Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.343
    Пол:
    Женски
    Чекам, чекам, ни на една не ви текнува кафе да ставите, плус се раздени кај вас.
    Ајде пак јас
    FB_IMG_1556942280331.jpg
    Кафе и чоколадо, зарем има нешто поубаво од тоа? Ги обожавам и двете.

    Имајте убава сабота, спанковци.
    Ние дијаспората, работиме и викенд, рано сабајле (waiting) :inlove:
     
    На kuc, Mr. Right, Peco и 24 други им се допаѓа ова.
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    67.539
    Добро утро друштво! Ма да додека ве дочитав веќе 10 ме фати. :D

    Фала ви на сите, огромно благодарам за добрите желби. :hug:

    Синоќа тргнав да пишувам, ама ми заврши инфузијата и се одвлеков. Колкава игла ми ставија во вената, огромна, дебела. :o Сестрата ми рече само да вдишам длабоко, а предходно маж ми само ме засмејуваше, па не скопчав дека диши длабоко значи ќе го видиш Господ сега. :D

    На крај, доаѓа мед.брат да ја извади и ми вика:
    - My name is James...
    - Is this gonna hurt a lot? :rofl:

    И пак, таквааааааа болка. :D

    Маж ми ме пукна од смеење. Овде во болници е како на пазар, толкава галама има и на никој не му смета. :^) Нема ни правила за тивко зборење. Ние двајцата бевме најтивки, на моменти не дослушував што ми кажуваше. :D

    Ама битно весело ни беше. На шала и прати слика од мене како лежам на една моја добра пријателка, а она чекаше да и пишам кога ќе стигнам на итна, и ѝ пишал "нема пулс". :rofl::rofl:

    Женава се шокираше :)))))) она иако се дружи со мм, он ретко вака се шали пред други. :D И вели, "не разбрав" :rofl: па и пратив гласовна порака да се убеди дека е црн хумор колку да ми дигне расположение. :D

    Со мајка ми вакви шали нормално јок. Најпаметна и најразбрана личност на свет ми е она, ама има козервативна смисла за хумор, посебно ако се работи за нејзините деца. :)

    Денес сум се уште многу добро, некои проблеми се решија. Синоќа конечно јадев. Ко што цела недела бев на неколку калории, ептен убаво ми дојде. Се надевам денешните тестови ќе се подобри и нема да ме задржат.

    Леле, колку пораки цитирав и сѐ се избриша! @Femina арни сте?

    Што ми текнува сега...

    Кој пиша за лимон и за кремата. Може знаете, може не, ама витамин Ц не се става преку ден, бидејќи сонцето ќе ја оштети кожата ептен.

    Масажи помагаат за разрамнување на кожата, подигање, давање ведрина, ама треба да се прават често. Јас оваа ја правам (пишете на јутуб) anti age massage dr Mona. Мене ми дава одлични резултати.

    @malerozna како си? Зарем болна таква одиш на работа? Ти девојче бамбусот ќе го јадеш од мене. Ич не се пазиш. Нели си вети здрава храна, пак глупости јадеш.

    Извини што те искарав, ама бидејќи не ми е сеедно. Се надевам нема да се навредиш. :hug:

    @CameliaMiller тој групниот потпис изгледа ко оргија. :rofl:

    @Sexybaby86 мене баш сте ми интересни кога пишувате за децата. Имаш одобрение од мене за подолги описи. :D

    @NarCis@ медицински јаглен е прво нешто што луѓето пијат при болки во желудникот во Русија. Затоа знам дека и да испиеш 10 таблети, нема ништо да ти биде, освен poop-от да поцрни. :D Ама многу добра работа е. Ние сите аптеки во градот и околината ги раскупувавме со тоа на враќање назад. :D Дали ти е подобро веќе?

    Друго не ми текнува што сакав да кажам.. еххх фемино, фемино. Да не штедевте на web developer-и и да ги поправевте овие ситни работи, арно ќе беше.

    П.С. солзи ми течеа од смеа прееска! Порто ме гледаше зачудено. :D

    Убава сабота, фала за трпение! :D
     
    На Dust, bittersweet, Dadusicka и 34 други им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.343
    Пол:
    Женски
    Таман работа да се налутам.
    Арна сум ја, си букнав холидеј, подобро е сега. Ќе ме биде 8)
    (ако ме биде како Македонија што ќе ја биде... Биде ме)

    Морам да прокоментирам за избориве.
    Џоа Трамп и Хилари да ги гледав.
    Господ нека ни е на помош (heidy)
    Мада се знае на кај сме тргнале :!: сидрото влече напред :party:

    Надвор ладно да си ибе мајка.
    Јас гладна и после 2 банани и 1 јаболко
     
    На Dust, kuc, JuLleE и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    @SV1911 од самиот пост ти се гледа дека ти е подобро (fingers) Така и да остане :)

