1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    На гласачко место си?
     
    На M&M, gjoker4e, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.488
    Допаѓања:
    184.715
    Пол:
    Женски
    Истото денес го кажав :D Изи мани, освен ако те стават на некое избирачко место кај што има мнооогу гласачи.
    @Peco го прескокна Тинекс 8-|
     
    На Желба, Sesil, Mr. Right и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.915
    Допаѓања:
    173.615
    Пол:
    Женски
    Хелоу|-)

    На гласање нема да одам, далеку е Скопје:D не се замарам немам толку време...

    Вчера не успеав да ве исчитам за културата и развиеноста..

    Од искуство можам да пишам нешто... уште далечната 2011 ми беше чудно сред Менхетан луѓето им постилаат весник на миленичињата и го собираат во ќеса после тоа:wasntme:
    Беше чисто..прилично чисто. Но јас бев на 300-400 метри од Т.Сквер, таму секогаш интензивно се чистеше..
    После кога прошетав и низ други градови видов дека и таму е исто..
    Братучед ми живееше во Њу Џерси и таму во нивното "гратче" можеше и леб по улица да јадеш..
    Сега кај што се е уште почисто(facepalm) ама сега се во баш елитна населба па ништо освен чисто не се толерира.
    Сум шетала на многу места низ Европа и центарот секогаш бил чист..отпушок што се вика не можеш да видиш на земја..
    Ама кога ќе дојде шатлбасот по мене и ме изврти до краевите на градовите, често гледав купишта ѓубре.. ми текнува во Рим кога не носеа до аеродром колку ѓубре видов (ова во склоп на линкот негде погоре) .. мислев дека сме на некоја депонија
    Во Македонија се нешто не ни чини, ама не почнуваме промени од самите нас.
    Еве еден пример - улични кучиња..
    Во Скопје изедоа еден куп луѓе. Во Берово има улични кучиња за цело берово да вдоми по едно. Ама никој не е каснат од улично куче до сега. Лаат, ќе ти се навртат околу тебе и може и да се исплашиш ако си турист.. ама никако нема да ти скокнат, повеќе сакаат да ги погалиш за да си играат. Колку и да изгледаат страшни и големи, ние си ги галиме и тоа го очекуваат од секого што ќе го видат. Во ск ќе те изедат затоа што се тепани..

    Ѓубре по улиците има и тука иако значително помалку од мојата населба во скопје. Тоа е затоа што свеста е на малку повисоко ниво а канти има насекаде. Вчера и нови ставаа, се спремаме за новата сезона:)

    Па викате луѓето бегаат, епа бегаат. Вчера го видов дечкото што требаше огради да ни става, се вратил од Хрватска по 2 месеци престој. И тоа тој има занает, не е општ работник. Вика - со тие пари кога ќе платиш смештај и храна не остануваат многу
    Ќе продолжи тука да работи..
    Проблемот е што кај нас има многу неквалификуван кадар. Ако мене ме прашате гимназиите ќе ги укинам уште утре. Тој што не сака да оди на факултет нека заврши некое стручно и нека има занает. Сега веќе уште од основно знаеме децата кон што ни имаат наклонетост. После толку курсеви и работилници за деца, да не знаеш детето што сака да ти биде....
    Убаво е да знае нешто да работи.
    Тој што сака факултет па и магистратура нека си се специјализира во една област. А не имаме електричари што местат плочки и ставаат водовод а на крај ниту една од трите вештини не ја испраксирале како треба ...
    Епа никој нема да те викне да работиш ако си приучен.. така и нема пари. Па македонија не чини а ти ни врвците не знаеш да си ги врзиш..ќе оди по европа ќе работи како хигиеничар и тоа е, видел убав живот..Не ги потценувам хигиеничарите, напротив. Тоа е прилично тешка физичка работа. Ама не бара големи квалификации...

