Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.426
    Допаѓања:
    143.399
    Баш ми е жал вчера што ја пропуштив темата за средно, факултет, стручно и гинмазии.

    Не е секоја канцелариска работа за со факултет. На благајна во банка скоро сите се со факултет, а реално, потребен ли е за тоа работно место? За повеќе од пола од местата во Министерствата не треба факултет. Ако имаш факултет, а работиш нешто што нема врска со факултетот, како 80% од тие што ги знам, значи не ти треба факултет.

    Деца не би запишала во стручно, само затоа што освен медицинско, во другите одат послаби ученици. А во тие години кога им се формира карактерот, убаво е да бидат во друштво со амбициозни деца.

    Да сум министерка за образование, гимназии би забранила, освен за деца со 5.00 просек и награди од натпревари. Тие имаат најмногу изгледи да се занимаваат со наука. За сите други, стручното е подобро. Нема потреба општо образование да се учи цели 13 години.
     
    На Skorpija25, mareane, ♡BuBaLe♡ и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.836
    Допаѓања:
    142.397
    A jaс се изнамачив за кредит а оно види што убаво се зимало.
     
    На mareane, ♡BuBaLe♡, WildMk и 11 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Не, ова поскоро беше, максимум година ипол. Возачка имам нешто над 2 години.
     
    На mareane, ♡BuBaLe♡, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    За следен спрат - го имаш рецептот :devil:
     
    На mareane, ♡BuBaLe♡, NarCis@ и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.435
    Допаѓања:
    190.722
    Ај официјално добар ден,
    За по дома и по надвор, истата сум. Жива досада. Постираше вчера Малерозна фото, како изгледа дури е на работа во УК, како ко ќе оди Мк, јас иста и овде и таму. Има само мала разлика. Надвор викам помалку отколку дома, оти помалку побарувања има шефка-ѕверка надвор, а во Мк викам повеќе, море највеќе, ваљда оти ме нервираат највеќе...
    Една голема и битна нервоза-сообраќајот во Скопје. Памтам ова пред 15 тина години, од факултетот на битпазар до дома пешки идев 45 минути, оти ми немаше резон автобус да чекам. Дур дојде, дур ме донесе, ехеее. .. поарно пешачката. После црвено бело слабо, е слабо де(hollest) А ни револуции имаше, ни папи, ништо. Тоа што сега ме стресира-паркинзите. Па мме, како ние глупите избеглици да го платиме тој фамозен паркинг по Скопјето, со кој мобилен телефон:headbang:А за во автобус како се влегува, еве 2 години по ред незнам, некој толку напреден билетен систем имало, само што не бил во функција.
    И кај нас се е дозволено. Дури и со ситни пари се плаќа автобус, паркинг, ептен сме заостанати.
    Туку @gjoker4e ти како мое посвоено дете ќе спремаш јајца и за нас, или пак сама да се мачам? Ваква агностик, апатрит, два пати годишно јајца да фарбам|(?! Морав да сплескам за католички, детево разбира, бара, 4 дена слободни имаа од градинка... А за нашиот мерак ми е... Ај, ако не, традиционално сабота, за неделно традиционално велигденско фото. Традиционално таткото во пижами, детето крши јајца...Мераци:inlove:
    Ај отидовме ние на играње, да фатиме сонце, воздух, кој во песок, кој на :smoke:. Надвор, кајшто помалку сум нервозна...
     
    На Skorpija25, mareane, ♡BuBaLe♡ и 14 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Ова во посебен пост оти дугачок, па ќе крпат шефиците :)

    @Ariel јас не сакав во гимназија оти во основно "не сакав" хемија.

    Сега тука да елаборирам на темата лоши наставници.

    Мојата наставничка по хемија, беше се', освен квалитетен наставник. Зборуваше како на селска чешма, не знаеше да се изрази, немаше никаков авторитет, не правеше НИШТО било кој да се заинтересира за нејзиниот предмет. Башка што не предаваше, читање од учебник не е предавање.

    Имав 5ка хемија, со многу солзи и многу мака. Ништо не разбирав. Мислев дека сум глупава.

    Наставничката на мајка ми и' кажа оти не ме бивало за природни науки.

    Ај да не ме бива за цртање, за пеење... ама природните науки не бараат талент.

    Па така, стигам јас средно, и запишувам средно во кое со 5.00 просек можеше (тогаш) да се влезе, а немаше ни 1 час хемија, биологија, физика...

    Не го сакав толку стручното, колку што се плашев од природните науки.

    Fast forward 4 години, одличен ученик, кај сакам нели можам на факс.
    Знам дека не го сакам тоа што учев средно и не сакам ни под разно да продолжам со истото :) Завршив економски техничар во Борис, т.е. Васил Антевски - Дрен.

    Запишав факс со МНОГУ природни науки во него... а самиот смер не е природна наука. Интересното?

