Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    И јас бев на свадба, се прибравме и мм веќе стружи до мене навелико, а мене ми паѓаат очи, ама уште читам по темиве ко нетачна. Многу ми беше досадно на свадбава, немаше воопшто забавен дел :^) Свртев две ора од култура и го преседев остатокот од вечерта. Али бар пирошката беше вкусна :D
    5866A96A-656A-450B-ADA5-9A6DB294A4FF.jpeg

    Ај добра ноќ, одам да мијам заби и да легнувам. Како ме нервира мм со хрчењево, ми иде еден лакт у ребра да му акнам :lol: Ама само ќе го буцнам да се сврти, зошто го сакам и нејќам да го тепам :inlove:

    :hai:
     
    На Biljarkata, referentka, dunika и 27 други им се допаѓа ова.
  2. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.018
    Допаѓања:
    205.906
    Пол:
    Женски
    Капена намирисана,стокмена за гласање сабајле,треба да ми платат трошок што си напрајв со вода и струја:D.Само јас од комшииве матуфа по тераса(facepalm)
     
    На referentka, dunika, Sexybaby86 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.940
    Допаѓања:
    179.509
    @SV1911 се врати, ваистина се врати:party: Да сме живи и здрави, ќе праиме уште муабет:*
    Кравче, да си жива и здрава за муабетов. И јас се мислев, како да и напраам пелени од памучни влошки со мрежичка, ама изгледа не мислев доволно интензивно. И за памучни пелени на перење мислев... и на мислење остана. Ко ќе имате едно такво квичало можи ќе разберете што значи да се нема време за мислење. А можи па ќе ви се погоди беблакот незахтевен, моето порасна и само позахтевно е:worried:
    Туку ај ако не пп, што влошки користиш за себе, смрт ми се овие модерниве.

    @malerozna и јас мислев не е дете за мене, ама нели не знаеш за сигурно дури не провериш:). Е ама после нема назад, секое знаење се плаќа:lol:. Не е само за парите, има нешто и во живците.

    Убо вели свекрва ми, децата се многу убави и многу мачни.

    За фемина, од северниот пол, Биљарката. The winter is coming.Again.
    Ама вие мирно спијте, ние ќе го браниме Ѕидот:~:
     
    На dunika, M&M, Sexybaby86 и 19 други им се допаѓа ова.
  4. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.343
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata кој мор ѕид ќе браниш?
    :rofl:

    И тука е ладно, ние пак парно пуштивме дома. Сабајле 1 степен беше, сега 4 е.

    И јас сакам пирошка.
    На свадба немам одено одамна, сега летото сум поканена. Како ќе биде со работата, ќе видиме :worried:
    Наредното зимо пак планирам да доучувам нешто ;(
    Изгледа ќе треба да научам како да штедам, друго веќе не знам што да направам |(
    Или да добијам милиони на лото, барем едно 15, та да се средам малку 8-|

    Се зезате за влошките? Перени? :?:
    #јанисамодавдеизгледа
     
    На Biljarkata, dunika, Sexybaby86 и 18 други им се допаѓа ова.
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    67.536
    4:30 и некоја минута и јас уште не можам око да склопам. А спиев само четири саати предходната ноќ. Башка уште се водам ко болна. Да не е и ова некој не истражен негативен ефект на денги? :?: Па и за мене ќе важи она пази што ќе посакаш бидејќи може да ти се исполни. 8-|

    @Biljarkata :*
    Баш си ми интересна за читање, ама неделава прв пат те приметив на темава. :D Добредојде во друштво и од мене. :hug:
     
    На Biljarkata, dunika, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
  6. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.343
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1557030007871.jpg

    Добро утро спанки и спанковци.
    Јас спремна да го отворам гласачкото место.
    @CameliaMiller ја чекам да пиеме кафе и вие од 7 доаѓајте да гласате.
    Молам?
    Како?
    Извинете. .
    Леле длабоко ви се извинувам.
    Не да гласате, пост да пишете...
    Знате јас многу работам и така, да....
     
