1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.682
    Честита слава Серафимке, сега прочитав дека ви била :* За многу години нека ви е, сите здрави, живи и весели! :l:
     
    На ozbilnazena и Serafima им се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ете и јас се прибрав, па да шкртнам малку овде.
    Домаќинке пројдов и без секси веш.:makeup: (hollest).
    Ту 2 дена ме нема па не можам да се изначитам. Ова моево како на нож да сум го задоила, само урла од сабајле главата тапан ми ја направи.
    Од ова децава на ред не можеш да дојдеш да се пожалиш дека нешто те боли, ама како велат: „Над 40 кога ќе се разбудиш од сабајле ако ништо не те боли значи дека си мртов“
    Добро ќе ми дојде едно од она што го донесе @ozbilnazena наздравје.
    @Moira во Бјана види сега скоро гледав убави салонки на таква штикла.
     
    На Annath, ozbilnazena и Moira им се допаѓа ова.
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Се пријавувам за дружба(highfive) Иако се наоѓам во страшно турбулентен период. Откако почнав и хонорарно да работам, немам време ни на вц шоља како човек да седнам. Малечкиот е зависен од мене, како хероин сум му и вришти, плаче се затајува, ако не ми е во раце додека сме дома. И цело време ми виси околу врат. Ќе се заигра 5-10 мин. и пак како лепенка за мене. Ми стана како акцесоар.:D Свекрвата ме заобиколува како да имам лепра, страв ли и е од обврски, ништо не ми е јасно, амауште се нуди со пола уста да помогне, иако во најголемиот број случаи кога ќе и се јавам за чување, ме откачува. За големата нема проблем, ја чува, ама таа е самостојна, а ова е бебе и плус сака постојано внимание и носење во раце. Мајка ми, таа ми е единствениот столб во моментов на кој можам да се потпрам во секое време.
     
    На mal.ecka, Annath, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.754
    Пол:
    Женски
    Недеља и сви сте ту а мене свама немааааааааааааа:rofl:

    Си добив екстра подоарок денес, дојдоа од сабајле свекорот и свекрвата и ми ги собраа децата:lol:, со мм се договаравме, јас ќе одам кај пријателка да ме исфарба, после со другарка ми да се видиме на кафенце а тој ќе одел на утакмица и на пивце со другарите.
    Собраа децата ај демек да подлегнеме 5 минути, фативме кревтот и не станавме веќе, како заклани сме спиеле 12 часа.:D
    Ни ги донеле децата, ги избањале, средиле ама за малава немало веќе млеко а на свекрва ми и било жал да не буди ама малава кога веќе се распиштела за млеко а мајкава спие, дуфта ич не и чуе да се разбуди ми направила кафе и ми го стави под нос, како од цртаните одма окорив очите.
    !0 минути ми требаше само да се отплеткам од мажот, за 12 часа сме се сплеткале со раце и нозе бетер од гордиов чвор:D не се знае кај почнува едниот а кај завршува другиот, тоа ти се случува кога имаш маж -октопод:Dуште пола саат ми требаше да се освестам на која планета се наоѓам па да си дојдам при себе, не паметам од кога немам спиено повеќе од 3 саата поврзано.
    Свекорот и свекрвата ми се тхе бест.:*

    Сега сум регенирарана за сите пари, може треба да пишувам кај пубертетлиите, сопругот ми вика уште да можев да те исплескам и денот ќе му бил перфектен.:P

    @Annath добредојде назад, фалеше многууу.
     