    Учам физиологија, а последен пат кога сум учела за човечкото тело, беше во 8мо биологија. Седнав и учев од книги за основно и средно, од што е клетка, па натаму. Оти како економски техничар можев да набројам цели 80 ставки за отворање на комерцијална банка (позз Рилкова) ама не знаев што е клетка.

    Ама... ми тргна со клетките :)
    И во сите предмети кои беа природна наука, физиологија, анатомија, генетика... најуспешна бев, и најзаинтересирана.
    А главниот "смер" ми стана meh.

    Затоа мислам дека наставниците МОРА да се беспрекорно одличен кадар.
    Не мои-твои.

    Можеби ќе бев успешна во тоа поле кое навистина ме интересира, да не беше мојата полуписмена (сериозна сум, не знаеше едначење по звучност) наставничка по хемија и мајка ми која е "програмирана" да верува на наставниците повеќе него на децата :)

    Не било дека јас не сум кадарна да научам, туку просто, никој не се потрудил да го види "нештото" во мене.

    Сите ми викаа дека генетика ќе ми е најтежок предмет на факс. А јас генетика со очи отворени филџани учев.

    Статистика ми беше досадно, ама до смрт досадно, а и те како бев "поткована".

    Сестра ми не знае што сака, и јас ја советував да оди во гимназија.
    И во гимназија е прва година, и детено се препороди :) Најде интереси за кои претходно не ни знаела дека ги има, учествува во сите проекти, секции... и многу ми е мило.

    Јас во стручното што не го ни сакав, немав такви можности, од се' по нешто да "опипам" :)
     
    На Skorpija25, mareane, gjoker4e и 19 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.360
    Допаѓања:
    259.725
    Купив јајца, спремна за утре.
    Ќе станам и право да се спремам за работа.
    Туку друго ми направи језа.
    Сонував како сакат да ми ги лепат долните 2-3 заба, за у кампања, па со чекан да ги вадат за на крај да видат дека ми стојат. На крај се разбудив.
    Не ме болеа и не ги видов јас паднати.
    Инаку на синко пред недела му ги извадија долните два заба, и еден корен. Сега ги пазам новите што растат и само ги четкаме. Па ги ставав во салвета, спиеше над нив.
    Не знам дали сонувам она што преживувам или сонот е некој лош пред знак.
    Језиво. И ете ми се расипа денот. На штрек сум.
     
    На mal.ecka, mareane, referentka и 20 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Сонуваш тоа што те оптеретува ;)

    Кога се плашев дека сум бремена, сонував празни бебешки колички :x
    а и секогаш така... тоа што ме мачи на будно, после го сонувам.
     
    На Skorpija25, mal.ecka, mareane и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.378
    Допаѓања:
    261.968
    Пол:
    Женски
    Исто! Јуле се ќе е ок, нема врска сонот :hug:
     
    На mal.ecka, mareane, WildMk и 13 други им се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ќе испаднеме и генерација ја и ти.
     
    На WildMk, gjoker4e, NarCis@ и 9 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.561
    Допаѓања:
    126.058
    Пол:
    Женски
    Ве читам често но не пишувам, одамна. Сега ме испровоцира постот на @Ariel за средното образование.
    Јас сум една од оние кои отидоа во стручно средно училиште ( Економско - Моша Пијаде или сега Арсениј Јовков) и ниту бев слаба ученичка, напротив бев една од најдобрите во основно школо и тоа кога не се пишуваа петки на ученици со зборовите „ знаеш ли ти кој сум јас „ туку требаше да си заслужиш. Ме примија и во гиманзија, но јас останав на тоа да одам Економско. Затоа што не сакав природни науки. Затоа што сакав да одам економско. И таму завршив со просек 5.00 и следствено на тоа се запишав на Економски факултет.

    Дали тоа значи дека јас сум поглупава според тебе што ете не завршив гимназија, па не се дадов на наука? Дали јас сум помалку вредна дека не завршив гнимазија, туку некое стручно школо, еве да има детето занает? Дали моите петки и мојот труд е помалку вреден од оние на гиманзијалците?

    Ајде те молам. Каква е таа поделба. Само тие со чисти 5 да одат во гимназија, дека леле мајко посебните, а другите фрлете ги во второстепено стручно образование. А тоа што денешните 5 се напумпани и не вредат ни за 3 од стариот систем тоа да не зборуваме. Секое дете треба да има еднаквии шанси и да си го следи сонот, а не да биде дискримирано зашто ете не било де скроз одлично во основно ( читај мама и тато не фаќале доволно врски, не се лигавеле кај наставничките, не купувале сваровски за 8 ми март).
     
    На Желба, Skorpija25, mareane и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    90.977
    Пол:
    Женски
    Ама ова е стереотип,во гимназиите учат одлични,во стручните сите останати.