    Или пак сите викаат платите се мали...ОК платите се мали. Никогаш и никаде не сум рекла дека со 12000 може да се живее.
    Од друга страна пак кога одиме на пазар викаме - ееее компирот 50 денари, јагодите 130, јаболка 40. Ама е скапо... скапо е, затоа што ако не е нема ќар. Ќарот се губи некаде помеѓу производителите и потрошувачите..поточно кај посредниците.
    Единствено досега за што не ми рекле дека е скапо е нашево сирење. И буквално и самоуверено сум рекла дека и 450 да го давам пак ќе дојдете по него ..
    Јагнето се продава 120ден жива мера. Што би му дошло 220-240 кило. Арно ама 400 е за Велигден а и редовно не е поефтино.. пак трговците тријат раце.
    Кога не знаеме да се организираме, друг не организира а ние ќе плаќаме.
    Идеме во Грција и 50-60 евра апартман не ни е скапо ама во Берово, на Пониква и слични места 25 евра е веќе скапо. Во Скопје и Охрид не е скап истиот апартман за 40евра.. а трошоците ни се исти дури и поголеми во зима затоа што не знаете колку дрва се потребни за да се стоплиш на -25 или -30:D
    Кога ќе воведиме исти аршини за сите, тогаш може да прајме муабет..
    Малите фирми не можат да опстојат од давачки за да даваат големи плати затоа што не можат да ги пласираат производите надвор од земјава без хасапи, исо, мисо...20+ илјади евра за сертификација. Никој нема толку одвише а не се ни субвенционира тоа..
    Имаме огромен потенцијал. Мислам дека нема што не може да се произведе во земјава. Ама бирократијата е мизерна.
    Големите што работат за извоз можат, ама тие се големи газди па им се може..доста се 12.000. Да не зборам за еден куп субвенции до кои имаат пристап а ние немаме.
    Не ги кривам луѓето што си заминале..ја кривам државата што не успева да направи поволна клима за микро и мали претпријатија.
    Јас како микро фирма можам слободно да си "направам" работа за барем уште 2-3 души ако владата се заложи за поедноставување на работите. Ама па кога ќе пуштам оглас за работник, нема да се најде ни за 30.000 плата ..
    И да знаете дека конкретно во Берово за 3-4 год нема да останат луѓе ни за таа плата..најсериозно.

    И уште нешто...има илјадници занаетчии што не плаќаат никаков данок ни приходи ни ништо.. сивата економија е огромна иако викаат дека ја намалиле. Како да не..нека дојдат да видат како се заработува во малешевијата на црно:!: јас 18% ддв, придонеси, плати, сметководители, фискални каси, одржување на сметки... а тие паричките во џеб...
    Да живее Македонија|(


    Нема потреба да го читате спојлерот. Тоа сум само јас наапана откако ми побараа да имплементирам еден од стандардите што кошта илјадници евра а други на црно го работат истото и ни дозвола од ахв имаат ниту пак ги прават работите во добри хигиенски услови. Не сакате ни да знаете...не сакам ни да ви скршам филм затоа што сигурно дел од вас купиле такви производи..па нема да зборам..
    И другото барање за регистрација на мандра.. очигледно е дека врска немаат бирократците што значи живот на барем 5км од било какво патче..



    Уште 9мин и 19 часот..
    Во исчекување сум:lol:
     
    На bittersweet, Желба, Skorpija25 и 37 други им се допаѓа ова.
  4. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.101
    Допаѓања:
    119.458
    Пол:
    Женски
    Додека те прочитам,дојде 19 ч. и јас уште 15 мин имам до дома:D
    Не сум со автобус:!:мажето ме зема од ск:inlove:
     
    На Желба, mal.ecka, ♡BuBaLe♡ и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.915
    Допаѓања:
    173.615
    Пол:
    Женски
    :D
    Ќути како сум накурчена да ми извините на израз се ми е преку глава дојдено:D
    Сакам многу да пишам на темата микро и мали бизниси ама секогаш некој ми скокнува дека платите се мали. Во ред мали се јас не реков дека не се, отвори си фирма и плати се што плаќам јас па да видиш колку остануваат(facepalm) не кукај дека се малку 12.000 ..сама напрај си повеќе:lol:


    Немав намера да испишам толку..ама се растипкав.


