Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.192
    Дечки реков - секој со своето.
    Не убедувам дека е моето исправно.

    И има еден многу важен момент - јас остварувањето како родител не го гледам како приоритет.

    Јас не би се осудила без свој покрив (макар кирија, и таа е свој покрив), да имам дете... ама ете, познавам луѓе што во 50м2 раѓаат, а и старите се со нив тука.

    Јас не би, едноставно не.

    Кој мисли/делува поинаку, супер :)
     
    На WildMk, Sandrin4, mal.ecka и 26 други им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.779
    Допаѓања:
    324.977
    Пол:
    Женски
    Дете не се прави во брак каде не се средени барем основните финансиски под точки.

    И дете не се прави во брак каде не постои љубов...
     
    На WildMk, molikaMk, mal.ecka и 25 други им се допаѓа ова.
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.114
    Допаѓања:
    258.683
    Пол:
    Женски
    Јас ова нон стоп го трубам, брак со дете не се спасува. Шанси нема никакви.
    Добар ден. Времево ме уби, спиев сега се расонив. Што ќе се праи допрва бог знае.
     
    На bittersweet, Dadusicka, WildMk и 26 други им се допаѓа ова.
  4. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    77.327
    Пол:
    Женски
    Кафе пијам и се вртам околу лаптоп. Вести се гледаат.
    Перална врти, сушара исто, изгледа и трета ќе пуштам.
    #нееефтинаструјата

    Ќе се јаде салата со домати и авокадо. Краставицата ја фрлив. Седеше во фрижидер скоро една недела. Значи ич не успеав да се привикнам краставица да јадам.
    Само уз шопска, така и сирење јадам :D

    На фб и јас имам интересни нешта споделувано.
    Ама некогаш сум (facepalm) на мудростите. Особено за НБА што имам коментирано. Експерт од млади години (facepalm)

    @Biljarkata
    Во кој дел од Северна Европа си?
    Снег?
    Последен пат снег видов на 1 мај 2001. После не памтам да врнело

    За деца, кога било пишено, тогаш.
    Роди ме мајко со ксмет и фрли ме на буниште. И многу чекање не е арно. Ама тоа е, живот. Што дојде тоа, не можеш ништо да планираш. Барем за мене тоа важи :P
     
    На bittersweet, Tajnaotrovna, Biljarkata и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    61.411
    :bandit:
    Мнооогу сте напишале за три дена... Кога ке се логирам од ПС ке читам 8-|
    Сега само... крофнички колку да не заслабнеме додека ги гледаме резултатите од избирачкиот ден :)
    20190505_185431.jpg

    Редактирам :)
    МММ (мојот мил маж, да нема забуни :!: ) за крофничките има друго име... дундарки (fingers)
     
    Последна измена: 5 мај 2019
    На bittersweet, Dadusicka, Tajnaotrovna и 28 други им се допаѓа ова.
  6. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    @Biljarkata се облекуваме во пластика и кога носиме полиестер, акрил, латекс, најлон и сл. Продуктите изработени од овие влакна се потрајни и поефтини, дел се растегливи и водоотпорни, но во крајна линија не се биоразградливи.

    Па ако веќе зборуваме за еколошка свест, треба да ја бојкотираме и т.н брза мода. Тука спаѓаат и сите марки од конгломератот Inditex (Zara,Stradivarius, Bershka, Oysho итн.) H&M, Mango, Topshop и сл. Колку од нас се спремни да се откажат од сезонско купување ефтини парталчиња?:wasntme: (Освен @SV1911 , која веќе се изјасни на темата :hai: ). Од друга страна ни останува само памукот (не навлегувам во процесот на негово производство :!:) како најдостапен природен материјал, затоа што не секој има пари за кашмир и свила. Ленот е ефтин, ама па кој сака да седи изгужван цел ден?!:wasntme:

    Овде скоро сè рециклираме (хартија, стакло, пластика и органски отпадоци), не поради страв од казни (ги нема), туку како личен избор. И се фрустрирам кога понекогаш во контејнерот за пластика фрлаат сè и сешто, но еколошките кампањи имаат (делумен) успех.:D

    @mal.ecka честитки за крштевката на лепотичката.:inlove:


    Сега, да ве дочитам.8-|

    :hai:
     
    На bittersweet, SV1911, WildMk и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.960
    Допаѓања:
    133.414
    За дете треба да се обезбеди максимум од тоа што можеш. Не вечно да се бориш да направиш нешто кое не можеш.

    Факт е дека си бара жртва. За да јаде свежа пастрмка сабајле уловена, јас и маж ми јадеме леќа. Она јаде телешко од 800 ден, ние свинско. Она оди у приватна градинка, ние стануваме у 3 да работиме. А не планиравме така.
     
