Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ние околу и преку 40...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од lunicka, 5 ноември 2014.

?

Во која старосна група спаѓате?

  1. 30-35

    570 глас(а)
    57,2%
  2. 36-40

    247 глас(а)
    24,8%
  3. Над 41

    171 глас(а)
    17,2%
  4. Над 50

    8 глас(а)
    0,8%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.375
    Допаѓања:
    114.344
    Пол:
    Женски
    знам дека кој има мака за се се фаќа, ама јас во тие бањи не верувам. Може тоа што се релаксирала па и помогнало, ама дека нешто водата има некоја улога абе ајде.
     
    На WildMk, kuc, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.041
    Допаѓања:
    180.284
    @malerozna eла (highfive)
    Јас на маж му викам, најди си помлада жена, да си има нашево братче/сетриче. Ем моето само да не биде, ем јас нит младост нит живци за уште едно имам.
    Ама не слуша бе, инат магарешки. Барем засега:!:. Може покасно ќе му текне.
    Мада, има и поверојатна дијагноза- мрза се вика:D
    Без рогови и позади грб, бигамија у денешно време ми изгледа како практична работа. Една мајка нека работи, друга деца нека чува, манџи нека праи. Ама шо ќе ви објаснувам, вие свекрви/мајки си имате;).
    А единствено што сакам деновиве е мир и тишина. Се да средам натенане, Тешко оди, многу тешко
     
    На WildMk, TeddyGrey, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.195
    Допаѓања:
    77.434
    Пол:
    Женски
    Не за џабе го гледам шоуто

    Е ова. Мада 4 се многу. Ама па 2 коси ќе си искубат. Мислам дека 3 е правата бројка.
    Една со него, 2 друштво ќе си прават. Таман :$
     
    На CameliaMiller, petunija77, Mr. Right и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    135.185
    Пол:
    Женски
    Многу повеќе блуд и разврт имало порано, бар според мене. Не биле така чесни и невини ко шо ни предаваат басни нас. Па колку деца биле направени по тоа бањите. Ама не биле волку едуцирани ко сега, ги немале опциите што ние ги користеме денес. Немало шанси да има мажот некој проблем. Ако парот нема деца, се знае кој има проблем. Жената! Таа не може да роди. Он здрав, прав, арслан нели, ништо не му фали. Затоа она морала на бања да оди, да се лечи де. Па после излечена се враќала :angel:
    Да не спомнувам колку е пристојно тоа шо во една соба се спиело, од свекор, свекрва па на даље, а колкав куп деца имале. :tmi: Кога бре јас до свекрва ми ќе се спружам дете да праам |(
     
    На WildMk, TeddyGrey, ane.bella и 24 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    За во старо време се ми е чудно, почнувајќи од најобични работи.


    Често се прашувам како порано одржувале хигиена ?
    Сега при сите видови детергенти и вода на секој чекор, перални, сушари, омекнувачи....па пак ќе замириса човек.
    Ами порано?....кога немало вода дома?..кога се переле во корито со свински сапун ?
    Како се одржувале жените за време на оние денови?
    Како ги обмивале децата?
    Вода на селската чешма...во ѓум
     
    На WildMk, ane.bella, mal.ecka и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    135.185
    Пол:
    Женски
    Е, е, баш за ова имам мислено и мислено. И по баби прашувано :tmi: Тие викаат додека не видеш поарно, нема да знаиш како е. Правиш така како шо условите ти налагаат, јер поинаку и нема.
    Сите мирисале, не само еден, стоката до нив, тоа се испомешани ароми...
    Многу ме занимаше како функционирале без вц. И ги убивав бабите со прашање. Многу ми беше ,,битно'' како пуштале вода во тоалетот. Одговорот - засипувавме со земја :worried::worried: И коа ќе слушнев дека поарно било у нивно време :x:x Аха да, верувам дека било поарно.
     
    На WildMk, TeddyGrey, ane.bella и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    103.105
    Пол:
    Женски
    Сесилке мор никогаш ли не си била у полско вц.
    Ме насмеа со ова како пуштале вода.
     
    На WildMk, ane.bella, mal.ecka и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    135.185
    Пол:
    Женски
    Сум била т.е влегов само. Мала ми беше дупката и излегов :tmi: да знаете колку луѓе имаше со мене, па коа смеа беше коа реков дека е мала дупката и дека нема шанси да ја погодам :tmi::tmi:
     
    На WildMk, TeddyGrey, ane.bella и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    103.105
    Пол:
    Женски
    Леле не можам брее ме пресмеаа :rofl::rofl::rofl:
     
    На WildMk, TeddyGrey, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.697
    Допаѓања:
    149.319
    Пол:
    Женски
    :D ме изнасмеа еве ти еден линк

    Одма на ова ми текна уствари имапе едно поарно на 5 minute craft ама не можам да го најдам :)
    Може да си рециклираш шминка
     
    На ane.bella, Emy867, ivi1987 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.041
    Допаѓања:
    180.284
    Вода на пумпа.
    Хигиена: no underwear
    Деца 100, нечисти ама здрави, прави, весели.
    Свински сапун рулЗ.
    Тоа е самоодржливо функционирање, не ова денес: еден ден супермаркет не работи и баш тогаш ми снемало компири:fubar:
    Септички јами и денес постојат и тоа во цивилизиран свет, просто нема услови сегде за канализација.
    Наградно прашање: што се користи во старо време наместо тоалетна хартија?:^)
    :lol:
     
    На WildMk, duffi, petunija77 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    135.185
    Пол:
    Женски
    I don't think so. По колку само им умирале, бебиња, деца. Мојата баба само имаше 4 браќа умрети кој при раѓање, кој малце поголем. Пола од децата што ќе ги роделе им умирале. Од појака пневмонија се умирало. Сипаница, жолтица, се тоа значело смрт.
    Ко сеа коа ќе ми рече некој ене ги ромите боси, голи па живеат. Кај имате видено стар Ром што живее таков номадски начин на живот?