    На referentka, dunika, M&M и 24 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.864
    Допаѓања:
    267.219
    Благодарам друшке, воИстина на време станав :D
    Поздрав од мене и мое ауто, само ние на улица, жив човек во недела во 6 сабајле нема :D
    SmartSelect_20190505-063556_Gallery.jpg
     
    На referentka, WildMk, dunika и 30 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.864
    Допаѓања:
    267.219
    Баш тоа ми е муабетот...
    Јас, ти... ќе заштедиме... или ќе се откажеме од нешто нели...
    ама реално има многу луѓе што со 15 000 живеат, за се' им се тие.
    За нив мислев јака им душа, ако собереш се' ова, сигурно повеќе од 100 евра е, а плус и башка се прегледите.
    Со 9 000 навистина е тешко и сметки, храна, лекар за останатите членови, посебно па ако имаат уште едно дете.

    Немаат од што да се откажат, на што да заштедат. Не знам како излегуваат на крај, а искрено, не сакам ни да дознаам, далеку било.

    Не знам за нив, ама јас носам ноќни екстра сајз и дење :D
     
    На dunika, Sexybaby86, KateKane и 18 други им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.343
    Пол:
    Женски
    Не може оваа а ла Ким Кардашијан задница да се собере во always size 1 влошки.
    4ка бре, ноќни, и дању и ночу
     
    На Biljarkata, dunika, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Пари за деца требаат во модерново време зошто за децата сакаме се најдобро. Но, во суштина не требаат многу пари, ако ги немаш. Без многу работи се може. Најсиромавите семејства имаат по 3-4 деца. И најбогати се, зошто децата се смислата на животот во второто доба. А ние што сме се научиле на луксуз, се ни е скапо, морало ова, морало вака... Ништо не мора и без се се може.

    Едит:
    Добро утро не кажав.
     
    На Biljarkata, Sexybaby86, KateKane и 16 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.864
    Допаѓања:
    267.219
    Не знам @doubleg за другите, ама јас ни прво не би родила додека не сум сигурна дека финансиски и за него и за себе сме доволно стабилни.

    Не викам дека треба на Малдиви на одмор да го носам, ама барем на околниве мориња. Ни дека мора се' брендирано да носи, ама сепак да имам да му купам облека. И на екскурзии да оди.

    Не е само да дишеш и да се сакаш. Животот е повеќе од тоа.

    За мене, пак велам. Не би можела да бидам среќна само со љубов.
     
    На doubleg, WildMk, dunika и 25 други им се допаѓа ова.
  12. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.216
    Допаѓања:
    102.861
    Пол:
    Женски
    @SV1911
    @flower30
    Подобра сум имам уште мачнини но подовра сум за разлика од вчера кога едвај се домакнав на работа.
    Може и притисокот да ми беше низок не знам но ептен лошо бев.
    Ви благодарам друшки што помисливте на мене ве :hug:
    @SV1911 како си ти?
    @flower30 сега хормоните ти се до плафон ама те молам немој за глупости да се нервираш гали меше гали ја ќеричката мажето и уживај .
     
    На WildMk, dunika, M&M и 19 други им се допаѓа ова.
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.782
    Мали деца -мали гајлиња,големи деца големи гајлиња,у секој поглед не само финансиски .
    А нормално е (бар ја така мислам)да човек никад не е задоволен со она што го има,увек се стреми за повеќе и подобро -се као нека има за децата, нека имаат они она што ја не сум го имал/а.

    Дискутабилна и тешка е темава,а на нерасонето некако не ми оди сериозен муабет .

    Ај д.утро од дождлив север.
    Кафе се пие и во очекување на ,,мајсторинке " ... да ме праша човек зор ли ми беше,нема да знаев што да одговорам.... не е зор ,туку онака,да се дешава нешто |(....