    На WildMk, Tajnaotrovna, mal.ecka и 20 други им се допаѓа ова.
  8. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.014
    Допаѓања:
    205.876
    Пол:
    Женски
    Ми се кренаа нерви,и тоа бааѓи:devil::punch:,зошто некои старци од по 70 и кусур не прават разлика меѓу педофил и женкар.Грклан со два прста на вакви би му извадила без оф да речам:swear::devil:
     
    На WildMk, doubleg, dunika и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.927
    Допаѓања:
    179.419
    @do-re-mi не сум јас модерна за еколошка свест, генерација седамдесетинеке, зборувам за здравствена свест. И маж и јас и дете носиме памук и волна (процесирана де, не на разбој траена), Имам поголем проблем искрено со пластика и хемија во ентериерни предмети, од теписи до иверки, немам алтернатива за полнење на перници на пример, пердуви ми шушкаат, волна е тврда...
    И така,борба за живот без пластика...
    Од централна Европа, за фемина, билјарката праи вечера...

    Пс. Не морам да читам декларации, на допир познавам материјал дали е памук, во повеќето случаи. Последниве години за себе имам купено пижами и тренерки од c&a, и пар блузи од секонд хенд, од практични причини.
    Ппс. Не сум био нацист, дете фала богу има пластични играчки во огромни/непотребни количини, ама не можеш да се договориш за се со сите, нит по дома, а не пак надвор од дома;).
    Ќе имам полни вреќи за продавање, дарување, еден ден...
     
    Последна измена: 5 мај 2019
    На do-re-mi, SV1911, Sesil и 13 други им се допаѓа ова.
  10. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.014
    Допаѓања:
    205.876
    Пол:
    Женски
    @ivi1987 дали се исфарба?Сосема случајно налетав на слика од бојата,а претходно ја меркав во Верото:*
     
    На kuc, ♡BuBaLe♡, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.007
    Пол:
    Женски
    Сега ќе ја мијам, ама мислам дека е многу потемна од тоа што сакав и очекував :worried: да ја средам па ќе ти пишам, стискај палци да не е кафена само :D :hug:
     
    На Sesil, dunika, kuc и 9 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.192
    ^ ете момент кој го немам подетално размислено - облека.

    Преферирам памук и најчесто тоа купувам, ама не можам да кажам дека немам синтетика оти имам.

    Во однос на обувки?
    Ај старкиве платно се горе, ѓонот е гума. Гумата колку е биоразградлива?
    Ама чизми најчесто купувам еко кожа. Што е уствари еко кожата? :^)

    @SV1911 баш би сакала ако не ја мрзи да ми пообјасни :)
     
    На ivi1987, Sesil, dunika и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.770
    Допаѓања:
    175.708
    Пол:
    Женски
    За дете некогаш мислев дека треба се да е цакум-пакум, па да се мисли за проширување на семејството. Ама во животов никогаш ништо не е константа. Само моето семејство преку 5 пати поминало низ финансиска криза. Секако не не напраиле мене и брат у сред криза, туку во убавите времиња, ама ако чекале за некаква сигурност и гаранција веројатно ниту јас ниту брат ми ќе сме биле овде денеска. Животот за нас просечните семејства секогаш ќе биде борба. А јас верувам дека се си доаѓа токму тогаш кога треба да дојде.

    Сеуште верувам дека за да почне да се планира дете треба некоја паричка плус и простор секако. Дека не сме деца на министри, па ќе треба да даваме жртви и себе си да се ставиме во некој таму претпоследен/последен план и тоа е точно. Но не мислам дека е потребно дете да ми јаде ексклузивни порции, ами поквалитетни и поздрави, а за такви се трудам и за себе си и за маж. Ќе порасне вака или онака.
    Ќе бидам среќна ако ја научам да е скромна и среќна со тоа што ќе го има, оти само еден Бог знае што ќе ни донесе иднината.

    Честопати знам да му кажам на маж уз муабет дека до 3 дете па ќе праиме пауза. :lol: И тој исто толку пати ќе ми рече -знаеш ли колку пари ќе требаат за 3 деца?. |( Е знам де, ама таква сум. Сакам да верувам дека ќе можам. Исто како што сакам да верувам дека еден ден ќе отидам до Сен Тропе. Ќе шетам по селцата на Алпите, ќе си имам свој бизнис, дека ќе остарам во вила со поглед на море.
    Јас сум сонувач. Може нема да се оствари ништо од тоа, ама јас сакам да мислам дека е можно оти никогаш нема да престанам ниту да сонувам ниту да работам на тоа, дури и кога не знам кај терам, ја терам некаде.
    Тој за разлика од мене е по сталожен и тежок за ризик. Малтене ко да си се омажив за татко ми. (facepalm) Нон стоп со милион постапки ме потсетува на него.
    Ми ги кине живциве некогаш што не пушта срце и не се надева на поголеми работи. :envy: Јас мислам дека ако се помирам дека ништо нема да ми се смени во животов повеќе од ова сега, сериозно психички ќе се дотолчам. Јас без промени не можам да живеам.

