Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.459
    Допаѓања:
    190.869
    Ај сега објасни молимте како ќе крахира нешто што е шупливо, со тоа што ќе биде празно:^)?
    Значи административните работници земаат пари од буџет, не генерираат профит. И казни да наплаќаат, од џебот на народот земаат, и даноци од народот се земаат. За да генерира профит, треба да произведува нешто, па нештото да се продава и да има додадена вредност, значи приватен сектор, производство, еве на пример од млеко-сирење ваљда @Dust знае... Банки кои наплаќаат камата генерираат профит ама не креираат додадена вредност, и нивното е од шупливо во празно, нивни профит за мои/ваши пари.
    Никогаш не успеав да сфатам како уствари фунционира таа држава, без приватен сектор, без нешто конкретно да се има како производ, кој усвари ја рани администрацијата, од каде пари за пензии??? По се изгледа на кредит се функционира:worried:
    А и за образование треба стратегија, не од денес за утре. Не може до вчера за сите факултет, од денес за никого. Инаку и во поразвиени економии (еве гледам во моево село), најголем интерес за средно училиште има за гимназија и ИТ, за занаетчиските значително помалку. Ама, поинаку ги учат децата, поинаков е светогледот на родителите. Мислам реков еднаш- лошо ги учите/учиме децата во МК. Никој за ништо не сака да се потруди, сите сакаат да имаат се. Да не објаснувам што како, јасно е.
    У мое село, нема срамота од работа, на кој не му се учи, има работа во фабрика, во продавница. Од 18 години, изволте самостојност. Нема живеење со родители до 38, нема мама ќе ми остаи стан, партија ќе ми најде работа, цк...Па плаќај кирии, имај фамилија, деца, кредити, се што треба. А самостојноста и слободата секој си ја цени, па и повеќе есап има во тоа да почне да работи на 18 отколку да троши уште 3-6-10 години на високо образование...Е после нема доктори за да ги лечат... Ама дури некој доктор да стане на 30, овие на 35 може внуци да имаат и да мислат на пензија:D. А може и да работи и факултет да учи, ако му се учи на некого. Има и јаре и паре, ама напор треба, нигде нема easy money... И то...
    Секој со својот памет и среќа
    ПС. Знам на времето во Германија имаше квоти за доктори (демек пресметале дека во даден период од Х години, не им требаат нови). За доктори, еј. А во МК во секое време од сите кадри им требаат луѓе, на пр. општествени науки и од тие новокомпонираните факултети за јавна администрација (мислам и такво имаше). Никого нејќам да навредам, не сте вие виновни ако сте избрале таков факлутет, виновен е тој што одобрил таков факултет за трошење битни години од животот. Оти после употребната вредност на таков кадар е ...хм.. непpоценлива:?: Или ко она, балерини ќе вработуваат во ЕСМ:headbang:
     
    Последна измена: 23 април 2019
    На Желба, M&M, gjoker4e и 7 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Да бе.. зато брат ми со електро факултет нема работа во РЕК. Нема ни за со средно! Електро средно! :rofl:
     
    На gjoker4e, CameliaMiller, ivi1987 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Како? Замисли да 'ти се истурат' наеднаш, 100.000 невработени...
    Еве и 50 нека се.. 50.000 кои до сега си земале редовно плата, плаќале сметки, купувале храна, облека, запишувале деца во школи, ги лекувале, а и сами тие се лекувале со тие пари...
    Наеднаш ти се на улица, без никаков приход...
    И шо прајме?
    Колку е просечна плата на буџетар? 300 евра?

    За еден месец, тоа се 15.000.000 (15 милиони евра) месечно да ги 'снема' од пазарот...

    Нема купувачи, немаат промет произведувачите и продавачите...

    Опп.. еве ти заради овие 50, уште 50 илјади други невработени, пошто приватниците не можат да си ги платат трошоците...

    После тоа, ионака распаднатиот Пензиски фонд, ќе се струполи, оти ќе нема од кај да зема пари, исто и останатите буџетари...

    Ко домино има да падни се'...

    Не се прај наеднаш.. Треба многу добра стратегија... Долгогодишен план...
     