    На JuLleE, Barbie20, Adi888 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    @Gea [​IMG]
    @Daleron не се ни сомневав во тебе.Абе зрелост е тоа не е играчка.[​IMG]
    Не се ни сомневам во тебе @Serafima .Нестрпливо те очекувам на ф.инстаграм.Па и овде,и биди спремна да те гњавам за рецепти.
    Одам да пеглам,перам,бришам и готвам.А за попладне се спремам да изгледам некое добро филмче.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :)
    Немој да ми најдете замерка ако напишам некоја глупост затоа што утрово нешто не гледам добро.
    Станав сабајле и одам во кујна да сварам кафе гледам надвор времето катастрофа Скопје под магла...Испив кафето со едно пет-шест цигари па во дневната соба направив магла :D си викам ајде доста беше седење да станам да го пружам тоа белиот веш што се переше ноќеска на ефтина струја :)Излегувам на балкон кога што да видам магла прст пред око не се гледа тоа комшијата вари ракија ја чадосал цела населба :@. Ја ставив сушарата насред дневна ги ставив алиштата,кога ете ти ја ќерка ми станува од спиење. Јас и викам добро утро мамче,а таа одговара ми се јаде. И викам сега ќе ти направам сендвич,а таа лепчиња пржени сакам. Ајдеееее ..... Се мислев каде да ги ставам перениве алишта дали е подобро да мирисат на чад или на прегорен зејтин ама решив да ја одвлечкам сушарава во спална.Испржив тоа лепчињата толку се зачади куќава не можевме да се видиме со ќерка ми,па отворив врати и прозори да влезе малку од тоа маглата на комшијата :D. Сега се движам по дома како зомби матно ми се гледа,глава ме боли,ама си викам за ручек риба ќе пржам :D и ќе отворам врати и прозори за инает за да му замириса на комшијата]:)
     
    На Annath, Serafima, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Ич да не се секираш си ги погодила сите букви.[​IMG]
     
    На mal.ecka и Teodora* им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Доста си се разготвела ја усмрде цела околина до кај мене мириса.(highfive)
    Оди помогни му на комшијата во варењето ракија. Нели бе забранија правење ракија во двор???
    Едит:
    Ти мор нели отиде да праиш чистка низ дома?
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    99.899
    Пол:
    Женски
    Ц,не можам да го одлепам задниов дел.Како со супер лепак да сум залепена.
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Супер лепак наречен Фемина.
    Јас сите 4 у вис ене ја мама ручек праи, малово човече отиде на математика раат шо да ти кажам.
    Како 2 јатрви се бре стално се ’рчкаат нешто. Генерациски јаз од 60 години.
    Па и ова мамево бар да премолчи! Не може божеееее, до кога ќе издржи оваа мојава тиква.
     
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Еве ме и мене. Во пиџами, со кафенце, како некоја госпоѓа еден час .После со брзина на светлината ќе се спремем за на работа,но овде морам да чкртнам.(wfh)Ама пак кога ќе се подзамислам малку што би работела дома освен што би се дружела тука со вас или со некоја моја комшивка да тропаме празни муабети:talk::talk: и испиеме по некое кафе коментирајќи за фулџаните на Браво , Елите,за да го занемариме вкусот на кафето.
    Ма не ни важно.
    На овие новите ни име не им знам освен на капучиното.
    Абе само јас ли паметам Дифката ?:D:coffee:
    Ја има ли некаде по продавниците во голимите градови?
    Серафима со мало задоцнувње честита слава и не се радувај пред враме што си имала помалку гости ,јас имам повеќе гости другата ден по славата.
    Што би рекла
    Теси Балкан и се е можно.
    Ако ме примиш сакам Дифка.:coffee:
     
    Последна измена: 9 ноември 2014
    На lunicka, Serafima и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  12. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Што да се готви денес?Ставив гравче да се вари за утре, а денес би нешто полајт ама незнам што. Дајте идеа!
     
  13. Teodora*

    Teodora* Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Абе забранија ама човеков нема на грозјето што да му прави ;) ако дојдат ќе ги части по некоја чашка домашна ракија ;)Јас морам да готвам инаку мене ќе ме јадат :D а тебе блазе си ти со сите четири во вис.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.366
    Пол:
    Женски
    добар ден и од мене....мамурна ко денов...а за волја на вистината сум поспала нокеска ...синко стана само еднаш накај 4 и спиеше до 8 и 30....
    преспива сега па во тој еден час да ѕирнам што има ново , да доправам ручек и после пак исто па исто...преслечи ,нахрани,викај не таму -не гибај...(мислам дека последниве два месеци и не знам други зборови),собирај играчки по милионити пат во денот...--ова за ариел да ја охрабрам за бебе...инаку и јас така се осмелив за второ...почна да ми фали бебешкиот мирис и гушканјето-потполно те разбирам

    јас и ти може башка клуб да си оформиме и јас сум близу 36 со годиначе второ дете...уште сега му велам стара ке бидам ти кога ке стигнеш за во училиште...
     