    Затоа и верувам дека промени се неопходни и здрави и дека еколошката свест ќе ни се смени. Можеби тешко ќе оди откажувањето на старите навики, ама малку по малку се прават големи чекори.
    Па побогу ниту Рим не бил изграден за еден ден. 8)
     
    На Lilianna, do-re-mi, Dadusicka и 27 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.927
    Допаѓања:
    179.419
    Ај да пробам старска логика-ако го закопаш, ќе изгние. Тоа е био-разградиво? Ако постоело у старо турско- био ок е. Ваљда.
    Еко кожа би требало да е скај. Немој да ме тепате, ама фала не, и стапалата си ги сакам.:lol:

    Што сум пропуштила? Кој? Зошто?
     
    Последна измена од модератор: 6 мај 2019
    На dunika, M&M, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.014
    Допаѓања:
    205.876
    Пол:
    Женски
    (fingers) се надевам не е темна,затоа ја меркав

    Ќе поќутам,оти многу вријам во себе си,ми се повраќа од некои луѓе,кога слушнав зборови од уста и ликот кога им го видов:punch::puke:,фацата што ја прават притоа.Едноставно не заслужуваат земјата да ја газат:devil:
     
    Последна измена од модератор: 6 мај 2019
    На Annath, CameliaMiller, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Дајте малку полајт теми сеа. :party:
     
    На do-re-mi, Annath, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  17. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.097
    Пол:
    Женски
    Добро вечер, деца спастрени, пробањати, машини средени, два ручека направени, исчистено, измиено
    ебате викендот ебате !!!!!!
    Утре на работа ќе се одморам :D

    Кај мене децата дојдоа мнооооогу покасно одошто сакав. Се ми беше спастрено, пари, куќа, млади баби и дедо :) ама ете не бидна тогаш туку после 10 години. И сега имаме, може и повеќе од тогаш ама ете, јас сакав да бидам млада мајка, не бидна. Затоа помалку планирајте повеќе уживајте, од искуство кажувам. Големава е препланирана :inlove:, малава е гром од ведро небо.
    Да се пофалам, големава се научи точак да вози :l: и сега цели денови на улица сме. Само ме моли да сум ја пратела сама во продавница :tmi: можела она, на тате цигари ќе му купела. Лудо дете.
    Убава вечер на сите
     
    На do-re-mi, Dadusicka, Annath и 22 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.058
    Пол:
    Женски
    На Annath, CameliaMiller, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    На Annath, CameliaMiller, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Добро вечер,
    Пројде уште еден викенд.
    Лабаво.
    Дожд, сонце, дожд, сонце.
    Времево бетер и од мене.

    Сте разврзале и тешки теми.
    Дете отсекогаш сакав и едвај чекав да го имам.
    Кога се запознавме со маж ми двајцата работевме за мали плати.
    Со по 200евра месечно, не планиравме ништо сериозно.
    После некое време, кога видовме дека сме си тие вистинските, си дадовме цел да си најдеме двајцата нови работни места, па да се договараме за иднината.
    После 1 година јас сменив работа, после 2 и тој.
    Кога ги заврши потребните обуки и курсеви, кога доби унапредување, ме побара за жена.
    Така ни се поклопија коцките.
    После 1 година направивме и свадба, уплативме за стан.
    По некој месец останав трудна.
    И се тоа вака напишано звучи совршено, ама не е.
    Животот не се големите нешта, животот се малите нешта.
    Животот се радостите што ги споделивме, животот се трагедиите што на рамо си ги плачевме.
    Животот е едно насмеано бебуле, кое прави браво со рачињата и не прави горди како да магистрирала.
    Животот е правењето ручек и кога доаѓа да ме гушне(иако држам нож во рака).
    Животот е гушкањето со него додека бебе спие.
    Животот е гушкањето на сите тројца и среќата на нивните лица.
    Животот се воздишки, што тежат, што печат и болат и тој ми ги чувствува без ништо да кажам.
    Животот се малите, па некогаш и големите кавги.
    Тие ми се животот. Тоа е мојот живот.

    Да, треба финансии, не се може без нив.
    Факт е тоа.
    Ама не се гаранција.

    Здравје не се купува.
    Љубов и хармонија не се купува.

    Ама без финансии, на задна врата бегаат некои работи.

    За обувки.
    Најубаво ми е во патики.
    Чизми, кондури, штикли и балетанки се измачување на мојата душа.
    Да можев на работа ќе одев во патики.
    Имам неколку пара за на работа само, што можам да ги уклопам и за искачање. Дур не се скинат ги носам. Кога морам, тогаш ќе купам.
    Е патики имам црни, бели, кремави, розеви, сиви.
    За трчање, за шетање, за на фармерка.

    Како сте ми вечерва?
    Се надевам сите арни и ве пуштија тоа вирусите.
    Ние си легнавме.
    Ама не спијам.
    Рано е.
     
    На do-re-mi, V.odolija, elena.mak и 31 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.