    Кај керка ми,3 добија стипендија од италијанска влада и беа примени во 10 деца вкупно колку што примаа во Равена,а едно девојче успеа да влезе исто во 10 кои ги примијаљ во Љубљана.
    Амбициите и немаат врска со школите всушност,а и гимазиското образование кај нас и да има амбиции би ги уништил со куп беспотребни и непривлечни предмети.
     
    На Желба, mareane, gjoker4e и 15 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.561
    Допаѓања:
    126.058
    Пол:
    Женски
    А бе остај те молам. Затоа на факс кај мене одличните од гимназија се испогубија. Ако нешто мразам тоа се тие стереотипи и етикетирања.
     
    На gjoker4e, NarCis@, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Што на јаве то на сон.
    Најдобро е да не верува човек во нив оти понекогаш беспотребно лошо влијаат врз расположението.
    Со нив имам расчистено, но само едно не ми е јасно: Како сонот се поклопува со реалноста во секунди?
    Пример. Пред неколку месеци почина една особа која ја сакав и почитував. Неколку дена по погребот ја сонувам како ме чека пред врата. Се израдував кога ја видов, но ја снема. Влегувам дома и ете ја пак пред врата. Среќна се вртам да им кажам на моите еве ја жива е и тргнав да ја гушнам. Непосредно пред гушкањето ми ѕвони телефонот и се разбудив.
    Ви се случува ли такво нешто?
     
    На Желба, Skorpija25, mareane и 13 други им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.561
    Допаѓања:
    126.058
    Пол:
    Женски
    Jas taka baba mi koga pocina ja sonuvav. Toa od sto ti nedostasuva i sakas da e tuka.
     
    На Желба, mareane, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Јас сонував дека дечко ми фатил голема сума на спортска и ја сум кажала - Јеи, сега можам да го букирам тој скапиот апартман. :rofl: Не сум оптеретена со апартманот, ама погледот е навистина woow. :D
     
    На Желба, mal.ecka, mareane и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.426
    Допаѓања:
    143.399
    Воопшто не мислам дека гимназиското образование е подобро од стручното. Напротив, голем поборник сум на стручното образование. Поентата во претходниот пост ми беше дека нема потреба од гимназии, туку дека сите треба да учат стручно. Многу се 13 години од животот во општо образование.

    Сум била во школи надвор од МК кадешто за секое место во стручно школо конкурираат по 8 одлични учебици. Ама во Македонија не е така - повеќето стручни се втор избор, освен медицинско и до некаде економско. Не е стереотип, статистика е. Се гледа по поените на децата што се запишуваат. Ако остане само една гимназија, што ќе работи само со деца што ептен се решени за наука, тогаш сите други одлични, ќе отидат во стручно.

    Сега има премногу гимназии. Тие што примаат деца со послаби поени стварно не разбирам зошто постојат.

    @nena2010 не мислам дека си поглупава од мене затоа што не си завршила гимназија и не си се дала на наука. Генерално, не мислам дека секој треба да се занимава со наука, нема потреба од тоа. Ни јас не сум се дала на наука.
     
    На Желба, Skorpija25, mareane и 16 други им се допаѓа ова.
  18. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.131
    Пол:
    Женски
    Нас не отепаа со различни предмети.
    Математика
    Македонски
    Англиски
    Латински
    Германски
    Историја
    Географија
    Биологија
    Физика
    Хемија
    Социологија
    Етика
    Филозофија
    Логика
    Вовед во право
    Информатика
    Здравствено образование
    Сигурно има уште, ама одамна бев средно.
    Еден куп информации. Ќе ти се закачи некој професор и 1/3 од времето ќе бубаш по тој предмет.

    Математика нѐ малтретираа со години. Да не го барам твитот со алгебра што беше. Да, секако дека ми користат стотиците формули што не тераа на памет да ги учиме.

    Факт е дека општата е малтретирање на децата. Со средно, ништо не знаеш да работиш.
     
    На Желба, mareane, duffi и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    :hai:

    Многу сте ми оставиле за читање. :whew: Прееска едвај се освестив. :drunk:
    Вчера со јакни, денес со кратки ракави. Ова времево нит се води нит се тера. :envy:

    Прво нешто што помислив беше за Уни Банка за афтерпарти дека стварно имале афтерпарти и некој нешто направил некоја глупост. Не го очекував тоа. :D Само и тие двајцана нели се саглам? И мора ли се нешто да се снима со тоа телефониве? Чоек да не може на раат да си го истера ќејфот. |( Ама овие двајцава можат вода да им носат на други двајца на сред плоштад кај клупите. Двајцата седнати на клупа, женава наведната и му го п**и (шифра за ова?) Не салам се некои луѓе дефинитивно. :?:

    FB_IMG_1555859007953.jpg :P

    Однесувањето дома и надвор ми е различно, а карактерот ист - мрчаторско злопамтило. ]:)
     
    На Желба, Skorpija25, mareane и 17 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Јас сум 91ва, не е тоа тајна :)
    И имаме другаЧки доста во темава 90/91 :)
     
    На mareane, duffi, WildMk и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.