Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.979
    Допаѓања:
    133.581
    Има 18 прозори за бришење. Денеска тоа ќе правам. 4 од прозорите се цел ѕид. Така ми е, мегаломан коа сум.

    Фала на папата, ќе средам. Од утре сум на службен пат цела недела. Ќе уживаат дома без мене.
     
    На Peco, mal.ecka, mareane и 14 други им се допаѓа ова.
  2. petunija77

    petunija77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 септември 2018
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    20.448
    Добро утро ,сте станале а кафе не сте послужиле 20190507_083432.jpg не успеав се да исчитам пишувате со брзина на светлината
    Папа пристигна навистина пристигна , се е тивко и празно надвор, толку празно оддамна не било
    низ аеродром центар има ли од јамамај или само ситимол
    Убав ден да имате
    Едит
    @elena.mak баш вчера дискутиравме за полицијата ,не знаев дека имаме толку многу полицајци
     
    На ivi1987, Peco, do-re-mi и 20 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Е шо де? |(
    Рано легнав... ептен рано... во 5 попладне :D

    Ми се спие уште, ама инает терам.. демек да го превртам денот... и вечер да си легнам во нормално време..
    А знам дека 'ќе се онесвестам' .. нема да издржам..
     
    На ivi1987, mal.ecka, mareane и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.979
    Допаѓања:
    133.581
    Да ви кажам @Bubce38 ќе си отвори детективска агенција. Јас че и бидам ПР, ѕверка е.
     
    На ivi1987, wannaBeMomma, mal.ecka и 15 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    ццц.. најде без пари детектив, и најде...
    Цицијо една! :hug:
     
    На ivi1987, mal.ecka, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.979
    Допаѓања:
    133.581
    Ептен сум стисната, дури срам ме фаќа.
     
    На mal.ecka, ♡BuBaLe♡, M&M и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    @petunija77 има и во Рамстор Јамамај :)

    Ај добро утро. Папата иде, мене ме заболе левото уво :rofl:

    Денес дома, ама сепак работно. До кога, ќе видиме, полначот за лаптопот си го заборавив на работа (facepalm)

    Убав ден на сите :)
     
    На ivi1987, Peco, mareane и 17 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    И јас сум стисната... и не ме фаќа срам...
     
    На ivi1987, Mr. Right, ♡BuBaLe♡ и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.672
    Имаш во Рамстор, горе.

    Добро утро. Дремам, а кафе не ми се пие:^). Не пушам цигари, ќутете сега:bandit:.

    Јас убави градници и во Котон и во Мега Фешн си наоѓам.

    Немам маркирана облека. Купувам од каде што ќе ми се бендиса, ама така малку повеќе купувам кога ќе ме зафати лудилото:x. Секнд хенд не сум купувала и не знам дали би. Ако ептен ми западне нешто во око, ќе ми залетне во ќеса, верувам:D.

    Никогаш нема да ја разберам логиката - градник 500 во Котон, гаќи 400?! Аман бе, аман!
    Еден пар да требаа, арно. Ами ја десетина, дваесет?
     
    На ivi1987, do-re-mi, mareane и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.559
    Да го фатам редот со време, добро утро да посакам.
    Кој има за честитање, честитки, простете не можам се да следам.
    @WildMk со ваков биоритам можеш да студираш, факултет да завршиш;) И така си господар на своето време(y).
    Кај нас нит папа, нит владика, главен проблем ми е шо јакна да облечиме, рано студи, до после може ќе затопли.
    Во слушалкиве ми зборат некои несмислици, денот треба да се протурка:sweat:
    Да се фатам за работа, ептен рано ранам:D
     
    На mareane, ♡BuBaLe♡, Yowannty и 9 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Можам.. ама неќам... мрза ми е :$
     
    На ivi1987, ♡BuBaLe♡, M&M и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.559
    А ја мислев Тритексот се скапи, по 200 денари. Ја сиротиња сум била;)
    Си вредат за сите пари, збор нема.
    Туку и така @dunika ќе иде МК, да ја пратам да ми купи Тритекси, да не морам од секонд хенд да купвам;).
    :rofl: Се зезам, да не ме сфати некој озбилно
     
    На ♡BuBaLe♡, Yowannty, M&M и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.672
    Ти од странЦка земја пишеш, сиротиња била... Не ме заЈбавај сеа:D.
     
    На ivi1987, mareane, Mr. Right и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.559
    А мор, дека не сум ги купувала најскапите гаќи у свет у мк. За споредба со тие шо ги спомна ти.
    Понекогаш ко ќе видам нешто несмислено скапо, се прашувам, добро со дијамантска прашина ли се полепени? Со златен конец шиени?:^)
     
    На mareane, ♡BuBaLe♡, Yowannty и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.672
    Ами затоа сега наредно доаѓање мор... На тие евра, фунти, франковЕ (не знам кај си:D), без таква гаќА не бива мислИм јас:D.
     