    Алал да ти е колку внимателен маж имаш:)
    Мојов нема со прст да мрдне за мене:D
     
    На Желба, mal.ecka, ♡BuBaLe♡ и 20 други им се допаѓа ова.
  6. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.852
    Допаѓања:
    95.313
    Пол:
    Женски
    @Dust многу убаво кажано:bow:
    Да знаеш дека си ми еден од најпозитивните примери за борбеност во една држава ко нашата.Не ми делуваш воопшто на.урчено,многу сеопфатно ја опиша бизнис-состојбата.
    Ептен ти се восхитувам и на подвигот Ск-Берово,обично е обратно:)
    Алек ако не чита,да знае дека има ѕверка партнер и треба да е особено горд на целата твоја посветеност и истрајност во секој поглед.
    Јас од срце ти посакувам успех(y)
     
    На bittersweet, Желба, Skorpija25 и 29 други им се допаѓа ова.
  7. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.383
    Допаѓања:
    78.149
    Пол:
    Женски
    Абе работата е, фали странство, живеј во Македонија :D
    Северна Македонија де.

    Слабо гласачи денес.
    Дали тоа знали дека дури беа красните патриоти, се полнеа гласачки кутии?
    А таман мислев дошол животот, да паковам куферо и да се враќам 8)

    Странството е кој како си го сфати. Дали дошол да живее тука или печалбарската, да шпара за дома да троши.
    Е да треба еден да работи во странство, и тука да плаќа сметки, и дома фамилија да издржава, е брате мили, не стигаат.
    Или ќе си фатиш тешката работа кај што нема забушавање и ќе земаш 4к на месец. За 26 работни дена во месецот.
    Тука имаат милиони нивни што сакаат работа во администрација, клати врата земај плата. Сигурно нема тие места на нас да ни ги дадат. Тепаат кој не сака така среден живот на тацна даден.

    Главата уште не ме слуша. Се напив апчиња, белким се подобри малку стањето.
    Ни кафе не пиев мме.
    Здрав човек има 1000 желби. Болен само една, да оздрави.
    Бргу заборавив како беше 2 недели приклучена на апарати.
    Еден ден и мене умот ќе ми дојде.
    Ама па што ќе ми е за еден ден
     
    На Желба, ♡BuBaLe♡, Sesil и 18 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Денес ми е ептен без веза денот.. ни на гласање не појдов.. Прв пат да пропуштам гласање..
    Ај фил лајк шит.

    Поздрав до сите :hug:
     
    На Желба, ♡BuBaLe♡, Sesil и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.915
    Допаѓања:
    173.615
    Пол:
    Женски
    Фала ти:*
    Јас пак ќе имплементирам шити стандарди без субвенционирање. Нема проблем. Ќе одам ќе поработам во тугина неколку месеци по 12 саати и пак ќе излезам како "победник" .. оти тука 10000 евра да имам чист ќар и да ги тупнам во нешто хартиено, никад нема да се случи:D
    Само да видиме тогаш колку македонците би купувале македонски еко производ без сертификација за органско:D
    Пошо и таа кошта "миљарди" и 5 години се утепуваат пред да добиеш хартивче на кое пола МК не му верува:tmi:

    Алек..чита тој од време на време:D сака да трола многу па го држам на кратко синџирче:lol:
    Не оти и он е свесен на што се сум спремна.. ме мисли и он за забегана :drunk: :rofl:
     
    На bittersweet, Желба, mal.ecka и 23 други им се допаѓа ова.
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Не гласав и никогаш веќе нема да гласам, особено сега откако сме Република Северна МаЌедонија.

    Шетња, ручек, пак шетња и сега тек се прибравме. Да избањаме дете, да ја легнам, па ќе гледам да ве подружам вечер.

    Инаку имаме закажано термин за бебка во Систина на 7 мај. Го чекавме 3 месеци. Да ти се плукнам и во папа и во слични глупости, ни спотребал, колку да ни изремети се’ :^) Сега изгледа пак ќе треба да чекаме за термин којзнае колку.

    Ај отидов, ме брка бебка, морам да трчам :D
     
    На bittersweet, Желба, Skorpija25 и 25 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Шоако сме Северна Македонија па и ти...
    Исти ку*ац ми е како се викаме.
    Шо име и да ни клат, па исто говно ќе сме.
     