    На Skorpija25, m.i.g, kuc и 14 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    101.686
    Пол:
    Женски
    Внимание!!!
    Денес сум мрчаторски и пцувачки расположена...се ми е преку....глава да речам...
    Сите што зборувате дека треба да се работи некој занает,а клатите врата и уживате во бенефиции на државата,и сте како заштитени мечки,немате право да зборувате зошто толку млади запишуваат и завршуваат факултет.Затоа што не е лесно да си занаетчија,зашто не е лесно да се излезе на крај со ограничен работодавач,зашто не е лесна физичката работа.Еве ,денес од тежина превртев жила во рака.Знаете колку боли?Не,не знаете зашто ...па колку ли тежи пенкалото.Требало мозок да се употреби?Ахам...да...
    И на крај на ваков муабет,ќе кажете па кој ти е крив што ти не си завршила факултет? И оп,се побивате сами себе...
    Се прашувам кој циклон надвор владее,ми ја превртел шефлерата и ми се скршила,беше цело дрво,со години ја чував...:@
    @TeddyGrey ,сочуство...некои празнини никогаш нема да се пополнат.Извини ама малку ми е чудно што пишуваш тука,а ...

    Бубалче не можам да те тагнам,среќен роденден мила...сите желби реалност...
    И зошто толку си тешка за тагнување...
    Мислам дека е подобро ништо да не напишав денес...:?:
    Ич не сум фина денес....[​IMG]
     
    На bittersweet, EuHenIa, Skorpija25 и 28 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Right on sister! :rock:
     
    На mal.ecka, M&M, gjoker4e и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    91.077
    Пол:
    Женски
    Па незнам.Јас сите што ги знам со елекро факс имаат работа,а со средно да не зборам, куп пари направија од ставање струја по згради ,куќи и сл.и се барани.
    Работа од небо не паѓа ,па и не мора да е државна фирма,сосед со 3 год средно електро не му требаше вработување во електродистрибуција,елем,мепсо итд.брдо пари направи, ставајки струја ,си има екипа електричари и работат низ СК.беше и до Германија на 2 месеци и се врати,не му се плакало кирија .:?:Тука вадел 2000 еур мес.,а со 3 год.средно е,ама има занат ,му се работи и крај на приказна.
    Секој со своја упорност и ксмет.
     
    На WildMk, kikin, Желба и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.459
    Допаѓања:
    190.869
    Абе Вајлд јас го разбирам тоа дека ќе немаат плата, само велам дека нивната плата не придонесува за ништо освен за нивниот живот. Трошат пари, не придонесуваат, нити пак полнат пензиски фонд (напротив, појќе пари ќе има за пензии, од буџетот, од кој инаку се исплаќаат и плати за административците). Не е како со стечајците, стечајците во фирми работеле, фирмите демек плаќале и пензиско и данок, штознам. А дека ист ефект би имало на ниво на поединец, би имало.
    За брат ти нема работа во Рек оти не е балетан. Или фризер. Си имаат тие систематизација, си знаат |(
     
    На WildMk, Желба, gjoker4e и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    178.058
    Пол:
    Машки
    На kuc, Желба, mal.ecka и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    91.077
    Пол:
    Женски
    Не придонесуваат, точно.Но секаде постојат и се потребни,е сеа не во толку голем број и не како бастион за вработување партиски војници.
     
    На Желба, gjoker4e, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  10. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.363
    Допаѓања:
    278.898
    Пол:
    Женски
    Кај е тешко времево кај мие тешко од прстиве на нозеве до косава на главава па и тешки теми овде почнавте.

    Само да прашам колку од вас ги запишавте или планирате децата во средно стручно и не сакате да одат на фак?
    Или колку од нас би го замениле пенкалото за машината за шиење или кутлачата или тепсијата? Или сме со факултет па ...
    Што рече некој и во администрацијата требаат работници а не филозофи , а многуте во кои и јас спаѓам сме најчесто тоа....
     
    На WildMk, kuc, Желба и 21 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.163
    Допаѓања:
    111.215
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да застанам на нозе и да идам у приватњаци сама. Не е типичен занат, ама е приближно, сакам да си отворам цвеќара. Н е се пронаоѓам во администрацијава. И тоа ќе го направам сигурно набргу. Да имав финансиска сигурност ќе го направев тоа и порано, знаење имам, желба имам, талент имам и уживам во работата, ама немам парички.
     