    Место тоалетна - листови од дрвја.
     
    На WildMk, ane.bella, duffi и 16 други им се допаѓа ова.
  13. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Бројката на градникот не значи колкави се градите, тоа е обемот во центриметри на грбот каде што стои градникот. Буквата ја означува големината на корпата , според тоа се проценува големината на градите.
    Јас носам 75 пошто имам тесен грб и немам салце, ама корпи носам Д, јер сум цицла :rofl: Дома никогаш не носам градник и живеам за моментот кога стигам дома и го вадам.

    Денеска денов е милина, вчера се смрзнав, цел ден дома го преседов под ќебе, со ужасна болка во стомакот, надуен ми беше како да сум голтнала лубеница.
    На 6 свадби сум до септември, барам фустани по нашиве бутици и буквално ни еден не ми се свиѓа. Сите се со шљокици или многу едноставни од лош материјал. Ако знае некој каде има убави квалитетни фустани со необични кроеви,нека ме просветли:)
    Убав ден жени:sun:
     
    На WildMk, ane.bella, duffi и 14 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.984
    Допаѓања:
    268.032
    Ајде сите по мене:
    ахммммм.... ахммммм

    уште утрееее.... уште утре.....

    и после одмор, ох, ОДМОР :inlove:

    колку сум уморна, не можам ни да јадам.

    А ни времево баш не ми помага.
    Сабајле греење, за накај дома ладење пуштав.

    Се надевам ќе успееме до моренце да скокнеме.

    Таман после се враќам на работа кога почнува "пуста" сезона, малце воздух да земам.
     
    На andrejko82, WildMk, ane.bella и 21 други им се допаѓа ова.
  15. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.064
    Допаѓања:
    206.545
    Пол:
    Женски
    Тежок им бил животот порано,не ми се верува поарен.Стока,ниви,дури и тие кои беа во градовите имаа ниви или бавчи кои ги работеа.Ептен богати фамилии,па жените им живееа добро.Баба ми пред да дојди в град,работела на нивите,околу стоката,а и девери и золви за растење.Свекрвите сеуште на повеќето раѓаа.Дедо ми во партизани,а таа како ке речат свекор и свекрва,нема не можам.Капени сите неоти биле редовно,дури да заврши работата по нивите.Кога дошле в град подруго,барем во просторија посебна во корито со потурање се капеле.Кога и да ја слушав што се имаше поминати солзи ми течеа,но и некоја воља за живот имаа.Децата не им беа здрави баш,од родени 5,6,па и до 12 половина им умираа.Кое од температури,дијареа и сл.
     
    На WildMk, ane.bella, Alishan30 и 20 други им се допаѓа ова.
  16. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    На двајца фризери се јавив денес, на мојот и на некој друг каде што не сум била и двајцата немаат место наредни 20 дена. Во кафана прошлата недела се јавив 6 дена однапред за да резервирам и тоа за ден што не викенд и немаа место. И после во Северна Македонија имало сиромаштија. Абе нигде не се живее како тука:D
     
    На TeddyGrey, duffi, kuc и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.041
    Допаѓања:
    180.284
    E ова баш толку стручно не мораше, сега ептен сите се разбраа. Толку од нашата таинственост:D

    Ела Сесилке, Сурвајвор медала еве ти:handshake: После таа незнаела дупка да погоди, море се знаеш ти.:D

    А за умирањето деца, незнам шо да речам. Кај баба ми 10тина сестри биле, 5 од мајка, 5 од очув, ми нема баба спомнато некое мало да умрело. Нејзе едно од 4те и умрело. Другата 3 од 3 живи. Баба една во селото, 12 имаше родено, сите живи останале. Може до селото зависи:^)
    Еден друг муабет има во последно време: дали можеби преголемата хигиена не е причинител за порастот на алергии? Или просто и ску*чивме на планетата? Јас до пред 10 години, незнаев дека постои алергија на полен или на сонце на пример. Ама знаев за јагоди и пеницилин. Незнам, памет немам :?:
     
    На WildMk, TeddyGrey, Alishan30 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.041
    Допаѓања:
    180.284
    За првиот муабет :handshake:
    За вториот: наивната во мене:tmi: си мисли деца на нива, во сено се праеле:lol:
     
    На WildMk, Alishan30, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    135.185
    Пол:
    Женски
    И затоа иам зборено. Мислам пишев и тука еднаш,одамна тоа. И викам на баба ми ,,од кај волку деца, а сите у една соба сте спиеле''. Mи вика шо демек само дома се праат, ниви колку шо сакаш имавме. АМи има деца септември, октомври родени, значи декември- јануар праени, за време на големи снегови, тие, прашувам, кај се правени? И одма од неа одговор ,,а бе бегај таму, само глупости да се тропа'' :D

    A мори, теоретски ја си знам се, ама у пракси је мало другачије. Знам ја дека само треба да клекнеш таму, ама ај клекни над толку мала дупка и глеај да ја погодиш . Поарно две камчиња ќе си наместам :tmi::tmi:
     
    На WildMk, TeddyGrey, Alishan30 и 17 други им се допаѓа ова.
  20. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Јас кога прашував зошто толку деца имале знаеш што ми кажаа?
    Зимно време внучко рано се стемнува, струја нема и со дедо ти уште у 7 во кревет. И што ќе правиш до сабајле, деца ќе правиш..:rofl::rofl:
     
    На WildMk, ane.bella, Alishan30 и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.