    На Желба, ♡BuBaLe♡, Sesil и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Така е, името ми е само причина плус да не губам време на гласање. Не вреди.
     
    На Желба, ♡BuBaLe♡, Sesil и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.722
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Имам другарка од опозиција и ми кажа дека со оглед на слабата излезеност, накрај изборот за претседател може да се спровело во Собрание....
     
    На WildMk, ♡BuBaLe♡, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.417
    Допаѓања:
    279.592
    Пол:
    Женски
    Ваквата слаба излезност е правата, за жал тажна слика на нашата ни земја.На народот веќе ама ич не му е гајле кој ќе дојде ,зашто конечно се свесни дека сите се исто ѓубре.Сите знаат дека овде нема иднина и си го бараат чарето надвор.Но една позитивна ствар според првичниве резултати е што луѓево барем тие што останаа веќе знаат да казнуват лоши политики,лошо водење на било која страна .
     
    На Skorpija25, V.odolija, WildMk и 19 други им се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Да, на крај се бира во Собрание. Така и мислам дека ќе изберат на крај.

    Баталете политика ај.

    Мм го пратив да ја успие малата, не сум седната денес. Ги измеривме сите улици низ маало, лулашки, школски дворови и што не. Сега ми текна дека уствари и немам пиено кафе од 8 сабајле, ама касно ми е да пијам. Па си турив кока кола :D Вистинска, дека една пиев сабајле пред да се разбуди бебе :$

    Ќе шетате негде за празнициве? Јас не, дома ќе бидеме. Шетање во јуни здравје, да доискористам деновите од стар одмор.
     
    На bittersweet, Желба, Skorpija25 и 20 други им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.237
    Допаѓања:
    330.150
    Пол:
    Женски
    Б*м ти и гласање и све
    Неам поима ни кој води нит ме занима

    Го минавме пола ден Вруток на риба.Полно беше со луѓе па и времето фино се погоди.Кај и да си само дома да не си :D
    Малата се дереше на цел глас Каде ми е ручекооттт :worried: иначе мислам она е една од ретките шо иде у кафана брокула да јаде :rofl:

    Имам една Александрија незнам дал да ја отворам :^) маШ на забар отиде :makeup:

    @CameliaMiller веќе ти честитав на фб.Ама и овде ајде
    Вечни и среќни да сте..:hug:
     
    На John Snow, Skorpija25, V.odolija и 34 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.017
    Да.
    Од моментот кога добив решение на работа, на сите избори.

    Најјако беше првиот пат кога ми се јавија, 2 месеци може како имав решение, и им објаснував дека јас никаде немам аплицирано :wasntme: и од кај им е мојот број?

    Таа од општина едвај се воздржа да не ми се изнасмее и да ми објасни дека никаде не се аплицира, туку општината те избира оти работиш државна работа.
     
    На Желба, WildMk, ♡BuBaLe♡ и 19 други им се допаѓа ова.
  18. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller честитки!

    Немам шо да кажам, за изборите ќе видам на крај резултати. Имам за пеглање. Цел ден надвор со мали.
     
    На Желба, WildMk, ♡BuBaLe♡ и 14 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.017
    Околу гласање... секогаш гласам.
    Имам гласано и за едните, и за другите, и за трети.
    И поништено ливчиња имам.

    Според мое мислење, кое не мора да е точно, подобро да поништам ливче него да не гласам.

    Или како мои комшии, што си гласаат за Бетмен, Чак Норис... :D
     
    На Желба, WildMk, ♡BuBaLe♡ и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.528
    Допаѓања:
    91.522
    Пол:
    Женски
    Не гласав.Нека нема цензус.
    Требаше да мислат одамна на тоа,нема да правам услови само за да се избере претседател,а никакви кандидати.
    За мене слабата излезност е став и воедно победа,дека народов почнал да мисли со своја глава,а не да исполнува нечии желби.
     
    На Skorpija25, WildMk, ♡BuBaLe♡ и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.