    На andrejko82, Skorpija25, WildMk и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    :hai:

    Времево мисли да се оправа? Денес жива депресија. |(
    Јадев и сега пијам капучино и се мислам што да се прави. :?:

    Во врска со струката. Убаво е да се има занает, ама да е платено бре. Лично за мене понижувачки и поразувачки е архитект да зема 200 евра плата! Толку.
    Некој спомна за лепотаните од видеото зошто го објавиле. И треба да ги објават и со име и презиме и да ги избркаат од работа двајцата! Штета само што во вукојебинава повеќето на тој начин успеваат, со лизни мазни.

    :nod:
     
    На WildMk, kuc, Желба и 15 други им се допаѓа ова.
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Беше тоа веќе еднаш кога масовно се испозатворија фирми кои беа обезвреднати и купени за безпари. Колку луѓе останаа шо се вика на улица, а плаќаа и градеа фирми со цел да опстанат?

    Во администрација би се вработила кога би имала можност само под услов да можам и приватно да работам, НО не сум тип на човек што имајќи работа ќе земе место на некој невработен. Немам ограничено време на работа, но и немам ограничени финансии, имам слободно време, но може и недела да работам ако има потреба.
    Слоганот work hard play hard ми е омилен.
    Се распишав.:D
    @mareane Не сме стручен смер, а и не е важно толку кога не сме по учењето.:(
    @Mr. Right Приватњак архитект заработува далеку од 200.
    @simonka93 и јас не сакам да заминам и сонувам да ја видам државичкава да стои на цврсти нозе.:nod:
    @AngelOfArh Никогаш не е доцна. После ќе викаш како порано не почнав?! Секој почеток е тежок, но со верба во себе и со работа може се да се постигне.
     
    Последна измена: 23 април 2019
    На bittersweet, Skorpija25, WildMk и 17 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.003
    Јас имам средно стручно.
    Кое ми служи... за ништо.

    А стварно сосема друго средно стручно сакав, неповрзано со тоа што на крај учев.
    Под притисок на моите, оти тоа не било школо за одлични, не се запишав таму.

    Најлошо е кога сопствените желби се гураат како желби на детето.
    Со овој памет, уште на 14, па на 18, сосема друг пат ќе одберев.

    Тоа што го студирав не би го работела, оти не ни сакам да го работам.
    За тоа што сакам да го работам, барем средно стручно да имав.
     
    На WildMk, kuc, Желба и 17 други им се допаѓа ова.
  15. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.363
    Допаѓања:
    278.898
    Пол:
    Женски
    Значи најголем проблем е што кај нас не е ценето и доволно платено за да мотивира ни стручното ни средно ни високо.Е сега да ИТ секторот,електро техничките и медицината да ама не можат сите да бидат доктори и инжинери.Им наметнавме дека ако не тоа се друго е за џабе.А и така е ...или до среќата ,снаодливоста а најмногу и најлесно само со добра основа од родители или добра женидба ,мажачка..:D:D:D:wasntme:
     
    На Skorpija25, WildMk, kikin и 22 други им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    токму е, Луничка. И во право си.
     
    На Skorpija25, WildMk, WORRIED.BT и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    91.077
    Пол:
    Женски
    Мојата учи средно стручно .И ја пуштив да работи на проект,месецов ке ги земе своите прво заработени 150еур.
    Кога би требала да бирам, а би ми било струка ,би избрала машина за шиење ,бидејки би заработувала сама за себе приватно,не би работела за 300 еур плата па и да држам пенкало.
    Јас фала Богу што не најдов работа како педагог,зошто цел живот ке останев само на тоа,закована,сега таа плата ја заработувам за една недела,е сеа како педагог би била дома во 13 часот,со куп слободно време,а вака сум будна до 05 ,ама тоа е.
     
    На WildMk, Желба, Sesil и 13 други им се допаѓа ова.
  18. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Чисто имформативно, колку е дневницата за седење на кутии на избори?
    Чекам да развиете дискусија па да се убацам и јас
     
    На WildMk, ivi1987, Sesil и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.935
    Допаѓања:
    203.218
    Пол:
    Женски
    Јас искрено сакам децава да имаат занает. Ако те бива, ќе те бива секаде. Кај нас не е ценет трудот и не е платен соодветно, тоа е проблем. Затоа и бегаат младиве. Кога имаш занает, полесно е. Бар мислам.
     
    На Skorpija25, kikin, V.odolija и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.474
    Допаѓања:
    91.077
    Пол:
    Женски
    Така е.Занает и амбиција.Ако нема амбиција или е мрзливо, џабе занаетот.
     
    На kikin, WildMk, Желба и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.