    Добро утро. Тек 9.30, а ко да ми прошол цел ден. Ме исцеди детево, сите ритуали ги истеравме - шетање кукли и мечиња, ранење на истите, плачење по кучето и по баба и’ и чичко и’ :sweat: Ја наранив сега и чекам да и’ се приспие, да одморам малку :angel:

    Ќе одиме после до кај мајка ми на 2-3 саати, па вечер на свадба. Мм ме убедува порано да сме се прибереле, да сме си се погушкале. Море знам јас што сака, куче едно ]:) Ќе се “гушкал”, аха важи :D А добар му е планот, не дека не. И така бебка ќе спие кај баба и’ вечерва :$

    Многу зборам сабајлечки :D Ај да си направам кафе, таман ќе го пијам кога детево ќе заспие :)
     
    На Dust, Dadusicka, kuc и 29 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.877
    Допаѓања:
    267.276
    Добро утро :)

    Јас работно, избори, парички :)
    Ама кратко денес. За макс пола саат си одам. Па плишко на вет да го носам, после да спијам.

    Утре прва смена на избориве, во 6 ќе треба да сум тука. Да оставам број на @malerozna да ме буди најарно :D
     
    На Dadusicka, kuc, Mr. Right и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    @SV1911 мило ми е што си подобро, да се опоравиш побрзо! Исто важи и за @NarCis@.

    Јас од сабајле сама со малиов, спремам мастраф за баклавата. Ама раце ми окапаа од рендање чоколадо. 400 г. Арно прстиве не си ги изрендав. Сега имам бицепси џоа Сталоне. Пукнав. Пошто нели дупла доза правам...уф. ако има полесен начин за рендање чоколадо, споделете, јас не знам. Другото одма го сомлев во сецко, ама чоколадово се лепи. А малово ко моторче да има во газот. Нека е жив и здрав, ама додека не порасне не го носам по гости. Место не го држи. Поарно гостите кај нас да идат :D

    Ме чека средување. Уште малово да сака да спие кај баба и дедо.

    Убав викенд!
     
    На bittersweet, Dadusicka, kuc и 25 други им се допаѓа ова.
  7. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.217
    Допаѓања:
    102.876
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    Од времево ли е вирус ли е како ваљак да поминал врз мене.
    Душа немам омалаксана и мачнини.
    А на работа а душа немам како ќе се издржи бог знае.
    Убав ден друшки и уште поубав викенд.
    Ве гушкам сите :hug:.
     
    На Dadusicka, kuc, Mr. Right и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.594
    Морген,
    Анти Василка на рапорт:yawn::drunk:.
    Само да ја гушнам @SV1911 :hug:.
    Ич не сум емотивна иначе.
    Одам да мрзнам на тераса:coffee: (Смајлито со цигара пак избегало:o)

    Отворив сношти во темата 16 карактери. Мислев некоја форма на хаику е, твитер хаштаг чудо, тоа да ти било за карактери на личност:lol:.
    Испадна дека сум Адвокат:o(facepalm).
    А ја мислев дека сум бубамара
    [​IMG]

    Поздрав друштво, убав викенд:sun:️ (#немасмајлисонцесозаби)
     
    Последна измена: 4 мај 2019
    На Dadusicka, kuc, M&M и 14 други им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    @Annath Јас со нож ја делкам чоколадата. Речиси како рендана доаѓа, а и парчињата се таман за да се осетат во баклавата. Ренданата некако ми се губи, зашто ја ставам во комбинација со други ствари.
    Добро ви утро. Откако сум на ад ми се чини животот ми се промени. Не знам што сум чекала толку... Активна сум, излегувам, немам панични напади, има уште многу работи да се дотераат, ама не е воопшто лошо.
    На мене и медицинскиот јаглен и пробиотиците желудникот не ми ги сака. Weird i know, ама такво искуство имам. Особено од пробиотикот се изненадив, може до комбинацијата беше :^)
    Ајде оздравувајте, доста денови ве држеше.

    Интересни муабети сте правеле синоќа. И јас сакам свадбарски пирошки, ама на свадбиве сега нема пирошки :/ Сама ќе си напраам. На свадба сум тек на есен, ама почнав фустани од сега да гледам. И да барам вежби за стомачни :D мислиш невестата ќе бидам :emo:
    Ај, да се фатам за работа :)
     
    На Skorpija25, Dadusicka, LoveHope и 27 други им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.058
    Пол:
    Женски
    Јутро :rain: облачно и тмурно
    Таман за кока кола пиење од сабајле(и испиена е веќе).За денес никакви обврски нит планови.Ке се прољепшавам низ дома евентуално до Дм може да тркнам набрзинка :makeup:

    ајде да го турам кафето :coffee::coffee:
     
    На Skorpija25, Dadusicka, LoveHope и 26 други им се допаѓа ова.
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    @joy1 струја си значи, не губиш време. Одма си се фрлила на кока кола уште сабајлечки ]:) На здравје нека ти е :)

