа.
     
    На Желба, Sexybaby86, ivi1987 и 17 други им се допаѓа ова.
  10. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.369
    Допаѓања:
    279.002
    Пол:
    Женски
    Искрено веќе ја отупевте со кудење на нашето,фалење на странството..Знаеме веќе одамна ама мора некој и овде да се мачи.
    И се овде некои други фрлаат ѓубре а ние не.Сите селектираме отпад,сите сме за казни,ама ако може да се сврти некој број за побрзо да се заврши работа ако или со 2оо гр кафе и виски кај докторот ако...
    Пред се на сите овде ни фали самокритичноста.Оти и ние сме дел од тоа,сите некаде грешиме и додека си се тапкаме по рамо дека ние сме океј ама некој друг не е се дотогаш бетер ќе бидеме...
     
    На Желба, Skorpija25, ALISA0000 и 32 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.398
    Допаѓања:
    260.076
    Така де, интересно е сите овде сме собрани кои почитуваме правила, не фаќаме врски и слично, а реалноста е сосема друга. За жал сите до еден правеме работи кои ни се удараат од глава. Општество е такво од самите нас, ние сме виновни и за култура и за политичари.
     
    На Желба, Skorpija25, Dust и 22 други им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    На Желба, Sexybaby86, Milobebence и 12 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Ова цело време го зборувам...

    Сакам општество по прописи...

    И на лекар, и на фризер, и на улица...

    Проблемот е што сфаќам дека некои немаат излез па подмитуваат разно-разни вработени во институции... ама искрено, за да собереш позади куче, не ти е потребен никој и нема причина тоа да не го правиш...

    Тоа сељачиштата што се јачаат со поршиња и фрлаат лименки низ прозор, госпоѓите што фрлаат пелени од прозор, верувам дека нема во оваа тема да ги најдам.

    Тука стварно никој не ми оставил таков сељак впечаток... додека ние си се жалиме, тие ладат глава и загнасуваат се' околу себе :D

    А не знам кој кажа, за нашите чим пројдат граница надоле одма им се враќаат стари навики.
    Не знам за сите, ама за неколку што ги знам, стварно е така.

    "Горе" вози колку што смее, не пие, појас става... дојде ли овде - одма обратно.

    Правиме Јулке... ама реално како што кажав, стварно не можам да замислам никој од тука, нас 20-30 души што сме константни, како се однесуваме како гнаси по улица.
    Може јас сама себе се лажам, ама така ете имам впечаток, не оти некој рекол "јас не", туку низ општи муабети проценуваш интелектуално некој до каде е.
     
    Последна измена од модератор: 21 април 2019
    На bittersweet, Желба, Sexybaby86 и 25 други им се допаѓа ова.
  14. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller
    Девојче мило честики и не една тулу три куќи заедно да изградите.

    П.с Конечноо:whew::rofl:
     
    На Желба, Sexybaby86, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  15. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.926
    Допаѓања:
    142.891
    Јас исто ко Вајлд што пиша, кога сум излезена, а нема канти си чувам во ташна и дома фрлам. Ќерка ми има 3г. Ја научив и неа. Сега кога јаде нешто по улица ме прашува "мамо каде да го фрлам ова". Ако нема корпа го ставаме во ќесата што сме пазарувале и носиме до дома.

    Кога беше ќерка ми бебе, ќе и сменев пелена ја ставав во торба и ја носев до дома. Не фрлав по улици.
    Селектирам ѓубре и пластика. Има човек кој доаѓа и ја зема пластиката. Хартија не .

    Е за врски , искрено оти си имам мака- фаќам! За да завршам побрзо за преглед, а не да чекам 2-3недели или месеци. Ама и тоа не е секогаш. И секогаш кога сум со врски се препотувам од срам и ми е незгодно, што ете, сум му земала ред на некого.
    Не сум пробала да подмитам никого. Сум давала кафе, благо, сок откако ќе ми заврши услуга некој за побрз преглед. За друго не сум ни имала потреба, фала богу.

    И ова не го пишувам дека сакам да се направам совршена, туку е искрено и не лажам. И се трудам да почитувам и правила и ред во сите институции.
     
    На bittersweet, Желба, Skorpija25 и 25 други им се допаѓа ова.
  16. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.791
    Допаѓања:
    214.332
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20190420-193351.png

    Еве еден пример за пофалба дека нешто работиме;) во градов наш, не само на збор туку со дела,горда сум и на класнето и на децата и на сите кои се приклучија.Не сме сепак сите исти,некои си сакаме чист град.И не е прв пат,недели уназад,се чисти низ градот,некои ѓи бендиса,некои не...
     
    Последна измена од модератор: 21 април 2019
    На bittersweet, Желба, Skorpija25 и 22 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.421
    Допаѓања:
    183.803
    Пол:
    Женски
    Јас за ова зборам.
    https://emagazin.mk/site-bolesti-da...qWN21uiHotZ-NBA7v4pxE-Ofm4hS0Rt_BKt_6LurVYwiQ
    Не ми текнува дали има обезбедување во зоолошка и ако има, каде било? Од ова си патиме. Искрено, јас не сакам да ме ставате во ист кош со вакви луѓе, затоа што јас ваква не сум. Никој од моја околина не е. А тоа што кажа Камелија, обично можеш да процениш на кој и до каде му е културата.
     
    На bittersweet, Желба, Sexybaby86 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.483
    Допаѓања:
    91.213
    Пол:
    Женски
    И во Италија има ѓубре по улици.
    Лани бевме Рим.
    Ваква слика се гледаше ,баш карши Колосеумот,а не се Македонци таму.
    https://m.dw.com/hr/rim-tone-u-smeću/a-19453160
    Не дека ние сме еко известени ,ич не сме,ама дека имаат некоја високо развиена свест таму баш и немаат.
     
    На Желба, Dust, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.176
    Добар ден друштво...:hai:
    Денеска слободен после дваесетина дена, па чудно ми е, не знам што да правам дома, се навикнав да сум нон стоп на работа...|(
    За хигиена сте збореле... воопшто не ми се прави муабет на таа тема или пак споредба помеѓу нас и други држави .... не сфаќам дали е тоа заради колективната свест, заради казнена политика или има некоја друга причина, ама мислам дека сме на дното во чистота.
    За врски не ми се прави муабет... :x
    Среќно @CameliaMiller
     
    На bittersweet, Skorpija25, Dust и 29 други им се допаѓа ова.
  20. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    20190420_193335.jpg Повелете блашко, да не прочитав тука ,немаше да знам дека е празник денес од толку обврски што имам деновиве
    Доста стресови и лоши вести изнаслушав деновиве и со здравјево нешо не ми ок , не знам зошто мој термин постои кога нема термин ? Ако имаш пари ќе одиш на приватно ,а ако немаш ? Е тоа деновиве ми се дешава
    Туку ме интересира што правите со теглите што ги фрлате во што ги ставате , гледам подрумот ми е полн со тегли па сакам да се ослободам од нив
    Пластика собирам во посебни ќеси и или во училиште носиме или на порта закачуваме има човек што поминува па си ги собира ,а хартија во печка кај мајка ми , надвор отпадоци ако има канта во канта ,ако не си го чуваме до прва канта што ќе видиме а некогаш и до дома .Може така ми се присторува ама од лани наваму многу ретко да витам канта за отпадоци ,како повеќе да имаше порано :?:
     
    На bittersweet, Желба, Skorpija25 и 25 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.