    На ivi1987, do-re-mi, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  16. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    93.618
    Пол:
    Женски
    За муабетов.Лани си одам во Ск,и девер ми-да одиш во Стружанка,струмички гаќи да ми купиш:D.Аман заман беше работата.Одам,барам-нема.
    Му викам дај сликни ги,аааа не,не можам да ти сликам носени гаќи.Аман човек испрани се,лого сликај ми(lalala).Едвај се убедивме.Ги најдов на крај,нешто на М беа..
     
    На ivi1987, Peco, do-re-mi и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.559
    Абе остај, некој забарски туризам, ја гаќа-туризам:rofl:
    И не е за парите, стварно за квалитетот е. Еве, во глобалистичко општество, кај што сите продавници по молови ко ќе видиш на 2-3 корпорации им припаѓаат, и ист фуш продаваат, стварно немам друго решение. Башка има памук и памук, од Тритекс или од битолските трикотажи е еден, кинескиот е друг.
    Лани ко бевме еден куфер празен носевме, го наполнивме со долен веш за ммм на враќање(facepalm) Пижами од МК ми траат со години, од овде за 6 месеци фрли ги. Па немам време ја секоја година да бирам пижами бе, губење време ми е тоа, морам редовна на игралиште да бидам;)
    ПС. Последен пат ја спомнувам прилепската трикотажа, да не испадне реклама.
     
    На do-re-mi, ane.bella, mal.ecka и 14 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Чек за веш не сум пишала после за папето. Гаки чист памук, турски едни, најобични без ништо. Не дека сакам, само тие ме собираат. Да ослабам, имам ќеиф на едни Силви стајл со чипче. А ќе ослабам, синоќа си ветив дур еден згоден батко ми ги масираше плеќите дур хипервентилирав на кружен тренинг. Ми рече браво, така треба, со оваа упорност ќе ја постигнеш целта. Избегав од темата. Градници исто купувам секакви, турски, моментални имам еден модел кој ми паша од пазарче и имам 3, бел, крем и црн, имам и Јамамај, уствари имав 3, ми украдоа од сушара 2, само тие, се друго стоеше. Ми остана 1. Имам од секнд хенд 7 Триумф, беа како сет, различни модели сосе етикета и заштитно пакување, да не ви стварам јадови да ви кажам за колку ги купив, живо џабе. Имам и 2 спортски, еден од Чемпионс и еден од Интимисими прастар. Мегаломан сум за се, па и за веш, ама не трошам многу пари, скоро е се на попуст и собирано со години, не кинам и не уништувам веројатно бидејќи имам доста избор.

    Секнд хенд купувам и тоа во една продавница само, ја има во Те и на Рекорд. Има многу гардероба неносена, таа што е носена ја перам у машина со детергент и толку.

    У чест на папето седам дома, веројатно ќе одам до пазар, ќе шетнам со дете и ќе одмарам. Ќе пеглам додека спие дете за да не ми праи гужви.

    Почнав со вежбање, најдебела сум им, ама ми е гајле. Прилично сум упорна, мора да се ослабе под итно или животот ваков ич не ми е по ќеиф. Не сум среќна дебела. Уште блачкото да го исфрлам, ама како некоја магија да ми напраат и топ ќе сум. Бае ли некоја баба од апетит?

    Ај да се фатам за работа, немам ни кафе ни доручек напраено.
     
    На Peco, ane.bella, mareane и 17 други им се допаѓа ова.
  19. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Добро утро женски.

    Гледав директен пренос од пристигнувањето на Папата.Не ми е јасно што им смета посетава на луѓето?Ние сме биле православни,немало потреба од Папа-ова е коментар кој најчесто го слушам.
    Не е само поглавар на Римокатоличката црква,Папата е и шеф на Ватикан.Ваква моќна личност до сега не не посетила.Се што не афирмира како земја,а е позитивно,е за поздрав.

    Е сега што Скопје и така е хаотично и ова буквално го блокира градот,тоа никој не ни е крив.Маж ми едвај стигнал на работа,од рани зори е излезен,ја и деца одмараме денес.
     
    На ivi1987, Peco, mareane и 19 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не ми смета мене ни тоа... и не оти не одам на работа, туку оти поарно е да е блокиран градот и да го допазат дури е тука, отколку да му се случи нешто, не дај Боже.

    Плус, Папата има протоколи за заштита, не го измислија нашите.
     
    На ivi1987, mareane, ane.bella и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.