    Заспа детево со триста плачки. Во фаза е кога бара сама да спие, и се радував што е така. Ама вчера и денес, штом влеземе во спална и ги повлечам завесите да затемнам малку, почнува да вришти, а инаку досега само така заспиваше. Па ги тргнав скроз, и заспа на апла дневна светлина, за првпат во живот (facepalm) Секој ден новитети, наше е само да ги следиме, шо да праиме :D Вчера во ресторан кога бевме, си отиде во количката, си легна и ми вика нан нан :D Ја свртев два круга и куфер, додека претходно штом ја седнев во количка, немаше шанси да заспие. Зјапаше наоколу и се’ и’ беше интересно. Како се менуваат вака од ден во ден не можам да сфатам, ама нека се живи и здрави.

    Машинава ми заврши, да одам набрзинка да ја пружам додека не заврнало, па да мора сушарата да игра :D
     
    На bittersweet, Skorpija25, Dadusicka и 27 други им се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.174
    Допаѓања:
    180.742
    Пол:
    Женски
    10 наеднаш тешко дека ќе можев да голтнам, ама и овие неколку завршија работа :D Јас сум многу подобро, малку со апетитот не сум баш нај нај, ама ќе биде.
    Ти како си сега? Се надевам ти олесни од инфузијата :hug:
     
    На kuc, Mr. Right, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    67.539
    Ме боли главата сега и плус нов симптом, чекам лекарот да дојде. Ептен се испорадував изгледа. Ама на позитивната страна, немам температура. :) Да знам колкава доза на парацентамол ми шприцнаа таму штом волку ме држи. :D
     
    На kuc, Mr. Right, M&M и 17 други им се допаѓа ова.
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Што да се прави денес?
    Денес ќе врнеше или утре?
     
    На LoveHope, kuc, Mr. Right и 14 други им се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Со помин девојчиња. :hug:
    Се надевам дека се подобрувате Нарцис и СВ1911.

    Работа ме чека шо чека на мене само.:D
    Убав ден. :sun:
    Ај нека се стопли веќе еднаш да не ВаЉам огин пак вечерта. Срам не срам, ама ладно е по дома. Најповеќе ми е за малиш оти се е на подот легнат.
    Луѓе на кратки ракави шетаат, а мене нозете грч ладни.
     
    На Skorpija25, kuc, Mr. Right и 19 други им се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Не си грешка :D А за филмови, па уште и со Клуни, нема шо не сум во тек :wasntme:

    Не сум во тек шо муабетите, имам за читање 1000 пораки :o
    Јас арна, на работа 8)
     
    На kuc, Mr. Right, Peco и 18 други им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.012
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден.
    Ноќеска легнав во ниедно време, сабајле маж не сум осетила кога се спремил и отишол на маратон да трча, кома :worried: Ама разочаран, организација никаква годинава а гужва еден тон имало.
    Конечно кафе ќе се пие па мусака да сплескам за ручек и планот ми е да одмарам денес.
    Плус денес е голем ден, на малиот првпат гаќи ќе му облечам и почнуваме со процедура одвикнување :worried: Стискајте палци лесно да се одвикне од пелени.
    Убав ден друштво :sun:
     
    На Skorpija25, kuc, Mr. Right и 21 други им се допаѓа ова.
  18. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    93.618
    Пол:
    Женски
    34B1BE74-5664-478F-AF3D-8E71A9FFE05D.jpeg
    Јас частам бранч денес:)
    Имав едно тестирање утрово,и положив со максимум поени:party:
    Многу сакам да учам и да се натпреварувам со сама себе]:)

    Убав ден ви посакувам,се читкаме покасно:hug:
     
    На Dust, Skorpija25, Dadusicka и 34 други им се допаѓа ова.
  19. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    138.854
    @ivi1987 мислам рече 3г наполни синчето. Јас некаде околу 2,5г ја одвикнав од пелени преку ден. Почесто прашувај го дали му се мочка и ставај го на нокширче. Е сега ќе има неколку пати мочкањр во гакички, ама мислам брзо ќе се навикне. Good luck(fingers):)

    @dunika честитки, да ти се множат успеси и секогаш вака да си горда на себе
     
    На kuc, Mr. Right, M&M и 16 други им се допаѓа ова.
  20. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.837
    Допаѓања:
    271.320
    Пол:
    Женски
    Ама сте се распишеле:sweat:
    .Битно една другарка ме потпишала:*
    Мило ми е што болните се подобри.
    @Annath јас ја ставам чоколадата во фриз прво па потоа во сецкото. Ич неќам да рендам. Туку ај кажи некое успешно тесто за торта ама со цели јајца.Само да не е премногу лебесто а да е некако чоколадно.:wasntme:Ќе правам торта со нутела и маскарпоне.Филот е беез жолчки па сакам тестото со цели јајца.
     
    На Dadusicka, Viktorijaaa5, kuc и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.