  15. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.178
    Допаѓања:
    145.366
    Пол:
    Женски
    пиперки наполнив за денес...со надеж дека ке остане некоја и за утре-да прескокнам еден ден готвенје
     
    На lunicka и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  16. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Здраво женски :*
    Еве неколку дена се мислам дали да пишам на темава,бидејќи не спаѓам во ниедна од наведениве категории од анкетава,ама пошто сум мајка,сопруга или така кажано домаќинка решив да ви се придружам :) Настрана тоа што тука ми се омилените озбилнажена,серафима,луничка,имелда и ај да не ве набројувам сега сите...само да не заборавам да ја поздравам аннатх мило ми е што ни се врати,незнам зошто ама баш ми фалеше.

    Туку ај да не се размуабетувам сега ме чекаат едно стотина непрочитани страни психологија (facepalm)
     
    На Annath, lunicka, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    56 сега засега....машала
    Нека ставаат они слики од баби и дедовци,нам ни е убаво во својата кожа.(hollest)
    Уживам во неделните пладниња после направена генералка.
    Се е поубаво кога мириса на проветрено и чист есенски воздух.
    Бебо мирува и тоа ми ја пони душата.Стравот си постои но кога е денот исполнет е по поднослив.
    Имајте убав и спокоен ден.
     
    На Annath, lunicka и Serafima им се допаѓа ова.
  18. bucimir

    bucimir Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Добро утро девојки, а бе вредни одсабајле, кој испрал, кој ручек .... јас легнав во 12, таман легнав -- си станав , малото плачеше па млеко, па нишање, па нече да спие и фати два саати горе долу. И таман легнав пак, стана маж ми, зел тропа, шушка, паѓаат работи ...уууууфффф, ми се чинеше папуча да фрлам. Видов не видов, станав и сварив кафе. Сега демек читам диета, ова килажава ме нервира ....баш после ќе видам дали нешто ми чини од лани .
    ојдов сега уште едно кафе да праам, некако матно ми е :tmi: бујрум на кафе!
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.013
    Чекајќи сликички од Серафима во Фемина Инстаграм ( нека ви е за многу години славата Серафимче), ја видов питата на Далерон и сега ќе немам раат додека и јас не засукам ракави. Ме чешаат нешто рацеве за сукање веќе некое време, ама изгледа дојде денот.

    Инаку, ме дрма некое предновогодишно расположение уште сега. Вака е неколку години по ред во ноември. Родендени, годишнини, собиранки, празничен дух низ град, Christmas carols низ продавници и на една недела пред Нова година веќе ми се темни пред очи од греано вино, колачи, украсени елки и почнувам да сонувам морски галеби.

    Одам сега да барам инспирација на Пинтрест за колачи и украси уз чаша топла чоколада. Пријатно неделно попладне од мене.
     
    На Annath, SV1911, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Детекторите кажаа немам ебола, ама капитулирав бе.
    Болна, затната, грло ме боли а нос ми збори.Од нигде никаде вчера една денес грев.
    Луничке, ако почнам до утре малку е.
    Дочек од нашинците таму за помнење, солзи радосници, со некои се немавме видено со години.
    Две свадби и едно крштевање, посета на Њу Јорк, Ну Џерси и Чикаго, од Чикаго се вратив потешка за илјада долари, мерак мор да ја испробам среќата на игрите на среќа.
    Иако така поискусните во коцкањето удрија едно зафркавање на моја сметка.
    Ама ја знаеш онаа народната - Кој последен се смее најслатко се смее:D
    Ко за прв пат без пот си здиплив илјадарче:nod: Кое ми го здиплија децава вчера:D
    Добро де остана нешто ситно и за мене:)
    Нови пријатели, нова килажа од вечери и ручеци кај роднини и пријатели,покана за летување
    и покана за посета на Канада.
    Нешто ново, поинакво од мојот печалбарски Берлин...
    Инаку маж ми и мама денес засукаа ракави и ручек направија, тако речи и со чај ме подуа.
    Што да ви кажам, еден вика друг нечуе.
    Малово вели ќе те прати човек на шетање ќе донесеш кивање.:^)
    Ај на здравје.
    Клин со клин се вади, велеше дедо Боге.
    Отидов да ја најдам ракијата скриена од питај бога.:d:
    Имајте убав неделен ден :hug:
     
    На Annath, SV1911, vinozito1 и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.