    Ај :P,убав ден имајте :)

    П.с.-да си беше се ко што треба,мислам да трето ќе думкавме со мм баш на овие стари години :|
     
    На Biljarkata, referentka, mal.ecka и 29 други им се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.189
    Допаѓања:
    139.363
    Добро утро лејдис и по некој џентлмен.
    Сполај му на бога во превозново средство има интернет, инаку ќе скапев од досада.

    И јас сум за заштита на животната средина, ама не до степен на перење пелени и користење памук наместо влошки. Многу од работите се прашање на навика. Порано сокови и кисела вода купувавме само во стакло и секогаш си пазаревме во сопствени торби, ама се сега веќе нема потреба, па се распекмезивме. А не е тешко да се врати тоа назад, прашање на одлука е. Ако една кеса е на пример 30-40 денари, ќе си носиме торби од дома. Цевки искрено не знам ни зошто воопшто постојат. Пластични чашки исто.

    Мене најголема болка ми е што домашните не можам да ги научам на создавање помалку отпад.

    Поздрав од морските широчини. Со тешко срце го напуштам рајот.
    2E173D79-BF26-4BFC-B8EA-B24FE35BA20E.jpeg
     
    На Biljarkata, referentka, WildMk и 27 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Добро утро...
    Уште една победа извојувана на работа ,шефот ми е стиснат во ќош.Не смее веќе да и доделува повластици на сопругата.
    Ме чинеше еднонеделна нервоза и борба ,држење став со аргументи...
    Ама успеав...
    Да ме слуша некој,ќе помисли дека работам во некоја државна институција а не во приватен сектор.
    Една колешка ми вели,дека човек треба да се плаши од мене.
    Не,само не поднесувам неправда и правење будала во лице.Среќа и газдата е разумен ,инаку немаше да успеам..
    Не дека не очекувам повторно да го направи истото ама секако ќе има пречки.Со некои несовесни луѓе тешко се излегува на крај.И не дека ќе сум повластена ,пак ќе си работам за празници.Ама и жена му ќе работи.Т.е ист аршин за сите.Само ми е криво што овој Велигден и Први мај така поминаа,нит празник видов нит ништо.
    И што нема да се врати или надокнади со ништо.
    Одпадот и рециклирањето се моја голема болка.Во какво ѓубре живееме не сме свесни.Џабе кога домовите ни се улицкани а на улица ѓубре една планина.
    Кај нас проблемот со одпадот треба да се смени и реши од почеток.Зошто мора да се зема кеса за едни мастики,или пластичниве флаши од сок и вода.Се сеќавам на времето зејтинот беше во стакло,мораше да се врати шише да се земе зејтин.И џабе дома рецикилираш кога па се завршуа на исто место.За мене во денешно време најголеми екологисти се циганите што збират шишиња и хартија,само што тоа го прават од други причини.
    Јас моите деца ги одгледав со памучни пелени ,памперс само кога се одеше на гости,на лекар,на шетање,и тоа не се сеќавм дека су купила оригинал...немав пари,поважно ми беше да им купам овошје и зеленчук свеж отколку да купувам памперси.
     
    Последна измена: 5 мај 2019
    На bittersweet, Biljarkata, Sesil и 31 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.864
    Допаѓања:
    267.219
    Па фрапе не знам како би пиеле без цевка, а и некои др. пијалоци, пример лично јас цедениот сок сакам со цевка да го пијам.
    Хартиените се многу скапи, реално.

    За чашите имам објаснето, користам картонски чаши за кафе кои потоа ги фрлам во контејнерот за хартија (прашано ми е, може), а сета пластика ја собирам и на еден чичко со камионче му ја давам, тој после си ја продава.

    Пластични кеси се проблем, но хартиени не се, само што ги немаме.
    Во САД на пример во маркетот, хартиените беа бесплатни и се подразбираше во нив пакување, а ако некој баш посакаше пластична, доплаќаше. Кај нас ни со доплата не сум начекала хартиени кеси.

    Стакло не знам како да рециклирам, инаку би почнала да купувам вода во стаклена амбалажа, но што после со стаклото? Вака пластичниве барем знам дека се рециклираат.
     
    На Cosmi, dunika, Sexybaby86 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.788
    Допаѓања:
    175.871
    Пол:
    Женски
    Добро утро другари :)

    Не само што не бев на свадба вчера, туку никогаш на ниедна свадба на која сум била не ни дале само пирошка. Живот неправеден :envy:
    Во мое село се даваат пахованици, и на даската си има пирошка искацкана соодветно останатите паховани големини. :D А може и нешто во меѓувреме смениле, 2 години како не сум била на свадба. :)

    Јас па многу сакам да рециклирам. Мераци сум. :) Будалетинка сум уствари, знам да си заплачам од мака колку луѓево немаат осет. (facepalm)
    Лани тука ни донесоа контејнер посебен за пластика и хартија. Ја и маж си рециклиравме без проблем. Тогаш и сфатив оти најмногу и тоа фрламе, оти кесата со останато ѓубре се полнеше многу малку, за разлика од пластиката и хартијата. И тоа траеше се на се околу 2 месеца. Си ги тргнаа тие контејнери и пак по старо. :doh:
    Иначе и јас купив за бебе рејузабл дајперс и многу сум горда на тоа. :makeup: 3 топ причини ми беа прво и најбитно што е природен материјал, а не пластика, второ оти на долг рок ќе имам заштеда од околу 1000 еура кои секако пак ќе бидат за бебе, трето оти се биоразградливи и не се опасни за природата.
    Плус тоа се со интересни принтови, рачното перење е минута заплакнување, секако на машината е најголемата работа, не се пеглаат и брзо се сушат. :inlove:

    На југ врне исто. Уште лежам и не ми се станува оти колку е темно надвор како ноќ да паѓа, а не да е веќе одамна разденето.
    Утре треба да испитувам крв. Мака ми е и утроба ми се превртува од сега. Секое утро, уште пред да отворам очи, пружам рака лево и си повлекувам банана која маж од минатата вечер ми ја остава до мене. :wasntme: Иначе ми е многу лошо додека не пикнам нешто во уста. Утре на утро сите богови на помош. :nod:
     
    На Biljarkata, mal.ecka, M&M и 22 други им се допаѓа ова.
  18. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    7.323
    Jas ja odgledav so pamuchni peleni .Imav NAD 100 peleni.Bese alergichna na pampers.
    Za mene koristev pamuk ili vloshki so mrezichka. Nikogas ne mozev da gi koristam modernive. Kolku mozam dvojam otpad no za dgabe, isto zavrshuva. Koristam torbi, retko kesi.
    Sakam da kupam komposter , no chini okolu 9000 den za plastika I Mi e mnogu. Vo stan drugo reshenie neznam. Pishete idei za 0 otpad.
     
    На Biljarkata, M&M, mareane и 10 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.864
    Допаѓања:
    267.219
    Ооо вака од прва рака сакам да чујам искуство. Не ми се верни орган холистик мамс по интернет, друкШе е "мој" човек кога ќе каже :)
    Озбилно, кога ќе споделуваш искуство, сети се на мене.

    Вака ми изгледа пре-не, ама секогаш има простор за размислување :)
     
    На dunika, Sexybaby86, KateKane и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.327
    Допаѓања:
    173.513
    Пол:
    Машки
    Пред нова година, на плоштад во Скопје се продаваат балони, играчки и други ситници, па еднаш ги слушнав луѓето што продаваат како викаат: Ајмо балончиња, куртончиња, ефтино! :rofl:

    Ааа, оваа твојава пирошка е од подебелите, поубавите. :rofl:
     
    На M&M, mareane, dunika и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.